дома блог страница 3192

Поскапеа бензинот и дизелот – Ова се новите цени

Бензините од ноќеска на полноќ поскапеа за 1,5 денари, а дизелот и екстра лесното гориво за денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, стандардно вчера како и секој понеделник во неделата.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар. Лидат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,343 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 36,081 денар.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,35 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

Една реченица која совршено го опишува вашиот хороскопски знак

Проверете дали е точно. Само една реченица совршено го опишува вашиот хороскопски знак.

Овен – Врескам гласно, но никој не ме слуша.

Бик – Немам причина никому да му се извинувам.

Близнаци – Не сум сам/а, но се чувствувам осамено.

Рак – Само сакам да ме разберат.

Лав – Никој не ме познава вистински.

Девица – Зошто никој не е совршен?

Вага – Глумам дека сум некој кој не сум.

Шкорпија – Премногу ми значат сите работи, но не сакам никој да знае за тоа.

Стрелец – Сакам да не жалам за пропуштените можности.

Јарец – Не дозволувам да ми се сруши светот.

Водолија – Сакам да ја откријам вистинската причина на моето постоење.

Риби – Сè е претешко.

Огpaби продавница, па ги врати пapите: Пpичината ќе ве pacплаче

Дека очајот е силен мотиватор покажа еден маж од Филаделфија, кој ограбил продавница, за да веднаш потоа ги врати парите затоа што немало доволно за да плати трансплантација на бубрег на својата ќерка.

Околу 11 часот наутро се доближил до работникот на касата и со пиштол и се заканил да ја отвори касата. Кога зел и видел колку пари има, ги вратил во продавницата.

-Неверојатно, имаше пари во рацете и одби да ги земе. Рече дека тука нема доволно за да ја плати трансплантацијата на бубрегот за својата ќерка, рекол сопственикот на продавницата за телевизијата KTW-TV.

Боки 13 на излегување од cуд додека Русковска даваше изјава: “Зборувате лаги” (ВИДЕО)

По неколку часа распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на Бојан Јовановски – Боки 13. Тој вечерва со полициска придружба излезе од судот и е однесен во „Шутка“.

Во моментот кога тој излегуваше од судот изјава за медиумите даваше обвинителката Вилма Рускоска. Погледнувајќи кон неа на излегување од судот Јовановски прокоментира:

„Зборувате лаги“.

На прашање од новинарите до обвинителката дали тоа се однесувало на неа, таа одговори:

„Па не знам во моментот и вашата колешка зборуваше, можеби се однесувало на неа“.

ВИДЕО: “Инфомакс”

ПОЛИЦИJATA врши пpeтpec во домот на Катица, одземен и е и телефонот?

Телевизијата Канал 5 објави дека во моментов полицијата врши претсрес во домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јанева денеска си поднесе оставка од функцијата, која како што вели, ќе стане активна кога политичките партии ќе се усогласат за новиот закон и ќе го изберат нејзиниот наследник.

Oд “ТВ 21” пак дознаваат дека доцна вечерва полиција по налог и го одзела мобилниот телефон на Катица Јанева.

ВИДЕО: Боки 13 со лиcици на paце cпpoведeн во kpивичниот cуд

Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва во придружба на полиција беше донесен во Kpивичниот cуд каде треба да започне pacпитот за него и за Зоран Милевски-Кичеец.

Двајцата се ocoмничени дека зеле 1,5 милиони евра како награда за да влијаат врз jaвен oбвинител за да запре иcтpaга пpoтив едно лице.

ВИДЕО: “ТВ 21”

“Страшна смрдеа се шири зад училиште во Прилеп? Градот тоне во ѓубре?” (ФОТО)

Наши читатели ни испратија фотографии од контејнерите кај основното училиште “Добре Јованоски”, каде владее вистинска депонија и се шири непријатна миризба.

Ова не е прв пат ваква слика да се забележи во овој дел од градот, па граѓаните бараат надлежните поредовно да го чистат просторот.

Eве за што е уaпceн Боки 13

Уапсените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра за преку јавен обвинител врз кој имале влијание да ја олеснат положбата на лице кое е под истрага. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари. Како што кажа обвинителот, двајцата осомничени тргувале со влијание и убедувале луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител – oбјави порталот “Сакам да кажам”

Како што кажа обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Полицијата предупредува: Не објавувајте на социјалните мрежи дека не сте дома

Тетовската полиција инфомира дека започна со имплементација на нов превентивен проект „Превенција од тешки кражби“ чиј носител и координатор на активностите е Отсекот за превенција. Во рамките на проектот планирани се вкупно 27 средби со граѓани во урбани, месни заедници и куќни совети, кои ќе бидат оргнизирани во Тетово, Гостивар, Пирок, Чегране, Врапчиште, Челопек, Неготино, Дебреше и во други места на подрачјето.

-Граѓаните поблиску ќе се запознаат со формите и начините за најефикасна заштита од вакви кражби. Одлуката средбите да бидат во екот на сезоната на летни одмори е поради тоа што голем број граѓани подолго време отсуствуваат од куќите и становите или ги оставаат своите возила во дворовите. На граѓаните, посебно ќе им се обрне внимание да не постираат информации и фотографии на социјалните мрежи дека моментно не се дома, туку дека се наоѓаат во некој туристички центар, задолжително да ги заклучуваат вратите, да ги затвораат прозорците и квалитетно да ги обезбедат објектите со наменска алармна или друг вид опрема, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај средбите и апелите по медиумите, предвидено е зајакнување на полициските патроли во вечерните часови, кога и најчесто се извршуваат ваквите кражби, најмногу во куќи и станови.

Милионерите се раѓаат во овој хороскопски знак

Од сите 12 знаци во хороскопот, еден посебно се истакнува по тоа што има предуслов да постигне голем успех и да стане милионер. Ова е дел од истражувањето на американската маркетинг агенција AdView.

Станува збор за Лавот.

Истражувањата покажуваат дека најголем дел од најбогатите луѓе според листата на Форбс се родени во овој знак. Потоа следуваат знаците Бик и Вага. Последното место им припаѓа на Овните.

Судејќи по карактеристиките на Лавовите не е ни чудно што тие имаат најдобро место меѓу милијадерите. Нивната храброст и самодоверба ги прави да успеат во се што ќе замислат. Лидерските позиции се едноставно идеални за нив. Тие често се директори, но и успешни основачи на компании.

Нивната животна енергија им е огромен поттик во животот, а тие се креативни, амбициозни и полни со оптимизам. Секогаш се посветени и ги завршуваат сите работи, без проблем.