Цел свет му се смее на канадскиот премиер: Ова е хит број еден во светот денеска (ВИДЕО)

Канадскиот премиер Џастин Трудо стана хит на интернет поради една снимка од Г20-самитот во Осака.

На Трудо му се паднало да седи меѓу кинескиот и бразилскиот претседател, со кои, според снимката, нема што многу да си каже, па седи сам и збунет, со израз на непријатност на лицето. Но, вистинската непријатност настапува кога ќе му подаде рака на Бразилецот, кој, како што изгледа на снимката, ладно ќе го изигнорира и ќе му го сврти грбот за да се ракова со некој друг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.