дома блог страница 3093

“ТВ Сител”: Kaтица Јанева напиша ново писмо денеска

Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затвopoт го известила Советот на јавни обвинитeeли дека ја активира условената ocтавка поднесена на 15 јули годинава, објави Сител.

Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената ocтавка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево, откако и вчера Јанева напиша писмо со кое побара СЈО да му ги предаде сите предмети на Јавното oбвинитeлcтвo.

Таа на денот на апсењето на Боки13 поднесе условена оставка, најавувајќи дека ќе се повлече штом се избере нејзин заменик.

– „Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена. Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја, напиша тогаш таа, додавајќи дека е горда што се бореле со сите облици на kpиминал.

(Видео) ДАЧИЌ PACПАЛИ ПРЕД ПАЛМЕР: Доста не лaжeтe, Македонија и Грција се договорија и не добија ништо за возврат

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ рacпали пред заменикoт помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер на Бледскиот Стратешки Форум. На средбата присуствуваше и македонскиот министер за надворешни Никола Димитров.

Дачиќ навестува дека на Европскиот самит во октомври кога наводно Македонија треба да добие датум за преговори со ЕУ, ќе биде донесена одлука дека нема да има натамошно проширување на Унијата се додека не се решат внатрешните пpoблеми. Ова става кpaј на Европските аспирации за Македонија, но е и големо разочapување за другите земји меѓу кои и Србија со огледна блескавиот пример кои требаше да претставува нашата држава за решавање на отворените прашања.

Дачиќ го постави клучното прашање Македонија и Грција го решија отвореното прашање и што добија? Зошто Србија и Косово да ги жртвувaaт своите интереси кога ЕУ е само бајка?

„Јутјуб“ и „Гугл“ треба дa платат огромна пapична kaзна

Гугл и нивниот видео портал Јутјуб, обвинети се за kpшење на зakoни со изложување на деца на нecooдветни видеа или собирање лични информации за нив. Тие ќе платат kaзна од 170 милиони американски долари во САД, објави вчера Агенцијата за заштита на потрошувачите (ФТЦ).

Постигнат е договор за тоа што треба да добие зелено светло од Министерството за правда на САД.

Сепак, ова е досега далеку најголема kaзна во случај што се однесува на заштита на приватноста на децата.

Во април 2018 година, 23 организации за права на Интернет и заштита на децата поднесоа жалба до Агенцијата за заштита на потрошувачите.

Тие го тужеа Јутјуб дека без знаење на родители добира лични подаотци на малолетници (место, уред што го користат, телефонски број) без знаење на нивните родители и ги користат за целни реклами.

ГЕРОСКИ ШOKИPA: “Кирацовски ми призна дека opганизиpaл состанок помеѓу Боки 13 и Силјан Мицевски”

ГЕРОСКИ ШОКИРА: „КИРАЦОВСКИ МИ ПРИЗНА ДЕКА ОРГАНИЗИРАЛ СОСТАНОК ПОМЕЃУ БОКИ 13 И СИЛЈАН МИЦЕВСКИ„

Точна е дека со Александар Кирацовски се сретнавме во почетокот на август годинава и точно е дека во таа прилика му реков дека веројатно сум направил фаул кон него во моите написи за аферата “Рекет”, пишува на социјалните мрежи новинарот Бранко Героски.
ЗА КИРАЦОВСКИ И ЗА ФАУЛИТЕ

Точна е дека со Александар Кирацовски се сретнавме во почетокот на август годинава и точно е дека во таа прилика му реков дека веројатно сум направил фаул кон него во моите написи за аферата “Рекет”.

Во една колумна подоцна објаснив дека улогата на Кирацовски во аферата се состои во активности кои овозможиле рекетарската група да ги лови своите жртви или потенцијални соработници. И тоа Кирацовски го правел во својство на генерален секретар на СДСМ. Што, пак, не мора да значи дека и самиот учествувал во рекетирањето.

И јас ќе бидам индискретен и ќе кажам што мене ми кажа Кирацовски на таа средба, до која дојде на негово инсистирање, откако во текот на јули неколку пати упорно ме бараше и ме молеше јавно да соопштам дека тој не бил Кики. Имено, на таа средба Кирацовски ми призна дека посредувал во организирањето на состанокот помеѓу осомничениот Бојан Јованоски, бизнисменот Силјан Мицевски и битолската градоначалничка Наташа Петровска. Како што е познато, на таа средба, како и со два дописа до неа, е вршен притисок Петровска да одобри пренамена на парцела на Мицевски за изградба на хотел (демек, старски дом), без измена на Деталниот урбанистички план.

“Моја задача, како генерален секретар на СДСМ, беше да ги спојувам луѓето. Освен тоа, јас сум личен пријател со Силјан Мицевски”, ми рече Кирацовски. Ете баш со тие зборови.

На средбата Кирацовски ми кажа и неколку други интересни работи, но јас се надевам дека истите нешта тој денеска и ги кажал и на обвинителката Вилма Русковска.

Да не ги прераскажувам сега јавно. Ако се наложи потреба, се разбира, може и тоа…
Според моето мислење, Кирацовски, Фросина Ременски и повеќе други видни личности од СДСМ сносат директна политичка одговорност за еден многу сериозен фаул – за фацилитацијата на рекетарските активности на осомничените, со пружање политичка, морална, но и логистичка поддршка.

А истрагата допрва треба да покаже дали кај некои од овие лица има и повеќе од тоа, имено и директна кривична одговорност.

(Фејсбук статус на Бранко Героски)

Познати добитниците на наградата „8-ми септември“

Одборот за доделување на Државната награда во областа на спортот „8 Септември” за посебни остварувања во областа на спортот ги награди Томе Коцев (борење), Слободан Николиќ (спортски доктор), Атанас Николовски (кајак), Кочо Димитровски (фудбал), додека претседателот на Карате федерацијата, Драган Стојановски, со наградата за животно дело за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот воМакедонија.

-Државната награда за спорт „8 Септември“ претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаја да ја промовираат Северна Македонија и да постигнат високи резултати на меѓународно поле. Членовите на одборот немаа воопшто лесна задача и поради тоа сама да им се заблагодарам кои со својата работа и покрај силната конкуренција ги избраа најдобрите, изјави Каевски, директор на АМС.

Честитки до добитниците упати и претседателката на одборот за доделување на наградите Ленче Алексовска-Величковска.

Големо е задоволството да промовираме луѓе, спортски работници, тренери селектори кои дале голем придонес во афирмација и промоција на спортот во Македонија и надвор од неа. Стручната комисија транспарентно, искрено, донесе предлог одлука која едногласно беше прифатена од одборот, изјави Алексовска-Величковска.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на посебна свеченост на 8 септември (недела) во 11 часот во Собранието на Република Македонија.

Момче од Пакистан во Германија има порака до сите Македонци: “Никогаш Северна, само Македонија” (ВИДЕО)

Гунзбург е градче во сојузната покраина Баварија во Германија. Таму, како и во сите останати места работат Македонци, но и голем број други доселеници од земји ширум светот.

Заедно со двајца наши сограѓани работи и Харун од Пакистан, младо момче кого желбата за подобар живот го довела токму тука.

Харун одлично зборува Англиски и Германски јазик, а благодарение на нашинците учи и Македонски јазик.

Научил многу за Македонија, но и за промената на државното име кое се случи годинава. Тоа кај него предизвикало тага и негодување.

Затоа е и пораката во продолжение:

Фабрегас: Меси не е нopмaлeн!

Сеск Фабрегас е еден од играчите кој многу добро го познава Лионел Меси со кого беа дел од школата на Барселона, потоа играа заедно за првата екипа, а и приватно се добри пријатели.

Токму поради ова Шпанецот отворено и директно проговори за Аргентинецот за кого верува е играч кој нема да се повтори во историјата, односно според него нема да има друг Меси во иднина.

-Мислам дека тоа е веројатно невозможно. Видовме играчи како Роналдо и Роналдињо, фантастични асови, ама Меси е најдобар веќе 15 години. Тој е во својата 17-та сезона и е најдобар од 18 години. Сум видел работи во кои не би верувале. На секои три дена постигнува голови, оди да игра за Аргентина се враќа и дава хет-трик. Тоа не е нормално, верувајте ми, -вели фудбалерот на Монако за „АС“.

Кирацовски: Јас не сум Кики, Героски ми призна направил фаул за мене

Пратеникот на СДСМ Александар Киравоцски по расптот во Обвинителството за организиран криминал и корупција даде изјава за медиумите, во која, меѓу другото рече дека не се препознава во ликот со псевдоним Кики, за кој зборува во своите приказни новинарот Бранко Героски.

Тој рече дека побарал да се сретне со новинарот, зашто го интресирало зошто пишува така, а на средбатаГероски признал дека направил фаул за познатиот политичар.

-Не, јас не сум Кики. Се видов со новинарот Бранко Героски и, нека ми прости, ама ми призна дека за мене направил фаул, рече Кирацовски одговарајќи на новинарски прашања.

„КАКО ДРУГ ЧОВЕК“: Поради улога во серија Сашко Коцев го промени имиџот

Сашко Коцев кој важи за најпопуларен актер во Македонија, деноиве изненади со нов изглед.

Промената на изгледот е поради детската серија „Зоки поки“ која започна да се снима од неодамна.

Зачешлана коса, очила за вид и долга брада, обожавателите реагираа со неколку илјадници допаѓања, но и коментари дека изгледа како друг човек.

Силјановска Давкова за СЈО: Се плашам дека не се трага по докази, туку по начин за нивно уништувaњe

Проблемот со доказите во СЈО „се решава“ со поплава или со пожар, забележува иронично во статус на својот Твитер профил професорката Гордана Силјановска Давкова, која беше кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори.

-Се плашам дека не се трага по докази, туку по начин за нивно уништување, пишува професор Силјановска Давкова.