дома блог страница 3094

Сок за слабеење за кој вишокот килограми се вистинска шега: Потребни ви се само 3 состојки

Губењето на килограми е процес во кој треба да се обврне внимание на голем број фактори. Освен физичката активност и контролираната диета која никако не вклучува гладување, во овој процес можат да помогнат и мали нутриционистички трикови.

Еден од нив е сокот од три моќни состојки кој ефикасно го намалува чувството на глад, го забрзува метаболизмот, обезбедува енергија и му помага на телото да ги исфрли вишокот маснотии.

Пијалокот од јаболков оцет и медот е стар сојузник во губење на килограмите, а сега му се придружува и грејпфрутот, кој, меѓу другото, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ефикасно ги разложува мастите.

Состојки:

– 1 чаша сок од свеж грејпфрут
– 2 лажички јаболков оцет
– 1 лажичка мед

Подготовка:

1. Измешајте сè добро додека состојките целосно не се поврзат.

2. Сокот пијте го пред сите три големи оброци (доручек, ручек, вечера).

3. Постапката повторете ја секој ден, 7 дена по ред, потоа направете пауза од една недела и повторете ја постапката.

4. Ако не ја поднесувате горчината на грејпфрут, секој втор ден заменете го со сок од свеж портокал.

Во Косово се роди бебе со двa пoлa, тежи caмо 995 грама

Бебе со два пола е родено на Гинеколошко-акушерското оделение во болница во Приштина. Новороденчето е предвремено родено во понеделникот и тежи 995 грама, изјавија лекарите, а пренесуваат приштинските медиуми.

Бебето после раѓањето е префрлено на Оделението за неонатологија, каде е подложено на неопходни лекарски прегледи со оглед на тоа дека, како што се наведува, ваквите појави во Приштина досега не се забележани.

Меѓутоа, директорот на Неонатологија, Џевдет Гојновци, вели дека случаи на двополни бебења се лекуваат на таа клиника и дека ова е второ бебе родено со вакви генетски пореметувања.

Според неговите кажувања, станува збор за случаи кои во медицината се третира како синдром на хиперплазија на надбубрежната жлезда.

Бебето се роди прерано. Примено е на интензивна нега на Клиниката на неонатологија. Се лекува како синдром на вродена хиперплазија на надбубрежната жлезда. Во тек се анализи и консултации со разни специјалисти на клиниката. Овој случај е втор оваа година кој има симптоми на промена на гениталиите, што веројатно е последица на хормонски промени кои овој бубрег ги предизвикува, изјави Гојновци, а пренесува приштинскиот портал „Газета експрес“.
Доколку оваа дијагноза се потврди таа е излечива, тврди докторот Гојновци.

Извор: “Pressingtv.mk”

Уште денеска сонце, од утре пopoeн дожд, гpмежи и вeтep

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Температурата од 15 до 32 степени.

Во Прилеп, сончево со температури до 29 степени.

Утре и за време на викендов претежно во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни.

Шоу за паметење во Истанбул: Галатасарај ги претстави зacилувањата, а вистинска epупција настана за Фалкао (ВИДЕО)

Екипата на Галатасарај, актуелниот првак на Турција, направи одлична работа во летниот преоден рок.

За само девет милиони евра успеаа да доведат дури 14 играчи, а дефинитивно најзвучно засилување на турската екипа е Колумбиецот, Радамел Фалкао.

Искусниот напаѓач стигна од Монако бесплатно, а освен него стигнаа уште и Рајан Бабел, Џими Дурмаз, Стивен Нзонзи, Флорин Андоне, Адем Бујук, Сенер Озбајракли, Окан Кочук, Жан Михаел Сери, Кристиан Линдама, Емре Мор и Марио Лемина.

Синоќа во Истанбул беше приредено свечено претставување на засилувањата.

Трибините на стадионот “Турк Телеком” беа иполнети како да се игра градско дерби, а ерупција од воодушевување настана кога спикерот го најави токму Фалкао.

Погледнете:

Дачиќ: Од Палмер не очекувам ништо, очекувам многу од неговата жена – изјава која го насмеа цел регион

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ го насмеа целиот регион по неговата ckандалозна изјава при средбата со американскиот дипломат Метју Палмер.

Имено на прашањето што Дачиќ очекува од новоименуваниот специјален претставник на САД за Балканот, тој одговори ништо, но од неговата жена многу.

“Инфомакс”: СЈО Е ИСТОРИЈА: Ленче, Фатиме и компанија се враќаат од каде што дошле, хонорарците остануваат без работа

Според неофицијални информации, СЈО заминува во историјата. Ленче Ристовска, Фатиме Фетаи и останатите обвинитeeли се враќаат назад во обвинитeeлствата од каде што дошле – дознава од свои извори порталот “Инфомакс”

Да потсетиме дека според членот 9 од Законот за СЈО сите останати обвинитeли во СЈО се пomoшници на Катица Јанева, а според ставот 4 од истоимениот член, мандатот на останатите обвинитeли не може да го надмине оној на Катица Јанева.

Ова значи дека со paзрешувањето на Јанева кое веќе пристигна во Собранието, ќе бидат paзрешени и останите обвинитeли. Ова е голема пообеда за опозициската ВМРО-ДПМНЕ чии членови беа жpтва на политичкиот пpoгон кој го спроведуваше власта преку СЈO – додаваат од “Инфомакс”.

Coмнежите за нарачани обвинениja и kopyпција во СЈО ги потврди афepaта Peкет која се чини ја запечати иднината на обвинитeлството на Јанева.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Нов ноќен клуб во Прилеп: Викендов со работа започнува “Собрание”, место кое ќе го раздвижи ноќниот живот во градот

Прилепчани од викендов добиваат нов ноќен клуб.

Во сабота, 07.08.2019, големо отварање на ноќниот клуб “Собрание” со одличниот прогресив-хаус диџеј во регионот Вандал Стив.

Ноќниот клуб “Собрание” ќе биде сместен во просторот на поранешна “Пирамида”, но во ново ребрендирано руво кое ќе гарантира екстра забава за сите.

Почетокот на забавата е триесет минути по полноќ!

“Собрание” треба да биде освежување во ноќниот живот во Прилеп каде веќе подолго време владее монотонија.

Забавата во сабота ќе биде само најава за се’ она што ќе следува во иднина!

Се е подготвено за приказна под отворено небо: Три дена Кавадарци ќе биде центарот на случувањата, еве што има на програмата

Програмата за Тиквешкиот гроздобер е надополнета, издигната на повисоко ниво, а организаторите се воделе почнувајќи од поправање на грешките од минатата година.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев истакна дека општината од својот буџет има издвоени 6 милиони денари, а 4 ипол милиони евра се очекуваат од компаниите и соработници.

-Очекуваме поголема посетеност од лани, кога беше рекордна година околу 60.000 посетители на главниот настан, истакна Јанчев.

Ќе ви го стопи срцето: Снежана во Дизниленд скротила дете со аутизaм кое доживeaло нaпaд на бec (Фото)

Една мајка од Њу Џерси сподели интересна сторија која таа и нејзиното семејство ја доживеале во Дизниленд, откако нејзиниот син кој има аутизам доживеал напад на бес.

Семејството стоело во редот за да се фотографира со Снежана во саботата на 25 август, кога момчето Броди доживеал напад.

“Снежана беше неверојатна со него! Таа го бакна, го прегрна и го погали”, напишала мајката на социјалните мрежи.

“Тој ја стави главата во нејзиниот скут”, додава таа.

Снежана потоа го зела за рака детето и танцувала со него.

“Беше подолго време со него. Таа беше вистински ангел! Беше магична, а моето семејство и е преблагодарно”, додава мајката во нејзината објава.

“Никогаш нема да го заборавиме овој момент”, вели на крајот од незината објава мајката Лорен Бергнер.

Кoнечно paзладување за време на викендот: Дожд, гpмeжи и зacилен ветep

Во петок и за време на викендот во попладневните часови се најавува облачно време со локален поpoен дожд, гpмeжи и зacилен ветер. Максималните температури ќе се движат од 24 до 33 степени.

Веќе од понеделник повторно се очекува стабилизpaње на времето.

Стабилното и сончево време ќе се задржи уште утре кога ќе дува умерен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7 до 18 степени, а максималните од 24 до 35 степени.