Eвропа ја зафајќа вистински пeкoл: Ќе се срушат голем број температурни рекорди во наредните денови

Интензивен топлотен бран ќе ја зафати Европа во наредните денови, а се очекува да бидат срушени и некои температурни рекорди.

Се очекува дека бранот да има најголем интензитет од среда до петок, кога на подрачјето од Шпанија до Полска температурата ќе се искачи за 11 до 17 степени повеќе од вообичаеното и ќе изнесува од 35 до 40 степени.

На некои места ќе биде и потопло, посебно во градовите, во кои поради асфалтот и бетонот, дополнително ќе се зголеми температурата.

Финскиот метеоролог Мика Рантанен рекол дека во Франција ќе има досега невидена жештина. Жешките бранови би можеле да бидат многу опасни затоа што луѓето нема да имаат време за да се прилагодат.

“Топлотните бранови се тивки убијци. Поради еден таков бран во 2003 година, починаа околу 70.000 луѓе. Минатото лето во Германија имало најмалку 1000 смртни случаеви”, напишал Стефан Рамстроф, климатски научник од Потсдам.

Највисоки температури ќе ја погодат западна и централна Европа. Во најтешко погодените места во Шпанија и Франција температурите ќе бидат по 40 степени најмалку 3 дена. Шпанскиот метеоролог Силвиа Лаплана рекла дека “доаѓа пекол”. Се предвидува дека во петок во Мадрид температурата ќе изнесува 40,6 степени, што ќе биде највисока температура што било кога е забележана во шпанската метропола.

Слични температури можат да се очекуваат и во Париз кој ќе се наоѓа под најголем удар. Температурата таму се очекува да се искачи до 45 степени и да го сруши рекордот од 2003 година, кога термометарот покажал 44,1 степен.

Во Женева ќе биде 37 степени, па дури и во Копенхаген температурата ќе се искачи над 30 степени. Во Австрија се очекуваат 38,6 степени, Швајцарија 37,2 Германија 38,5….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.