дома блог страница 3193

ДА БИДЕМЕ ХУMAНИ И ДА ПОMOГНЕМЕ: Потребни се само 5500 евра за опepација на младата Стаменка! Ајде Македонијо!!!!

Да бидеме хyмaни и да и пoмoгнеме на младата Стаменка која има пpeтерано cилни бoлkи и големо огpaничување во движењето, да може и понатаму да живее нopмален живот. Нејзиниот koлк е во фаза на paспаѓање, односно има диjaгноза коксартpoза која се заснова на pcкавицата во koлкот која е скоро целocно оштeтeна. Опеpaцијата која би се извршила во соседна Србија чини само 5500 евра во кои се состојат и опеpaцијата и пocтоперативниот третман.

-Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков пpoблем се мaчaм последниве неколку години. Бидејќи веќе нe знам што да пpaвам па peшив вака jaвно да се обpaтам и да побаpaм пoмoш за мојот koлк кој е во фаза на paспаѓање т.е. поточно имам дијагноза koксартроза која се заснова на pcкавицата во koлкот која е скоро целocно оштeтeна.

Оваа агониja со кoнстантни бoлки и огpaничување во движењето е макoтрпна работа и од гoлeмите бoлkи кои ги имам сум пpинyдена да избeгнeвам било каква физичка работа. За истиот пpoблем да биде peшен најдовме пpивaтно соодветна клиникa во Србија која истото може по артpoскопски пат да го peши за да нe дojдам до мeнyвање и ставање на вештaчки кoлк. Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно peшение на мојот пpoблем, воедно да не забоpaвам да нaпoменам дека е еден од нajдобрите доктopи на балканот за таа диjaгноза.

Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лeкување. Опеpaцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5500 евра во кои се состојат опеpaцијата и постопepативен тpeтман. Затоа драги пријатели ве мoлaм вас за пoмoш кој колку може да дониpa и конечно мојата агониja од пpeтерано cилни бoлkи и големо огpaничување во движењето да пpeстане и да можам понатаму да живeaм нopмален живот.

Брат ми нeoдамна пoчинa, а татко ми нe e финансиckи споcoбен да ми пoмoгне, па затоа се peшив вака jaвно да побаpaм пoмoш од вас.

Пpивeдeни Боки 13 и Зоки Кичеец

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец денеска се упасени поради сомневање за рекет.

Боки 13 бил приведен на граница, а бизнисменот Зоки Кичеец е уапсен во еден скопски ресторан.

Новинарот Бранко Героски објави серија текстови со измислени ликови за наводен рекет на медиумски газда врз бизнисмени и политичари. Самиот Боки 13 во интервју на телевизијата „1ТВ“ кажа дека тој се препознал во текстовите на Героски.

Во Јавното обвинителство во 16:30 часто ќе се одржи и прес конференција на која ќе бидат соопштени повеќе детали за случајот.

“Двојазична табла во ФЗО Прилеп – Директорот Пиличев не го ветуваше ова на избори??”

Во Прилеп осамна првата двојазична табла, која е поставена на Фондот за здравствено осигурување- објави порталот “Канал 3”.

Во објавата се додава дека новите табли во Охрид и Битола се еднојазични, а во Прилеп тоа не е случај.

Еве во која европска земја се живее најдобро во 2019 година

Со економската клима од земјата задоволни се 80% од испитаниците додека дури 86% од нив искажале задоволство и од политичката ситуација.

Швајцарија е прогласена за најдобра земја за живеење и работа. Оваа мала европска земја според листата на банкарската корпорација на Хонгконг и Шангај го симнала Сингапур од тронот кој цели пет години ја носел титулата за најдобра земја.

Високиот животен стандард, конкурентните плати, но и стабилната политичка и економска слика на државата во голема мера ѝ помогнале да се искачи за седум места во ова време на глобална несигурност.

Околу 82% од луѓето кои се преселиле во Швајцарија поради работа изјавиле дека уживале во подобар животен стандард споредено со нивната држава.

Имено, дури седум од десет од оние кои се преселиле таму сега уживаат во поголемо ниво на расположлив доход со годишна просечна плата од 111.87 долари – што е многу поголема бројка од глобалниот просек од 75.966 долари.

Покрај Швајцарија и Сингапур на врвот се сместени и Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.

Када на дното на Охридско езеро, некој си го реновирал тоалетот… (ФОТО)

Деновиве многу е актуелно Охридското Езеро и неговата загаденост. Членовите на Нуркачки центар „Akvatek“ како големи вљубеници во Охридското Езеро, постојано апелираат да се внимава што се фрла во Езерото.

Тие на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии на кои се гледа како некој „паметен“ се досетил по реновирање на тоалетот се што му вишок да фрли во Езерото.

– Некој си го реновирал тоалетот. Секоја чест, БРАВО, пишуваат од „Akvatek“.

Додаваат дека локацијата е помеѓу „Сараиште“ и „Мостот на Желбите“, на околу 100 метри од брегот, на длабочина од 5 метри.

Фотографиите се дело на Никола Паскали.

Oд утре главната сообраќајница во градот ќе биде блокирана за сообраќај

Првиот ден од работната недела, стартуваат финалните подготовки за Пивофест. Ќе се монтира големата бина, а ќе работат и закупците на просторот за продажба, скараџиите и пиварниците.

Општина Прилеп издаде соопштение со кое се известуваат граѓаните:

Општина Прилеп ги известува граѓаните, дека заради почнување на активностите за припрема на „Пивофест 2019“, од понеделник, 15.07.2019 година од 21.00 часот, се затвора за сообраќај булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од поранешната „Градска кафеана“ до „Тинекс“.

Истовремено, со цел да се овозможи непречено изведување на предвидените активности, се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите автомобили на тротоарот на овој дел од булеварот „Гоце Делчев“.

Видео: “Туфегџиќ била пеjачка пред да стане пратеник?”

Урнебесно видео од пејачките способности на aктуелната пратеничка од редовите на СДСМ, Ивана Туфегџиќ.

Се работи за видео од периодот на така наречената “шарена револуција” кога Туфегџиќ сеуште не беше пратеник.

Еве како пеела таа во овој броен оркестар:

Не ја симнувајте: Оваа апликација е лажна, измамени се неколку милиони луѓе

Иако од Google тврдат дека будно ги прегледуваат сите апликации пред тие да пристигнат на Play Store, се уште се случува по некоја „лоша“ апликација да заврши на платформата и да им нанесе штета на корисниците.

Последната во низа е апликација која тврди дека ќе го инсталирате најновиот firmware, односно основен софтвер на телефоните на Самсунг.

Updates for Samsung – Android Update Versions ја превзеле повеќе од 10 милиони корисници ширум светот, но наместо апдејт, на телефоните била инсталирана апликација која ги пренасочува корисниците кон интернет страница на која се бара наплаќање за превземањето на софтверот.

Да потсетиме, произведувачите на паметни телефони бесплатно ги ажурираат оперативните системи на своите корисници, па затоа не е јасно како е можно толкав број на луѓе да ја инсталираат оваа апликација.

Од Google во меѓувреме реагираа и ја отстранија апликацијата од Play Store, но не се знае колкав број на корисници наседнале на измамата и ви напишале своите лични податоци и податоците од својата картичка за „да го добијат новиот софтвер“.

Поради ваквите случаи, безбедносните експерти ги предупредуваат корисниците неколку пати да проверат кој ја поставил апликацијата на Play Store, да ги прочитаат коментарите, или да побараат на интернет повеќе информации околу апликацијата.

(Фото) Снег среде јули на Балканот: “Тивко врне јулскиот снег. Мусала е облечена во бело”

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс на својата Фејсбук страница.

„Тивко врне јулскиот снег. Мусала е облечена во бело“, напишаа Метео Балканс.

Ова е невообичаено за овој период од годината.

На Балканот се случувало да падне снег во април, во мај, но ова е навистина реткост.

“Повисоки сметки за вода од оние за струја плаќаат прилепчани??”

Прилепчани веќе ги добиваат новите сметки за вода, а на истите веќе е содржана ставката за пречистување на урбани отпадни води која изнесува 17,35 денари за секој метар кубен потрошена вода.

Oва зголемување на сметките се должи на одлуката на Советот на Општина Прилеп, која беше донесена на 20-тата седница одржана на 13.11.2018 година.

Со овие нови цени, за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни, прилепчани плаќаат 1345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно.

Ова е спротивно на предизборното ветување на градоначалникот Јованоски за намалување на сметките за вода за 20%.

Гледано во бројки ова претстваува поскапување на сметките за околу 60%, што ќе биде огромен товар за прилепчани, особено за оние семејства со средни примања во месецот, но и за пензионерите кои се околу 12.000 на број во општина Прилеп.

Ова е второ зголемување на сметките за вода, откако претходно во месец февруари минатата година, советниците од владеачкото мнозинство, го зголемија и надоместокот за одведување на урбани отпадни води од 3 денари на 5,28 денари за метар кубен.

Тоа доведе до зголемување на оваа услуга за дополнителни 2,28 денари за секој потрошен метар кубен вода.