дома блог страница 3221

MAЛOЛETHO ДЕТЕ БИЛО KACHATO OД КУЧЕ CKИTHИK BO HACEЛБАТА ТОЧИЛА ВО ПРИЛЕП

На 29.06.2019 година во 22.40 часот во Полициската станица Прилеп, Р.С.(40) од Прилеп приjaвил дека во населба „Точила-1“ неговиот мaлoлeтeн син бил kacнaт од kуче скитник во пределот на дecната пoткoлeница.

Ученичка од Прилеп ќе ја претставува Македонија на Меѓународната Биолошка Олимпијада во Унгарија

Јована Стојческа, ученичка во II година во СОУ „Ѓорче Петров”- Прилеп е дел од тимот што ќе ја претставува Македонија на Меѓународната Биолошка Олимпијада (IBO) што ќе се одржува во периодот 14-21 јули 2019 год. во Сегедин, Унгарија.

Селекцијата на ученици била извршена на два селекциони натпревари: едниот кон крајот на октомври 2018 година, а другиот во почетокот на јуни 2019 година.

На првиот селекционен натпревар биле избрани 8 ученици, за од нив на вториот селекционен натпревар да биде избран конечниот тим од 4 ученици за IBO.

Во периодот меѓу двата селекциони натпревари, Јована и другите ученици имале активни подготовки на Институтот за биологија при Природно Математичкиот Факултет во Скопје.

„За време на Олимпијадата решаваме три тестови. Двата се теоретски, а третиот е експериментален тест каде што ќе треба да ги покажеме нашите вештини во лабораторија”, вели Јована.

Кога ја прашавме Јована дали очекувала да биде во топ 4, таа ни изјави:

„Ми беше преголема желба да бидам дел од тимот што ќе ја претставува нашата држава на Меѓународната Биолошка Олимпијада и таа желба стана реалност. Учев напорно, не само материјал што е наменет за II година, туку и за повисоки години, бидејќи на Олимпијадата учествуваат ученици од сите години од средно образование. Бев единствената ученичка од II година што успеав да го поминам првиот селекционен натпревар, а потоа да влезам и во топ 4. Иако сум најмала во тимот, навистина ми е чест што ќе можам гордо да ја претставувам својата земја на IBO 2019”, додава таа.

“Курир”: Во обвинителството има kpивична пријава за функционерот на СДСМ Kypто Дудуш (ДОКУМЕНТ)

Во Јавното обвинителство во Скопје пред 19 дена е поднесена kpивична тужба до градоначалникот на општина Шуто Оризари Kypто Дудуш за нанесување телecна повpeда, а заедно се уште едно лице тој се товари за загpoзување на безбеднocт, пренесува порталот Курир.

Приватната kpивична пријава во име на тепaHиот Сенат Јашар ја поднесува познат адвокат од Скопје но досега од обвинителството нема објавено никакви информации за случајот кој го објави порталот lider.com.mk и ја потресе јавноста.

Целата статија можете да ја видите ТУКА.

Извор: kurir.mk

Пратеникот Димков повика: Крајно време е за Семакедонско помирување и обединување

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајче Димков денеска постави свежо цвеќе во чест на 70 години од крајот на граѓанската војна во Егејска Македонија пред споменикот во жена парк.

По тој повод тој на својот Фејсбук профил сподели и статус:

-Порака од одбележувањето на:
70 ГОДИНИ ОД КРАЈОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА
“Крајно време е за Семакедонско помирување и обединување”, стои во неговиот пост на Фејбсук.

(Видео)ДЕСТИНАЦИЈА „НЕА БАГЕРИ“: Багерист пронашол начин како да се разлади за време на тoплoтниoт бpaн во Европа

Топлотниот бран стигна во Европа, а луѓето наоѓаат различни начини барем малку да се разладат.

Еден маж, чие видео е објавено на социјалната мрежа Фејсбук, одлучил да се разлади во корпата од багерот која е наполнета со вода.

Секако тука е и лименката со пиво.

„Утро во Германија. Седам во базен и уживам во животот” , напиша Германецот на Фејсбук страницата за екстремна температура во Европа и за еден ден е видено над 160 илјади пати.

Од утре пониски цени во роаминг во регионот

Цените на услугите во роаминг помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ од утре ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати.

Динамиката на намалувањето на цените е согласно со Договорот потпишан на Вториот дигитален самит за Западен Балкан, како предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија.

Истражувањето на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) спроведено од 24 до 31 минатиот месец покажува дека скоро петтина од испитаниците кои знаат што е роаминг слушнале за договорот за регионален роаминг, со којшто од 2014 година беа намалени цените помеѓу држвава, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Кон таа регионална иницијатива минатата година се приклучија и Албанија и Косово. Од испитаниците кои слушнале за договорот 16 проценти ја користеле таа поволност. Половина од корисниците на регионален роаминг, пак, сметаат дека тој е незначително поевтин.

Според податоците на АЕК, во последните 12 месеци, 18 проценти од населението од државава користело роаминг. Повеќе од една четвртина (27 проценти) од корисниците на роаминг се информираат за цената за роаминг во соодветната земја. Роамингот најчесто се користи за испраќање на СМС пораки –78 проценти и за разговори 54,8 проценти, додека интернет во роаминг користеле само 18 проценти од корисниците на роаминг.

Истражувањата на СРС, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, покажуваат дека 70 отсто од стопанствениците од Југоисточна Европа сметаат дека укинувањето на цените на роамингот ќе им помогне во поттикнување на трговијата.

Поевтин роаминг се очекува и со Грција, што ќе се реализира откако ќе се обебзедат потребните услови за стапување во сила на Меморандумот за соработка помеѓу двете држави, за што макеоднската страна веќе достави предлог и динамика.

Домот на Тодорчевци од Прилеп е вистински времеплов во револуционерното минато: Oва се потомците на Пере Тошев, совеста на револуционерна Македонија

Осумдесет итри годишниот Сашо Тодорчески ја чува историјата

– Виделина за фотографијата на Пере Тошев и Гоце Делчев од пред 119 години, за која јавноста не знае, а ја криеле четири семејни колена

Веќе четврта генерација, стара фотографија на која рамо до рамо застанале Пере Тошев и Гоце Делчев, “живее” во мрачните мусандри и долапи во мудбаците со прашина и пајажина на фамилијата Тодорчевци. Меѓу двајцата револуционери, седнал Стилијан, роднината на Пере Тошев. Како единствено сведоштво за крвната врска со револуционерот Тошев. Фотографијата ја чува како очите 83 годишниот Сашо Тодорчески. Се охрабри, од мракот да ја извади на виделината на денот и приказната да ја подели со сограѓаните.

Одвај го држат рацете и нозете. Пие цела рака апчиња, но ведрина му сјае на лицето кога чепка во кутиите полни со стари фотографии, со илјадници спомени на четирите колена на неговите предци. Меморијата постепено го издава. Тивко зборува. Не им се предава на годините. Сака на повеќемина да ја пренесе семејната историја и лоза додека во рацете ја стиска избледнетата слика од Пере Тошев, небаре некој ќе му ја открадне, оти смета дека е единствениот нем сведок за роднинските корени со големиот револуционер.

– Четири генерации во нашава куќа ја чуваат сликата како зеница во очите. Љубоморно и гордо ја негувал и криел и прадедо ми Ангеле Тодорче, кој бил бакал. Не ја испуштаа од рацете и кога душата ја даваа и дедо ми Василе, и татко ми Илија. Нивниот завет ќе го пренесам на моето потомство. Како што мене ми пренесуваа и јас раскажувам. Ми кажуваа дека Стилијан и Пере Тошев биле блиски. Стилијан потекнувал од чорбаџиската фамилија Бомболовци. Бил учител и педагог, затоа бил близок со Делчев. Сликан е со нив, оти бил почитуван. Фотографијата е направена во Прилеп некаде во 1900 година, пред Илинденското востание. Делчев е уште помлад – кажува Сашо Тодорчески.

Се вознемирува кога некој ќе го прекине. Изморен од спомените, поплавен од минатото, чепка низ приказни на своите родители и нивните родители. Се обидува да ја долови поврзаноста со Пере Тошев, да не му одлетаат мислите.

– Пере Тошев и’ бил внук на баба ми Евгенија од прв братучед Илија, кој пак бил син на Коста Тошев, кој бил кмет на Прилеп во тоа време. Всушност, баба ми по татко, била едно од трите деца на прабаба ми Анастасија, која била ќерка на Бомбола, а мажена кај Тошевци. Калиопи, која живеела во Софија и Стилијан, кој е сликан со Пере Тошев се другите деца на Анастасија и Поп Аврамиха. Значи, Стилијан е брат на баба ми Евгенија, а на татко ми вујко и мене дедо. Другата поврзаност и блискост со Пере Тошев е што татко му на Стилијан, поп Аврамиха бил претседател на црковните училишта во Прилеп. Иако бил поп, бил и учител и соборец на Пере Тошев. Прадедо ми Поп Аврамиха, најмил шест комити да го отепаат Сулејман Чучила, силеџијата во Мариво пред Илинден. Ама го ставиле во затворот Џарберкир. По некое време го ослободиле, и заедно со Пере Тошев, дека биле роднини, патувал до Градско со кираџии – раскажува дедото.

Околу стариот Тодорчески, има и други сведоштва. Ја довардил вратата на која има шестокрако сонце од Кутлеш. Во одаите на старата куќа, се собирале револуционери.

– Се состанувале Даме Груев, Пере Тошев и Ѓорче Петров во старата куќа со огромни ѕидови, оградена, како бастион, затворена со железни порти, ни да ѕирка, ни да проѕирка. Се ковале планови за пусии и напади, како да се сардисаат турските чети, како да се изведат атентати на турски ајдуци, аги и бегови. Бедем не и’ е рамен. Никој не може да влезе ниту од една страна, а да не биде забележан. Сета е обезбедена со железни капаци, а прозорците со метални решетки, пиле да не прелета, не па непријател. Таа е спомен. Драга ми е, оти ми е наследство. Сакам да ја зачувам. Побарав и од Завод и Музеј да ја заштитат, оти е историска – се измори од раскажување Тодорчески.

Кажа дека живее со невеста во местото старо 400 години, во кое отсекогаш биле Тодорчевци.

– Ова е свето место. Тодорче е основач на фамилијата, затоа нé викаат Тодорчевци. Не го продавам да ми даваат милиони. Ова е сермија на Тодорчевци отсекогаш – категоричен е Сашо, како што вели, стар човек со богато минато.

Му ја крепат душата многуте години. Секој ден живее со спомените, кои му даваат сила. Не го напушта надежта дека историјата на четирите генерации нема да згасне, иако неговиот син живее и работи во Скопје. Не се дели од мислата дека потомоците ќе се вратат на родното огниште да ја продолжат лозата. И тие да им раскажуваат на внуците и правнуците дека и во нивните вени тече револуционерната крв на Пере Тошев.

Извор: “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ”

Еди Рама одново се облече “во стил” и отиде на гласање (ФОТО/ВИДЕО)

Во соседна Албанија денеска се одржуваат локални избори но без опозиција. Во многу општини на изборните ливчиња има само еден кандидат и тоа од владеачката партија на премиерот Еди Рама.

Инаку, денеска своето право на глас го искористи премиерот и лидер на социјалистичката партија Еди Рама, но она што најмногу им падна во очи на медиумите и на пошироката јавнос е токму начинот на кој што се облекол за денешниот ден.

Имено, денеска албанскиот премиер облекол кошула, сако, потколеници и чорапи подигнати до колена, со што предизвика лавина на коментари Интернет и по социјални социјалните мрежи.

(Видео) Русите во овој град прават “павославен Ватикан”: Проектот ќе вреди 2 милијарди долари, а еве што ќе има во него

Русија развива посебна стратегија со која градот Сергијев Посад, недалеку од Москва, до 2025 година да биде претворен во “православен Ватикан”.

Проектот вреди над 2 милијарди долари. Од црквата уште од 2017 година започнаа преговори со челниците на градот.

Овој град е место каде се наоѓа манастирот Троица- Сергијева, кој се смета за духовен Центар на руската православна црква.

Почнува вистинскиот пекол – Спремете се за температури над 35 степени

Денес во Македонија времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18 степени, а максималната од 23 од 33 степени.

УВ индексот висок и ќе изнесува 9.

Од утре уште потопло време. УХМР најавуваат максимални температури кои ќе бидат над 30-тиот степен, а во вторник и среда на повеќе места ќе надминат 35 степени.

Од среда промена, па следи дожд