дома блог страница 3209

Фекалии со денови течат по целата улица “Мечкин Камен” во Прилеп: На летната жега граѓаните ги мачи неподнослива миризба? (ФОТО)

Цели 9 дена фекалии кои шират неподнослива миризба течат по улицата “Мечкин Камен” во Прилеп, велат граѓаните на оваа улица кои ни ги испратија фотографиите.

Улицата се наоѓа веднаш над ООУ “Гоце Делчев”, a фекалиите се протегаат дури до кружниот тек.

Граѓаните на оваа улица велат дека миризбата е неподнослива, а од ЈКП Водовод и канализација само го обележале местото.

Апелираат дефектот итно да се санира, затоа што во услови кога надвор температурите достигнуваат 35 степени, ваков проблем го прави движењето по улицата неподносливо.

22- ГOДИШHA ДEBOJKA ОД ПPИЛЕПCKO ПPИJABИЛА CИЛУBAЊE BO ПС ПPИЛEП

На 06.07.2019 година во 00.45 часот во Полициcka станица Прилеп, 22-годишна девојка пpиjaвила cИлувaњe од cтpaна на Е.А.(28) од с. Дебреште, со кого претходно била во врcka 7 месеци – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Е.А. е лишeн од cлoбoда и полициckи cлужбeници од Полициcka cтaницa Прилеп пpeвзeмаат активности за расветлување на случајот.

Кирацовски ja брани Тамара: “Гази напред Тамара и пак да не направиш горди – ти си голем човек”

Пратеникот Александар Кирацовски напиша статус на социјалните мрежи, во кој застана во одбрана на пејачката Тамара Тодевска, откако таа не ја испеа во целост македонската химна на прославата по повод Денот на независноста на САД, во американската амбасада во Скопје.

Бившиот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на социјалните мрежи напиша статус во кој ја одбрани Тамара Тодевска, поради скандалот со Македонската химна.

Тој напиша дека и посакува уште долго време да не прави горди, како што пред извесно време не направи горди на Евровизија. Кирацовски напиша дека Тамара е голем човек и извонреден пејач.

„Големите луѓе не стануваат големи, затоа што читаат биографии за животните подеми и падови на други големи луѓе, туку затоа што лично ги доживуваат, на своја кожа. Ненамерниот пропуст при изведбата на химната немаше да биде воопшто важен, ако политичкиот контекст беше поинаков и ако одредени политички „хиени“ веднаш не го ставеа во погон. Иако сум гледал многу истакнати општественици и политичари, мои колеги, како на различни државни настани и церемонии ненамерно го грешат основниот текст на химната, па тоа симпатично го преминуваат, сепак на Тамара мораше „душата да и се извади“. Тамара, гази напред и уште долго прави не горди како што тоа пред извесно време на Евровизија, маестрално, го стори! Ти си голем изведувач-пејач, и секако голем човек! А ние, ние белким научивме нешто од канонадата врз тебе!“, напиша доскорешниот генерален секретар на СДСМ на својот профил на Фејсбук.

Заев го корегираше Ѓоковиќ: Ние сме Северна Македонија

Новак Ѓоковиќ им приреди незаборавна вечер на своите навивачи.

Се уклучи во живо на социјалните мрежи да ги поздрави фановите од цел свет, а тогаш прочита коментари и од наши сограѓани. Тој зборуваше за Република Македонија, за Македонците, ја запеа „Македонско девојче“ и изрази желба да ја посети нашата земја. Земјата која тој ја нарекува по нашето уставно име Република Македонија.

Но, тогаш се јави премиерот Зоран Заев и во пост на Фејсбук го корегираше Ѓоковиќ, нарекувајќи ја нашата земја Северна Македонија.

„Драг Novak Djokovic, твојата изведба на преубавата “Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја.

Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија. Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани. Воедно, те следиме на Вимблдон и ти посакуваме успех“-напиша Заев.

Видео: Sport1

Нова цена на горивата по викендот

Цените на нафтените деривати неделава се зголемија од еден денар до денар ипол, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на седница.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголеми за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за еден денар.

Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот ќе биде 34,849 ден/кг.

Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период. Нова цена не очекува во понеделник.

Утре е голем празник: Со овој ден се поврзани голем број обичаи во Македонија

Иванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на св. Јован Крстител. Во народната традиција овој празник е поврзан со летната солстиција, односно со периодот на долгодневницата.

Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божик, денот поврзан со зимската солстиција, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празника ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред сè со Сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак, исто така, се остаток од старите словенски верувања.

Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло Сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.

Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.

Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден, коешто го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци. Е. Спространов запишал дека во Охрид на Иванден ги ваделе „рутишчата“, ги распостилале по прозорците за да ги види сонцето и ги оставале да ветрејат. И во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека тој ден во Воден, треви лековити „висеет на дуќаните за да имает повеќе покупници“. За вакво вадење од ковчезите на најубавите облеки пишува и Кузман Шапкарев кој напоменува дека надвор ги чуваат до заоѓањето на сонцето за да не ги јадат молци.

Во Разлошко празникот се викал Ињовден. Спроти празникот се правел венец од бело и жолто ињовче (бела и жолта ајдучка трева), а на самиот празник, откако стоката ќе се вратела од паша венецот се ставал на роговите од кравата, која потоа се молзела. По тој обред се верувало дека кравата ќе има млеко во текот на целото лето. По молзењето венецот се симнувал од роговите на кравата и се закачувал на чардакот каде што останувал до следниот Ињовден.

Со празникот Иванден е поврзан и обичајот Тајане, што се изведувал во повеќе краишта на Македонија, но најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушовско. Имено вечерта спроти Иванден момчиња и девојки собирале билки со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно од нив на возраст од 10-12 години го носело ѓумчето на глава и него го викале „Тајане“, а другите момчиња и момичиња оделе околу него и му пееле пригодни песни. Утрото групата со Тајането одела по дуќаните, каде што, исто така, пееле песни и собирале подароци, од кои потоа правеле заедничка вечера.

Какви се хороскопските знаци на плажа: Ракот сака романтика, Бикот јаде, Вагата е уклучена на Инстаграм…

Како се однесуваат различните хороскопски знаци на плажа? Кој ужива најмногу? Кој се пече на сонце, кој не излегува од вода?

Овен

Овните се познати по тоа што секогаш ќе си најдат занимација за да не им биде здодевно. Одењето на плажа не е исклучок. За нив е незамисливо само да лежат цел ден и да се печат на сонце, па се занимаваат со спортски активности. Одбојка на плажа, скијање на вода, пливање, нуркање… Овните уживаат кога се на одмор покрај вода.

Бик

Одморот, па и оној на плажа, за Биковите значи опуштање и уживање со семејството и/или пријателите и многу храна. Ако некој е дојден со пикник кошница, мини фрижидерче и постојано оди до околните шанкови, тоа се Биковите на плажа. Додека има храна, нема да им слушнете глас.

Близнаци

За Близнаците поинтересни се ноќните активности на плажа, отколку дневните. Сакаат ноќно капење, палење оган на плажа, романтични прошетки покрај море/езеро, долги разговори со пријателите на плажа до утринските часови.

Рак

Раковите исто така сакаат романтика на плажа. Гледање на зајдисонцето за нив е една од омилените активности и нема да ја пропуштат таа глетка ниту еден ден од одморот. Ако се заедно со саканата личност, за нив одморот на море е врвно уживање.

Лав

Лавовите, познати по тоа дека уживаат во моментите до максимум, ќе се потрудат да го искористат секој миг поминат на плажа. Сакаат подеднакво да се печат на сонце и да изведуваат водени лудории, па во друштво на Овните ќе имаат незаборавен одмор на море.

Девица

Иако обично сакаат друштво, Девиците на плажа се самотници. Убаво намачкани со дебел слој заштитна крема, ќе легнат под чадор и ќе се задлабочат во добра книга.

Вага

За Вагите многу е важно како изгледаат во јавност, а плажата не е исклучок. Ќе дојдат дотерани по најнова мода, со сите можни помагала и додатоци и ќе се фоткаат за на Instagram од утро до вечер.

Скорпија

Скорпиите не доаѓаат на плажа за да фатат боја. За нив е незамисливо да се лежи цел ден на плажа и така да се помине годишниот одмор. Ако веќе мора да одат на море, денот ќе го поминат во барање диви плажи или во нуркање.

Стрелец

Каде може да запознаете многу опуштени, расположени луѓе за дружење? На плажа! Стрелците тоа добро го знаат и доаѓаат на одмор подготвени за „лов“. Немаат проблем да ви пријдат први, за дружење или за нешто повеќе.

Јарец

Јарците се познати како креативни луѓе кои го задржале будно детето во себе. За нив не е проблем да одат на одмор со целото семејство и да ги занимаваат цел ден децата на плажа – ќе пливаат со нив, ќе градат песочни замоци, ќе играат со топка… и уживаат во тоа!

Водолија

Водолиите живеат за море. Откако ќе дојдат до плажата, не им паѓа на памет да излезат од вода. Сите активности во вода што можете да ги замислите, Водолиите ќе ги направат по 100 пати во денот. Уживаат во водени спортови, па ако имаат Овен и/или Лав во друштвото, летниот одмор гарантирано ќе биде незаборавен.

Риби

Исто како и Водолиите, Рибите уживаат на плажа, но не се толку расположени за активности. Припадниците на овој знак се оние во друштвото кои се најорганизирани за на плажа – ќе направат распоред кога да тргнете, колку време да бидете на сонце, ќе ги мачкаат сите со крема за сончање и ќе ги потсетуваат да пијат течности. Последните денови од одморот ќе ги поминат во медитација и молк на зајдисонце.

Во два дена нова тешка cooбpaќajка на патот Прилеп-Битола

На 05.07.2019 година во 15,00 часот било пријавено дека на патот Битола-Прилеп пред Кукуречанска крстосница, се случила cooбpaќajна нe3года помеѓу товарно моторно возило Фургон „Цитроен Џампер“ со велешки регистарски ознаки управувано од И.Л.(37) од Богданци и влекач со седло „Даф“ со приколка со охридски регистарски ознаки управувано од Л.А.(59) од Охрид.

Во нe3гoдата И.Л. се здoбил со тeшkи тeлecни пoвpeди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

“975.000 евра за 4 автобуси ќе потроши Општина Прилеп? Да, да автобуси, не авиони?!”

Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање (ЈП за ПУП) под чија надлежност е јавниот градски превоз во Прилеп, потпиша договор за набавка на 4 нископодни автобуси на матан во вредност од безмалку 1 милион евра.

Договорот за набавка е склучен минатиот месец, а тендерот го доби фирма од Скопје.

Точната вредност на договорот е 60.000.168 денари, или 975.612 евра. Фирмата која ќе ја изврши испораката има за обврска за гаранција во траење од 24 месеци, како и да обезбеди резервни делови и обука за користење на втобусите во тој период.

Набавката на овие автобуси беше најавувана уште во октомври минатата година, а повторно на прес конференција беше исткната во март оваа година, кога Јавниот градски превоз во Прилеп почна да се соочува со големи проблеми.

Автобусите редовно доцнат, а превозот на патници се извршува само со 3 автобуси.

Јавниот градски превоз во Прилеп за прв пат започна со работа во 2014 година на општо задоволство на сите граѓани и се одвиваше во 3 линии.

Намерата тогаш беше да се навават дополнителни автобуси за меѓуградски превоз до поголемите населени места, како и електрични автобуси за градски сообраќај.

Ѓорѓиевски: Кога мајката на Пино бараше правда за нејзиниот син МВР молчеше, сега беше приведена од opдите на Деспотот

Кога мајката на Пино бараше правда за нејзиниот син, МВР молчеше, обвинyBа Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот статус, објавен по вчерашното привeдyBaње на Маја, го пренесуваме во продолжение:

„Кога тоа му го кажа на Заев, тој ја приjaви во МВР. Денес кога таа ckaндираше МАКЕДОНИЈА , беше приведeHa од opдите на Дecпотот и неговиот слуга Оливер Спасовски. Македонија стана земја во која поради изговарање на нејзиното име, луѓето ја губат слободата. Имаме полошо од зapoбена држава, имаме ykpадена држава. Македонците се третираат како граѓани од втор ред, а пpoгонетите лежат во зaTвopи.
Треба да знаат луѓето од власта дека ако за нив името МАКЕДОНИЈА е cpaм, за мене и за илјадници други е светост и должност.

Спасовски, Дecпотот и неговите opди треба да знаат дека нашето име е свето, и ако денес пробавте да ја замолчите мајката на Пино, ние ќе продолжиме каде таа застана, а кога народот ќе дојде по своето, ќе научите дека нема вечна власт, исто како што нема вечна сила. Единствена сила во оваа земја е народот, а нашата кауза Македонија“-пишува тој!