дома блог страница 3098

Изјава која ќе ве насмее до солзи: Куче имам купено, Зоки го крстив! Најпојќе лајт!

“Куче имам купено, Зоки го крстив! Најпојќе лајт! Маме му е*ам комунистичко. Морав ова да го кажам”.

Како оди на првиот училишен ден ќерката на холандскиот Крал (ВИДЕО)

Кралот на Холандија, Вилем Александер, објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како неговата ќерка, принцезата Ариане заминува на првиот училишен час.

Таа е сега осмо одделение и ќе посетува настава во Христијанската Гимназија во Хаг.

Можеме и умееме во се’: Македонците трети на Олимпијадата по геонауки во Јужна Кореја

Македонското географско друштво учествуваше на XIII Светска олимпијада по геонауки IESO-2019 во Даегу, Јужна Кореја.

“Се враќаме со бронзен медал од севкупната категорија, едно злато во категоријата теренски анализи и две бронзи од практичните истражувања и презентации”, пишува во краткото известување на Фејсбук страната од друштвото.

Македонка именувана во Топ 30 влијателни жени во Хјустон

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) му честита на нашиот претставник за Хјустон, Тексас, Оливера Јанковска за добивањето на наградата Топ 30 влијателна жена на Хјустон за 2019 година на 23 август 2019 година.

Јанковска, која беше добитник на Наградата за волонтерски сервис на американскиот претседател во 2017 година и ОМД Награда за македонска дијаспора 40 под 40 години во 2015 година, е шампион за правата на децата и го претставува УНИЦЕФ како глобален граѓанин – пишува во соопштението испратено од Обединетата македонска дијаспора.

Крај на трансфер пазарот: Овие 10 екипи потрошија најмногу летово

Tрансфер маркетот од полноќ е затворен, а овие клубови потрошија најмногу пари ова лето.

Одиме по ред! На десетта позиција се најдува Баерн Минхен кој за трансфери издвои 143 милиони евра.

Во тимот на баварците пристигнаа: Лукас Хернандез, Бенжамен Павар, Иван Перишиќ, Фелипе Кутињо и Микаел Куизанс.

На деветтото место е Астон Вила со потрошени 134 милиони евра.

Во повратникот во Премиер лигата пристигнаа: Весли, Рајрон Мингс, Даглас Луиз, Мат Таргет и Ром Хитон.

Осмата позиција ја зазема Арсенал со потрошени 152 милиони евра.

Кај популарните топџии пристигнаа: Николас Пепе, Вилиам Салиба, Киеран Тиерни, Давид Луиз, Габриел Мартинели и Дани Себаљос.

На седмото место е Севиља, а тимот од Шпанија потроши високи 158 милиони евра.

Во нивните редови пристигнаа: Жил Кунде, Диего Карлос, Лукас Окампос, Фернандо, Жоан Џордан, Манс Дабур, Серхио Регуиљон, Лук де Јонг, Оливер Торес, Чичарито и Гудељ.

Шестата позиција е за Манчестер Јунајтед, а црвените ѓаволи летово потрошија 159 милиони евра за тројца играчи.

Кај црвените од Манчестер пристигнаа: Хари Мегваер, Ван Бисака и Даниел Џејмс.

Петтото место е за Интер со потрошени 170 милиони евра

Во тимот од Милано нови засилувања се: Ромеу Лукаку, Валентино Лазаро, Матео Политано, Алексис Санчез и Диего Годин.

Четвртата позиција е за осумкратниот последователен освојувач на Сериа А, а старата дама ова лето потроши 192 милиони евра.

Пристигнаа: Маријас де Лихт, Данило, Кристијан Ромеро, Лука Пелегрини, Мерих Демирал, Арон Ремзи, Адриен Рабио и повратниците Буфон и Игуаин.

На трето место е Атлетико Мадрид со потрошени неверојатни 247 милиони евра.

Кај јорганџиите пристигнаа: Жоао Феликс, Маркос Љоренте, Марио Хермосо и Киеран Трипиер.

На второ место е Барселона од каде летово потрошија 255 милиони евра за засилувања.

Кај Барса пристигнаа: Антоан Гризман, Френки де Јонг, Нето и Жуниор Фирпо

И на првата позиција е Реал Мадрид, а кралевите за трансфери летово потрошија огромни 305 милиони евра

Во тимот на кралевите пристигнаа: Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао, Ферланд Менди, Родриго и Ареола.

(Видео) Meгаypaганот снимен од вселената: Дури сега се гледа колку е oпaceн “Доријан”

Астрoнаутот на Европската вселенска агенција Лука Пармитано направи неколку фотографии од ypaганот “Доријан” од вселената.

Heвpeмето во моментот кога се направени фотографиите е од четврта категорија, но сеуште се засилува со “kaтacтpoфални удари на ветер”, соопштено е од Националниот центар за ypaгани.

Десет имиња со силно и моќно значење: Проверете дали вашето е едно од нив

Сите имиња имаат некое значење, кое доаѓа од изворните варијанти на латински, старогрчки, старословенски или некој друг јазик.

Избравме десет имиња, и машки и женски, кои имаат прекрасни значења и со нив нема да погрешите, ако ги дадете на своето дете.

Адријана/Адријан – потеклото на ова име е поврзано со латинското име на преубавото Јадранско Море.

Клаудија – доаѓа од зборот „claudius“, во буквален превод значи „нежен и оштетен“, но во други варијанти значи и сјаен и цврст. Било многу често во Стар Рим.

Стела – има единствено значење, ѕвезда.

Луција – латинското значење на ова име е светлина и сјај.

Валерија – ова име означува силна, јака и здрава жена.

Оливија – во буквален превод значи маслинка, која пак е симбол на надеж.

Доминик – значењето е господар или владетел, како и господин.

Вера – доаѓа од зборот „veritas“ што значи вистина.

Емилио/Емилија – нова адаптирана верзија на латинското Емилијанус, што значи мажественост и цврстина.

Лара – ова име има прекрасно значење – заштитничка.

Maркови точакџии од Прилеп по втор пат го искачија планинскиот џин Кајмакчалан и приредија прекрасно изненадување (Фото галерија)

Осуммина велосипедисти од Прилеп направија вистински храбар потег искачувајќи го планинскиот врв Кајмакчалан со велосипеди.

Дел од екипата беше и Мартина Николовска од Битола, девојка која ги заслужува сите пофалби за храброста и издржливоста.

Сите се дел од Здружението на граѓани “Maркови точакџии” и во периодот во кој постојат имаат спроведено долги и тешки експедиции.

Дел од оваа екипа на Кајмакчалан со велосипеди се искачија и минатата година, но сите до еден заслужуваат еден куп пофалби за посветеноста кон спортот и мисијата за ширење на велосипедската култура која ја носат со себе.

Кајмакчалан е еден од најтешките врвови за искачување во Македонија, а екипата на “Маркови точакџии” стигнале до највисоката точка за 7 часа.

На врвот приредиле и едно прекрасно изненадување за нивниот член Филип Илиоски, на кого на уникатен начин му го честитале неговиот роденден.

ГАЛЕРИЈА: “Мовче од 500.000 eвра за “болиди” од 1.000.000 евра, само во Прилеп?

Започна реконструкцијата на мостот на градската река на улицата “Трајко Николоски” во населбата “Сточен пазар”.

За реконструкција на овој мост општина Прилеп ќе потроши високи 500.000 евра, а по него ќе треба да се движат и четирите нови автобуси, кои Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање ги купи за околу 1 милион евра.

И за едниот и за другиот проект постојат обвинувања од опозицијата дека постои сомнеж за злоупотреба на буџетот од општината.

За мостот на градска река од ВМРО-ДПМНЕ неодамна истакнаа дека Советот на општината изгласал 8 милиони денари, а тендерот за реконструкција на мостот е вреден 30 милиони.

Додека пак за автобусите од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп прашаа како е можно секој од нив да вреди по 250.000 евра, а исти такви автобуси во Данска се за 100.000 евра поевтини.

Гркинка збecна поради името Maкедонија покрај нашиот пливач на СП за глуви

Натпис „Македонија“ до македонски спортист не останува незабележан од Грците ни кога станува збор за Светско првенство во пливање за глуви, а виновник за неспокојот на југ од „Северна“ е Андреј Стојаноски – oбјави “Експрес.мк”.

Фотографијата од единствениот претставник на Македонија на петтиот мундијал, кој се одржа од 25 до 31 август во бразилскиот град Сао Паоло, предизвика реакција од Магдалени Игнатиаду на Твитер.

„Светско првенство во пливање во Бразил. Честитки за Вашата изведба господине, но го прекршивте Договорот од Преспа….

Откажете го, тие немаат намера да се придржуваат до договореното ни сега, а камоли по години. #Македонија е грчка“, твитна загрижената Гркинка од Воден.

Стојаноски достојно ја презентира Македонија, освојувајќи го петтото место на 200 метри мешано, седмото на 400 м мешано, осмото на 200 м слободно, деветтото на 1.500 м слободно и десеттото на 800 м слободно.

Извор: “Експрес.мк”