дома блог страница 3208

“1.500.000 евра одделуваме за лубриканти, а мизерни 5.000 евра за фестивалот “Пеце Атанасоски”?

Со дефиле низ центарот на Прилеп и настапи на учесниците на Камената бина во центарот на Прилеп, на плоштадот „Александрија“ во петокот започна 45-тото јубилејно издание на фестивалот за народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“.

Вчера фестивалот продолжи на Рудина кај Долнени, а на истата локација програма ќе има и денеска. Годинава на оваа манифестација учествуваат околу 300 учесници.

Но, иако ова е еден од нашите најголеми брендови чија цел е зачувување на македонскиот мелос, фолклор и традиција, речиси до пред 1 месец не се знаеше дали воопшто фестивалот ќе се одржи, бидејќи Министерството за култура немаше одделено средства.

„Имавме големи проблеми од Министерството за култура, морам тоа да го кажам, бидејќи финансиските средства ни се намалија за разлика од лани, а уште ги немаме добиено и тие кои ни се ветија за оваа година. Поради тоа јас сакам да се заблагодарам до локалните самоуправи на Прилеп и Долнени кои ни излегоа во пресрет и оваа година дадоа и повеќе пари од лани, за да можеме да почнеме прелиминарно со организација на фестивалот. Тука е и печатењето на зборникот“, истакна Златко Лашкоски, секретар на фестивалот.

Годинава фестивалот од државата добил само 300.000 денари што е премалку за негов раст и развој. Организаторите велат дека со овие средства фестивалот само може на некој начин да се одржува, но никако и да напредува и развива.

Овој Фестивал е единствен од ваков вид кој повеќе од четири децении ги остварува основните цели – зачувување и негување, како и пренесување на новите генерации на богатото, вековно, национално изворно творештво.

До година властите треба добро да размислат. Вреди ли да се потрошат државни пари за 20.000 шишиња со лубриканти, или повеќе вреди духовното и традиционалното, она што треба да се пренесе на идните генерации, она што не прави различни и единствени помеѓу народите во светот.

Прилепчанецот Борјан Јованоски се искачи на второто место од Светската ранг листа

После ажурираните резултати од Европскиот куп во Романија, Урои, параглајдеристот Борјан Јовановски и член на Алумни клубот при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ е едно место повисоко на Светската ранг листа. Моментално се наоѓа на второто место на Светската ранг листа.

До врвот на ранг листата на Борјан му преостанува уште да го помине Словенецот Матијаж Слуга кој во моментов му бега само 20 поени.

Борјан Јованоски досега има настапувано на повеќе од шеесет натпревари, а на повеќе од половината се искачил на пиедестал.

Денеска е Иванден – голем и тежок празник: Честит именден Ивана, Иван, Ива, Иво…

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност празник посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител.

Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот.

Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Богородица) кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на Св. Јован Крстител, (Иванден).

Отсекување главата на Свети Јован Крстител, Собор на Свети Јован Крстител, итн. Оттука може да се види и значењето на овој лик во христијанската вера и воопшто во верувањата на нашиот човек.

Во народниот живот и во народното верување Свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се раскажува во преданијата и како што се пее во песните кога светците ги делеле функциите на Св. Јован му паднале кумството и побратимството.

Познатиот Американец останува неприкосновен: За помалку од десет минути изеде над 70 ход дога (ВИДЕО)

Во Америка по повод Денот на независноста се одржа традиционалното натпреварување во јадење брза храна. По 12 ти пат победник е Џои Честнат, кој веќе со години е “главен“ на сцената во натпреварувањето, Тој за помалку од 10 минути изеде 71 ход дог

(Видео) „ЈА ИЗЛЕЗИ ЃУРЃО“ ЕЧЕШЕ ВО ХРВАТСКА: Врвната вокалистка Aмира ја маѓепса публиката со преубавта македонска песна

Врвнатата вокалистка Амира Медунјанин со оркестарот „Вечерња љубав“ во пулска Арена ја испеја познатата македонска песна „Ја излези Ѓурѓо“.

На видеото проследете го настапот на Медунјанин во познатата хрватска Арена.

-Како да опишам… Прекрасно, емотивно, суптилно, мелодично… Измамува насмевка од усните, така мило, убаво, божествено, меко како свила, гласи еден од коментарите за изведбата на Медунјанин

(Видео) Стигнаа на 528 метри длабочина, а од дното се појави “чудовиште”: Ја отвори огромната уста и започна да им ја гризе опремата

Директорот на програмата “Florida sharks and museum research” објави виде во кое се гледа како огрома ајкула се појавува од дното и тргнува кон подморницата, а потоа ја гризе камерата со нејзините заби.

Нападот се случил на 528 метри длабочина, а ајкулата пливала околу подморницата, додека го јадела својот плен, наведува британскиот весник “Дејли стар”.

Интервју со актерот Марјан Чакмакоски – Човекот кој цели 33 години ги собира аплаузите на театарските штици

Марјан Чакмакоски е една од многуте легенди на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”. Тоа е актерот кој секогаш инспирирал со својот талент, човек полн со енергија, актер кој секоја улога знаел и знае да ја долови на вистински начин и со неговата игра да постави граница, која идните актери ќе треба да ја следат за да бидат исто толку успешни. Во своите 33 години стаж на штиците кои живот значат има одиграно се’ и сешто, улоги кои ќе се паметат и уште долго ќе одѕвонуваат од ѕидовите на театарот во Прилеп. За него вели дека најголема награда е аплаузот на публиката и дека тоа е најголемото одликување за секој актер. Во интервјуто подолу разговараме за целата негова кариера, омилените улоги, за театарот некогаш и сега….

Кога се роди кај вас првата љубов кон театарот, на која годишна возраст и како на кратко стигнавте до “штиците што живот значат” во театарот “Војдан Чернодрински”?

– Многу одамна беше. Бев прва година гимназија и ме побараа да статираме во “Бегалка” од Васил Иљоски. Појдовме една група деца, имаше аудиција за ликот Бошко. “Ленче” ја имаа веќе тогаш најдено, го најдоа и Бошко, меѓутоа и другите ликови му требаа. Се сеќавам, игравме оро и имав задача после орото да преминам од едниот до дригот крај на сцената. Ми се чинеше дека сум најголемата ѕвезда на планетава. Потоа започнаа некои нови претстави за деца. Истата оваа група. Па почнавме да работиме во еден поеткси клуб, се викаше “Никола Јонков Вапцаров”. Одевме таму, се дружевме, пишувавме поезија, правевме литературни читања, но меѓу другото оформивме и театарска група. Направивме две претстави кои се одиграа и во нашиот театар, но одевме и на неколку аматерски фестивали во Струга, во Кочани и толку требаше. Се инфицирав и не се одделив од театарот. Следеа потоа други професионални претстави во кои статиравме некои помали улоги. Потоа заминав на Академија, па се вработив и еве веќе 33 години сум во театарот.

Дали доколку би можеле да се вратите назад нешто би промениле?

Па сигурно дека би променил нешто. Веројатно нема да донесувам толку наивно некои одлуки. Би бил повешт, би се менаџирал веројатно многу подобро. Не би ја сменил професијата за ништо на светот, меѓутоа, некои одлуки сигурно би ги донел поинаку.

Каков беше театарот во Прилеп пред 30 години, а каков е сега, во што се разликува оваа култура споредбено со денешно време?

– Театарот е како животот, како оди се’ напред, во смисла на технологија, нови сознанија, така се променува и театарот. Театарот постои неколку илјади години и до сега во суштина ништо не се променило, меѓутоа се експериментира. Иди некој нов бран од некаде, па се испробува, меѓутоа секогаш се враќаме на почеток. Суштината си останува иста.

Имате ли некоја омилена улога и претстава во која сте глумеле низ годините?

– Во секој случај да. Некои од мноштвото претстави и улоги мора да се издвојат. Се сеќавам на првите улоги, никогаш нема да ги заборавам. Тоа се “Сотка Пискулот” во “Солунски патрдии”, која беше исклучително успешна претстава. Тоа ми беше и прва улога како професионалец. Ја одигравме над 100 пати пред полна сала. Со една, две проби и сега би ја вратил и би ја играл пак. Потоа следуваа други претстави кои не можам да ги заборавам како “Полковникот птица”, “Крчма крај патот”, да не ја изоставам и “Од кол на кол”, која беше навистина успешна. Во секој случај има многу, бидејќи имам одиграно од 120 до 130 улоги.

Кои награди и одликувања ги имате освоено во вашата кариера и имате ли некоја која ви е омилена и ве прави особено горд?

Аплаузот на публиката е најголемата награда и одликување кои можеме да ги добиеме ние актерите. Останатите награди не ги негирам, да не бидам погрeшно разбран, но постојат многу фактори за добивање на таква награда. За да се добие награда треба да се има добра улога. Еден период во прилепскиот театар ни критичар не идеше да го одбележи тоа. Еднаш годишно одевме на игрите и прашање е дали си имал улога во таа година. Некоја година не си учествувал во претставата која одела на театарски игри. И така годините врвеле, те одминувале. Потоа имаше период во прилепскиот театар кога имаше многу гости. Па секогаш тие ги понесуваа “ловориките”. И да имаш улога, добро направена, и да заминеш на фестивал, многу е важно кој ја оценува таа претстава. Зависи од вкусот на жирито. Зависи од конкуренцијата. Може да се случи таа година на фестивалот да има 5 добри улоги кои конкурираат за награда. За жал немам добиено. Но тоа не влијаело врз мојата кариера. Се надевам дека наградата за “животно дело” нема наскоро да ја добијам, оти се знае, нема јас лично да ја земам.

Вашата ќерка Катерина Чакмакоска е исто така врвен актер. Дали токму вие бевте пресудни што и таа започна да се занимава со актерство и што значи кога детето на еден родител ќе започне да оди по истите стапки?

Не, напротив. Јас бев против , меѓутоа, виновен сум зашто уште додека имаше 2 години ја носев во театар да гледа претстави. Потоа започна да игра во некои детски претстави и немаше спас.

На што работи моментално Марјан Чакмакоски, кој е новиот проект на театарот каде ќе се појавите вие?

Моментално одмарам. Последната претстава во која играв беше “Демократија” пред два месеци. Најверојатно ќе започнам во периодот пред Нова година во претстава од Коле Ангелоски. Се надевам дека нема да биде последна претстава. Би требало во февруари наредната година да излези премиерата.

Претставата “Од кол на кол” е нешто во што се ожива да се гледа одново и одново. Каде се имате настапувано со оваа претстава и дали сеуште истата се игра?

Во Македонија нема место на кое не сме ја одиграле. Исклучително успешна претстава. Се сеќавам дека ја одигравме и на фудбалски стадион во Лисиче. Река од народ, можеби имаше 5.000 публика. Сите останаа до крајот и беа задоволни. Ја игравме на плоштади, некогаш и во несоодветни услови, но секогаш беше прифатена од луѓето.

Во последните неколку години се зборува за изградба на нова театарска зграда во Прилеп. Верувате ли дека прилепчани ќе дочекаат да се случи тоа во догледно време?

Воопшто не верувам. Барем јас нема да одиграм во неа и доколку се изгради. Наводно има некои напори да се направи нешто, во секој случај наскоро треба да се знае.

За крај една ваша порака до младите актери во прилепскиот театар и до сите млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со актерство..

Нека веруваат во себе толку колку што треба, не премногу , не помалце. Нека бидат упорни, нека работат, се друго само ќе си дојде.

Еве кој ќе настапи на местото од Тамара Тодевска на “Пивофест”

Пејачката Тамара Тодевска вчера го откажа настапот на “Пивофест 2019” во Прилеп, па организаторите на нејзиното место во програмата ја повикаа групата “Нокаут”.

“Нокаут” на “Пивофест” последен пат настапија пред две години, а сега повторно ќе ги гледаме на фестивалската сцена.

(Фото) Пронашла необичен корен пред врата и го однела дома – по една недела зажалила

Што ќе направите кога пред вашиот влез ќе најдете „мистериозен“ корен со оглемина на подлактица? Кели Кјурино била љубопитна па одлучила да дознае за што станува збор, но три дена подоцна била згрозена.

На Твитер објаснила како пронашла објект кој ја фасцинирал, но всушност не знаела дека станува збор за „пpokлетство“.

Без никој да знае коренот го ставила во пластична кеса за замрзнување за да го однесе на работа и да ги праша колегите за што станува збор.

Кога се вратила од работа кесата ја ставила на страна во автомобилот и потоа ја заборавила. Една недела подоцна забележала црви во автомобилот. Стотина мали црви илегувале од „мистериозниот корен“, кој веднаш го фрлила.

Таа како што вели и наоѓала црви дури неколку дена подоцна, а нејзината приказна станала вирален хит.

“Македонец од Србија најавува ли голема афера за организацијата на “Пивофест”?!

Добривоје Марински 25 години е сопственик на регионалната телевизија “Сонце” во српскиот град Аранѓеловац. Тој е Македонец по потекло, менаџер со долгогодишно искуство и реноме, а 13 години го организира познатиот “Гуча Фестивал” – врвен собир на трубачи каде доаѓаат над милион посетители од цела Србија и пошироко.

Марински има работено на еден куп други проекти, соработува со мал милион познати музички имиња од Балканот, а неодамна работел и на маркетингот за избор на претставник на Србија на Евровизија.

На “Пивофест” во Прилеп досега ги има донесено: Горан Бреговиќ, Владо Георгиев, Мирослав Илиќ, како и други познати музички имиња.

Денеска тој со допис се обрати до нашата редакција, каде информира дека бил побаран од градоначалникот Илија Јованоски да помогне околу организацијата на овогодинешниот фестивал на скарата и пивото. Но, за жал не паднало договор, а Марински ги изнесува причините за тоа.

“Јас со градоначалникот на Прилеп, господин Илија долго разговарав да го унапредиме овој фестивал и да го вратиме “стариот сјај”. Овие преговори траеа од февруари, а тој доаѓаше во Аранѓеловац, каде јас живеам и каде сум сопственик на регионалната телевизија “Сонце”.

Инаку, 13 години сум сопственик на лиценцата за “Гуча” во Србија, најголемиот национален музички бренд.
Сакаше да се вклучам во организацијата за фестивалот и јас тоа го прифатив да го работам без никаков надоместок. Дури три пати доаѓав на разговори во Прилеп.

Конципиравме и програма, на 18-ти да бидат “Бело Дугме”, 19-ти Цеца, 20-ти Влатко Стефановски, а завршниот ден, 21-ви Јелена Розга, Гоца Тржан и Саша Матиќ. Исто така предложив врвна продукција, бина долга 40 метри, а висока 16, за истите пари, за кои досега беа плаќани послаби продукции од оваа, која би изгледала грандиозно.
Илија знае. На прашањето колку ќе чини мојата работа, реков НУЛА, но да направиме фестивалот да не се сруши до крај.

Како што поминуваше времето, а го запознав и неговиот тим на луѓе, каде со сопругот помеѓу останатите беше и извесна Јана, сфатив дека ова е “неозбилна дружина”.

Eдинствен впечаток ми остави извесен правник Жаре, кој се залагаше за крајна транспарентност во работата. Како што поминуваше времето се откажуваа од предложените содржини, каде имаше и неколку врвни македонски изведувачи, а работата се претвори во пазар.

Дали тие беа неспособни, дали ја изгубија пиварата и довербата на спонзорите во ваквата организација, сведочеше времето. Секој имаше свој интерес. Мојот интерес се врвни изведувачи и светска продукција која тој ми ја гарантираше.

Jaс целото време мислев дека сме сериозни луѓе и тоа беше мој проблем, затоа што на крајот се спуштивме на ниво на вашарско мешетарење, што никако не оди во прилог на овој фестивал кој некогаш беше озбилен.

Колку граѓаните на Прилеп изгубија доверба во ваквиот начин на мешетарење, најдобро сведочат резултатите од изборот на претседател, каде партијата на која и припаѓа и господинот Илија е озбилно задрмана, и допрва ќе биде.
Потсетувам, дека барем 5 пати се видовме за фестивалот да го издигнеме, но тоа со вакви ситни мешетарења нема да се постигне.

На господинот градоначалник му порачувам, јас ви дозволил на мене да извршите ортопедска интервенција, но ваквиот вид на работа морате да им ја препуштите на луѓето кои тоа го знаат, затоа што не верувам дека доаѓавте кај мене во Аранѓеловац само за да ручате. Досега на тој фестивал, додека беше сериозен, ги донесов Горан Бреговиќ, Владо Георгиев, Мирослав Илиќ и други.”

Maрински во дописот до Маркукуле додава дека имал намера да го направи најдоброто за фестивалот во Прилеп, па дури и да ангажира некои фирми за спонзори.

“На градоначалникот му реков дека за мојата работа не барам пари, само сакам како Македонец да ја вратам славата на фестивалот, да биде како во времето на претходниот градоначалник кога беше вистински колапс од посетеност. Продукцијата требаше да биде иста како онаа за фестивалот на Здравко Чолиќ во Скопје, и сето тоа требаше да биде за исти пари колку што плаќале досега за фестивалот, ни евро повеќе”, вели тој.

Според него Цеца за својот настап побарала 40.000 евра, а на списокот со програмата била и Елена Велевска.