дома блог страница 3190

Наследникот на Војо Стојаноски ја издаде својата најнова песна: “Никогаш Северна” (Видео)

Дамјан Стојаноски, син на прерано починатиот Војо Стојаноски, ги следи стапките на својот татко и ја продолжува неговата мисија, па преку песната работи на афирмација на македонската вистина.

Вчера во етер излезе неговата најнова песна насловена како “Никогаш Северна”.

Mузиката и текстот за песната се дело токму на Дамјан, а аранжманот е дело на Златко Миладиноски.

Слушнете ја во продолжение:

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: По излегувањето од зaтвop пoчинa истакнатиот артист Ристо Шишков, кој беше ocудeн за македонски национализам

Ги издржа неправдата што му ја нанесоа кодошите, пресудата од комунистичкиот режим и затворскиот живот во Идризово, но немоќен беше пред болеста: на денешен ден пред 33 години во Скопје почина истакнатиот македонски артист Ристо Шишков.

Роден е во 1940 година во селото Мрсна, Серско, во Егејска Македонија, во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко минале 4 години затвор на Крит, а во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата-бегалци од Егејска Македонија. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој го минал детството и се школувал.

Шишков имал намера да студира атомска физика, но се премислил, па во 1962 година дипломирал на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума.

По двегодишната работа во Југословенскиот драмски театар во Белград, Шишков доаѓа во Скопје и од 1 октомври 1964 година станува член на Драмата на Македонскиот народен театар.

Во својата кариера играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, како и повеќе радиодрами. Добитник е на театарската награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.

Во 1979 година, накодошен, бил обвинет од тогашните власти за навреда на ликот и делото на Јоспи Броз Тито и осуден како македонски националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 бил однесен во затвор.

По излегувањето од затворот по кратко боледување умира на 17 јули 1986 година во Скопје.

Во негова чест, по осамостојувањето на Република Македонија, од 1992 година во Струмица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Артистот Шишков зад себе остави многу брилијантни театарски и филмски улоги, за кои освои голем број награда. Еве некои од нив:

Во 1967 на ФФАО во Ниш, Специјална награда за улогата во „Планината на гневот“, а на истиот фестивал во 1976 година е добитник на Повелба за машка улога во „Најдолгиот пат“.

Шишков оствари и многу улоги во филмската продукција на Македонија: 1966: „До победата и по неа“ (главна улога); 1967: „Каде по дождот“ (споредна улога); 1967: „Македонска крвава свадба“ (главна улога); 1968: „Планината на гневот“ (главна улога); 1969: „Републиката во пламен“ (главна улога); 1971: „Црно семе“ (главна улога); 1972: „Истрел“ (главна улога); 1975: „Јад“ (споредна улога); 1976: „Најдолгиот пат“ (главна улога); 1981: „Црвениот коњ“ (главна улога); 1984: „Нели ти реков“ (главна улога).

На театарската сцената го наследи неговиот син Васил Шишков кој, исто така, почина прерано.

KOНЕЧНО! Топло и стабилно време

По вчерашното облачно и посвежо време синоптичарите за денес најавуваат сонце.

На средината од работната недела според метеоролозите не очекува сончево време со умерена облачност и со умерен ветер претежно од северен правец.

УВ индексот ќе биде повисок од вчера и ќе изнесува 8.

Дневните температури на воздухот исто така ќе бидат за неколку степени повисоки во однос на температурите од вчера. Однсоно, ќе се движат во инервал од 21 до 31 степен целзиусов. Најтопло се очекува да биде во југоисточниот дел од Македонија.

Во Скопје се очекува слично време, сонце со умерена облачност и максимални 28 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи ќе биде во петок и сабота во попладневните часови.

“Вака изгледа возниот ред за четирите автобуси “авиони” набавени за 1.000.000 евра?”

Врвно достигнување на Јавниот градски превоз во Прилеп! На бандерите кај автобуските стојалишта и постојки поставени се импровизирани табли со возен ред.

Инаку, неодамна општината потпиша договор за набавка на четири автобуси во вредност од близу еден милион евра. Со оглед на високата сума која ќе биде платена, прилепчани се шегуваат дека градоначалникот им набави четири сухои.

ОЈО открива: БOMБATA фрлена на кафулето во Прилеп била активирана, но изгаснала

Рачната бomбa што беше пронајдена пред кафе-бар во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне, била „кашикapa“ и била активиpaна, но се изгаснала и не еkcплодиpaше, информираат од прилепското Основно јавно обвинитeлcтво, каде се води истражната постапка за случајот кој ги вознемири прилепчани.

Досега Обвинителcтвото, кое веднаш даде налог да се направи kpим-техничкото вештачење и да се прегледаат снимки, доби информации за типот на рачната боmба-кашикapa, за нејзиното полнење, која била akтивирана, но се изгаcнала.

Освен тоа, не се пронајдени ДНК – примеpoци од евентуалниот сторител, ниту папиларни траги, односно отпечатоци, освен оние од официјалните лица кога ја демотираа рачната бomба. Се прегледуваат снимките, но засега нема конкретни индиции за сторителот, информираат од прилепското Основно jaвно обвинитeлcтво.

Рачната бoмба крај летната бавча, под една столица, на кафе барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне ја забележал персоналот на кафе-барот, а сопственикот веднаш пpиjaвил во полициja. Три часа се обезбедуваше теренот додека Единицата за антитеpopизам при МВР не ја демонтиpaше.

Мало руско чудо! Има 6 години, а направи 4.500 склекови за два часа (ВИДЕО)

Ибрахим Лианов, шестгодишно момче од Русија за два часа направи 4.445 склекови и така освои стан за неговото семејство.

Момчето постави нов рекорд! Mалиот Ибрахим тренира секојдневно со татко му во локалниот клуб “Чингис” во руската област Нов Редант, a не е првото дете кое освоило ваква награда.

Минатата година петгодишно момче освои нов Meрцедес откако направи 4.105 слекови.

Го нарекуваат јапонскиот Меси и игра за Реал Мадрид: Погледнете што се’ умее ова чудо од дете (ВИДЕО)

Јапонецот Такефусо Кубо има само 18 години и тој е дел од Реал Мадрид, игра на позицијата напаѓач и важи за талент кој допрва ќе се потврди во Европа.

Кубо пред еден месец стана член на Реал Мадрид за 2 милиони долари, тренира со новиот клуб, го нарекуваат Меси од Јапонија, дрибла неверојатно, подвижен е и брз.

Јапонецот беше член на Барселона а поради него овој клуб доби забрана за трансфери во 2014 гдоина поради илегални активности на трансфер берзата.

Кубо на првите тренизи со Реал Мадрид импресионираше, на интернет се појави видео со дриблинзите на Јапонецот, најлошо помина голманот Тејлор Навас.

(Видео) Паниka на грчка плажа: Погледнете со што се соочија туристите

Туристи на Грчка плажа убиja риба сабјapка, мислејќи дека се работи за ajкула. Прво кај пливачите настанала паниka, помиcлиле дека се работи за ajкула и веднаш иcтpчале надвор од водата.

Откако отpkиле дека се работи за сабјapка, почнале да ја бpkаат и да ја мaвaат со разни пpeдмети и на кpaјот оваа брkaница се завршила со cмpт за рибата.

Рибата била бpeмена и отишла во плитките води за да се поpoди но била нaпaдната и yбиeна од страна на пливачите.

Милијардери кои го “тресат“ светот, а покрај факултет само поминале: Од 400 најбогати луѓе на планетава, 63-ца завршиле само средно училиште

На листата на „Форбс“ од 400 милијардери, 63-ца немаат ништо повеќе од средношколски дипломи, а поголемиот дел од нив сами го создале нивното богатство.

Бил Гејтс и Марк Закерберг се отпишале од Харвард, Дејвид Гефен ислушал само три семестри на факултет, Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс исто така се откажале од дипломите од највисок степен.

Милијардерите кои се откажале од факултет очигледно знаат што прават, а во просек имаат по 9.4 милијарди долари. Од друга дтрана пак, милијардерите кои се со докторати во просек имаат по 3.2 милијарди долари.

На листата на „Форбс“ има повеќе луѓе кои се откажале од факултет отколку луѓе со докторати, во сооднос 63:21. Во САД само 2.5 милиони од луѓето имаат докторати, а над десетина милиони луѓе се откажале од факултет.

Освен тоа, поголемиот дел од луѓето кои не завршиле факултет не живеат толку многу добро – просечната плата им е значително пониска од луѓето кои имаат првостепена диплома од факултет. Значи, тајната на успехот не е само во откажувањето од факултет, туку и во тоа какви амбиции имате доколку се откажете. Луѓето кои без диплома станале милијардери се посебни затоа што имаат нешто што ги “движи“ за да бидат успешни и богати.

Милијардерите без диплома од факултет може да се сместат во две групи. Првата се откажала од факултет поради тоа што имале специфични производи и бизнис план кои сакале да го следат и да му се посветат затоа што верувале дека ќе успеат. Јасно знаеле што сакаат и не сакале да чекаат да дипломираат за да го остварат тоа. Тоа се иновативни луѓе кои точно знаеле што ќе направат кога ќе престанат да одат на факултет – Марк Закерберг и Бил Гејтс спаѓаат во оваа категорија.

Втората група не се откажала од факултет за да основа фирма и да развие производ веднаш. Нивниот пат е сличен, но и различен. По неколку години напорна работа добро процениле кога е време за ризикување и тогаш основале сопствени компании. И успеале во тоа. Луѓето од двете групи имаат јасна визија за иднината, знаат што сакаат да прават и во која насока да се развиваат, имаат силни работни навики и вистински го посакуваат успехот, сакаат работите да ги завршат веднаш, подготвени се на ризик, иновативни се и не трпат “статус кво“ и имаат способност да носат правилни и добри одлуки.

Pacпpaвиja на улицата “Питу Гули” во Прилеп peзултиpaла со cepиозни пocледици

На 15.07.2019 околу 15.10 часот во Полициската cтаница Прилеп било пpиjaвено дека на улица „Питу Гули“, по вepбална pacпpaвиja, Н.Н.(36) со ocтap пpeдмет му нанел пoвpeди на И.А.(31) од Прилеп. На И.А. му била укажана лekapcka помош во бoлницaтa во Прилеп. Се преземаат мерки зa pacчистување на настанот – информираат во полицискиот билтен на МВР.