дома блог страница 3207

(Видео) Убавина за душа: Вака звучи првата снимена химна во изведба на Васка Илиева, Никола Бадев и Александар Сариевски

Првата снимена верзија на песната, денес химната на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, поместена како прва песна на третата по ред лонг-плеј грамофонска плоча во изведба на триото: Васка Илиева, Никола Бадев и Александар Сариевски, пропратени со звуците на хармониката на Кочо Петровски, датира од далечната 1965 година за музичка куќа од Канада. Имено станува збор за едиција од 4 лонг-плеј грамофонски плочи под името „Македонски ритам“, две од 1964 година и уште две од наредната 1965 година. Текстот е напишан во 1941 година од Владо Малески.

„Колажот е изработен со најдлабоките патриотски чувства кон МАКЕДОНИЈА, земја чие име опстојува повеќе од еден милениум. Искористен е само мал дел од симболите на МАКЕДОНИЈА, што ја окарактеризираат од антиката до денес, кои претставуваат МАКЕДОНСКА КУЛТУРА и своевиден печат во историјата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, како и аманет за идните генераци МАКЕДОНЦИ да го ценат она што го наследиле од своите предци и да продолжат да пеат на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.“, стои во описот на видеото.

Овие хороскопски знаци живеат најдолго, затоа што најмлаку се нервираат

Љубителите на хороскопот досега имаат направено голем број истражувања за да дознаат кои знаци ќе имаат долг и здрав живот. Ако сметате дека хороскопот и здравјето не се воопшто поврзани, размислете уште еднаш! Токму нашиот карактер и односот што го имаме со другите и самите себе може да влијае на нивото на стрес кој значително може да го скрати животниот век. Па, кои се тие хороскопски знаци кои не се нервираат воопшто, поради што живеат подолго од останатите?

На прво место е смирениот Рак. Според многубројните истражувања, најдолго живеат луѓето родени токму во овој знак, благодарение на нивната природа која некои би ја нарекле себична, а некои внимателна. Раковите добро се грижат за себе и своето здравје и секогаш се ставаат себеси на прво место. Важно им е што јадат, што пијат и дали добро се наспале. Тие се грижат за нивното семејство и сакаат да бидат здрави за да бидат што подолго тука за нивните деца.

По Раковите, доаѓаат Девиците кои се храбри, остри и не дозволуваат никој да си игра со нив. Девиците се уредни и грижливи. Исто како и Раковите, тие се грижат за своето здравје и поголема е веројатноста дека тие им предизвикуваат стрес на луѓето околу нив, отколку што тие самите се под стрес.

На трето место се наоѓаат Овните кои имаат некои слични особини со Девицата, но кај нив преовладува огромната волја за живот и желбата да си угодуваат самите на себе. Доколку забележат дека некој ги нервира и цело време им се спротивставува, тие ќе му покажат каде му е местото и без размислување ќе го отфрлат од нивниот живот. На тој начин се ослободуваат од токсичните луѓе кои им предизвикуваат стрес, а ги задржуваат оние вистинските.

Потоа следуваат Јарците (во Кореја најголем број од луѓето кои го доживеале 100-тиот роденден се припадници токму на овој знак), а според статистиката доста долго живеат и Скорпиите иСтрелците, но само затоа што роденденот им се паѓа на крајот од годината. Водолиите и Вагитеисто така се сметаат за долговечни, поради нивната флегматична природа.

Според сето ова, без разлика дали верувате во хороскоп или не, ако сакате да го продолжите вашиот животен век, почнете да се грижите за вашето здравје и не дозволувајте туѓото мислење да ве вознемирува и да ви предизвикува стрес.

ОД СРЕДА ОЧЕКУВАЈТЕ НEBPEМЕ: Доаѓа циклoнoт Глорија

Под влијание на циклoнот ГЛОРИЈА веќе од среда па натаму очекуваме ЗНАЧИТЕЛНА пpoмена на временската состојба кај нас, односто значителен паaaд на температурите на воздухот (за околу десет степени, зacилен ветер од променлив правец како и нecтабилност проследена со вpнeжи и гpмeжи) – jaвува најпознатиот во државата метеоролог Славчо Поповски.

Инаку условите за најпрвин изолиpaнa нecтабилност проследена со пopoeн дожд, грмежи, зacилен ветер и услови за град ќе започнат веќе од понеделник попладне, но сепак најголемата пpoмена на времето ќе се случи во среда и во четврток кога на многу места ќе има врнежи од дожд проследени со гpмeжи.

Поради cyдирот на две воздушни маси (топлата од југ и значително посвежата од север) локално има услови за ИНТEHЗИВНИ атмосферски процеси проследени со интeeнзивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења како и со појава на град.

За време на овој циклон локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2(, исто така значително количество на воден талог локално очекуваме да наврне за кратко време и тоа поради нecтабилноста која се очекува, токму поради ова има услови да дојде и до локални поплавyвaњa.

Од четврток па натаму максималните температури на воздухот ќе бидат значително пониckи и на многу места ќе бидат под 30 степени, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен во нajтоплите региони од државава.

Подготви: Славчо Попоски

Голем пожар во прилепско

На 06.07.2019 година во 14.30 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Љ.В.(55) од с.Бучин пријавил дека настанал пожар во селската депонија во с.Пашино Рувци.

Во пожарот горело сено, а биле зафатени и две ниви засеани со жито и јачмен, сопственост на лицата А.Ј.(73) од с.Пашино Рувци и И.С.(75) од с.Пашино Рувци.

Во 14.45 чаот пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани. Увид бил извршен..

“Егзодус во паркот кај cудот? Помор на рибите, а “Комуналец” и градоначалникот не мрдаат со прст??” (ФОТО/ВИДЕО)

Eзерцето во паркот кај судот во Прилеп е претворено во мочуриште. Нема пумпа за филтрирање на водата, рибите се половина изумрени, а половина се обидуваат да преживеат.

Нема ниту трага, ниту глас од пајките кои беа украс на паркот и езерцето.

Локалните власти пред извесно време се направија aгилни, па го заменија дрвеното мовче откако медиумите објавија дека истото е скапано и опасно за децата во паркот.

Но, како и по обичај, одново треба да се апелира за нешто да се санира….

Езерцето е вистински извор на зараза, а итна реакција е неопходна за да се спаси преостанатиот рибен фонд.

Овој леб им давал на вojницитe cилa да вojувaaт 20 дена без пpeкин (ФОТО)

Војниците во Првата и во Втората светска војна војувале во тешки услови за што била потррбна голема сила. Снагата им доаѓала од лебот “Таин” кој важи за војнички леб. Се прави од мешавина на р’жано и пченкарно брашно.

Тежи околу 800 грама и може да трае и до 20 денови без да мувлоса. Се прави во комбинации со сливи за уште поголема издржливост.

Извор: “Pressingtv.mk”

Денешниот ден се смета за магичен: Денеска се исполнуваат сите наши желби

Недела, 07/07 се смета за магичен ден. Еве што треба да направите за да бидат исполнети вашите желби.

Овој број ни носи убава порака: многу позитивни работи ќе се случат во нашите животи. Треба да ги согледаме своите лоши навики и да се соочиме со своите стравови.

Време е да излеземе од ток круг и да ја отвориме душата за среќа, мир и задоволство. Важно е да останеме фокусирани на тоа што ни носи среќа.

Посакајте желба. Престанете да се фокусирате на негативните работи. Запрашајте се зошто ги чувате негативните луѓе во својот живот.

Овие броеви носат и убава шанса за љубов. Отворете го срцето за нова љубов, ослободете се од несигурноста. Бидете силни и самоуверени, насмевнете си се себеси. Запаметете дека најголемата љубов често бара ризици.

Пожар во рудникот за јаглен Суводол: РЕК Битола со штета од стотици илјади евра! (ФОТО)

Ноќта во петокот спроти саботата во ископот Суводол, според информации на Економски Лидер се случил тежок инцидент во кој избил пожар на претоварната трака за јаловина.

-Кои се причините за пожарот уште не се знае, но сознанијата до кои што дојдовме велат дека дежурен на траката бил работник кој неодамна бил примен во РЕК Битола. Два дена по инцидентот властите молчат и не соопштуваат ништо за случајот кој, според неофицијалните проценки, предизвикал штета од неколку стотици илјади евра. Медиумите и јавноста во неколку наврати алармираа дека политичкта пресметка со професионалците и примањето на неискусни кадри само заради политичката опрделба на сензитивни позиции може да резултира со огромни штети. Извори од РЕК ни го потврдија инцидентот и ни кажаа дека на екипите им требале неколку часа за да го локализираат и изгаснат пожарот, а голем дел од раководството во тие часови наместо на лице место, било ангажирано околу изборните собранија на СДСМ во Битола и Новаци, пишува порталот.

Maкедонец на годината! Му се намерачил на авионот од “Виз-Ер” па прашува каде може да купи

На социјалните мрежи се појави оглас кој веројатно е најдобриот кој некогаш се појавил.

Македонец му се намерачил на авионите од “Виз-ер” и прашува како може да купи еден, но со различна боја.

Eдноставни вежби за да се ослободите од болките во вратот и рамениците: Единственото нешто е редовност

На многумина од нас им е познато чувството на напнати мускули кај вратот и рамената.

Добро е кога болката е предизвикана само од стрес, навика да се седи во неправилна положба или недостаток на физичка активност. ВО тој случај, со редовни вежби и истегнување на мускулите може значително да се подобри вашата состојба, па дури и засекогаш да се ослободите од болката. Клучниот збор е “РЕДОВНО”.

Еве неколку ефикасни вежби за истегнување, кои ќе ви помогнат да се ослободите од болката во вратот и рамениците.

1. Валјак на тилот

Ова е многу лесно истегнување, со кое ќе ја ублажите напнатоста по целиот врат. Ставете крпа во форма на валјак на тилот и потполно опуштете се. Останете во таа положба 10 минути.

2. Истегнување на вратот со помош на рацете

Оваа вежба обезбедува длабоко истегнување на задниот дел од вратот и горниот дел од грбот. Седнете на столица или на под, ставете ги рацете зад главата, лесно повлечете ја главата надолу обидувајќи се да допрете со брадата на градите. Задржете ја главата во таа положба 30-40 секунди, а потоа полека вратете се во почетната положба.

3. Наведнување на главата странично

Целта на оваа вежба е да се истегне левата и десната страна на вратот. Удобно сместете се на столица или на под, ставете ја десната рака на темето и лесно повлечете ја главата на десно. Грбот држете го правилно и опуштете ги рамената. Останете во таа положба 30-40 секунди, а потоа вратете се во почетна состојба. Повторете ја вежбата и кон другата страна.

4. Истегнување на горните трапезоидни мускули

Ова истегнување ги вклучува и вратот и рамената. Ставете ја десната рака позади грбот и фатете ја надлактицата на левата рака. Лесно повлечете ја раката кон левата страна. Спуштете го левото убо до рамената и задржете се во таа положба 20-тина секунди, а потоа повторете ја вежбата и со другата страна.

5. Поза “вовлекување конец во игла”

Oва истегнување ја ублажува напнатоста во горниот дел на грбот и помеѓу лопатките. Сите движења мора да бидат меки и лесни. Застанете на рацете и нозете, потоа левата рака со дланката отворена нагоре провлечете ја во просторот помеѓу десната рака и колениците. Затегнувајте го телото додека главата не ви го допре подот. Задржете се во таа положба 30-40 секунди, а потоа истото повторете го со другата страна.