дома блог страница 3199

Хан номиниран за трет мандат од Австрија

Сегашниот еврокомесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, беше назначен од австриската Влада за уште еден мандат во идниот состав на Европската комисија.

Секоја земја членка на Европската унија именува еден кандидат за еврокомесар кој потоа треба да биде сослушан и потврден од Европскиот Парламент.

Австриската канцеларка вчера официјално го номинираше Јоханес Хан за уште еден мандат. Доколку Парламентот го потврди, ова ќе биде третпат по ред Јоханес Хан да биде европски комесар.

Австриецот беше комесар за регионална политика во втората Комисија на Жозе Мануел Баросо, и комесар за преговорите за проширување и соседска политика во Комисијата на Жан Клод Јункер, чиј мандат истекува на први ноември.

Засега не се познати портфолијата на идните комесари, тоа ќе биде резултат на политички преговори меѓу земјите членки, но речиси е извесно дека нема повторно да се занимава со проширувањето.

Според дипломатски извори во Брисел, за проширувањето изразила голем интерес Унгарија. Унгарскиот кандидат се очекува да биде Ласло Трошањи, министер за правда во заминување во Владата на Виктор Орбан. Неговото назначување сепак не значи дека автоматски ќе биде прифатен, со оглед на тоа дека европратениците мора претходно да го одобрат по темелна аудиција.

Погледнете го замокот каде живее најдобриот на сите времиња во тенисот: Се наоѓа во село со најмали даноци (ВИДЕО)

Еден од најдоборите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер за место на живеење го избра селото Ловро во родната Швaјцарија. Се прашувате зошто се одлучил да живее на село?

Одговорот е едноставен, а тоа поради ниските даноци во ова место. Федерер тука живее во вистински стаклен дворец кој е изграден во хармонија со природата.

Погледнете, ќе се воодушевите од овој рај на Циришкото езеро.

Пapи пaѓaa од нeбo на автопат: Возачите запиpaa да ги coбиpaaт, еве колку долapи се изгубeни (ВИДЕО)

Возачите кои пред два дена се затекнале на автопатот 285 во Атланта, САД имале можност да доживаат она за што други може само да сонуваат – пари да им паѓаат од небо.

Имено, во незгодата која му се случила на блиндирано возило на обезбедување, се отворила вратата и парите кои ги превезувал почнале да летаат наоколу.

Изгледало, а и така некои го опишале како дожд од банкноти, а возачите почнале да излегуваат од автомобилите и да го собираат пленот на кој не се надевале.

Дури во еден момент и возачот кој ги превезувал парите го запрел комбето и им се придружил.

По ова се огласи и компанијата и соопшти дека се загубени околу 175.000 долари.

Оние кои не биле зафатени со собирање банкноти настанот го снимале со мобилните телефони.

Додека ветерот си играл со возачите кои ги бркале парите, на прометниот автопат настанал хаос зошто запреле околу 15 автомобили.

Екипата која ги превезувала парите рекла дека им се отворила страничната врата на комбето, но тие заедно со полицијата која пристигнала, успеале да соберат само неколку стотици долари, рекоа надлежните.

Еден од очевидците вели дека сцената била како од филм.

„Најпрво помислив дека ливчиња паѓаат на патот. Ми требаше речиси минута да сфатам дека се пари. Иако очекував хистерија и хаос, беше зачдувачки мирно како возачите запираат еден по еден и почнуваат да ги собираат парите“, раскажува Рандрел Луис.

Полицијата има полни раце работа чешлајќи ги видео снимките на социјалните мрежи со оглед на тоа што земањето на пари во вакви ситуации се смета за кривично дело. Досега се пријавиле шест лица кои вкупно вратиле 4.400 долари.

Денеска е Петровден, најголемиот празник после Велигден: За многу години!

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден.

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

За Петровден, според фолклористот Марко Kитевски, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето, дури и светецот (Св. Петар) тој ден зел срп и жнеел. Некој го држат празникот само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш доаѓале печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија, објаснува Kитевски.

Четири општини од македонскиот исток секоја година со богата програма ги одбележуваат општинските празници Петровден и Павловден. Kочани и Kонче го слават Петровден, а Павловден е празник на Пехчево и на Виница.

Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Kуманово. Тој ден рано наутро уште пред изгрејсонце оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така, бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место.

Според Kитевски, во гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден, носеле крсти (литии) и со песната „Kрсти носам бога молам“ се молеле за дожд.

Kитевски забележува дека Павловден жените го држеле како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работело за да не бидат каснати од пајак бидејќи се верувало дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

На иконите двајцата апостоли се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. Според фолклористот Мирко Kитевски, на празникот му претходи петровденскиот пост, чија должина зависи од празникот Велигден. Овој пост е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, а започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и петровденскиот пост секогаш не трае исто.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној што најмногу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку, тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Kитевски смета дека светиот апостол Павле е особено значаен за Македонија. Тој своето прво патување надвор од Азија го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера.

Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“, што е дел од Светото писмо, се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада, една ноќ имал видение: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение, веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ н` повикал таму да го проповедаме Евангелието (Дела 16-9,10).

Kако што стои во ова сведоштво, една богобојазлива жена од градот Тијатир, по име Лидија, прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!“, им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Kитевски смета дека поради тоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања.

Костадинов: “Економијата расте и се развива” (ВИДЕО)

Прес конференција на портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов:

Позната е како “камена бина”, а потекнува дури од 16-ти век: Еве што се крие зад ѕидината во центарот на Прилеп

„На портите од анот имаше две камени икони со синџир обесени самодојдени од манастирот Свети Никола кај Чепигово. Многупати Турците кршеле и фрлале, ама пак тие си иделе и се обесувале на истото место“.

Ова е една од легендите запишани од Марко Цепенко пренесувани од генерација на генерација, поврзани со импресивниот ѕид, остаток од турскиот објект Куршумли ан од 16 век во центарот на градот кој од едната страна сега е претворен во камена сцена за летни културни манифестации.

На место на влезната порта на Анот, подигнат е параклис, посветен на Свети Никола да ги штити прилепчани од неволји и немири. Граѓаните добија централно светилиште со голема камена икона со Свети Никола. Советот го прогласи светецот за закрилник и патрон. На плочата пишува: ,,светителе, Оче наш, Николае, Тебе ти ги доверуваме нашиот град да ги штитиш чуваш и закрилуваш луѓето сега, секогаш и во сите векови,,.

Анот граден со антички камени диреци

Според историските податоци, Куршумли ан бил изграден од турците при нивното доаѓање на Балканот, зашто Прилеп бил познат економски центар. Трговци со каравани и придружба доаѓале и преноќувале во анот. Во придружните објекти имало и пондила за сместување и прехрана на коњи, кобили и магариња. Запишано е дека портата на Анот била голема да можат да влезат и камили.

Едно од преданијата вели дека покривот на Анот бил оловен и затоа Турците го нарекле Куршумли ан. При градбата на блиската Чарши џамија, немале доволно материјали и го растуриле оловниот покрив на Анот да ја покријат џамијата.

Во околината на ѕидот уште стојат големи мермерни, обликувани блокови и столбови. Во преданијата на Цепенко се вели дека Турците донесле мемерни диреци од близина на селото Чепигово каде се најдува археолошкиот локалитет на античкиот град Стибера. Стручанаци препознаваат дека дел од камениот материјал за Куршумли ан бил од остатоците од античките градби. Битолскиот валија од завист ги расипал сите убави камења да го изградат Куршумли ан кај таканаречениот Рибен пазар.

Старите прилепчани пренесуваат дека Куршумли ан имал еврејски знаци.

-На остатокот од ѕидот, на отворите, розетите се во форма на шестокрака ѕвезда што е симбол на еврејските објекти. Како дошле еврејските знаци на турски објект, тешко се одгатнува, зашто не се памети, а и историјата не забележала, во Прилеп да живееле козјнае колку Евреи или пак имало синагога – вели стар прилепчанец.

Ченто и Александар Велики до Ѕидот

Околината на ѕидот на Куршумли ан последниве години е облагородена со неколку урбанистички интервенции. Едната страна е адаптирана во камена летна сцена за изведување на културно настани, додека во близината на другата страна е поставен споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов Ченто. Во комплексот на плоштадот, архитектите го поставија и споменикот на Александар Македонски, подарок на градот од бизнисменот со прилепско потекло од САД Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Извор: “Неделник Зенит”

Панopaмски фотогpaфии од гpaндиoзниoт xpaм Св. Киpил и Мeтoдиj во Прилеп

На Фејсбук страната од храмот Св. Кирил и Методиј или кај народот позната како црква Параклис, објавени се панорамски фотографии, кои ја прикажуваат убавината и грандиозноста на овој храм што го краси Прилеп.

Храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Прилеп е граден во периодот од 1926 до 1936 година. Отец Веле, в.д. старешина на црквата, вели дека на 4 октомври 1926 година, на најсвечен начин, бил положен камен-темелник, а во подрумот на храмот е гpoбницата од 3aгинaти вojници од Првата светска вojна. Се претпоставува дека тука почивaaт моштите на околу 3000 3агинати..

Погледнете ги овие прекрасни фотографии:

“Фонтанчињата што беа светско чудо, денес се туш кабина на отворено?” (ФОТО)

Фонтаните во центарот на Прилеп, на кои вчера надлежните му поставија мијалници, денеска се претворени во водоскоци. Нов ден, нова иновација….

Вчера со цел да ги реновираат, надлежните поставиле два мијалници, нешто на што целата заедница на социјалните мрежи им фати јак сеир, па само кратко потоа истиот ден ги отстранија.

Го нарекуваат турскиот Бред Пит: Жените ширум светот полудувaaт поради него (ФОТО)

Обожавателките на турските серии, во текот на гледањето на истите се сретнуваат со голем број актери кои веднаш ги освојуваат нивните срца.

Еден од нив е и 35-годишниот Киванч Татлитуг кој денес е еден од најплатените и најпопуларни турски актери. Се зборува дека е “тежок” 17 милиони долари, а поради сличноста со славниот Бред Пит, Киванч го добил прекарот “турски Бред Пит”.

Подоцна играл во бројни остварувања, како што се сериите “Езел” и “Љубов од освета”, каде го толкува главниот лик Џесур.

Можеби многу дами ќе останат разочарани од информацијата дека актерот веќе три години е во брак. За потсетување, тој во 2016 година ја оженил стилистката Башак Дизер

“Дали пратеничката Ирена Стефоска свесно го уништува Охрид??”

Од иницијативата „Фронт 21/42″ реагираа дека во предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, се додавани членови за кои не било дискутирано во формирањето на предлог-законот, кој беше презентиран од владината делегација во Баку.

Велат дека се изиграни со тоа што на предлог- законот му се додавани работи за кои воопшто не станувало збор, како што е вметнувањето нови членови во Советот и вметнување член од Министерството за политички систем кој е под раководство на ДУИ и вклучување одредба за гласање со Бадинтер.

„Целта на новиот закон беше да се деполитизира управувачкото тело, а неговата структура да стане стручна. Токму затоа баравме и беа вметнати критериуми за стручност и за експертиза за членовите. Ваков предлог за член од министерството за политички систем никогаш не бил разгледуван од страна на работата група која работеше на законот, ниту пак доставен како коментар во периодот на консултациите. Членот од министерството за политички систем е додаден без знаење на „Фронт 21/42“ и без дискусија ниту со работната група ниту со јавноста. Министерството за политички систем нема никаква улога ниту надлежност во управување и заштитата на светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, велат од „Фронт 21/42“ и додаваат:

„Одредбите за носење одлуки со Бадентер се буквално призалепени на веќе постоечки одредби и очигледно е нестручното додавање на истите. Оправданост за ваквите интервенции нема. Целта е одлуките да се носат стручно и независно а членовите на советот да одговараат за секоја донесена одлука и изнесен став. За овие сите овие измени прв пат дознавме по објавување на законот од страна на Собранието“,посочуваат од невладината. Верзијата која е испратена во Собрание не е иста со верзијата која Владата ја испрати на мислење до УНЕСКО и ја презентираше во Баку како главно достигнување на „прогресот“ во исполнувањето на препораките. И покрај сето ова Комисијата не дозволи да присуствуваме ниту како јавност ниту како членови на работата група која го учествуваше во подготовка на нацрт законот“.

За ова, реагираше и поранешниот прв човек на соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин, отворен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, некогаш и предводник на Шарената револуција.

-Има ли крај на лагите на актуелнава власт?, прашува Милчин.

Инаку, Стефоска е претседателка на Комисијата за култура во Собранието, каде вчера требаше да продолжи дискусијата околу предлог-законот. Но, Стефоска сеуште нема закажано продолжение на комисијата.