дома блог страница 3099

(Видео) Meгаypaганот снимен од вселената: Дури сега се гледа колку е oпaceн “Доријан”

Астрoнаутот на Европската вселенска агенција Лука Пармитано направи неколку фотографии од ypaганот “Доријан” од вселената.

Heвpeмето во моментот кога се направени фотографиите е од четврта категорија, но сеуште се засилува со “kaтacтpoфални удари на ветер”, соопштено е од Националниот центар за ypaгани.

Десет имиња со силно и моќно значење: Проверете дали вашето е едно од нив

Сите имиња имаат некое значење, кое доаѓа од изворните варијанти на латински, старогрчки, старословенски или некој друг јазик.

Избравме десет имиња, и машки и женски, кои имаат прекрасни значења и со нив нема да погрешите, ако ги дадете на своето дете.

Адријана/Адријан – потеклото на ова име е поврзано со латинското име на преубавото Јадранско Море.

Клаудија – доаѓа од зборот „claudius“, во буквален превод значи „нежен и оштетен“, но во други варијанти значи и сјаен и цврст. Било многу често во Стар Рим.

Стела – има единствено значење, ѕвезда.

Луција – латинското значење на ова име е светлина и сјај.

Валерија – ова име означува силна, јака и здрава жена.

Оливија – во буквален превод значи маслинка, која пак е симбол на надеж.

Доминик – значењето е господар или владетел, како и господин.

Вера – доаѓа од зборот „veritas“ што значи вистина.

Емилио/Емилија – нова адаптирана верзија на латинското Емилијанус, што значи мажественост и цврстина.

Лара – ова име има прекрасно значење – заштитничка.

Maркови точакџии од Прилеп по втор пат го искачија планинскиот џин Кајмакчалан и приредија прекрасно изненадување (Фото галерија)

Осуммина велосипедисти од Прилеп направија вистински храбар потег искачувајќи го планинскиот врв Кајмакчалан со велосипеди.

Дел од екипата беше и Мартина Николовска од Битола, девојка која ги заслужува сите пофалби за храброста и издржливоста.

Сите се дел од Здружението на граѓани “Maркови точакџии” и во периодот во кој постојат имаат спроведено долги и тешки експедиции.

Дел од оваа екипа на Кајмакчалан со велосипеди се искачија и минатата година, но сите до еден заслужуваат еден куп пофалби за посветеноста кон спортот и мисијата за ширење на велосипедската култура која ја носат со себе.

Кајмакчалан е еден од најтешките врвови за искачување во Македонија, а екипата на “Маркови точакџии” стигнале до највисоката точка за 7 часа.

На врвот приредиле и едно прекрасно изненадување за нивниот член Филип Илиоски, на кого на уникатен начин му го честитале неговиот роденден.

ГАЛЕРИЈА: “Мовче од 500.000 eвра за “болиди” од 1.000.000 евра, само во Прилеп?

Започна реконструкцијата на мостот на градската река на улицата “Трајко Николоски” во населбата “Сточен пазар”.

За реконструкција на овој мост општина Прилеп ќе потроши високи 500.000 евра, а по него ќе треба да се движат и четирите нови автобуси, кои Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање ги купи за околу 1 милион евра.

И за едниот и за другиот проект постојат обвинувања од опозицијата дека постои сомнеж за злоупотреба на буџетот од општината.

За мостот на градска река од ВМРО-ДПМНЕ неодамна истакнаа дека Советот на општината изгласал 8 милиони денари, а тендерот за реконструкција на мостот е вреден 30 милиони.

Додека пак за автобусите од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп прашаа како е можно секој од нив да вреди по 250.000 евра, а исти такви автобуси во Данска се за 100.000 евра поевтини.

Гркинка збecна поради името Maкедонија покрај нашиот пливач на СП за глуви

Натпис „Македонија“ до македонски спортист не останува незабележан од Грците ни кога станува збор за Светско првенство во пливање за глуви, а виновник за неспокојот на југ од „Северна“ е Андреј Стојаноски – oбјави “Експрес.мк”.

Фотографијата од единствениот претставник на Македонија на петтиот мундијал, кој се одржа од 25 до 31 август во бразилскиот град Сао Паоло, предизвика реакција од Магдалени Игнатиаду на Твитер.

„Светско првенство во пливање во Бразил. Честитки за Вашата изведба господине, но го прекршивте Договорот од Преспа….

Откажете го, тие немаат намера да се придржуваат до договореното ни сега, а камоли по години. #Македонија е грчка“, твитна загрижената Гркинка од Воден.

Стојаноски достојно ја презентира Македонија, освојувајќи го петтото место на 200 метри мешано, седмото на 400 м мешано, осмото на 200 м слободно, деветтото на 1.500 м слободно и десеттото на 800 м слободно.

Извор: “Експрес.мк”

БРАВО: Мали хумани xepoи- Петгодишната Андреа од Струга coбра 8.000 денари помош за бoлниoт Стефан од Скопје

Петгодишната Андреа Костовска од Струга собра 7.912 денари во својата хуманитарна акција за Стефан Ивановиќ од Скопје.

Малечката Андреа деновиве продаваше ладни сокчиња за топли срциња во чаршијата во Струга, а собраните пари ќе бидат уплатени на сметката на Стефан кој боледува од церебрална парализа.

Стефан Ивановиќ боледува од тешка болест, а живее без струја, бидејќи долгот од 4.000 евра, не може да го плати. Тој од неодамна живее и без својата мајка која починала пред еден месец.

Секој денар е добредојден за Стефан. Ако сакате и можете да му помогнете неговата сметка е: Стопанска Банка: 20002892730306 ( мкд сметка) Iban: Mk07200003261742653 SWIFT-STOBMK2X Стефан има потреба и од малку храна претежно сува бидејќи нема каде да готви. Кој колку може нека помогне. Стефан може да го добиете на 072/512457.

Heвеpojaтно! Најголемата пожpтвувaнocт во историјата на фудбалот (Видео)

Екипата на Ростов викендов имаше тешко гостување во главниот град на Русија каде победи во дербито против Локомотив Москва и се задржа на врвот од табелата.

Херој на натпреварот за Ростов беше бекот Евгенија Чернов, кој пожртвувано спаси израмнување.

Ова не се гледа секој ден и вреди да се пушти неколку пати!

Плочките во купатилото ќе блескаат како нови – испрскајте ги со средство кое сами дома ќе го направите

Сите жени ќе се сложат дека одржувањето на домот е прилично тешка работа (која никогаш нема крај), а тука посебно би ги истакнале најопасните зони – кујната и бањата (покрај детската соба, секако).

Денес ќе се задржиме на бањата. Навистина е тешко да се одржува бањата чиста, а средствата за чистење кои ги купуваме се многу јаки, а често и многу скапи. За среќа, постојат подеднакво ефикасни средства кои можеме да ги направиме сами и кои нема многу да не чинат. Така, воопшто нема потреба да ги купуваме скапите средства преполни со најразлични хемикалии кога истите, ако не и подобри резултати, можеме да постигнеме со сосема природни средства.

Кога станува збор за бањата (а и кујната), една од најтешките работи е чистењето на фугите помеѓу плочките. Ако и вие имате проблем со ова, ви нудиме одлично природно средство со помош на кое вашите плочки ќе светнат. Се што ви е потребно се 3 состојки кои сигурно веќе ги имате дома – сода бикарбона, лимон и алкохолен оцет. Со ова ефикасно средство ќе ги извадите нечистотиите од плочките и од фугите без никаков проблем и без никакви несакани последици.

Потребни состојки: 1 литар вода, 1/2 чаша сода бикарбона, 1/3 чаша сок од лимон, 1/4 чаша алкохолен оцет

Начин на подготовка: Измешајте ја содата со водата и потоа додадете го сокот од лимон, и на крај додадете го оцетот. Ќе дојде до мала хемиска реакција и затоа почекајте да се смири и потоа можете да го користите средството.

Како се користи:

Најдобро е да ја ставите течноста во шише со распрскувач бидејќи така ќе ви биде полесно да ја користите. Испрскајте ги плочките со средството и оставете да делува барем половина час . Потоа убаво истријте со сунѓерче или со четка.

Ќе бидете воодушевени од резултатите!

Вучиќ: Нема да дозволам kpиминалци како Боки 13 да peшаваат кој ќе биде на влacт во Србија (Видео)

Претседателот на Србија одговори негативно на барањето на опозицијата за формирање преодна техничка влада. Лидерите на Двери и на ЛДП Бошко Обрадовиќ и Чедомир Јовановиќ пред неколку дена изјавија дека решение за излез од политичката криза во која се наоѓа Србија во пресрет на предвремените парламентарни избори на Косово е да се следи примерот од Македонија и да се формира влада во која ќе има претставници и на опозицијата.

–Тој филм нема да го гледате. Додека сум жив, нема да има преодни влади, туку само влада на народот, народот ќе одлучува кој ќе биде влада. Додека сум жив нема да одредуваат криминалци кој ќе биде на власт. Овде нема да има никаков Боки 13, рече Вучиќ.

Со оглед дека во Србија, во наоѓање излез од политичката криза помагаат и поранешните европратеници Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, Вучиќ порача дека тој нема да дозволи меќународната заедница да се меша во српската политика.

–И нема Владата на Србија да ја одредуваат странци, туку граѓаните на Србија. И нема ниту еден претставник на меѓународната заедница да ми соли памет како да изгледа Владата, туку нашиот народ. Вие странци сте добредојдени. Но, да ја уривате владата и да ги донесете на власт тие што не ја добиле довербата од народот, сиктер, нема ништо од тоа, рече Александар Вучиќ.

(Видео) Турчин испи литар Кока Кола на екс – погледнете што му се случи

Турчин прифати пpeдизвик и се согласи да испие цело литро Кока Кола на екс и го доби облогот со своите колеги.

Погледнете: