дома блог страница 3201

Сакате да патувате во некоја европска земја? Еве по колку пари дневно треба да имате за да престојувате во различни земји

Сите членки на ЕУ имаат утврдено минимален износ за престој во нивната земја и тоа по ден, па така за во Франција тоа е 120 евра по ден. Со толку пари дневно треба да располагате за да престојувате во земјата. Инаку граничните полицајци имаат право да ви забранат влез во земјата ако оваа обврска не ја исполнувате.

Но, откако азиланти и мигранти тргнаа кон Европа, одредени земји ги заострија контролите.

Романците се строги и не прифаќаат банкарски гаранции и картички, туку строго готовина.

За влез во Хрватска се потребни 70, а во Унгарија 30 евра по ден. За влез во Германија се бараат 45 евра дневно, а за Италија колку е подолг престојот, износот е помал и за престој од пет дена ќе треба да имате 280 евра.

Инаку сезоната на летни одмори е веќе започната, па доколку патувате во странство освен пари, неопходно е два пати да ја проверите датата за истекување на важноста на пасошот.

Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот, бидејќи во спротивно може да бидете вратени назад од граница. Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.

Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната, патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет. Детските пасоши имаат пократок рок на траење.

Борисов до Пендаровски: “Седи тука при нас бе” (Видео)

На социјалните мрежи е објавено видео од Самитот во Сарево на кој учестуваше и нашиот претседател Стево Пендаровски. Во моментот кога тој влегуваше го забележа премиерот на Бугарија да им се придружи.

Ела овде кај нас- му рече Бориров на Пендаровски додека тој стоеше покрај српската премиерка Ана Брнабиќ покажувајќи и фотографии на мобилниот телефон.

Ќе се спасиме од дождот до недела- еве какво време не` очекува

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 23 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер.

Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Погледнете каде невремето е најсилно во моментов: Тука можете да гледате во живо од секунда во секунда

На веб страната “Blitzortung.org” можете да следите во живо каде во светот има невремиња и колкав е нивниот интензитет во секоја секунда.

Можете да изберете било кој регион во Европа и светот и да следите на каде се движат циклоните.

Денеска Македонија е под силно влијание на циклонот “Глорија”, a невремето особено се почувствува и предизвика штети во Преспанскиот регион.

Моментално циклонот е активен во југозападните делови на државата, потоа северните делови на Грција, југот на Албанија, како и северозападниот дел на Турција.

Следете во живо ТУКА

Невремето направи пустош во Преспа: Откорнати дрвја, оштетени кампови, настрадаа и овошките (ФОТО/ВИДЕО)

Попладнево силно невреме го зафати Преспанскиот регион. Откорнати дрвја, оштетени кампови, а погодени се и земјоделските култури, особено јаболката. Засега не е познато за колкава штета станува збор, но фотографиите кои ги добивме од наши читатели покажуваат дека последиците се страшни.

Претходно режисерот Јани Бојаџи на својот Фејсбук профил објави видео од невремето.

Апокалиптично невреме во Преспа: Не се гледало прст пред око (ВИДЕО)

Режисерот Јани Бојаџи на својот Фејсбук профил објави видео од невремето кое попладнево го зафатило Преспанскиот регион.

Во Преспа не се гледало прст пред око, во буквална смисла.

Погледнете:

Мистериозно исчезнаа најинвентивните фонтанчиња во светот? (ФОТО)

Утрово во центарот на Прилеп на фонтаните кои се наоѓаат на плоштадот “Александрија” осамнаа мијалници.

Надлежните решиле да ги поправат фонтаните поставувајќи два мијалници и со тоа да можат да се користат сите три.

Но, само кратко потоа откако целата фејсбук заедница им удри сеир на општинските власти, мијалниците мистериозно исчезнаа.

Не почекаа ниту да видат дали некој ќе дојде и ќе измие садови….

Штета, навистина штета….

OTCTPAHETA БOMБATA од центарот на Прилеп: Ќе се вештачи за каква направа станува збор

Единицата за антитероризам ја отстрани експлозивната направа – рачна бомба што беше пронајдена денеска околу пладне крај кафе-барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп – пренесува порталот “Либертас”.

Според портаролот на МВР Тони Ангеловски, крим- техничкото вештачење треба да покаже за кава експлозивна направа станува збор.

– Направата е отстранета и сега следува крим-техничкото вештачење кое треба да покаже за каква екслозивна направа станува збор и за што всушност се работи, а истражната постапка треба да открие дали досега имало некои закани, изјави Ангеловски.

Целата информација прочитајте ја ТУКА

Баерн купува од Јувентус: Спортскиот директор Салихамиџиќ ја носи ѕвездата на Јуве

Хасан Салихамиџиќ, поранешен фудбалер на Јуве и репрезентативец на БиХ, а сега спортски директор на Баерн Минхен, ова лето во редовите на баварскиот гигант ќе се обиде да го донесе Марио Манџукиќ.

Оваа информација ја објави угледниот весник “Билд”, нагласувајќи дека популарниот Бразо веќе стапил во контакт и преговарал со менаџерот на хравтскиот напаѓач.

“Билд” открива дека Манџукиќ во Баерн би можел да го замени Роберт Левандовски, но исто така би можел да биде решение за испразнетата крилна позиција. Ниту втората опција не би требало да биде проблем за Хрватот, со оглед на тоа дека веќе подолго време одлично се снајдува покрај аут линијата, но и во дефанзивата.

Германците истакнуваат дека Манџукиќ неодамна потпишал нов договор со Јувентус, каде има врвен статус, но дека заминувањето на тренерот Макс Алегри е радикална промена. Новиот тренер Маурицио Сари го отпишал Марио, а за него е заинтересиран и вториот германски гигант, Борусија Дортмунд.

Манџукиќ во минатото веќе настапуваше за Баерн, а ги бранеше и боите на Волфсбург.

Спаѓа во групата на најздрава храна: Сите лековити својства на лукот

Уште од минатото, познато е дека лукот има лековито дејство. Тој се користи за лекување на многу различни болести.

И покрај тоа што има непријатен мирис, тој спаѓа во групата на најздрава храна. Ова растение е богато со минерали, калциум, железо, фосфор, сулфур, Витамин А, Б1, Б2, Ц…

1. Лукот е одличен лек против настинки затоа што помага при отстранување и намалување на густиот секрет. Исто така делува и против грчеви и воспаленија.

2. Лукот го зајакнува имунолошкиот систем. При тоа, ги намалува гасовите, дијареата…

3. Делува смирувашки врз нас и го подобрува расположенито…

4. Лукот има антибиотско дејство кој делува на бактериите, вирусите и паразитите!

5. Лукот го намалува крвниот притисок како и нивото на холестерол во крвта. Покрај тоа, го спречуваат згрутчувањето на крвта. Лукот го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања и инфакрт дури за 50%.

6. Лукот содржи многу состојки со антиканцерогено дејство што значи дека ја спречува појавата на рак.