дома блог страница 3219

Нова цена на горивата: Поскапуваат бензинот и дизелот

Регулаторната Комисија за енергетика секој понеделник врши прoмена на цените на горивата.

И овој понеделник цената ќе биде променета, па останува да видиме дали веќе од утре ќе возиме поскапи или поевтини горива.

Претходниот понеделник беше сменета цената на горивата во Македонија.

Бензините и дизелот сега се за половина денар поскапи, според најновата одлука за која реши на седница Регулаторната комисија за енергетика, па така, Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 веќе се поскапи за половина денар и се точат на бензинските низ Македонија за 60.5 денари, дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 е 67 денари по литар.

Бразилец со разорен топовски удap: Погледнете го новото засилување на Вардар (ВИДЕО)

Европскиот шампион Вардар го реализираше мега трансферот на Бразилецот Хозе Гиљермо Де Толедо, кој потпишва двегодишен договор со црвено-црните.

Толедо има 25 години, одличен е во напад, но растура и во одбрана. Се работи за еден комплетен млад играч кој сигурно ќе биде врвно засилување во вардаровиот дрес.

Погледнете низ овој видео материјал, какво засилување доби Вардар на десната бековска позиција, но и во обраната:

Концерт на Ансамблот “Танец” во Прилеп

Ансамблот „Танец“ под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“, на 4 – ти јули 2019 (четврток) од 20.00 часот ќе настапи на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Настапот е дел од серијата концерти во рамките на чествувањето на 70 – от јубилеј на ансамблот, кој деновиве со спектакуларен концерт ја прослави годишнината од формирањето.

Танец – Душата на Македонија
Симбол на македонската култура и уметност веќе седум децении!
Амбасадор на македонскиот фолклор!

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе седум децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.

Националната установа за народни игри и песни ансамбл “Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор.

Од исклучителна важност се покажало формирањето на ансамблот чие прво претставување надвор од границите на Македонија (тогашна Југославија) се случило 1950 година во Англија на “Интернационалниот фестивал” во Велс. Членовите на Танец со изведбата на “Тешкото” ги освојуваат сите можни поени и ја добиваат највисоката награда.

Вредно за споменување е фактот дека ниеден ансамбл во целата историја на траење на фестивалот ги нема освоено сите можни поени од страна на жирито. Како најдобар ансамбл, им било овозможено да го продолжат својот престој уште дваесет дена и да одржат концерти низ цела Англија.

За успехот на “Танец” говорат бројните добиени награди и признанија како што се: “11 Октомври”, “Климент Охридски”, наградата од градот Скопје “13 Танец Ноември” како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Р. Македонија.

“Танец” има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи.
Репертоарот на “Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: “Невестинското”, “Тешкото”, “Комитско”, “Чифте Чамче”, “Осоговка” и многу други бисери на македонскот народно творештво.

Во својата културна мисија ансамблот “Танец” остварува контакти со македонската емиграција во странство, настапува и континуирано им помага во зачувувањето на македонската културна традиција.

На просторите на поранешна Југославија широко распространета беше поговорката: “Кога поминуваш низ Босна немој да пееш, кога поминуваш преку Србија немој да играш, кога поминуваш преку Македонија немој ниту да играш ниту да пееш бидејќи ќе бидеш и натпеан и надигран.”

Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето.
Со еден збор ансамблот “Танец” претставува подвижна енциклопедија на македонскиот народ.

Витаминка ги применува највисоките производни стандарди за безбедност на храна

Најголемата прехранбена индустрија во земјава, Витаминка ги применува најновите стандарди за безбедност на храна. Стандардизацијата на производството и имплементирањето на принципите, позитивно се одразуваат врз производството, стекнувањето доверба од потрошувачите и на подобрата позиционираност на пазарот.

На денешниот настан во Стопанска комора на Македонија, на тема Меѓународниот стандард за безбедност на храната – поголема доверба и конкурентност на компаниите, Витаминка е издвоена како компанија што навремено и доследно ги внесува новите стандарди и беа посочени предностите што применувањето на стандардите ги носи за компаниите во производниот сектор.

„За исполнување на овие принципи Витаминка има воспоставено и доследно го применува и подобрува Системот за управување со квалитет и животна средина усогласен со барањата на стандардите ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, Системот за анализа на ризикот во критичните контролни точки – HACCP систем, усогласен со принципите и препораките на Codex Alimentarius Commission и Светската здравствена организација, како и системот за безбедност на храната во согласност со IFS стандардот, секако почитувајќи ги притоа сите важечки законски прописи. Сите стандарди кои се однесуваат на управување со процесот, следење на набавниот и производниот синџир, складирање и доставување, редовно и навремено се надградуваат следејќи ги најскорешните препораки и промените наметнати од потребите за што поголема безбедноста на производите“, вели Олга Ристеска, Координатор за обезбедување квалитет во Витаминка.

Напредниот ISO 22000 стандард, којшто лесно се интегрира со останатите меѓународни стандарди, коишто даваат поголем акцент на организацијата и управувањето со ризици и можности, во фабриката на Витаминка за производството на сончогледово масло, Брилијант е веќе имплементиран а во текот на 2019 година предвидена е целосна имплементација и сертификација на овој стандард по новата верзија 2018 на ниво на цела компанија.

„Раното внесување на ISO 22000:2005 како и применување на принципите на кои се базира, даде многу позитивни резултати и иницираше конструктивни промени. Ни овозможи јасно да ги дефинираме одговорностите и надлежностите на сите вработените, ја зголемивме свесноста околу прашањата за хигиена и безбеден производ. Воспоставивме квалитетен однос со купувачите, добавувачите и вработените. Обезбедивме следливост како најважен дел, го проширивме пазарот и продажбата на масло без ниту една рекламација. Безбедниот производ е најважното прашање во меѓународната трговија и тоа мора да се почитува“, вели Жаклина Георгиева, Шеф на лабораторија Фабрика 3 Брилијант.

„ISO 22000:2018 е првиот стандард кој може да се користи од страна на сите учесници во синџирот на снабдување со храна, познат како „од нива до трпеза“ и ги вклучува и добавувачите на непрехранбените производи и услуги, како што се производители на опрема и пакување, како и даватели на логистичките услуги. Целта на стандардот, новоревидираниот ISO 22000:2018 е да се усогласат на глобално ниво барањата за управување со храната во прехранбената индустрија и индустриите поврзани со неа и официјално да се утврдат елементите кои влегуваат во состав на еден систем за управување со безбедноста на храната. Овој стандард е развиен на ист начин како и другите стандарди за системи на управување, а пред сè ја потенцира безбедноста на храната, но обезбедува и можност за демонстрирање ефективност, ефикасност и континуирано подобрување на компанијата во сопственото работење“, вели Емилија Тодоровска, самостоен советник во Спопанска комора на Македонија.

“Ем ресторан, ем ВИП ложа на стадионот за помалку пари од реконструкцијата на мовчето во Сточен пазар?”

Пишува: Влатко Атанасоски

Чудни економии #1

Во договорот за Реконструкција на Градски Стадион ,,Гоце Делчев“-Прилеп , кој на 19-ти јуни, Општина Прилеп го склучила со локалната компанија, Друштво за производство, градежништво и трговија на Иваноски Митко и др. ИЗОФАС увоз-извоз ДОО Прилеп, се предвидува реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, за која Општината ќе треба да исплати малку повеќе од 435.000 евра или над 26 милиони денари!

Интересно е што техничкта спецификација за реконструкција на стадионот опфаќа и работи за подтрибински ресторан и ВИП ложа на северната трибина. Според договорот изведувачот е должен да ги заврши работите во рок од 90 дена од повикот од страна на овластен надзорен орган овластен од градоначалникот, Илија Јованоски.

Компанијата ИЗОФАС, во периодот по доаѓањето на функцијата градоначалник на Општина Прилеп, на г-динот Илија Јованоски, врз основа на постапките за јавни набавки, склучила и уште еден друг договор со Општина Прилеп за Одржување, санирање и адаптација на улици и патишта на територијата и за потребите на ЕЛС-Општина Прилеп во вредност од преку 140.000 евра! Истата компанија склучила договор за реконструкција на покрив на објектите, лимарки работи и др работи од сл.вид со ЈУДГ Наша Иднина, за објектот-детската градинка во Тризла.

Прилепската машина во нов клуб: Несторовски си оди од Палермо и ќе игра во Серија А

Македонскиот фудбалски репрезентативец и досегашен капитен на италијански Палермо, Илија Несторовски, донел одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.

Според италијанските медиуми, следна дестинација на Нестор-гол ќе биде Удинезе, а според истите извори, Несторовски одбил повеќе понуди за да го засили клубот од Удине.

Со ова, Несторовски по две години ќе се врати во Серија А, откако изминативе две сезони со Палермо ги мина во Серија Б и имаше два неуспешни обиди за враќање во елитата.

Официјализацијата на трансферот се очекува во следните неколку дена, а Несторовски го избрал Удинезе покрај понудите од Црвена Звезда, Болоња, Торино, Џенова, Сасуоло, Олимпијакос.

(Видео) Има 84 деца: Неговата реакција кога ќе слушне дека некој има само една жена е урнебесна

Во разговорот со новинарот му рече дека 84 деца, на што репортерот искрено му честиташе.

По срамежливото заблагодарување, човекот рече дека има 17 жени со што го шokиpaше новинарот.
Новинарот се обиде да му каже дека тој има само една жена, а реакцијата на човекот беше урнебесна.

ВНИМАВAJTЕ: Колона од половина километар и застој од 20 минути пред патарината кај Велес (ФОТО)

Во моментов има на автопатот Скопје- Велес пред патарината кај Сопот има застој од автомобили кои чекаат да ја поминат патарината.

Во екот на летната сезона и почетокот на новиот месец од денеска се поочигледен е густиот сообраќај и метеж кој се упатува кон соседството.

Само за хамбургер 22 евра: Хрватите летово збеснаа! Одмор во Хрватска поскап од Шпанија, Турција, Кипар

Седумдневен одмор во Задар е поскап отколку, на пример, во Пафос во Кипар, Мармарис во Турција, Мајорка и Коста дел Сол во Шпанија, како и во бугарското одморалиште Сани бич, покажало истражувањето кое го спровел британскиот таблоид “Сан”.

Хрватскиот Вечерњи лист” наведува дека во Хрватска може да се летува за помалку од 3500 евра, односно помалку отколку што “Сан” проценил дека ви се потребни за 7-дневно летување во оваа држава.

Весникот наведува дека јадранските цени се посебна приказна и речиси и да не постои некој кој летувал во Хрватска, а дома да не се вратил со чувството дека нешто некаде платил прескапо.

Капучино од 6 евра, килограм грозје 10 евра, хамбургер 22 евра, сендвич од 13,5 евра се само некои од летните цени на Јадранот, пишува “Вечерњи лист”.

Напумпаните цени, оценува „Сан” се дел од јадранскиот фолклор, но за директорот на Хрватската организација за туризам, Вељко Остоиќ, вистината за цените сепак има повеќе лица.

„Секоја споредба со конкуренцијата е добра за да нѝ го покаже контекстот на пазарот на кој сите заедно работиме. Иако не би требало да се бориме со цените, туку со квалитетот кој дозволува малку повисоки цени, не смееме да дозволиме перцепцијата за Хрватска да биде дека сме прескапи. Мора да бидеме свесни дека имаме највисок БДП на Медитеранот и дека во тие услови имаме многу ограничен маневарски простор кај одредувањето на цените”, изјавил Остоиќ.

Го воодушеви целиот свет: Куче му помага на својот неподвижен сопственик и му го прави животот полесен (Видео)

Видео кое го воодушеви целиот свет. Ова видео докажа дека кучето е најверниот пријател на човекот. На ова видео се гледа како куче турка количка на својот неподвижен сопственик.
Авторот на видеото е направено од случаен турист во Мексико.

Кучето-помошник Лео е истренирано и научено да му помага на својот неподвижен сопственик Овен.

Овен му кажал на туристот дека Лео е трениран од страна на неговиот вујко и дека тој без него да си го замисли животот. Лицата со разни инвалидитети и потешкотии живеат многу полесно со помош на кучињата за тераписки цели бидејќи тие им пружаат помош со стекнување на одредени вештини.

Тренираните кучиња им помагаат на луѓето кои се неподвижни и во инвалидски колички и наместо нив го вклучуваат или исклучуваат светлото, им носат работи и ги отвораат или затвораат вратите.