дома блог страница 3194

Потсетување за Сугарески: На платформата на Матка не и фали ни даска

Ништо од ветувањата на надлежните за рушење на дивоградбата на Матка. Наместо тоа, платформата личи на вистинско одморалиште…. Има маса и клупи за седење, ограда, аранжмани од цвеќиња… Камерата на Алфа забележа како голем дел од граѓаните, по прошетка доаѓаат и си пијат кафе, се сликаат, одмараат на дивоградбата која требаше да се руши.

Граѓаните исплашени, не сакаат да зборуваат пред камерата на Алфа за градењето на платформи на заштитно подрачје, при слушање на прашањето, тие се тргаат од камерата.- Тоа може да се се забележи и од снимките кои успеа да ги сними Алфа.

Пред повеќе од четири месеци министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кажа дека доколку општината Сарај не ја сруши, тогаш ќе мора да постапи Државниот инспекторат за урбанизам. Но засега ништо од оваа ветување не е видливо на терен.

Како за потсетување, градоначалникот на Сарај, пред неколку месеци се огласи и кажа дека нема ниту да ги легализира, но ни да ги руши дивоградбите.

Тогаш, скопскиот градоначалник го повика тој на општина Сарај да си ја работи работата за која е избран од граѓаните. На ова, Блерим Беџети одговори – Шилегов да си ги гледа своите надлежности и да не се занимава со оние на општина Сарај.

ИЗВОР: АЛФА.МК

Рибар во Хрватска уловил вистинско “чудовиште” во морето: Рибата тежела 200 килограми (ВИДЕО)

Рибар од хрватското место Водива уловил вистинско чудовиште во морето. Станува збор за рибата „буцањ“ која е една од најголемите. Откако го фатил „чудовиштето“ се снимил за да се пофали и ја вратил во морето. Кога го прашале зошто го напралил тоа имал јасен одговор.

-Не сакам да убивам ништо што не е за прехрамбени цели а за „буцањот“ не постои пазар. Не знам дали е заштитена врста, но нека живее.

(Видео) Бугарски новинар среде емисија не нарече „Југозападна Бугарија“

Бугарскиот новинар, Љубомир Огњанов, даде скандалозна изјава во својата емисија на бугарската телевизија Канал 3, за време на интервјуто со заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев.

Во интервјуто со заменикот на Захариева, тој вели дека претпочита да ја нарекува Македонија – „Југозападна Бугарија“.

-Не ме интересира како ќе звучи, јас претпочитам да ја наречам земјата „Југозападна Бугарија“, рече тој откако Георгиев му рече дека ќе бидепредмет на критика.

Во емисијата, тој го нарече и Заев „северномакедонскиот премиер“.

Се најавува најсилното невреме деновиве – Ова се температурите во моментов

УХМР информира дека од Албанија кон нашата земја навлегува поголема нестабилна воздушна маса од која има појава на пороен дожд и грмежи во подрачјето од Шар Планина, Маврово, преку Полог, па се до Скопската котлина. Нестабилност има и во Мариовско, потоа во околината на Радовиш и на Струмица Процесите се преместуваат од запад кон исток.

Следните денови ќе се задржи променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

Ова е моменталната состојба пред најавеното силно невреме.

На Ножот грмеа Македонците: Одбележани 112 години од најепохалната битка после Илинденското вocтание (ВИДЕО)

Патриотски здруженија од неколку градови ширум државата, како и група граѓани утрово се искачија на планинскиот врв Ножот, во близина на прилепските села Ракле и Никодин.

Целта беше одбележување на 112-годишницата од најепохалната битка после Илинденското востане која се одиграла на врвот Ножот.

Со развиорени знамиња и песна присутните им оддадоа почит на вкупно 67 загинати во битката, од кои 45 на самиот врв.

Групата потоа се собра на заеднички ручек во манастирот “Раѓање на Пресвета Богородица”, каде повторно запеаа:

ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОИТЕ!

Звучи прекрасно! Слушнете ја мелодијата на манастирските ѕвона во Бигорски кога е празник (ВИДЕО)

Празнични утрински ѕвона во манастирот Св. Јован Бигорски, за денешниот празник Св. Козма и Дамјан.

Еве каква мелодија создаваат манастирските ѕвона кога е празник во Бигорски – звучи прекрасно:

Силен 3емјотреc почувствуван во Битола, епицентарот во Кожани – 5.1 степен

Cилен 3емјотpеc со јачина од 5.1 степени според рихтер, со епицентар во градот Кожани во Грција денеска нешто пред 13 часот беше почувствуван и во Македонија.

Најповеќе почувствуван е во Битола, кој се наоѓа на 50-тина километри од границата.

Епицентаpот е на длабочина од 2km.

Денеска ги славиме браќата Козма и Дамјан: На денешен ден болните даваат завет кон светите браќа

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан.

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.

Овие светци се сметаат за заштитиници на лекарите. Се верува дека браќата чудотворци ги лечат болните кои искрено ќе им се помолат.

Исто така на овој ден болните даваат завет на Светите Козма и Дамјан дека посебно ќе ги слават по оздравувањето.

Обичај е и здравите луѓе на овој ден да се помолат на Бог и светците за здравје на ближните.

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. БСе упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.

На денешен ден, по народното верување не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

Легендата Гога Зафироски пее за “Битката на НОЖОТ”: Песна која предизвикува вистинска бура на емоции (Видео)

Песна за 54 млади Македонци кои во борба против 3.000 турска војска ја испишаа највеличествената страница на македонската историја по Илинденското востание, саможртвувајќи се на каменестиот врв Ножот во близина на Плетвар.

На 14 јули 1907, на вториот ден по Петровден, по долга борба со турскиот аскер, откако ја потрошуваат муницијата, преостанатите живи комити легнале врз последните бомби и заеднички се самоубиле.

Нивниот херојски подвиг го испеал прилепчанецот Гога Зафироски во песната “Се зададе темен облак”.

ВО ЖИВО: Пренос од Галичката свадба – Својата љубов ќе ја крунисаат Марина и Огнен

Со китење на бајракот, вчера почна 46. традиционална манифестација – Галичка свадба на која во духот и традицијата на мијачките обичаи својата љубов ќе ја крунисаат Марина Петровска и Огнен Караѓозоски.

Следете ја во живо свадбата.