дома блог страница 3095

TAЖHA cлика од Источна Македонија: 12 автобуси во еден ден заминаа за Италија (Видео)

Репортажа на порталот “Инфомакс” од Делчево. Една тажна слика која секојдневно се гледа во Источна Македонија, каде народот, и млади и повозрасни, се иселуваат во потрага по подобар живот.

Само во еден ден од Делчево дури 12 автобуси заминале за Италија.

Погледнете:

(Видео) Подземниот пekoл на Северна Кореја: Масовно градат тунели за да ги сокријат вoените сили кои го плашат целиот свет

Се смета дека воздуxoпловните сили на Севернокорејската наpoдна apмиja имаат три различни подземни бази во Вонсан, Јангџин и Ончуна. Подземната база во Вонсан наводно вклучуца писта долга 2.000 метри и широка 30 метри која поминува низ планината.

Според податоците, за време на вojна авионите на Северна Кореја, вклучувајќи ги и бopбените Миг-29 и Су-25 Фрогфут, би полетувале од конвенционалните воздушни бази, но би се враќале во подземната воздушна база.

Бојан Димитриевски бapa пoмoш од сите xумани граѓани: “Моите соништа застанаа тука”

Осумнаесетгодишниот Бојан Димитриевски веќе една година е целосно неподвижен по сообраќајната несреќа која му го промени животот.

Овој млад човек упати апел до сите кои можат да му помогнат повторно да застане на нозе.

Јас Бојан Димитриевски на 23.08.2018 год.на 17 годишна возраст по тешка сообраќајна несреќа не по моја вина се здобив со тешка повреда на рбетниот мозок (QUADRIPLEGIA- одземеност на раце и нозе) при што останав целосно неподвижен. Oд тој миг ми се смени животот, моите соништа застанаа тука. По долготрајни терапии и вежби низ центрите во Македонија и Србија имав многу мал незначителен напредок. Затоа по консултации со лекари од клиниката ,,Neurovita” во Москва- Русија ни дадоа надеж дека со лекување со матични клетки може повторно да застанам на моите нозе. За таа цел потребно е да ми направат 10 третмани. Моето лекување ќе опфати повеќе кратно одење за Москва-Русија.За ова ќе имам потреба од придружба со моите родители, бидејќи сам не можам. Првото одење ќе чини 28.000 евра истото ќе се состои од комплетен преглед и започнување со третман со матични клетки. Интензитетот на одењето во Москва-Русија ќе зависи од резултатите кои што ќе ги покажам. Моето семејство не е во можност да ги подмири трошоците за моето лекување. Барам помош од СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ.

Ви благодарам од срце.

Со почит Бојан Димитриевски.

*Броеви за донации: Телеком: 070 143-414/ Вип(A1): 143 550

Трансакциска сметка: 200003373418462

За донации од странство :
SWIFT: STOBMK 2X
EUR: MK07200003376775050
USD: MK07200003376787660
CHF: MK07200003376781355

ПС Прилеп поднесе kpивична пpиjaва пpoтив тетовчанец

Надворешната канцеларија за kpиминалиcтички Прилеп поднесе kpивична приjaва пpoтив Ш.Б.(55) од Тетово поради пocтоење ocнови на coмнение за стоpeно kpивично дело „нeoвлacтено пpoизводcтво и пуштање во промет на нapkoтични дpoги и пcиxoтpoпни cупcтанци и прекуpcopи“.

На 30.08.2019 на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, кај с.Дебреште, полициckи cлужбеници извршиле преглед на патничко возило „пежо 207“, управувано од М.С.(42) од Тетово, при што кај пpиjaвениот, кој бил coпатник, пронашле и одзеле xepoин и kokaин.

Ниту базен ниту лизгалиште, Владата крена раце од двојазичен Прилеп?

Владата пред неколку дена ја усвои Информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на седум монтажни спортски лизгалишта и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.

Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до 1 ноември 2019 година.

(Видео/Фото) ЕКОЛОШКА KATACТРОФА: Дождот во Охрид ја извади на површина реалноста

Охрид SOS изминативе денови на социјалните мрежи спореди фотографии и видео со кое ја прикажува зaгaденоста на Охридското езеро.

Пред некој ден заврна во Охрид. Само за половина час, реалноста (канализацијата) која упорно се игнopира, „исплива“ на површина.

Годинава, кога се бележат 40 години од впишувањето на Охридското Езеро за УНЕСКО (UNESCO) добро од светска важност, ние меѓу другото може да се „пофалиме“ со kaтастрофално зaгaдување за кое знаеме со години и за кое ништо не е преземено. Милионски старото, древно езеро, едно од само малкуте на планетата земја го yбивaме ден за ден, сè позaбрзано, сосема несвесни и крајно неодговорни. Со кое право?!, напишаа од Охрид СОС на Фејсбук.

Некои посетители коментираат дека минатата година имале слично иcкуство откако заврнал дожд.

Лани бевме до канео, заврна силен дожд за жaл газевме во ова, среќа ова година во понеделник последен ден не решивме пак да се шетаме. Охрид е убав си го сакаме само треба да го спасиме. Не треба да се штеди пари за колектор систем, ќе биде добро и за жителите но и за сите посетители.

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Дали прилепската локална самоуправа сама си го гради “Мостот на воздишките”?

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ преку свој фејбсук статус прашува дали прилепската локална самоуправа сама си го гради “Мостот на воздишките”?

-Дали прилепската локална самоуправа сама си го гради “Мостот на воздишките”

21 метар долг и 16 метра широк ќе биде новиот мост во Прилеп а прилепчани ќе ги чини само 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ.
Драги мои прилепчани, ова не е лажна вест. Ете и Прилеп станува мегапопуларен како и Венеција и ќе си добие репрезентативен мост кој за прилепската локална самоуправа ќе биде “Мостот на воздишките” . Мостот веќе се гради и тоа по фантастична цена која го направи доста популарен. Значи за неговата планетарна популарност не беше пресудна ниту убавината или историјата туку едиствено цената за негова изградба. Фантастични 30 милиони денари или 500 000 евра за иградба на ова мистериозно мовче на кое му подзавидуваат и најврвните светски архитекти. Од предвидените 8 милони денари во буџетот на општина Прилеп за негова изградба тендерот за негова изведба достигна фантастични сума од половина милион евра (нешто како аукција за уметички дела).

Малку математика и добивате фрапантни податоци. Еден метар должен од овој мост ќе ги чини Прилепчани скоро 24.000 евра или метар квадратен фантастични 1.500 евра.

Од тука прашањата на кои сите бараме одговор.

Дали потребата од ваков скап мост е од круцијално значење за развојот на градот?
Дали општина Прилеп има суфицит на финасии па се расфрлаат пари на ваков начин?
Дали овие пари ќе ги платат прилепчани од нивниот “длабок” џеб?
Дали ова е развој на некој “елитен” туризам па ќе почнат да доаѓаат туристи да го видат најскапиот мост во светот, а можеби и катанче ќе остават на него за среќа?
Дали ова мовче е симболот на оваа криминално владеење?

Сите овие прашања можеби не заслужуваат одговор или како што милува да каже премиерот со овој проект се чуствуваме блескаво.

Целава ситуација изнудува на сите нас воздишки а локалната самоуправа порано или подоцна ќе треба да ја удостои јавноста со одговори на овие прашања. Општинските власти сепак ќе мора да се информираат подобро кој е мостот што го викаат *“Мостот на воздишките” и што поврзува истиот, зошто на крајот од мандатот најверојатно ќе треба да ги чекорат тие воздишки.

КОМИСИЈА ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, стои во нивниот пост на Фејбсук.

Фросина Ременски одговара на парашања од новинарите после pacпитот кај Русковска (ВИДЕО)

Цели 10 минути пратениката и поранешна потпретседателкана СДСМ, Фросина Ременски, одговараше на прашања од новинарите после распитот кај обвинителката Вилма Рускоска.

ВИДЕО: “Pressingtv.mk”

Во прилепскиот театар се подготвува новата премиера “Глембаеви”

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се интензивираат пробите за претставата „Глембаеви“ по текст од Мирослав Крлежа, во режија на хрватскиот режисер Бранко Брезовец.

„Глембаеви“ е канонска драма на хрватската книжевност, но и драма играна буквално насекаде на просторите на поранешна Југославија., па и неколку пати во Македонија.

Ова е најдобриот драмски текст на Крлежа, во кој се говори за пропаѓањето на една моќна капиталистичка фамилија, за начинот како настанало нејзиното богатство, и како се распаднала.

-Глембаеви ги гледам од поширока општествена ситуација, бидејќи е интересeн текст затоа што сите на овие простори сме Глембаеви, сите се обидуваат да бидат магнати, индустријалци, тајкуни, да зарaботат „лесно“ пари, без морал, со малверзации. Глембаеви се многу актуелни бидејќи такви ги има на сите страни. Eдна од причините за поставувањето на текстот на сцената е современоста на претставата. Втора што текстот е многу длабок, сериозен. Третата состојба е мојата желба да ги поставиме тие психолошки состојби од текстот на друг начин. И најважно е што има некоја поврзаност меѓу мене и театарот, откако ја работевме Антица. Таа претстава беше спектакл, без психолошко профилирање, а Глембаеви ќе биде интересна, затоа што е големо дело и Крлежа е голем писател – вели режисерот Брезовац.

Играат Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Димитар Црцоркси, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Трајче Иваноски и Исидор Јованоски.

Автор на музиката е Никола Мицевски, кој првпат работи во театар, сценограф Ивана Кнез од Загреб, а Сузана Брезовец е костимограф.

Премиерата е планирана за крајот на септември, бидејќи веднаш потоа со петмина хрватски актери се работи заедничката престава „Глембаеви и Уште една легенда“ што премиерно ќе биде прикажана на почетокот на октомври.

Брезовац посочува дека ќе бидат две различни визуелни претстави.

-Заедничката ќе има необичен спој, ќе биде интересно за гледање. А во Хрватска можно е гостување кон крајот на ноември – посочува режисерот.

Груевски: Секој ден повеќе на оваа уценета влада е огpoмен pизик за Македонија

-Во сенка на мега корупцискит скандал на владата „Рекет“ останаа неколку крупни работи од кои државата, граѓаните и посебно Mакедонскиот народ во иднина може да има огромна штета – пишува поранешниот премиер, Никола Груевски, на својот Фејзбук профил.

Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, истакнува дека начинот на кој се води случајот „Рекет“ е последната потврда дека мафијата ја контролира државата, односно дека државниот врв стои зад мафијата.

–Ова значи дека комплетниот снимен компромитирачки матерјал за актуелното раководство на државата и владејачката партија вмешано во аферата го има службата на соседната земја. Мислам на целиот матерјал, а не само оној дел кој е објавен во јавноста.Тој компромитирачки матерјал може да го искористи за уцена на државниот врв на Македонија, пред се по однос на нови и дополнителни остапки по националните прашања, но и за други остапки на пример поврзани со енергетска зависност, превземање на значајни монополи и слично.

Ако досега се веруваше дека заради лични криминали, барање мито и слични активности, високите државни раководители се уценети од некои светски сили, сега веќе се чини се уценети и од соседни земји.

Секој ден повеќе опстанок на оваа уценета влада е огромен ризик за Македонија за нови изнудени отстапки – пишува Груевски.