Заев: Станав министер за финансии за да одржам економска лекција

Премиерот Зоран Заев во своето гостување во вестите на телевизија Сител истакна дека министерот за финанси, Драган Тевдовски не си ја вршел лошо работата туку време било тој да одржи економска лекција.

Посочи и дека клучно за неговото влегување во финансии било тој да стане министер, а не незадоволството од работата на Тевдовски.

-Клучно е моето влегување, а не работењето на Тевдовски, не е дека сум нeзaдoвoлeн. Јас влегувам во последната фаза само во конечната реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки. Ќе имаме и поголеми плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година. Октомври е почеток на преговори конечно по 15 години, доаѓаат убави времиња за Македонија, треба максимално се да искористиме и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција, порача Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.