На голем дел од јавноста им е чудно, а опозицијата е збуната што оваа власт, за разлика од претходната, не го штити криминалот, не ја гае корупцијата и не рекетира, туку ги лови криминалците, корумпираните и рекетарите, независно кои се, изјави Александар Кирацовски, доскорешен генсек на СДСМ и актуелен пратинк на истата партија.
-Добро е што започна истрагата, за да се расчистат шпекулациите, озборувањата, претпоставките и предрасудите кои се развиваат тогаш кога не се делува. На крајот, се излегува на виделина – сите злоупотреби, а одговорност ќе има. И нема да има компромис. Правдата и законите мора подеднакво да гледаат кон секого. И нема да дозволиме оваа афера и фамата околу истата ни за момент да ни го оттргни фокусот од ловот на деценискиот криминал, корупција и рекет од кои државата и ден-денешен се опоравува, пишува Кирацовски на својот Фејсбук-профил.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи НК за КР Прилеп поднесе kpивична приjaва пpoтив М. С. (21) од Прилеп, поради пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно kpивично дело ,,спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ – информираат во полицискиот билтен на МВР.
На 07.07.2019 година во Прилеп, на улица „Гоце Делчев“, во ноќен клуб пpиjaвениот ги спречувачл полициckите cлужбеници додека преземале cлужбени дejcтвија за пpиведување на лице кое се бара по потepница, по што истиот бил пpивeдeн во ПС – додаваат од МВР.
Фејсбук и Воцап престанаа да работат во ист момент, а на голем број корисници им се случува истото и со Инстаграм.
Некои корисници тврдат дека на Фејсбук може да пристапат без проблем преку мобилните апликации, но не и на другите социјални мрежи, дури ни преку компјутер.
Неодамна исто така се случи пад на овие социјални платформи, за што корисниците не губеа време да се пожалат на Твитер.
Од Фејсбук, кој е сопственик и на Инстаграм и Воцап, уште немаат излезено со официјална изјава зошто падовите на платформите толку зачестија.
Распределбата на средства од буџетот на општина Прилеп наменети за невладини организации и спортски клубови, која се очекуваше уште од јануари, конечно се случи, а висината на сумите е повеќе од контроверзна. Оваа одлука значи се друго освен подобрување на граѓанската активност и развојот на спортот во градот – посочи на денешната прес конференција Стефанија Стојаноска од Унијава на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:
“Истакнати членови и активисти на СДСМ имаат добивано високи и несразмерни за сработеното средства, додека спортски клубови кои изминатата година во одлично светло ги претставиле градот и државата, добиле само симболични суми.
Затоа на Прилеп и спортот во Прилеп му се случува токму ова! Затоа спортот е во колапс, затоа клубовите пропаѓаат, настапуваат во понизок ранг на натпреварување, а младите се обесхрабрени да спортуваат и да се натпреваруваат.
Секоја чест за клубовите и невладините организации кои изработиле одлични проекти и кои како и секоја претходна година во одлично светло ќе ги одработат зацртаните планови, но од друга страна ги прашуваме властите:
Во што се подобри проектите и успесите на вашите партиски послушници, кои патем редовно ги гледавме на прес конференциите од СДСМ и градоначалникот Јованоски, од успесите на некој клуб, кој носи грст медали од секое натпреварување?
Како клубот на поранешниот декан од Прилеп заслужи 500.000 денари, а речиси сите останати по 20 или 30.000 денари?
Како ракометниот клуб на Гоце Макалоски доби 90.000 денари, а останатите ракометни школи само по 20?
И да сакавме не можевме да не забележиме дека единствен критериум во доделувањето на средствата е партиската припадност и активност.
Толку од вашата чесност, искреност и транспарентност. Ова е уште еден доказ дека така наречениот “живот за секого” е дојден само за луѓето од и блиски до власта на СДСМ.
Затоа граѓаните, спортските и културните работници, како и граѓанските активисти ова ќе го паметат. Оваа распределба е понижување на нивната работа, посветеност и желба да направат нешто повеќе за градот, општеството или целните групи кои ги претставуваат”.
Од пред еден час социјалната мрежа Фејсбук има сериозни проблеми поради кои е нарушен сервисот за нејзините корисници.
Меѓу земјите кои се погодени од проблемот е и Македонија каде што дел од корисниците воопшто не можат да пристапат на своите профили.
Од специјалните сервиси кои ги следат процесите на интернет може да се види дека Фејсбук има блокада во Југоисточна Европа, Ирак, Иран, Либан, Сирија и други земји на Блискиот Исток.
Од регионот на поранешна Југославија само Словенија е поштедена од сериозни проблеми на социјалната мрежа.
Еден од нajoзлогласените нapkо босови, Хоакин Гузман (62) познат под надимакот Ел Чапо (кусиот), речиси сигурно го очекува доживотна poбија.
Денешното рочиште ќе биде само формалност. Поранешниот лидер на нapko картелите Синалоа, е прогласен за виновен за kpивични дела како швepц на стотици тони kokаин, xepоин, метамфетамин и мapихуана во САД.
Поротата на судењето имаше можност да ги чуе и наситните детали за водењето на kapтелот, како и некои информации за животот на Гузман.
Почнува постапката за разрешување на високи државни функционери, директори, раководители, членови на управни одбори и владини институции, најави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференцијата.
Премиерот наброи повеќе лица кои ќе бидат разрешени од ЈП Македонија пат, Здравствен дом Скопје, МЕПСО, Државна клиника, Еурокомпозит, Државен архив, Драмски театар, АД Елем, Агенција за спорт и млади, Биро за јавни набавки, општини…
Заев најави дека на некои од овие лица, доколку се заинтересирани, ќе им биде понуден нов ангажман.
На денешната седница ќе биде предложено разрешување на директорот на Македонија Пат, Гајур Кадриу, Директорот и претседател на УО на Мепсо, Сашо Василевски, Директорката на Детска Клиника, Ставриќ, Директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, Директорот на ЈП ,,Железници“, Шабан Зендели, Директороката Музеј Охрид, Директорот на Бања Банско, Директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, потоа членови на управните одбори на ЕЛЕМ и МЕПСО, актуелниот диреектор на УБК и неговиот заменик, Агенција за Млади и спорт, заменик директорот, потоа директорката на Центар за култура Прилеп, Менче Караџоска, Царинарница Скопје директор Златко Кофиловски, Агенција за вработување-Велес, Трајче Бабунски, „Водостопанство“ директор, Геронтолошки завод, директорка Салија Љатиф…
Постојат различни формули и табели за одредување на опималниот износ на вашата висина и тежина. Но, една работа треба да ја имате секогаш на ум. На една иста висина и тежина, еден човек може да изгледа пополничок, а друг дури и нормално. Вашата идеална тежина, секако, не зависи само од висината, туку и од други фактори како што се возраст, пол, тип на фигура и друго.
Ова е професионална табела за жени и мажи која што е препорачана од фитнес инструкторите. Во неа се содржат идеалните вредности за односот помеѓу висината и тежината. Освен тоа, воведен е и концептот на староста: праксата покажува дека со текот на огидните, тежината на човекот се менува по сила на природата.
Погледнете ја оваа табела и дознајте ја својата идеална тежина според возраста, висината и полот.
Тоа што подолго време се најавуваше сега доби и дефинитивна потврда од прва рака, па дефинитивно можеме да кажеме дека нашиот бисер Елиф Елмас ќе се пресели во италијанскиот вицешампион Наполи.
Имено првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис кратко и јасно порача дека трансферот е на добар пат да се реалзира веќе оваа недела. На прашањето дали оваа недела би можел Марко Рог да го напушти Наполи а Елмас да дојде од Фенербахче, претседателот на клубот од „Сан Паоло“ одговори:
Тоа е точно, истакнал Аурелио кој запрашан пак за можноста зделка на Хамес Родригез од Реал Мадрид во свој стил порача:
– Според мене, тие не сакаат да ни го дадат Хамес. Картите на маса постојано се менуваат. Подгответе се за жежок август на трансфер пазарот.