дома блог страница 3182

Урнебесно видео: Кошаркарите на вицешампионот во НБА пробуваат балканска храна

Ален Саилагиќ е најмладиот српски кошаркар кој заигра во НБА лигата, каде со екипата на Голден Стејт потпиша 4-годишен договор.

Вицешампионот на НБА лигата на својата фан страна на Твитер објави видео на кое младиот Србин купува бурек, јогурт и ќебапи, храна која потоа требало да ја испробаат неговите млади клубски колеги.

Дегустатори беа Џордан Пол и Ерик Паскал, па погледнете ја нивната реакција на балканската храна:

ПPИTBOP за прилепчанец кој од стан украл плен вреден 1,3 милиони денари

Основното јавно обвинитeлcтво Прилеп донесе Наредба за спроведување иcтpaжна пocтапка пpoтив едно лице за кое постои ocновано coмневање дека заедно со засега непознато лице извршиле kpивично дело – Тешка kpaжба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 во врска со член 22 од Kpивичниот законик – oбјави порталот “Инфо Компас”.

Ocoмничениот вечерта на 24 мај 2019 година, заедно со coизвршителот, пpoвалил во стан во Прилеп со намера пpoтивпpaвно да одземат предмети. Двајцата со погодно cpeдство ја отклучиле вратата, влегле во внатрешноста и одзеле чанта во која имало 15.200 евра и златен накит, во вкупна вредност од околу 1.300.000,00 денари.

„По образложен предлог на jaвниот oбвинител, cудиjaта на пpeтxoдна пocтапка во Ocновниот cуд Прилеп на ocoмничениот му определи мepка пpитвop во тpaeње од 30 дена“, соопшти обвинителcтвото.

Maкедонија совладана од “велесилата” Фарски Острови

Земјата која многумина не можат ни да ja пронајдат на географска карта, Фарски Острови ја совлада Македонија на ЕХФ Шампионатот во Литванија – oбјави порталот “Вардарфанс.мк”

Повторно бледо издание на црвено-жолите, тие дозволија тим од калибарот на Фарски Острови да биде тој што ќе се радува на оваа средба.

Проблемот се насетуваше уште вчера кога одвај го совладавме Косово, можеби мотицијата падна по необезбедувањето пласман во 1/2-финалето или пак поради огромниот број мечеви за краток временски период девојките неможат да одигаат на ниво.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Не е лесно да си скопјанец во Битола: Игор Џамбазов раскажува како некогаш го “кркал” во градот на конзулите (ВИДЕО)

Ретро видео од емисијата “Еден на Еден” на шоуменот Жарко Димитриоски. Се работи за емисија од шестата сезона кога гостува Игор Џамбазов.

За што точно се работи погледнете во видеото во продолжение:

“Нешто ќе те питам бабо” eчеше во Банско под Пирин Планина: “Некст Тајм” едни и единствени (ВИДЕО)

Музичкото дуо “Некст Тајм” вчера имаа настап во Банско каде ги исполнија нивните најголеми хитови, а секако неодминлив дел од нивниот настап беше и најновата преработка на песната “Нешто ќе те питам бабо”.

Погледнете како сето тоа изгледало:

На повидок големо откритие: Во Израел пронајдена куќата на Св. Петар? (ФОТО)

Археолозите во Изреал се на пат на големо откритие. Ископувањата во Галијеја на северот на земјата можеби водат до родната куќа на Св. Петар.

Остатоците се пронајдена на местото на древна црква на брегот на Галијското езеро, во рибарско село каде се родени апостолите Петар и неговиот брат Андреј.

Новооткриената црква одговара на описот на баварскиот свештеник Вилбалда кои бил тука во 725 година и навел дека црквата во Бетсадија е подигната на местото на домот на Св.Петар и Андреј.

Извор: “Pressingtv.mk”

Совети како да постапите доколку го изгубите пасошот во странство

Патувањата во странство вообичаено ги поврзуваме со убави спомени, но понекогаш и некои непредвидени ситуации се составен дел од нив. Како најнепријатна случка што може да ви се случи на некое патување е да ја изгубите или оштетите патната исправа – пасошот.

Доколку се најдете во таква ситуација и останете без валиден документ во друга држава, не е можно да го продолжите патувањето или да се вратите во земјата.

Затоа пред да тргнете на патување најдобро е да направите фотокопија на првата страна од вашата патна исправа, бидејќи така ќе имате оригинален документ што ќе ви помогне да извадите нов, а втора опција е да ја скенирате копијата од пасошот и да ја имате на мејл.

Првиот чекор што треба да се направи доколку се најдете во ваква ситуација е да проверете во хотелот во кој сте сместени случајно да не направиле фотокопија од вашиот пасош.

Потоа, на интернет пронајдете го најблискиот Конзулат или Амбасада од вашата земја, проверете кога работат и прегледајте кои сè документи треба да ги однесете за да ви дадат нов пасош. Пред да појдете во Конзулатот или Амбасадата треба да појдете во полициска станица и да пријавите дека ви е изгубена патната исправа.
По добивање на потврдата од полицијата за пријавување на изгубениот пасош потребно е да се обратите до дипломатско-конзуларните претставништво на Република Северна Македонија во земјата во која се наоѓате.
Во ДКП ќе ви биде издаден патен лист што служи само за враќање во земјата и не може да се користат за патување во некоја друга држава. Патниот лист има рок на важење 30 дена од денот на нејзиното издавање.

За добивање патен лист при губење или оштетување на патна исправа, лицето треба да приложи фотографија и документ со кој го докажува идентитетот (или фотокопија на документ).

– За оваа услуга лицето уплатува 30 евра на жиро сметка на ДКП-то. По приложувањето на документите и уплатата, патниот лист веднаш се издава, велат од МНР.

За државите со друга национална валута од еврото, таксата се плаќа во соодветната национална валута.

Доколку лицето нема документ за идентификација, податоците изнесени од нивна страна, по систем се доставуваат до МВР. По извршените проверки во рок од 48 часа МВР треба да го потврдат идентитетот на лицето, по што се издава патен лист.

За некои држави, покрај патен лист, потребно е да се достави и потврда од надлежните органи дека патната исправа е изгубена или украдена.

Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од тие земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.

Стотици Македонци заиграа македонско оро на “Ја излези Ѓурѓо” и “Велат не нема” во Грција (ВИДЕО)

Македонско оро и македонска песна одекна во Овчарани, Егејска Македонија. Голем број Македонци на заедничко дружење заиграа на “Ја излези Ѓурѓо” и “Велат не нема”, а глетката е прекрасна.

Погледнете:

Toфилоски пречекан како голема ѕвезда во косовска Дрита: Екс капитенот на Победа претставен како големо засилување (Видео)

Доскорешниот голман и капитен на Победа, Дарко Тофилоски, одбра една од повеќето понуди за премин во странски клуб. Негов избор е косовскиот прволигаш Дрита од Гнилане.

Kлубот го прими Дарко како голема голманска ѕвезда. Подготвиле видео за негово претставување пред навивачите. Во текстуалниот дел е стои дека е голман со богата кариера, оти настапувал во Швајцарија, Словачка, Ерменија и Македонија.

Дрита претходното првенство го освои 4 место, а во следното претендира на повисок пласман.

Сладоледите на Јанако во времето биле мелем за душата на цел Прилеп: Многу малку било потребно за среќа

Децата, а и возрасните, отсекогаш уживале на слатките замрзнати задоволства приготвувани и продавани од сладоледџијата Јанко со количката уште во минатиот век.

Во сирамашните периоди, да се лиже сладолед беше луксуз, што си го дозволуваа само чорбаџиските деца или повозрасните ќерки и синови.

Иако далеку понеквалитетен од денешниот, на децата им течеа лиги по усните, кога некој ќе држеше сладолед в раце и ќе се сладеше со бучкурушот од малку млеко, вода и арома на овошје или ванила.

Јанко сладоледџијата секое лето беше хит. Беше центар на вниманието насекаде каде ќе се појавеше неговата количка со сладолед. Особено триеше раце за празници.

За Велигден, децата добиваа по некоја паричка со јајцата и веднаш купуваа сладолед. Имаше врвулица моми и ергени околу Јанко за Голем Петок на Варош. Се посакуваше “гласот” на Јанко и на Ѓурѓовден. За Петровден скокаа децата до таван, кога ќе купеа сладолед, а за Свети Илија, студеното слатко задоволство беше мелем против горештините.

Им светнуваа очите и им се зацрвенуваа образите, им излегуваа насмевки на лицата од кефот на сладоледот. Кога ќе викнеше по маалото, сите излегуваа на порти. Го оставаа тутунот ненанижен и трчаа со љубопитство и со жед на нешто фантастично, кое го пробаа само малкумина. Јанко беше, небаре магнет и за оние боси, без опинци со парталави куси гаќи, и за оние со паричка, дотерани и натокмени, ко за на свадба, секој миг лете.

Со годините Јанко папса, но не се смени страста кон сладоледот. И неговите наследници во бизнисот одржуваа фамилии со сладолед, кој повеќе личеше на замрзната слатка вода, која денешниве деца не би ја намирисале, а камо ли да ја пробаат и да се разладуваат.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”