дома блог страница 3188

(Фото) Новак на заслужен одмор – овде светскиот првак во тенис ги полни батериите после Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ после освојувањето на шампионската титула на Вимблдон се упати со семејството на заслужен одмор.

Јавноста веќе неколку дена ја „копка“ каде тоа Ноле ги „полни батериите“ после Вимблдон.

Имено, српскиот тенисер одлучил силата да си ја поврати на една екслузивна и топла дестинација – Шпанија.

Новак, заедно со семејството, убавата Јелена и децата Стефан и Тара од Лондон директно заминаа за Марбелја.

Овде живее и помладиот брат на Новак, но и некогашниот духовен гуру Пепе Имаз.

Токму овде, Ѓоковиќ го прославија роденденот на Ѓорѓе, кој наполни 24 години.

Тешка cooбpaќajka на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод

На 17.07.2019 во 18.00 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај влез за с.Дебреште, се случила сообраќajна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М.(39) од с.Дебреште и товарно возило „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(33) од Крушево.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобил возачот на тракторот, а со телecни повpeди се здобила сопатничката О.С.(39) од с.Дебреште, кои биле пренесени во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

ТАРАВАРИ: Потребно е да се формира експертска Влада, веднаш

Како никогаш до сега итнo и неодложно е потребно да се формира ЕКСПЕРТСКА (непартиска) Влада, барем да се започнат преговорите со ЕУ оваа година. Скоро да нема кредибилна институција во државата. Младите мacовно си oдaт. Реформите се неопходни и тоа итно, пишува поранешниот министер за здpaвство и актуелен градоначалник на Гостивар од редовите на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Беличани го завршија големото сонце: Викендов тука ќе се заигра оро и ќе грмне тапан (ФОТО)

Жителите на кичевското село Белица во пресрет на Беличките средби што ќе се одржат викендов се подновија со ново шеснаесеткрако сонце пред селската црква каде ќе се вијат ора и ќе грми тапан.

“Вечно нека сјае сонцето кое е симбол на сите Македонци од целиот свет. Татко и син кои од мали нозе се вистински уметници со дрво, а синот со сликарство денес го довршија нивното дело и ветен дар во пресрет на Беличките средби кои се закажани и ќе се одржат овој викенд. Господ да ги благослови сите кои му мислат добро на нашето село и на нашиот македонски народ. Вечно да живее духот на слободните уметници”, пишува на Фејсбук страната “BELICA – БЕЛИЦА”.

Како што е најавено Владата од Илинден овој македонски симбол има намера да го забрани за јавна употреба, согласно договорот од Преспа.

ФОТО: Стартната постава на Јувентус за новата сезона – боли глава!

Јувентус е решен да го прекине 24-годишниот пост во Лигата на шампионите и конечно да ја освои титулата што би била трета во историјата на клубот.

За таа цел направи феноменален тим, ги засили позициите кои беа послаби и во новата сезона ќе влезе исклучително силен.

Вака би требало да изгледа стартната постава на торинскиот тим кој под водство на Маурицио Сари не би требало да се помири со ништо помалку од тројна круна.

Ако сте го јаделе ова овошје ќе бидете „магнет“ за комарци

Верувале или не, постојат овошје и зеленчук кои доколку ги јадете ќе бидете магнет за комарци.

Па, доколку сте јаделе банана, верувајте комарците ќе долетаат кај вас.

Според истражувањата, комарците ги привлекува мирисот на бананата, па доколку сте јаделе од ова овошје, не се чудете ако ве нападне комарец.

Бура од емоции: Прилепчанец ја пее “Се зададе темен облак” на врвот Ножот (ВИДЕО)

На 14-ти јули се одбележаа 112 години од најепохалната битка после Илинденското востание, битката на планинскиот врв Ножот, кој се наоѓа во близина на прилепските села Ракле и Никодин.

Повеќе патриотски здруженија во организација на Македонското патриотско здружение “Патриот” од Прилеп, како и група граѓани беа присутни на Ножот каде им оддадоа почит на паднатите херои.

Оперскиот пејач Стефан Неданоски ја отпеа песната “Се зададе темен облак” и предизвика бура од емоции кај присутните.

Погледнете во продолжение:

Разрешен директорот во “Еурокомпозит”: Само тој ли е виновен за хаосот во прилепскиот загубар?

Почнува постапката за разрешување на високи државни функционери, директори, раководители, членови на управни одбори и владини институции, најави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференцијата.

Премиерот наброи повеќе лица кои ќе бидат разрешени од ЈП Македонија пат, Здравствен дом Скопје, МЕПСО, Државна клиника, Државен архив, Драмски театар, АД Елем, Агенција за спорт и млади, Биро за јавни набавки, а меѓу разрешените се и двајцата директори од Прилеп – Менче Караџоска на ЦК “Марко Цепенков” и директорот на Еурокомпозит, Златко Граороски.

Заев најави дека на некои од овие лица, доколку се заинтересирани, ќе им биде понуден нов ангажман.

На денешната седница ќе биде предложено разрешување на директорот на Македонија Пат, Гајур Кадриу, Директорот и претседател на УО на Мепсо, Сашо Василевски, Директорката на Детска Клиника, Ставриќ, Директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, Директорот на ЈП ,,Железници“, Шабан Зендели, Директороката Музеј Охрид, Директорот на Бања Банско, Директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, потоа членови на управните одбори на ЕЛЕМ и МЕПСО, актуелниот диреектор на УБК и неговиот заменик, Агенција за Млади и спорт, заменик директорот, потоа директорката на Центар за култура Прилеп, Менче Караџоска, Царинарница Скопје директор Златко Кофиловски, Агенција за вработување-Велес, Трајче Бабунски, „Водостопанство“ директор, Геронтолошки завод, директорка Салија Љатиф…

Овие нешта не сте ги знаеле за канцеларката Меркел: Работела како бармен, а презимето го задржала од првиот сопруг…

Германската канцеларка, Ангела Меркел веќе години наназад е една од најмоќните жени во светот. Во последниве неколку нејзини јавни настапи може да се забележи дека таа силно се тресе, за што светските медиуми и германската јавност шпекулираа со неколку можни болести.

Во прилог 13 интересни факти за германската канцеларка и нејзиниот живот.

1. Нејзиното моминско име е Ангела Каснер, додека презимето Меркел, го зела од првиот сопруг.

2. Германците понекогаш ја викаат „мама“.

3. Додека студирала, Меркел работела како бармен на студентски диско-забави.

4. Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успехот го постигнала затоа што на проблемите им пристапува од научен, аналитички агол.

5. Откако се развела од првиот сопруг, живеела под кирија во мал стан во близина на железничката станица. На нејзиниот 30-ти роденден, татко и’ дошол да ја посети и разочарано и’ кажал „Не си стигнала многу далеку!“

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Кои се нормални вредности на крвен притисок според возраста и полот? (ТАБЕЛА)

Еден од најраспространетите здравствени проблеми е зголемениот притисок на крвта.

Проследен е со симптоми како лошо расположение, главоболки, несоница и други проблеми врзани со општото расположение и здравје.

Крвниот притисок може да варира повеќепати во текот на еден ден, а нормалниот крвен притисок е индивидуален.

Ако ги прашате лекарите кој е нормалниот крвен притисок според возраста на пациентот и полот, табелата изгледа вака: