дома блог страница 3220

Од денеска пеколен бран ја зафаќа во Македонија – температурите ќе се искачат над 35 степени

Под влијание на топол бран следните три дена Република Северна Македонија ќе ја зафати многу топло време, кога температурите на повеќе места ќе надминат 35 степени.

Како што информираат синоптичарите, од денеска следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а утре и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Времето во земјава утре ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 , а дневната температура од 27 до 36 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 34 степени.

Еве како хороскопските знаци ќе го започнат јули: Хороскоп за првата недела од месецот

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Се повеќе ќе се занимавате со вашите внатрешни аспекти , иако нема да го запоставите ниту друштвото. Сепак ,што се однесува до емоциите , ќе проработи вашата интровертна страна , што навистина е реткост. Некои љубоморно ќе ја чуваат својата љубов и нема да ја покажуваат пред никого.

Кариера

Се подобро ќе се поврзувате со луѓето од истата професија , кои не живеат во вашето место. Некои ќе добијат големо количество информации низ кои ќе ги прошируваат своите знаења и ќе воспостават нови потенцијални соработки. Ќе бидете соработник отворен за сите.

Здравје и совет

Можна е посета на непријатни роднини.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Доколку копнеете за љубов , малку подобро погледнете ги лицата од вашата работна околина. Еден Меил или телефонски повик би можел да ви донесе многу пријатно познанство , а подоцна и нешто повеќе. Оние кои се во врска , ќе уживаат во своето секојдневие.

Кариера

Не сте потполно свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни за тоа. Потрудете се да го одработите она што морате , а тогаш посветете му се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин. Тоа е вашиот стил.

Здравје и совет

Немојте да бидете прескромни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Деновиве ќе им бидете многу интересни на другите , па во секој момент ќе бидете подготвени на разговори. многумина ќе ја развиваат својата друштвена способност. Ако сте веќе во врска , би требало да ја подобрите , а партнерот ќе биде подготвен уште повеќе да се врзе за вас. Осамените често ќе излегуваат.

Кариера

Како што ќе минува неделата , ќе ви станува се појасно дека вашите работи почнуваат долгорочно да се стабилизираат. Ова сознание ќе ве поттикне на развој на нови планови. Сепак, ќе ви недостига енергија за веднаш да ги остварите.

Здравје и совет

Не влегувајте во расправија со надредените.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе бидете активни во создавање контакти , па доколку сте осамени , би можеле некого значаен да запознаете. Или само за пријатен разговор со кафе. Некои ќе потрошат повеќе од планираното за да ја импресионираат саканата личност. Сепак , кога ќе пресметате , нема зошто да сте незадоволни.

Кариера

Ќе увидите дека лесно се заморувате, односно ви е потребно двојно повеќе време за да извршите некоја работа што претходно лесно сте ја правеле. Затоа треба внимателно да ги пресметате работните часови и да не ја расфрлате својата сила. Тоа добро го знаете.

Здравје и совет

Одморајте се редовно и спијте повеќе.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот љубовен живот ќе продолжи добро да се развива. Ќе бидете задоволни со постигнатото. Оние кои сеуште се сами , ќе излегуваат без притисок дека нешто мора да се случи. Ќе има забави , како и убави доживувања во домашна атмосфера. Една опуштена емотивна недела.

Кариера

Работната недела ќе биде шарена. Од една страна едвај ќе дочекате за да се изразите и да покажњете што можете , а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои ќе знаат да балансираат.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во текот на наредните денови ќе влезете во малку подискретна љубовна фаза. Ќе се засили потребата за повлекување. Оние кои се сами нема да инсистираат на излегувања , додека оние во врска се повеќе време ќе минуваат дома заедно со својот партнер.

Кариера

Ќе биде можно напредување во кариерата , но тоа за вас ќе биде напорно. Потребна е подобра организација , како на плановите , така и при извршувањето на работата. Во тоа вие ќе бидете во предност , зашто во моментов имате доволно енергија. Ќе ги поттикнувате и другите да работат.

Здравје и совет

Вежбајте јога.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Секојдневните страсти и емоции ќе бидат обележје на вашиот приватен живот. Постојано ќе ви се случува нешто убаво и пријатно. Многумина ќе ги запаметат овие денови по добро. Лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве канат во друштво. Со одредена дискреција.

Кариера

Кој и да се обиде да ви противречи, вие ќе имате одговор. Не е идеално , но некогаш нема да можете да си помогнете. Оние кои им се шефови на други , ќе бидат во големо искушение. Оние , пак кои имаат шефови ќе имаат помалку стрес. Ќе биде подобро да се воздржите.

Здравје и совет

Немојте да живеете на стара слава.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од слободното време ќе го минувате во сонување и осаменост. Доколку веќе сте во врска, поради нешто ќе бидете отуѓени. Шансите за љубов едноставно ќе ве одминуваат . Немојте да тагувате , зашто оваа фаза набргу ќе помине. Бидете трпеливи.

Кариера

Откако ќе ги добиете потребните информации , ќе тргнете уште поупорно во акција. Ова веројатно е вашито подем , кога почнувате да ги остварувате повеќето од вашите планови. Нема да заборавите ниту еден детал , а ќе треба и напор за да успеете.

Здравје и совет

Одете чекор по чекор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе станете незаинтересирани , зашто малку работи ќе ги исполнуваат вашите љубовни очекувања. Не се разочарувајте , со смиреност и хумор може да одржувате добра рамнотежа во вашиот љубовен однос. Бидете дипломат.

Кариера

Понекогаш ќе ви се чини дека околу вас има премногу луѓе со кои мора да комуницирате за неважни работи. направете селекција и одредете што ви е приоритет. Така нема да ви се случи да имате чувство дека сте изгубиле време на непотребни разгледувања.

Здравје и совет

Помалку јадете и движете се повеќе.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Во љубовниот живот ќе бидете фокусирани на секојдневието. Нема да имате големи барања , туку напротив , ќе бидете поскромни од вообичаено. Оние кои се сами , љубов ќе побараат на скромни места и без притисок дека мора да ја најдат. Тоа ќе биде релаксирачки.

Кариера

Резултатите од вашите напори полека излегуваат на виделина , но има уште нешта што треба да се направат. Сепак , се повеќе има задоволство , па и напредувања.Оние кои имаат менаџерска работа , ќе бидат пофалени. Сите ќе имаат желба за работа.

Здравје и совет

Мали проблеми со младите .Насмејте ги.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Може да очекувате квалитетни љубовни денови . Ако има мала пречка меѓу вас и партнерот , сега и двајцата ќе се отворите и повторно ќе најдете заеднички јазик. Ќе има уште малку несоодветни однесувања , но тоа ќе биде занемарливо во споредба на она што поминало.

Кариера

До неодамна само фантазиравте за некои деловни потези , а сега ќе имате време сето тоа да го осмислите и разработите . Истовремено , малку повеќе ќе се занимавате со прашањето за вложувања. Ќе најдете начин да затворите една финансиска конструкција.

Здравје и совет

Мали потешкотии со документите. Не се нервирајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе бидете подготвени за нови лица и нови познанаства , но и натаму има можност за провокации , па и распарви кои нема да ви се допаднат. Станува збор дека треба да внимавате како комуницирате. Затоа не се залетувајте. Бидете тактични и внимателни.

Кариера

Ќе продолжите со тивката дипломатска стратегија , а она што ќе го договорите , веднаш ќе го спроведете во дело. Така ќе примените два стила во работењето- еден потивок , а другиот динамичен. Вие без проблеми ќе се прилагодувате малку кон едниот и малку кон другиот.

Здравје и совет

Поработете на својата кондиција.

Рада Манојловиќ со години се колнеше во природниот изглед, а сега од силиkoните не се пpeпознава

Српската пејачка Рада Манојловиќ е првата естрадна ѕвезда која јавно во минатото со години говореше дека го сака природниот изглед и дека и сметаат вештачките детали кај жените.

Истовремено таа говореше како не треба ништо вештачко да се вградува на себе и како е задоволна со себе баш каква што е.

Српските медиуми на големо пишуваат дека да не го потенцирала тоа во минатото сега бруката би била помала.

Сепак Рада не ја направила трансформацијата веднаш, туку тоа одеше постепено низ нејзината кариера.

Во Кина изграден најголемиот аеродром во светот: Има форма на ѕвезда и изгледа спектакуларно (ВИДЕО)

Во Пекинг е завршена изградбата на меѓународниот аеродром Дасинг, кој според бројот на патници ќе биде најголем аеродром во светот.

Аеродромот е оддалечен 46 километри од центарот на Пекинг, опфаќа површина од 1,4 милиони метри квадратни, а територијата на која се наоѓаат терминалите е со големина на 25 фудбалски игралишта, пренесуваат кинеските медиуми.

Предвидено е официјално да почне со работа на 30 септември.

Аеродромот има облик на ѕвезда.

Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, тој треба да ја олесни работата на пренатрупаниот аеродром во Пекинг.

До 2025 година, на годишно ниво се предвидуваат 72 милиона патници, 620.000 летови, а до 2040 година, предвидувањата се за 100 милиона патници и 880.000 летови.

“Најскапото мовче во светот, предизвика лавина реакции во Македонија”

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски склучија договор за реконструкција и доградба на мостот над градската река на улица “Трајко Николоски” во населбата “Сточен пазар”.

Договорот е склучен со битолска фирма и чини неверојатни речиси 500.000 евра или 29.999.140 денари.

Информацијата ни ја пренесе наш читател кој вели дека оваа сума е астрономска со оглед на тоа дека мостот на оваа улица не е некој голем објект па да треба да се потрошат толку многу пари за негова реконструкција.

Точно е дека на мостот му е потребна итна санација и дека тоа значително би го олеснило одвивањето на сообраќајот во овој дел на градот, но да се потрошат цели 30 милиони денари е навистина сума од која боли глава и става прашалник за можна злупотреба на општинскиот буџет.

Пред два дена на оваа тема реагираа и советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои после одржувањето на 28-та седница на Советот истакнаа дека за овој мост најпрво биле предвидени 8 милиони денари, а потоа без промена на одлуките на Совет биле предвидени 30 милиони.

Новинарот Фуркан Салиу на Твитер исто така ја прокоментира веста.

“500 000 евра за реконструкција на овој мост…WTF”, напиша Салиу.

Бурни реакции има и на Фејсбук:

(Фото+Видео) Еве како изгледаше битолската “Парада на гордоста” на Широк Сокак

Денес на Широк Сокак во Битола се одржа “битолската парада на гордоста”, а целта беше да се испрати порака за зачувување на традиционалните семејни вредности, пренесува ТЕРА.

На настанот кој беше организиран преку социјалните мрежи, пристигнаа голем број на мајки и татковци со своите деца, како и голем број на свештени лица.

Фото галеријата и видеото можете да ги погледнете на “TERA.MK”

Извор: tera.mk

(Видео) Двајца битолчани се херои на денот: Успее да спасат 50 патници од oпoжapeниот автобус во Цpна Гора

Битолчанецот Вангел Котевски е xepoj на денот. Од oпoжapeн автобус успеа заедно со уште еден сопатник да ги eвakyиpa околу 50 други патници, Mакедонци, кој патуваа со агенцијата на тетовскиот превозник „Хафет турс” изутрината околу два часот по пoлнoќ во близина во Цpна Гора.

Благодарение на нивната бpзa peaкција нема никaкви пoвpeди кај патниците, ниту пак oштeтyвaњa на нивниот бaгaж.

Праските прават мал милион чуда на вашето тело: Од природен афродизијак до лек против дијабетес и срцеви заболувања

Праските се одлична ужина за сите кои се на диета. Брзо заситувааат. Една праска има околу 35 – 50 калории. Нема масти. Богата е со феноли. Тоа се антиоксиданси кои се борат против дијабетесот и кардиоваскуларните болести.

Праската природно ја хидрира кожата. Поради витамините А и Ц, се користат во козметиката. Консумацијата го намалува опаѓањето на косата.

Влијае на анксиозноста и е успешен борец против стресот. Селенот во неа е превенција од ракот. Природниот сок од праски го смирува стомакот и ги чисти бубрезите и мочниот меур.

Праските се природен афродизијак, оти содржат супстанции кои го поттикнуваат лачењето на естрогенот, прогестероно и тестостеронот.

Неколку варени цветови од праска во вода со мед се идеален пијалок за релаксирање. Чајот од листовите и кората од дрвото го смирува хроничниот бронхитис, кашлањето и гастритисот.

“Добро утро Прилепе мој те чека третата рака, кој што не бил на зелено море не знае што е мака” (ВИДЕО)

Една малку подзаборавена, но преубава прилепска песна во која се се опева прилепската земјоделска мака – тутунот.

Песната е дело на легендарните “Прилепски еснаф” каде членуваа: Ачкоски Ѓорѓија (вокал), Тумбески Никола (виолина), Ачкоски Дејан (хармоника), Бунтески Славчо (гитара) и Димитриоски Жарко (бас).

“Добро утро Прилепе мој те чека третата рака, кој што не бил на зелено море не знае што е мака” – oва се стиховите кои тука и таму низ прилепските ниви се слушаат во летниот период кога се бере жолтото прилепско злато.

Уживајте во прекрасната мелодија во продолжение:

Цел свет му се смее на канадскиот премиер: Ова е хит број еден во светот денеска (ВИДЕО)

Канадскиот премиер Џастин Трудо стана хит на интернет поради една снимка од Г20-самитот во Осака.

На Трудо му се паднало да седи меѓу кинескиот и бразилскиот претседател, со кои, според снимката, нема што многу да си каже, па седи сам и збунет, со израз на непријатност на лицето. Но, вистинската непријатност настапува кога ќе му подаде рака на Бразилецот, кој, како што изгледа на снимката, ладно ќе го изигнорира и ќе му го сврти грбот за да се ракова со некој друг.