Прилепчанецот Борјан Јованоски се искачи на второто место од Светската ранг листа

После ажурираните резултати од Европскиот куп во Романија, Урои, параглајдеристот Борјан Јовановски и член на Алумни клубот при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ е едно место повисоко на Светската ранг листа. Моментално се наоѓа на второто место на Светската ранг листа.

До врвот на ранг листата на Борјан му преостанува уште да го помине Словенецот Матијаж Слуга кој во моментов му бега само 20 поени.

Борјан Јованоски досега има настапувано на повеќе од шеесет натпревари, а на повеќе од половината се искачил на пиедестал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.