дома блог страница 3184

Проданоски: “Дали е веќе јасно дека во Прилеп владее злосторничко здpужение?” (Видео)

Прилеп денеска живее во страв и паника! Во само десетина дена граѓаните одново ги потресе дојава за поставена бомба во истиот локал, и тоа за време на најголемото случување во државата “Пивофест” – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Додека во центарот на Прилеп имаше илјадници луѓе и како никогаш досега присутни полициски сили, повторно некој се обиде да ги загрози животите на граѓаните, а сеуште не е расветлен првиот настан.

Испарија уверувањата на градоначалникот Илија Јованоски и МВР дека градот и фестивалот се безбедни и дека состојбата е под контрола.

Ова е веќе црвен аларм и итно се потребни одговори од властите, особено од министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Господине министер одговорете и на јавноста како и на кој начин вашите припадници ги штитат граѓаните и што ли е потребно да се случи за вие да се одважите и да реагирате?
Дали е веќе јасно дека во Прилеп владее злосторничко здужение и истото се наоѓа во редовите на вашата партија?

Со месеци апелираме до вас дека градот е претворен во криминално дувло, дека се палат автомобили, се напаѓаат полицајци, се случуваат филмски грабежи среде бел ден, и што ли уште не, а вам сеуште мува не ве лази.

Прилеп е претворен во црна точка во државата која секој ја одминува, а одговорноста за тоа е целосно ваша и на градоначалникот Илија Јованоски.

Со оглед дека сето ова се случува во локалот на истакнат член на вашата партија, граѓаните мораат да знаат која е позадината на настанот и дали се работи за пренесување на некакви пораки и нерасчистени сметки?

Веќе апелиравме да се позанимавате и со првите луѓе кои треба да ја гарантираат безбедноста во Прилеп, каде најповикан е командирот на Полициската станица, Кире Спиркоски.

ВМРО-ДПМНЕ одново бара негово разрешување од функцијата и поставување на човек кој ќе работи исклучиво во интерес на зачувување на јавниот ред и мир.

Граѓаните не ги интересираат интригите и пресметките во вашиот двор, но бараат безбедно да се движат низ својот град.

Вашата незаинтересираност резултираше и со нарушување на угледот на фестивалот, настан кој е од витално значење за целата држава.

Бараме веднаш, во текот на денешниот ден да излезете со конкретни одговори и да преземете конкретни чекори, со цел посетителите во преостанатите два фестивалски дена да се чувствуваат безбедни во Прилеп”.

ВИДЕО: “Инфо Компас”

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Ова е најчудната шума во светот во која дрвата растат наопаку (ВИДЕО)

Свиено во планинскиот масив Тиан Шан во Казахстан, лежи езерото Каинди. Настаноло после земјотрес во 1911 година и со сигурност е едно од најнеобичните езера на планетата Земја. Тој земјотрес од пред повеќе од 100 години предизвикал големо лизгање на земјиштето и со тоа направил големо вдлабнување во земјата. Со тек на време, дождовите ја исполниле оваа дупка со вода и создале природно езеро.

Каинди е познато по големиот број стебла од оморика кои се издигаат директно од водата, а станува збор за остатоци од дрвени стебла кои биле потопени за време на формирањето на езерото.

Стеблата кои се наоѓале на местото каде што денес е лоцирано езерото успеале да опстанат и покрај нивната потопеност во водата.

Делуваат мистично и моќно, а тиркизната езерска вода заедно со нив како декорација создава уште поспектакуларна глетка.

А подводните сцени се уште поимпресивни, бидејќи дрвата не се распаднати, па создаваат прекрасна подводна шума.

Изненадувачки е фактот што ова езеро го посетуваат многу мал број туристи.

Но, причината за тоа веројатно лежи во фактот дека недалеку од Каинди се наоѓаат познатите Големо Алматинско Езеро (Большое Алматинское Озеро) и Колосај, кои имаат попристапен приод од градот.

И покрај близината на градската средина и повеќемилионската популација, во околината на езерата има мирна атмосфера, совршена за одмор и уживање.

Меркел откри кон што ќе се насочи по завршувањето на политичката кариера

Канцеларката Ангела Меркел на традиционалната летна конференција за новинарите изјави дека таа сфаќа дека луѓето се заинтересирани за нејзиното здравје откако неколку пати се тресеше во јавноста, објави Анадолија.

На конференцијата во Берлин, Меркел истакна дека и покрај потресите, сепак може да ги извршува должностите на Канцелар без никакви проблеми.

– Моето здравје е многу важно за мене во мојот приватен живот. – рече Меркел, додавајќи дека се чувствува добро и истакнувајќи дека во 2021 година, кога и истечува мандатот, таа има намера да ја напушти политиката. – Но, тогаш, се надевам, ќе имам еден друг живот што сакам да го поминам во здравје. – рече германската канцеларка, која во средата наполни 65 години.

Кирацовски: Не знам кој е Кики, а Коки е веројатно Боки

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ за „А1он“ вели дека не знае кои пратеници стојат зад псевдонимите Кики и Фрики, за кои новинарот Бранко Геровски пишуваше дека изнудувале рекет од бизнисмени.

„Па валјда Боки. Не знам кој е Кики, вие мислите дали станува збор за мене? Ќе видиме Геро на кого мисли. Апсолутно јас не се препознавам, Геро има таму има изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам. Не знам. Ти ми се јавуваш и прашуваш ‘Кого препознаваш во Кики’ и тоа мене јасно ми алудира. Дај боже нека објави Геро дека јас сум Кики па да се расчистиме до крај како што личи“, вели за „А1он“ Кирацовски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

МВР CO ДETAЛИ ЗА CИHOЌЕШHATA ПAHИKA HA “Пивофест”

На 19.07.2019 околу 23.10 часот во угостителски објект во Прилеп била пронајдена школска боmба која нема ekcплозивно полнење.

Веднаш биле преземени соодветни мерки и таа била подигната од местото. Нема повpeдени лица и материjaлна штета. Се преземат мерки за расчистување на случајот – стои во полицискиот билтен на МВР.

Вака се пее државната химна: Прилепчанец предизвика бура од емоции и морници (ВИДЕО)

На 14-ти јули се одбележаа 112 години од најепохалната битка после Илинденското востание, битката на планинскиот врв Ножот, кој се наоѓа во близина на прилепските села Ракле и Никодин.

Повеќе патриотски здруженија во организација на Македонското патриотско здружение “Патриот” од Прилеп, како и група граѓани беа присутни на Ножот каде им оддадоа почит на паднатите херои.

Оперскиот пејач Стефан Неданоски ја отпеа државната химна и песната “Се зададе темен облак”, а кај присутните предизвика бура од емоции.

Погледнете во продолжение:

Галерија: “Цеца меѓу прилепчани, пресреќни лицата на фановите”

На втората вечер од 17-тото издание на Пиво фестивалот кое ќе трае до недела, настапи главната музичка ѕвезда за оваа година, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Во зградата на општината ја пречекаа и новинарите, на која српската звезда со задоволство им одговараше на прашањата. Гостите на Пиво фест синоќа ги забавуваа и Миле Кузмановски, Ален Хасановиќ, Уска Кан и Демир Кантуровски.

Цеца потоа имаше одличен настап на фестивалската сцена, а со неа пееше целата публика.

Со топлото време, змиите ги има се повеќе: Еве како да се заштитите

Важно е да знаете дека од змии не треба да се плашите и дека внимателноста е доволна за да се заштитите. Змијата не е насилно животно и сама бега од опасност, напаѓа само ако биде загрозена. Сепак, за да го намалите ризикот од каснување на змија отровница, потребно е да се држите до некои правила на однесување за време на престојот во природа.

1. Додека одите низ шума правете бука, така што ќе носите стап со кој ќе тропате пред себе или ќе шушкате по околните лисја или грмушки, а може да тропате и со стапалата. Змиите така ќе ве „слушнат“ кога надоаѓате и ќе се сокријат сами.

2. Гласното зборување нема ефект, бидејќи змиите не слушаат, туку примаат вибрации преку телото.

3. Не трчајте и не одете брзо, бидејќи така змиите не можат да стигнат да се сокријат.

4. Гледајте каде застанувате, како би ги забележале змиите навреме, но ако ги почитувате претходните правила, ќе мислите дека во шумата нема воопшто змии, бидејќи ќе ве „слушнат“ од далеку. Исклучок е ако некоја змија ја изненадите на спиење, бидејќи тогаш се чуствуваат загрозено и подготвени се да се одбранат.

5. Ако се движите во група, обидете се да газите онаму каде што поминале пред вас.

6. Водете сметка на местата каде може да бидат змиите. Тоа е обично карпест и шумски предел, во близина на вода. Наутро и навечер змиите излегуваат на камењата бидејќи тука им е потопло, а кога е жешко преку ден, се повлекуваат во пукнатитините или некои други места под сенка.

7. Кога ќе сретнете змија, застанете и смирете се. Не се плашете и не паничете и почекајте да си оди. Подгответе стап пред себе, така што ако таа тргне кон вас, може да ја оттурнете.

Извор: “Република”

Утрово сончево и топло, попладне не излeгувajте од дoмa – ова е викенд временската прогноза

Времето во земјав аќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд. УВ=8

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната температура од 24 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд. УВ=8

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 33 степени.

Во недела и понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд.

Ексклузивно: Дојава за бomба и еваkyaција во истиот локал во Прилеп, на “Пивофест”?

Неофицијално дознаваме дека одново има дојдава за бomба во истиот локал во Прилеп. Според информациите локалот е испразнет, а на терен се присутни припадници на полициjaта.