дома блог страница 3097

AПOKAЛИПTИЧHA ГЛETKA: Прашина го пpoголта познатиот туристички град во Албанија (Видео)

Голема количина прашина на минерали е ослободена вчера во пристаништето на Драч, а поради облаците, прашината се прошири низ целиот град создавајќи „апokaлиптична“ глетка.

Во видеото објавено од Топ Чанел се прикажува состојбата во овој крајбрежен албански град.

Црковниот хор Св. Петка врши прием на нови членови: Сите кои негуваат љубов кон црковното пеење се добредојдени

СООПШТЕНИЕ НА ЦРКОВНИОТ ХОР СВ. ПЕТКА ОД ПРИЛЕП

“Почитувани сограѓани, нашиот црковен хор “СВЕТА ПЕТКА”, за новата хорска сезона, ЌЕ ВРШИ ПРИЕМ НА НОВИ ЧЛЕНОВИ.

Сите заинтересирани граѓани коишто негуваат љубов кон музиката и црковното пеење, ГИ ПОКАНУВАМЕ да дојдат на консултации во просториите на храмот Света Петка (нас.Точила), на Почетокот на ИНДИКТОТ (Црковната Нова Година), САБОТА 14-ти Септември 2019г. од 14-16ч”.

“… Пејте Му на нашиот Бог, пејте Му… Пејте Му на нашиот Цар, пејте Му… Пејте Му на Бога пофални песни…” (Псалм 47)

ФЕЈСБУК СО ПРОМЕНИ: Ќе се ykине омилената опција на корисниците

Истражувачи на апликации пронашле во Андроид Фејсбук – код опција, која ги сокрива бројот на лајкови, баш како што тоа планира да го направи Инстаграм.

Со активација на овој код се сокрива бројот на лајкови за сите, освен за оној кој го објавил статусот. Сите останати ќе видат само неколку лајкови од своите пријатели и дека и останатите ја лајкувале објавата, но не и колку точно лајкови има.

Фејсбук после ова откритие потврдиле за медиумите дека навистина планираат да спроведат тестирање за сокривање на лајковите од Фејсбук објавите, но тестот сè уште не почнал.

Во зависност од реакциите на корисниците, Фејсбук би го унапредил овој систем и на крајот ќе го пушти кај сите или ќе го отфрли.

Приказни за влacта: Детето кое остана без мajка и без милocт од Мила

Koлумна на Маја Славева за “Peпублика.мк”

Животе-скоте! Почитувани читатели, ќе ве замолам да читате внимателно, темата е доста сензитивна. Ви благодарам.

Си било едно дете. Детето си растело со мајка му и со татко му. Имало и баба, и дедо и најсакан вујко. Можеби било среќно додека растело, но не се сеќавало многу на тоа. Се сеќавало на ќотекот којшто го добивала неговата сакана мајка од неговиот татко. На викањата, на молењата, на мирисот на алкохол, на непроспиените ноќи и солзите. Се сеќавало и на нивниот развод и живеењето со неговиот татко поради којшто имал психички трауми. Иако постоеле и медицински белешки за лошата психичка состојба на детето предизвикана од таткото, социјалните работници не сакале ни да ги погледнат. Но, за среќа, подоцна судот одлучил детето да живее со мајката поради тоа што дете под 10 години не смее да биде одделено од мајката.

Детето започнало нов живот со мајката, нејзините родители и нејзиниот брат. Со таткото се гледало само во период кој бил одреден, но и тоа не траело долго. Детето плачело за да биде вратено кај мајката, па таткото го враќал по еден час.

Имало детето и маќеа кај таткото, како и во секоја приказна има и лоши вештерки, но оваа е една од многуте во оваа приказна. Таа го капела детето на ниски температури. Го измрзнувала и малтретирала. Детенце кое не знае ниту името да си го каже како што треба. Маќеата го измрзнувала, а татко му не му дозволувал да јаде. „Ќе јадеш кај мајка ти кога ќе си одиш“-му велел. Татко.

Многупати заборавал да го земе од градинка. Детето било оставено само во просториите на градинката, како последно гревче, да го чека својот татко да го земе. Таткото си го заборавил сопственото чедо.

На крај, му го укинале на таткото решението за средби. А и детето не сакало повеќе да биде со својот татко. Не сакал ниту да го гледа, ниту да го слуша. Му било страв.

Детето го продолжило својот живот со мајката, баба, дедо и вујче кога во животот се појавил тој. Монструмот. Новиот пријател на мајка му кој се колнел дека ќе ги сака и чува и двајцата. По едно недоразбирање „пријателот“ на мајка му во пијана состојба пред очите на детето ја избодил со нож 7 пати неговата мајка. Неговата сакана мајка! Детето избегало и иако мало успеало од неговиот мобилен телефон да повика полиција. Но, веќе било доцна. Неговата мамичка веќе била на Небото. Монструмот му ја одземал!

Заедно со баба му, дедо му и вујко му се трудат да ја пребродат нивната огромна загуба. Тага, солзи, трауми и стрес. Малото дете сега имало само 10 години.

Баба му и дедо му биле условно осудени поради тоа што не испочитувале одлука на социјалните работници во која самите социјални работници го згрешиле датумот за средба со таткото.

И додека траела таа голгота, не земајќи ја во предвид психолошката состојба на детето и медицинските белешки, детето било без старател. Немало кој да го застапува на суд, немало кој да го осигура, немало кој да му се потпише на документ за на училиште.

Неговата сакана мајка имала добиено социјален стан на користење од државата како самохран родител кој сега припаѓал на детето, но немало старател кој би можел да го потпише сето тоа. Не можело да поднесе ниту барање за пензија од својата мајка без старател.

И додека монструмот му ја убил мајката, државата му ги ускратила и неговите баба, дедо и вујко како старатели во кои гледа единствен спас и утеха. Таткото го барал детето само поради оштетата која требало да ја добие детето поради убиството на мајка му…

Почитувани читатели, ова е напишано според вистински, тажен, трауматичен живот во градот на тутунот. Детето сеуште има 10 години и сеуште живее со баба му, дедо му и вујко му, како што впрочем и сака. Вујко му му е и мајка, и татко, и брат, и сестра, и се на светот! Таткото не го бара, не се јавува, освен преку социјалните служби. Судска одлука за старател сеуште нема. А, детето сеуште плаче…

За ваквите случаи власта треба да има и слух, и вид, и чувство! Ваквите деца треба да бидат чувани, министерке Мила. Се надевам некој ќе ти го покаже писаниево и приказната ќе допре до тебе. Ова не е молба. Ова е твоја должност која треба да ја сработиш, средиш и дотераш. Затоа што ова е само еден 10 годишен живот кој на никого не згрешил, а сите го трауматизирале. Заштитете го детето!

И на 34 години е неверојатен: Погледнете го овој стpaшен спринт на Роналдо за 10 секунди (ВИДЕО)

34-годишниот Кристијано Роналдо сеуште е во топ форма и растура по терените. Тоа го докажа и во дерби натпреварот против Наполи каде постигна еден гол, а покрај тоа на социјалните мрежи се појави еден момент кој зборува за неверојатната физичка подготвеност на Португалецот.

Погледнете како Роналдо го претрчува речиси цел терен за десетина секунди:

Сеуште активен пожapoт во прилепско: Зафатени 100 хектари со ниска дабова шума и сува трева

Пожарот кој започна на ден 01.09.2019 година на потегот на с. Подвис кон с. Годивле, општина Крушево е сеуште активен. Гори ниска дабова шума, сува трева и стрниште, информираат од Центарот за управување со кризи.

Зафатена е површина од околу 100 хектари. Во текот на вчерашниот ден во негово гаснење интервенирале работници од ШС Липа од Крушево, и пожарникари од ТППЕ Кривогаштани и од ТППЕ Крушево. Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

TPИ ПPИJABИ ВО ЕДЕН ДЕН ЗА ФИ3ИЧKИ HAПAДИ ВО ПРИЛЕП

Три приjaви за физичko нacилcтво во ист ден примила Полициckaта cтаница во Прилеп.

На 01 септември во Полициckaта станица Прилеп, 37 годишно лице од Прилеп пријавил дека на 31 август во паркот на Могилата во Прилеп неговиот малолетен син бил физичkи нaпaднaт од 14-годишник од Прилеп.

Исто така на 01 септември во Полициckaта станица Прилеп, 32 годишно лице од Прилеп пpиjaвил дека околу 03.00 часот на ул. „Сотка Ѓорѓиоски“ бил физичkи нaпaднaт од две лица.

Истиот ден во Полициckaта станица Прилеп, 61 годишно лице од Прилеп пpиjaвил дека во населба „Точила“ бил физичkи нападнат од едно лице.

Прилеп пocиpoмашен за еден културен настан: Го нема повеќе џез фестивалот

(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)

“УБИЈЦИ НА JAZZ-от

Овој викенд, последниот во август, во Прилеп ТРЕБАШЕ да се одржи 8-от по ред PRILEP JAZZ WEEKEND. За жал, после 7 години успешно живеење, џез фестивалот во Прилеп е УБИЕН!

На големо задоволство на прилепските љубители, на летната сцена од Домот на кулутурата „Марко Цепенков“, во текот на седумте години постоење на фестивалот, од Европа и регионот продефилираа познати имиња од можеби најслободната форма на музичко изразување и воопшто на урбаното живеење – џезот.

PRILEP JAZZ WEEKEND прерасна во препознатлив македонски бренд, веднаш после скопскиот, и со него Прилеп се вброи во листата на урбани градови во кои се негуваат вистински вредности и културни-музички содржини.

Првиот сериозен удар на PRILEP JAZZ WEEKEND му го зададе Министерството за култура, кое ниту минатата ниту оваа година не додели средства за негово одржување а вториот, и смртоносен, претпоставувам, му го нанесе Локалната самоуправа, во чија организација е фестивалот, која, очигледно, не сака да негува вакви настани и вредности туку сосема поинакви, како на пример турбо-фолк „вредности“ и „певаљки“ од типот на Цеца.

Што да рече човек а да не згреши! Еве не знам. Можеби, едноставно, тоа е посилно од нив и повеќе го сакаат турбо-фолкот од џезот. Можеби нивното музичко образование и култура не стигнале до тој степен. Можеби сите пари ги потрошија на Цеца. Или, можеби, како што некој рече, се работи за некаков инает и политички реваншизам па се’ што направила претходната власт, сакаат да уништат. Кој ли ќе знае?

Барем некој од Локалната самоуправа да се одважеше и да и објаснеше на прилепската публика зошто оваа година нема џез во Прилеп!”

ВИДЕО: Како грандиозно МАКЕДОНИЈА прослави 20 години независност – А, денес…?

Еве како на 8-ми Септември 2011 година Македонија прослави 20 години независност, самостојна и суверена државност.

За оваа година кога ќе се празнуваат 28 години од независноста, програмата сеуште не е позната.

Пет знаци на лоша бенка – Меланомот е еден од наjoпacните видови канцep

Секогаш имајте на ум дека меланомот е еден од најопасните видови канцер, кој се развива прилично брзо. Поради тоа, важно е да знаете да ги разликувате опасните бенки што може да се претворат во меланом.

Асиметрија: Ако бенката е асиметрична, односно има неправилна форма и неправилни рабови, тогаш одете на лекар.

Заматена граница: Границата на бенката е матна и нејасна. Не можете јасно да ги исцртате границите на бенката.

Боја: Нормалната бенка има еднаква боја, најчесто кафеава. Ако вашата бенка има чудна боја, веднаш посетете дерматолог. Бојата на меланомот може да биде различна: сина, темнокафеава, бела, па дури и неколку бои одеднаш. Уште полошо е ако околу меланомот се појави црвенило или поинаква боја од онаа на кожата.

Димензии: Нормалната бенка не е поголема од половина сантиметар. Меѓутоа, не е секоја поголема бенка меланом. Ако имате голема бенка, задолжително одете на лекар, за да не се сомневате.

Чувствителност: Ако чувствувате непријатност кога ќе ја допрете бенката, ако ве чеша или боли, тоа е знак на меланом.

Што да правите понатаму?
Ако воочите некоја од горенаведените промени на бенката, задолжително посетете лекар. Не паничете. Откривањето на меланомот во рана фаза е сосема излечиво. Според статистиката, меланомот во рана фаза е излечив во 98% од случаите.

Како да се заштитите од меланомот?
Прво прегледајте го телото и сите бенки. По 6 месеци повторно внимателно прегледајте го телото. Ако воочите каква било промена на бенките, одете на лекар.

Лекарот ќе предложи отстранување на критичните бенки: оние што се издвојуваат или оние што се во пределот на пазувите, половината, градите… Не ја одбивајте оваа процедура, бидејќи оваа постапка е безболна и не остава траги на кожата.