дома блог страница 3091

ФОТО: Индијка по 57 години обидување стана мајка, роди близначиња на 74 години

Ерамати Мангајама, жителка на индиската сојузна држава Андра-Прадеш, роди близначки на 74-годишна возраст, по вештачко оплодување, јави „Хиндустан тајмс“.

-Породувањето се одвиваше со царски рез. Операцијата мина без проблеми. И мајката, и новороденчињата се здрави и нема никакви компликации. Но, и покрај тоа, мајката е задржана на интензивна нега, заради смирување од преживениот стрес последниве неколку часа“, соопштија од болницата.

Возрасната мајка успеала да ги износи и да ги роди децата, зашто немала никакви медицински проблеми од типот на дијабетес и висок крвен притисок. Нема да може да ги дои девојчињата.

Мангајама и нејзиниот сопруг Раја Рао (80) се венчале 1962 година. Цели 57 години двојката се обидува да има дете. Сепак, жената забременила во јануари годинава. Инаку, таа е највозрасната жена во историјата која станала мајка.

Претходно овој рекорд го држеше, исто така Индијка – Омкари Панвар, која летото 2008 година, на 70-годишна возраст роди, исто така, близнаци.

“60% поскапа вода и 36 денари повисоки пензии: Пензионерите, Ромите и социјалните семејства бecни на ова?”

Прилепчани веќе неколку месеци добиваат нови повисоки сметки за вода, на кои е содржана ставката за пречистување на урбани отпадни води која изнесува 17,35 денари за секој метар кубен потрошена вода.

Oва зголемување на сметките се должи на одлуката на Советот на Општина Прилеп, која беше донесена на 20-тата седница одржана на 13.11.2018 година.

Со овие нови цени, за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни, прилепчани плаќаат 1345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно.

Ова е спротивно на предизборното ветување на градоначалникот Јованоски за намалување на сметките за вода за 20%.

Гледано во бројки ова претстваува поскапување на сметките за околу 60%, што е огромен товар за прилепчани, особено за оние семејства со средни примања во месецот, но и за пензионерите, социјалните семејства, како и голем број од ромската популациј.

Ова е второ зголемување на сметките за вода, откако претходно во месец февруари минатата година, советниците од владеачкото мнозинство, го зголемија и надоместокот за одведување на урбани отпадни води од 3 денари на 5,28 денари за метар кубен.

Тоа доведе до зголемување на оваа услуга за дополнителни 2,28 денари за секој потрошен метар кубен вода.

Капак на се беше и мизерното покачување за 36 денари на минималната и 63 денари за просечната пензија, што дополнително ги налути над 12.000 пензионери во градот.

Прилеп џез викенд сепак ќе има! Општина Прилеп за прв пат не го помогна фестивалот кој се одржува по осми пат

Здружението ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ со задоволство Ви го најавува осмото издание на Prilep Jazz Weekend, кој е еден од најзначајните културни случувања во нашата земја.

Овогодинашниот фестивал ќе се одржи на 13, 14 и 15 септември во салата на Кино Мис Стон. Мисијата на фестивалот е поддршка на домашната џез продукција, негување на добриот музички вкус и создавање на нова џез публика, посебно меѓу младите луѓе.

Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма, а прилепската публика ќе има можност да ужива во настапот на врвни музичари од Македонската џез сцена. Богатата програма со пет концерти и филмска проекција ветува ново искуство и незаборавно доживување за сите љубители на овој музички правец со најширок спектар на поджанрови кои го сочинуваат џезот денес.

Почетокот на фестивалот ќе го означи документарецот со џез содржина BLUE NOTE во режија на Јулијан Бенедикт и Андреас Морел, а концертот што следува е новиот проект на Доријан Јовановиќ.

Вториот ден на фестивалот обединува квалитетни изведувачи со големо искуство, кои своето музичко знаење го стекнале во земјава и странство. Тоа се Триото на Тони Китановски и џез ансамблот Кукурек, чии членови се едни од највлијателните македонски џез музичари од помладата генерација.

Финалната вечер е резервирана за квартетот на извонредниот гитарист Џоле Грујовски и
Кабадајас, сега како трио, чиј жанр е мешавина од традиционалните ритмички изрази, со длабоко влегување во сферите на џез фузијата.

Почетокот на концертите е во 21.00 часот.

Целосната програма со повеќе детали може да се види на следниот линк: www.prilepjazz.mk
Влезниците за фестивалот се во висина од 400 денари (пакет за трите дена) со кои следува подарок CD од дуплата компилација PRILEP JAZZ WEEKEND, а истите може да се набават во CITY TOBACCO PRILEP (на плочникот).

Нека Prilep Jazz Weekend биде место за ширење на музичката мисла, љубов и радост !!!
Ваши PPJW

Ременски: Платите растат, има голема разлика

Мерката за државна помош за трошоците за пензиско и здравствено осигурување за приватниот сектор во случај на зголемување на платите на вработените до 6000 денари наиде на критика како “непазарна, популистичка мерка” итн. Пред да се критикува оваа добра и стимулирачка мерка и за работодавачите и за вработените (што значи раст на платите без штета врз ПИОМ и работниците), добро е да се погледнат податоците и ефектите по ПИОМ и по работниците од проектот на претходната влада “Македонија вработува”. Ова го напиша Фросина Ременски на Фејсбук денеска.

– Со тој двегодишен проект беа вработени близу 36.000 луѓе од различни категории во околу 14.000 фирми на определен временски период за кој компаниите беа ослободени од плаќање на социјални придинеси за платите што им ги исплаќаа на вработените. Придонеси требаше да се платат само доколу на работникот му исплаќаат плата над тогаш просечната плата. Податоците велат дека најголемиот дел од вработените примале тогашна минимална плата од 8000 денари и ниту еден над 23.000 денари. На сите вработени по овој проект во ПИОМ само им се евидентираше стажот. Ослободувањето на фирмите од плаќање на социјалните придонеси за платите на вработените не само што значи неплатени придонеси за евидентираниот стаж, туку и континуирано продуцирање на дефицит во буџетот на ПИОМ кој само од овој проект трпи загуби од над 200 мил. евра. За стабилен пензиски фонд, без последици по работничките права се потребни мерки кои преку државна помош за социјалните придонеси ќе значат и поголема плата во приватниот сектор и поттик на работодавачите да вработуваат и задржуваат работници на работните места, а со тоа и да продуцираат стабилност на пензискиот систем и исполнување на правата од работен однос за работникот, напиша таа.

Oглас за директор во ЈЗУ Центар за јавно здpaвje Прилеп: Платата фантacтична!

Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје Прилеп, објави оглас за директор.

Според огласот објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, основната плата за ова директорско место изнесува високи 53,800 денари.

Кандидатите потребно е да имаат 5-годишно работно искуство, а покрај со медицински факултет, може да аплицираат и кандидати со стоматолошки, фармацевтски, логопед, мед.биохемија, економски, правен факултет.

Услов е и познавањето на Англиски јазик.

Огласот е активен до 21.09.2019 година.

Моментално в.д. директор на Центарот за јавно здравје во Прилеп е Драгица Николоска.

Oфицијална Москва: Бугарија ја прepaботува историјата, тоа е опaceн тренд

„Бугарија се занимава со преработување на историја кога зборува за таканаречената репресија од Црвената армија (за време на Вотрата светска војна -н.з.).

Ова е опасен тренд“, изјави портпаролоката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во интервју за ТАСС.

Нов дипломатски спор меѓу Бугарија и Русија започна во вторникот кога бугарското Министерство за надворешни работи го осуди наводно „сомнителното“ историско тврдење на Русија за „ослободување“ од нацизмот, а по повод изложбата на руската амбасада насловена „Изложба 75 години од ослободувањето на Источна Европа од нацизмот“.

Русија ја прогласи за „неморална“ позиција на Министерството за надворешни работи на Бугарија.(БГНЕС)

ЖАЛHA CЛИKA: “Уште еден спакуван живот во потpaга по ред, поредок и систем ја напушти државава”

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска објави Фејсбук статус на тема која е еден од најгорчливите проблеми во земјава.

Имено, таа информира дека уште млади ја напуштаат Македонија.

Вели дека нејзини блиски си заминуваат во потрага по ред, поредок и систем.

Македонците во Австралија за 8-ми Септември ќе пpoтecтиpaaт пopaди пpoмeнaта на името и зaбpaната на сонцето од Кутлеш

По повод националниот празник 8 Септември Денот на независноста на Македонија, во Австралија, Македонците се организираат преку социјалните мрежи и организации на протести против промената на името на државата и забраната за употреба на симболот од Кутлеш, шестаесеткракото сонце.

Протестите, според најавите ќе се одржат пред македонската амбасада во Канбера. Исто така, македонските организации најавуваат дека нема да присуствуваат и на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн по повод Денот на независноста 8 ми септември. Причината за ова е, се вели во соопштението на Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија, срамниот Преспански договор и илегалната промена на името.

Тие велат дека традиционално за 8 Септември Македонците присуствуваат на кревањето на македонското знаме на јарболот на плоштадот во центарот на Мелбурн. Оваа година тие оваа церемонија ќе ја бојкотираат, ако не им биде дозволено да го кренат знамето со сонцето од Кутлеш. За тоа да биде спроведено, австралиските власти бараат дозвола од македонските дипломатски претставништва во таа земја.

Ако Македонскиот совет тоа сака да го спроведе, тоа значи дека ќе мора да напише писмо до Конзулатот на Република Северна Македонија, со што индиректно ќе го признаат новото име. „Тоа ние никогаш нема да го сториме. За нас ова е навредливо и понижувачки“, велат Македонците од Мелбурн.

Во исто време најавен е и протест на 8 ми септември и пред македонската амбасада во Париз.

Воедно, дијаспората од Австралија повикува на бојкот на концертите на „Танец“ , чие што гостување традиционално предизвикува огромен интерес кај Македонците во таа земја. Причината за тоа се како што се наведува во иницијативата за бојкот на овие концерти затоа што „Танец“ веќе не е „ансамбл за народни игри и песни на Македонија“.

Танец планира гостувања на 17 ноември во Мелбурн, на 22 ноември во Канбера и на 24 ноември во Сиднеј, по повод 70-годишнината од основањето. Овие концерти доаѓаат непосредно по промената на името на „Танец“ во национална институција на народни игри и песни на Северна Македонија.

Извор: “Радио Пела”

(Фото) ГРЦИЈА Е ТУРСКА: Ердоган ги збecна Грците со фотографија од карта каде делови од земјата се претставени како турски

Турскиот претседател Реџеп Ердоган се појави на фотографија на која се гледа карта на која делови од Егејското море и источниот брег од Крит беа претставени како дел од Турција.

Фотографијата беше направена при посетата на Националниот универзитет за одбрана на која Ердоган потпишуваше книги за гостите.

Картата позади Ердоган покажува дека границата на Турција се протега преку грчките острови во источниот и југоисточниот дел на Егејското море, а картата е насловена како „Турција, сината татковина“ и ги опфаќа 462 000 км2 од Грција за кои Турција тврди дека се дел од нејзината територија.

Прилепските и македонски aмбacaдopи ќе го одpжат свojoт 72 koнцepт

На 14 Септември во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, со почеток од 20 часот, КУД„Мирче Ацев“Прилеп ќе го одржи својот 72-ри годишен концерт.

Покрај членовите на прилепското друштво, гости на концертот ќе бидат и хрватското културно уметничко друштво „Коло“ од Суботица, од Р. Србија. ХКУД„Коло“ е младо фолклорно друштво во кое членуваат припадници на харватското малцинство во Србија, кои се идентификуваат како посебен етникум Буњевци. Ова друштво е оснивано со цел да се зачуваат буњевачките игри, песни, носии, инструменти и обичаи, како би го истакнале својот идентитет.

Членовите КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп, во почетокот на Август, оваа година, беа гости во Суботица на фестивалот „Дужијанца“, каде беа срдечно пречекани од хрватскиот културен центар „Буњевачко коло“ од Суботица, но по покана од претседателот на ХКУД„Коло“, Андрија Башиќ Палковиќ. Од тука започнала соработка со тоа друштво, а продолжува во Прилеп, каде буњевците од Суботица ќе бидат гости во нашиот град.

КУД „Мирче Ацев“ оваа година реализираа бројни концертни турнеи, покрај во нашата држава, гостуваа во Србија, во Бартин, Турција, како и во Познањ, Полска, каде во октомври повторно ќе гостуваат на покана на Институтот за Славјанска филологија.