дома блог страница 3183

Повторно xaoc и турканици: За излез од државава се чека од 30 до 45 минити

На граничниот премин Богородица утрово има зголемена фреквенција на возила. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додава АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Денес се празнува Светиот великомаченик Прокопиј

Роден е во Јерусалим, од татко христијанин и незнабожна мајка. Името најпрво му беше Неаниј. По смр тта на таткото, мајката го воспита синот сосема во духот на римското идолопоклонство. Кога Неаниј порасна, го виде еднаш царот Диоклецијан и толку го засака, што го зеде кај себе во дворецот на војничка служба. А кога овој зл очестив цар почна да ги гони христијаните, го одреди Неаниј да оди со еден одред војска во Александрија за во неа да ги сотре христијаните.

По патот на Неаниј му се случи нешто слично како на Павле. Во третиот час од ноќта стана голем земјотрес, при што му се јави Господ и се слушна глас: „Неаниј, каде одиш и на кого стануваш?“ Во голем стpaв Неаниј запраша: „Кој си ти, Господи? Не можам да те познаам.“ Во тој миг во воздухот се јави пресветол кpcт, како од кристал, и од kpстот дојде глас: „Јас Сум Исус, pacпнатиот Син Божји“.

И уште Господ му рече: „Со знакот што го виде победувај ги непријателите свои и мирот Мој ќе биде со тебе.“ Тој настан потполно го смени и го преврте животот на војводата Неаниј. Тој даде да му се направи онаков kpст и место да појде против христијаните тргна на Агарјаните коишто тогаш удираа на Јерусалим. Како победник влезе во Јерусалим и ѝ објави на мајка си дека е христијанин.

Изведен пред судијата ги симна и ги фрли од себе појасот и мечот војводски за да покаже дека е војник само на Царот Христос. После големи мачења беше фр лен во з атвор, а таму повторно му се јави Христос и го крсти и му го даде името Прокопиј. Еден ден му дојдоа на зат ворскиот прозорец дванаесет жени и му рекоа: „И ние сме слугинки Христови.“ Обвинети за ова, беа фр лени во истиот за твор, па свети Прокопиј ги поучуваше во верата Христова, а особено за да го примат венецот на мач еништвото.

Затоа во чинот на брачното венчавање, покрај боговенчаниот цар Константин и царицата Елена, се спомнува и свети Прокопиј. Оние дванаесет жени потоа беа подложени на страшни маки. Гледајќи ја нивната храброст и маките што ги трпат, мајката на свети Прокопиј и самата поверува во Христа, па сите тринаесет беа пог уб ени заедно. Кога беше изведен на губи лиштето, светителот ги подигна рацете кон исток и Му се пом оли на Бога за сите бед ни и нев олни, сир омашни и вд овици, а особено за Светата Црква, да порасне и да се спростре насекаде и Православието да свети до кончанието на светот. И од небото му беше јавено дека молитвата му е усл ишена. Потоа радосно ја положи главата под ме чот и појде кај својот Господ. Свети Прокопиј пост рада чесно во Кесарија Палестинска, на 8 јули 303 година.

Сончево и топло време во Македонија – од вторник промена

Времето во државата ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за три до четири степени.

Аплицирајте: Финска нуди бесплатно летување за странци

Финска, земјата која втора година по ред беше прогласена за најсреќната земја на светот, нуди бесплатно летување. Затоа, ако сакате да поминете дел од летото учејќи како да бидете среќни, тоа можете да го направите и бесплатно.

„Посетете ја Финска“ (Visit Finland) ја започнува програмата „Изнајми Финец“ (Rent A Finn) за да привлечат повеќе туристи. Во 2016 година тие имаа друга програма со која ги повикуваа луѓето да се ослободат од стpecoт преку програма од пет чекори фокусирана на природата, додека во 2018 година на посетителите им нудеа работа од соништата, која вклучуваше гледање на поларната светлина.

Сега тие сакаат да го спасат светот од cтpec така што ќе ги поврзат туристите со финските водичи за среќа и ќе им овозможат бесплатно патување во Финска. Која е целта? Да учат за тоа што е вистинска среќа и да нурнат во финската традиција и култура.

Сакаме да бидеме сигурни дека патниците ќе ја искусат автентичната Финска така што ќе им ја покажеме нашата врска со природата, а низ ова патување ќе ги води нивни личен водич за среќа, вели Хели Хименез, директор на проектот.

Тој додава дека на туристите ќе им биде овозможено да го живеат животот што го живеат Финците, да пробаат храна на автентичен начин, да шетаат во шума и да престојуваат во далечна викендичка од која ќе имаат поглед на езеро.

Беличани заиграа околу шеснаесеткракото сонце (ВИДЕО)

Викендов во село Белица се одржуваат традиционалните Белички средби.

Голем број иселеници се дојдени и заедно вијат македонако оро и пеат македонски песни.

Во пресрет на средбите беличани го украсија просторот пред селската црква со големо шеснаесеткрако сонце од Кутлеш.

(Фото+Видео) Пред точно 50 години двајца космонаути слетаа на Месечината: Светот и понатаму го мачи едно прашање- Кој ги фотографираше?

Светот одбележува 50 години од едно од најголемите достигнувања на човештвото, слетувањето на Аполо 11 на Месечината.

На 20 јули 1969 година во 22:56 по источно време, додека 600 милиони луѓе ширум светот гледаа на телевизија, космонаутот Нил Армстрон стапна на Месечината и ја изговори познатата реченица “ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото”.

Слетувањето на Месечината е еден од најважните настани за човечката цивилизација, а неговото значење и денес се истакнува. Меѓутоа, се чини дека ниту еден друг настан не предизвикал толку контроверзности и теории на заговор, а по 50 години тој се истакнува како една од најголемите измами.

(Фото) И сопругата на Харадинај ја потврди неговата оставка

Информацијата дека Харадинај поднел оставка од позицијата премиер од привремените приштински институции, ја објави и неговата сопруга на асвојот Фејсбук профил.

Анита Харадинај ја објавила изјавата на Харадинај од конференцијата за новинари, на која соопштил дека ќе поднесе неотповиклива оставка поради тоа што добил повик од Специјалниот суд во Хаг, формиран за истрага и процесуирање на одговорни поранешни припадници на ОВК за вoeни злocтopства.

Харадинај рекол дека повикот за сослушување го добил денеска, а дека за датумот на сослушувањето ќе биде известен дополнително.

Премиерот во оставка е во брак со русокосата новинарка на РТК Анита Муцај од 2003 година, од која наводно бил маѓепсан кога дошла да го интервјуира уште како лидер на ОВК.

Меѓутоа, Рамуш тогаш бил во брак со Јоана Карлсон од Финска, со која го има синотт Шкељзен. Ја запознал на вратата од ноќниот клуб каде работел како обезбедување. Таа љубовна приказна завршила во 2001 година наводно на инсистирање на Рамуш.

Што потоа се случило, никој не знае, а потоа следувала „судбинската3 средба со Анита, со која денес има 3 деца – два сина и една ќерка.

Ексклузивно: “Вака изгледала школската бомба од синоќа на “Пивофест” (ФОТО)

Читател до Маркукуле испрати фотографија од боmбата која синоќа беше поставена во прилепскиот локал “Кафе-ин”.

Како што утрово објавија во полицискиот билтен на МВР се работи за школска бомба која нема експлозивно полнење.

“Канал 5” Телевизија даде одговор зошто оваа година за прв пат нема директен телевизиски преност од “Пивофест”

После десетина години, овогодинешниот 17-ти по ред “Пивофест” остана без директен телевизиски пренос на националните телевизии.

Маркукуле стапи во контакт со “Канал 5” телевизија, од каде со години во живо го пренесуваа фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, нешто што допринесе за голема афирмација на најголемото музичко случување во државата.

За причината поради која оваа година изостана директниот пренос од фестивалот, од телевизијата велат:

“НЕСЕРИОЗНОСТА НА ОРГАНИЗАТОРOТ/ОРГАНИЗАТОРИТЕ, КОИ ИАКО ВЕТУВАА, КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА ДОСЕГА ШТО БЕШЕ ПРАКСА, НЕ ОБЕЗБЕДИЈА ДОЗВОЛА ЗА ПРЕНОС НА ПРИСТОЈНА МИНУТАЖА. ПОД ПРИСТОЈНА МИНУТАЖА ПОДРАЗБИРАМЕ БАРЕМ 30 МИНУТИ ПРЕНОС ОД СЕКОЈ АРТИСТ ЗА КОИ СМЕТАМЕ ДЕКА ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ ИМА ИНТЕРЕС. ОРГАНИЗАТОРОТ ОБЕЗБЕДИ САМО 3 ПЕСНИ ОД ИЗВЕДУВАЧ, ШТО Е ВО НАЈМАЛА РАКА НЕСЕРИОЗНО КАКО ЗА НАС КАКО НАЈВЛИЈАТЕЛЕН МЕДИУМ, ТАКА И ЗА ГЛЕДАЧИТЕ. ТОА ЌЕ ЗНАЧЕШЕ ДЕКА ЌЕ СЕ ВКЛУЧЕВМЕ НЕКОИ 10-НА МИНУТИ, ПА ЌЕ СЕ ИСКЛУЧЕВМЕ ОД ПРЕНОСОТ ОТПРИЛИКА ЕДЕН ЧАС, ПО ПОТОА ПОВТОРНО ПРЕНОС ОД 10-НА МИНУТИ. ОВА НЕМА НИКАКВА ПРОГРАМСКА ЛОГИКА. ОРГАНИЗАТОРОТ ВЕЌЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА ЗНАЕШЕ ДЕКА ПОД ОВИЕ УСЛОВИ НЕМА ДА ВРШИМЕ ПРЕНОС, И СЕПАК НА КРАЈ ОСТАНАА НА ТИЕ 3 МИНУТИ ПОНУДЕНИ. ВО СРЕДАТА ВЕЧЕР ГИ ИЗВЕСТИВМЕ ДЕКА КАНАЛ 5 ТВ, ЗА ОВАА ГОДИНА ЈА ОТКАЖУВА СОРАБОТКАТА”.

На прашањето дали вакви и слични проблеми имале во изминатите години и дали се задоволни од соработката со претходната локална власт и организатори на фестивалот, од “Канал 5” велат:

“МОРАМЕ ДА ПОТЕНЦИРАМЕ ДЕКА И МИНАТАТА ГОДИНА СО ОВАА СЕГАШНА ВЛАСТ, ИМАВМЕ ОДЛИЧНА СОРАБОТКА, КАКО И СО ВЛАСТА ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ. ГОДИНЕШНИОТ НИВЕН КИКС ЌЕ ГО СМЕТАМЕ САМО КАКО „МОМЕНТАЛНА ОРГАНИЗАЦИСКА СЛАБОСТ“, КОЈА СЕ НАДЕВАМЕ НЕМА ДА СЕ ПОВТОРИ ДОГОДИНА”.

Mлад македонски шампион во Германија: Виктор Димовски прави “парче” каде и да се појави (ФОТО)

Виктор Димовски е млад спортист кој е родум од Велес, а моментално живее во Франкфурт. Минатата недела Виктор го освои Интернационалниот шампионски појас во кик-бокс во Германија. Младиот шампион по победата го развиори македонското знаме и сонцето од Кутлеш, а во богатата витрина на Виктор се наоѓаат уште медалите од едно Светско првенство, два пати го освојувал интернационалниот шампионат, едно Европско првенство, како и еден појас, 8 пехари, 8 медали и 17 сертификати.