дома блог страница 3200

Kaко танцуваа Карачиќ и Стоилов на теренот: Оваа асистенција е избрана за најдобра во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Луцидната и атрактивна асистенцијата на Игор Карачиќ до Стојанче Стоилов за време на финалето во ЕХФ Лигата на шампионите, помеѓу Вардар и Веспрем е прогласена за најдобра во измината сезона.

Карачиќ мајсторски успеа да ја измами одбраната, топката стигна до капитенот кој немилосрдно погоди. Токму таа асистенција е на врвот на најатрактивни, за измината сезона 2018/2019 во ЛШ, која заврши со втора титула за црвено-црните.

Погледнете:

Aвтопатиште! Започнува изградбата на автопатот од Хамбург до Шангај – 8.000 километри за 4 дена

Наскоро ќе започне изградбата на авто-патот долг 8.000 километри кој ќе ги поврзува Европа со Кина. Конкретно, ќе почнува од германскиот град Хамбург па преку Русија и Казакстан ќе завршува во Шангај. За да почне реализацијата на овој капитален проект дозвола требаше да даде Русија.

Во автопатот ќе биде вложено 9.4 милијарди долари и досега е откупено 80 проценти од земјиштето каде ќе поминува.

ВАЖНО: Доколку носите леќи неколку работи треба да знaeте ако oдите на одмор на море

Доколку имате пpoблеми со видoт или opeдени пpoблеми со здравjeто на oчитe, на нив треба да oбpнете особено внимaниe во текот на летото.

Ако сте избрале да носите леќи, тоа може да биде доста тежoк пpeдизвик за вас кога сте на одмор. Особено нe се пpeпорачува да носите леќи на плажа, кога се излoжeни на сонце или кога пливате, поради тоа што окото побрзо се cyши.

Дури и самите производители и продавачи на леќи забележале дека потpoшувачката во лето е нaмaлена. Постојат и леќи кои траат само еден ден, но нe сe намeнeти за пpeчеста употреба.

Запомнете, колку и да изгледа водата чиста, никoгаш нe пливajте, а уште помалку немojте да нуpкате со леќи, бидејќи може да се заглaвaт чecтици нечистотиja и да пpeдизвикаат инфeкции.

Затоа, купете квалитетни очила за сонце, за неколку дена во годината нe вpeди да го ризикyвате здравjeто на очите.

Сагата завршува: Најголемиот трансфер ова лето е пред самата завршница

Дали сагата за трансферот на Матијас де Лихт од Ајакс во Јувентус конечно завршува?

Холандскиот “Де Телеграф” денеска објави дека старата дама ја зголемила својата понуда за 17 милиони евра (на почетокот нуделе 50, а сега 67 милиони евра, вклучувајќи и разни бонуси), нешто што Ајакс ќе го прифати.

Доколку овие информации се покажат како точни, Де Лихт веќе во сабота ќе стане играч на Јуве, со оглед на тоа дека талентираниот дефанзивец веќе ги има договорено своите лични услови со италијанскиот гигант.

Во Јувентус се надеваат дека нивниот тренер Маурицио Сари ќе го има на располагање Де Лихт на турнејата во Азија.

Италијанскиот “Скај Спорт” тврди дека Јуве никогаш немал намера во трансферот да го вклучи и младиот напаѓач Моизи Кин.

“Има ли kpиминал во набавката на четирите автобуси за 1.000.000 евра??”

(Фејсбук статус на Влатко Атанасоски)

“Продолжува „шопинг треската„ во Општината и јавните претпријатија од Прилеп. Речиси еден милион евра ќе бидат платени за четири автобуси на погоско гориво CNG-метан кои се набавени од Аутомакедонија АД Скопје. Во договорот и понудата нема тип, производител на автобусите. Инаку воведувањето на овие автобуси како опција за јавен превоз, според последните научни истражувања не само што се неефикасен начин за намалување на емисијата на (Green House Gas -GHG) штетните гасови, не само што е исклучително скап метод, туку овие автобуси се е и помалку безбедни за патниците зашто имаат повисок ризик фактор во случај на пожар! Ама Прилеп за жал останува без критичка јавност, без граѓански здруженија кои следат, анализираат, без научна јавност која се вклучува во локалниот менаџмент со градските ресурси…Советот и градоначалникот носат одлуки без консултација со граѓаните…на таква основа нема изгледи за напредок, нема изгледи за повисок степен на инклузија на граѓаните…SMART CITY без дилема!”

Невремето го покоси авто-кампот Kрани на Преспанското езеро: Вистински пустош (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Вчерашното невреме кое беснееше во охридско-преспанскиот регион направи вистински пустош на брегот од Охридското и Преспанското езеро.

Меѓу најпогодените места е и авто-кампот Крани каде штетите од невремето се огромни.

Наши читатели ни испратија фотографии од таму, а од нив може да се види дека сопствениците се соочуваат со вистински хаос.

Погледнете:

Милошоски: Наскоро ќе дознаеме дали Заев ја говори вистината или ги манипулира новинарите во врска со разговорот со лажниот Порошенко

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави две фотографии преку кои праша дали Заев ја говори вистината дали постој уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со лажниот Порошенко (август 2018та), според МНР не постои и дали Заев ги манипулира новинарите?

-Според релевантни извори од МНР не постои уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со Лажниот Порошенко (август 2018та). Но, дали Заев ја говори вистината или ги манипулирал новинарите, наскоро ќе дознаеме, преку обврската на премиерот и министерот за надворешни да одговорат на пратеничко прашање!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Да го кркаш целиот срам за ова е надвор од разум: Прилеп и се’ е можно (ВИДЕО)

Од прилепската општа болница “Борка Талески” на Фејсбук објавија видео снимено од безбедносните камери, на кое може да се види како девојка кради цвеќе од пред влезната врата.

“Некој се труди да направи нешто убаво за болничкиот влез и изглед, а некој како овие несовесни посетители со крадење гледа да го уништи истото”, напишаа од болницата.

Oхридското езеро ја “проголта” плажата во Трпејца, невремето туркаше дрвја (ФОТО/ВИДЕО)

Силното невреме кое вчера попладне го зафати охридско-преспанскиот регион остави пустош зад себе. Жителите на излетничките места денеска се справуваат со последиците од невремето.

Вистински хаос владеел и во Трпејца, каде езерото буквално ја проголтало плажата, а наоколу паѓале дрвја.

Погледнете:

Mладите македонски одбојкари освоија бронза на Балканијадата: Прославија громогласно со “Бисер балкански” (ВИДЕО)

Македонските кадетски одбојкарски репрезентативци го освоија бронзениот медал на Балканското првенство за играчи до 18 години во Урошевац (Феризај). Во последното, петто коло на турнирот, избраниците на селекторот Ванче Санев ја совладаа Албанија со 3:1(22:25, 25:19, 25:19, 25:22) и на тој начин завршија третопласирани. Ова е најголем успех на македонската одбојка во младинските возрасни категории, затоа што е прв медал од Балканијадите во која било конкуренција.

Црвено-жолтиот национален состав за одбојкари родени 2001-ва и помлади, турнирот во Урошевац (Феризај) го заврши со биланс од три победи и два пораза.

Овој резултат е убаво продолжување на успешната година на македонската одбојка, којашто во септември првпат ќе настапи на сениорски Европско првенство во машка конкуренција.

За нашата селекција на Балканијадите во Косово настапија: Гент Вела, Тино Шулајковски, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Аган Рустеми, Лука Костиќ, Никола Младеновски, Димитар Илиевски, Бојан Џамбазов, Давид Стојанов и Стојче Арсов. Стручниот штаб го сочинуваа селекторот Ванче Санев и асистентите Игор Апел и Благој Тасев.