Сагата завршува: Најголемиот трансфер ова лето е пред самата завршница

Дали сагата за трансферот на Матијас де Лихт од Ајакс во Јувентус конечно завршува?

Холандскиот “Де Телеграф” денеска објави дека старата дама ја зголемила својата понуда за 17 милиони евра (на почетокот нуделе 50, а сега 67 милиони евра, вклучувајќи и разни бонуси), нешто што Ајакс ќе го прифати.

Доколку овие информации се покажат како точни, Де Лихт веќе во сабота ќе стане играч на Јуве, со оглед на тоа дека талентираниот дефанзивец веќе ги има договорено своите лични услови со италијанскиот гигант.

Во Јувентус се надеваат дека нивниот тренер Маурицио Сари ќе го има на располагање Де Лихт на турнејата во Азија.

Италијанскиот “Скај Спорт” тврди дека Јуве никогаш немал намера во трансферот да го вклучи и младиот напаѓач Моизи Кин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.