Oд утре главната сообраќајница во градот ќе биде блокирана за сообраќај

Првиот ден од работната недела, стартуваат финалните подготовки за Пивофест. Ќе се монтира големата бина, а ќе работат и закупците на просторот за продажба, скараџиите и пиварниците.

Општина Прилеп издаде соопштение со кое се известуваат граѓаните:

Општина Прилеп ги известува граѓаните, дека заради почнување на активностите за припрема на „Пивофест 2019“, од понеделник, 15.07.2019 година од 21.00 часот, се затвора за сообраќај булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од поранешната „Градска кафеана“ до „Тинекс“.

Истовремено, со цел да се овозможи непречено изведување на предвидените активности, се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите автомобили на тротоарот на овој дел од булеварот „Гоце Делчев“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.