дома блог страница 3087

Вистински романтичар како и секогаш: Еве каков спектакуларен настап направи Здравко Чолиќ на „Тиквешкиот гроздобер“ (ВИДЕО)

Вчеравечер заврши „Тиквешкиот гроздобер“ кој оваа година се одржа во Кавадарци во реализација на општина Кавадарци.

За крај на спектакуларниот викенд во Кавадарци по Јелена Розга која пееше во саботата и буквално ја запали сцената, вчера за романтичната атмосфера се погрижи Здравко Чолиќ.

Легендарниот пејач во речиси два часа успеа да ја стопи публиката со најпознатите негови љубовни стихови пеејќи ги заедно со расположената публика.

Видеото кое е во времетраење од близу 2 часа можете да го погледнете доколку кликнете на „Watch on Facebook“, уживајте.

Прилепчани разочарани од министерот Сугарески: За експресен пат ќе чекаат до 2022 година

-Втората секција од Градско до Дреновска клисура е реализиран со 20,85 отсто.

ЈП за државни патишта на шпанскиот изведувач Конструксионес Рубауму го раскина договорот за изведба на првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, на потегот меѓу Дреновската и Фаришката клисура. Од ЈП информираат дека изведувачот бил неколкупати опоменат за исклучително ниската ефикасност.

-Поради неизвршувањето на договорните обврски, согласно прифатената програма за работа и недостаток на бараната ажурирана програма, ЈП ја почна процедура за раскинување на договорот, со одобрување на кредиторот ЕБОР – посочуваат од ЈП за државни патишта.

Претпријатието веќе ја активира банкарската гаранција за шпанскиот изведувач. Зад себе оставиле 35 отсто изведени работи од предвиденото со проектната документација. Шпанската компанија беше ангажирана на почетокот на 2016 година.

ЈП најпрво ќе го анализира сработеното меѓу Фаришката и Дреновската клисура и ќе се изработи новата тендерска документација. Временскиот период за објавување на тендерот и за избор на новиот изведувач, како и крајниот рок за завршување на оваа фаза од експресниот пат, допрва ќе бидат соопштени. Првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп опфаќа секција долга 10 километри.

Инаку, засега без проблеми се реализира втората и третата фаза од експресниот пат. Втората секција од Градско до Дреновска клисура е реализирана 20,85 отсто. Овој дел од трасата долга 16 километри се очекува да се пушти во употреба кон крајот на 2022 година.

За третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп кон крајот на октомври ќе се распише тендер за избор за изведувач на градежните работи, под услов да нема измени во проектната документација. Градежните работи на секцијата долга 7,58 километри се очекува да почнат во април или мај в година, а завршувањето на нејзината изградба се предвидува за ноември 2021 година. Третата фаза ја опфаќа трасата од Прилеп до Ленишка река и од Беловодица до каменоломот на Маврово.

Извор: “ЗЕНИТ”

Мицотакис: Нема средба со Заев, ќе бидеме многу строги во однос на спроведувањето на договорот

Не е предвидена средба со господинот Заев, но очигледно е дека во некој момент ќе се сретнам со него, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната прес конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун – објави “Pressingtv.mk”.

Едно од прашањата упатени до претседателот на владата на Грција, се однесуваше на Договорот од Преспа, а Мицотакис освен што го повтори ставот на Нова демократија и додека беше опозиција, дека е „национално штетен договор“, рече дека истото го кажал и за време на сите негови меѓународни средби, но и додавајќи дека „овој договор е ратификуван договор од грчкиот Парламент, а според тоа не се менува произволно“ и најави строга контрола на процесот на спроведување.

-Реков дека ако договорот се изгласа и ратификува, тогаш многу многу тешко може да се смени. Самиот договор не предвидува процеси на промени, туку само контрола на спроведувањето. Бидете апсолутно сигурни дека ќе бидеме многу строги во однос на спроведувањето на договорот, кој го сметаме за лош, но го најдовме пред нас, го наследивме, рече Мицотакис одговарајќи на новинарското прашање.

Целата статија прочитајте ја ТУКА

Утре го славиме светецот заштитник на учениците и студентите: Помолете се за среќа

Овој свет маченик, потекнува од Египет (Мисир), но времето и потеклото не се познати. Се знае само дека неговата мајка била многу грешна, а овој свет млад човек повеќе се молел за нејзиното спасение, отколку за себе. Кога го мачеле удирајќи го со камења и дерејќи му ја кожата, тој се молел на Бога: „Заради овие мои маки, помогни им, Господи, на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка“. Во Египет, а и кај нас, многумина така и се молат: „Спаси ја, Господи, грешната мајка на свети Фануриј, а и мене, грешниот, помогни ми“. И заради оваа молитва мнозина добиваат помош.

Токму овој светител е избран за заштитник на учениците и студентите, и на неговиот празник служиме молебен пред почетокот на учебната година. Каква врска има светиот Фануриј со образованието? Тој со ништо не покажал дека имал стекнато некакво световно високо образование. Бил обичен војник.

Вистинското образование е да го исчистиме во себе Образот Божји, во нас секој човек да го препознае Образот Божји, во нашите дела да препознаат христијански дела, а особено по љубовта да нè препознаат и признаат дека сме Христови. Токму такво возвишено образование имал светиот Фануриј, и затоа денес, славејќи го неговиот свет спомен, се молиме Господ да ги просвети умовите на сите ученици и студенти, да слезе врз нив Светиот Дух, Кој некогаш од простите рибари, направи премудри апостоли, кои со својата Божествена мудрост ја просветија и преобразија сета вселена, па така и во денешните ученици да го запечати Образот Божји во нив, да ги охристови и насочи кон Христа.

Исто така, мора да нагласиме, дека световното образование, петките на учениците и десетките на студентите, не се од пресудно значење. Многумина одлични ученици и студенти стануваат вистински ѕверови, дури и кон своите родители и некогашни другари, кога ќе добијат високи општествени позиции. Подготвени се да газат и врз луѓе, само за да си ги остварат своите цели и болни амбиции. Не е грев човек да биде амбициозен, да се бори за успех, но не газејќи врз другите, туку само со својот квалитет, способност и знаење.

Најбитно е децата да созреат и да станат духовно здрави личности, кои ќе имаат љубов и грижа кон своите родители, кон своите роднини, другари и другарки, и кон сите луѓе. Ете, за такво образование да се помолиме, Господ така да ги научи нашите деца, да бидат скромни и благодарни, да имаат љубов кон сите луѓе, да си ја зачуваат чистотата на умот и срцето, да не се валкаат во калта на многуте страсти, гревови и пороци од кои масовно заболува голем дел од младината.

Бог да ги слушне нашите молитви и да ги просвети сите ученици и студенти, та да имаме здрава и стабилна иднина, просветлени лидери, чесни работници, совесни и грижливи идни родители, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Матео Салвини: “Среќен празник Македонци” (ВИДЕО)

Иако излезе од Владата Матео Салвини сеуште е најпопуларниот италијански политичар

Лидерот на “Лига” преку видео порака го честита празникот 8 септември на сите Македонци.

На видеото се гледа дека Салвини е во друштво со нашинци кој се во Италија.

Астерикс и Обеликс од Прилеп послаа на земја цела легија Римјани во Кавадарци (ФОТО)

На последниот ден од манифестацијата “Tиквешки гроздобер 2019” во Кавадарци се одржа и традиционалниот маскембал.

На маскембалот гости беа и членовите на Здружението “Прилепски прочкари”, кои се претставија со маската “Астерикс и Обеликс”.

Маската на прилепчаните брои околу 25 души, а пред бројната публика тие се претставија на оригинален начин и изнудија аплаузи.

Здружението “Прилепски прочкари” го претставува Прилеп и нашата држава на голем број маскембали и надвор од границите, а досега имаат освоено и голем број награди и признанија.

Албанците понижени: Наместо нивната химна, во Париз интонирана химната на Андора (ВИДЕО)

Голем пропуст се случи вечерва на стадионот “Стад Д Франс” во Париз пред квалификацискиот натпревар Франција – Албанија од квалификациите за пласман на европското првенство. При интонирањето на химните, наместо химната на гостите од Албанија беше интонирана химната на Андора.

Албанците не сакаа да го започнат натпреварот додека не ја чујат нивната химна. И натпреваротзапочна со десет минути задоцнување. Набрзо организаторот направи уште еден кикс. Официјалниот спикер рече сега ќе ја чуеме химната на Ерменија.

Прилепчанец пpиjaвил дека бил HAПAДHAT во продавница

На 08.07.2019 во 01,00 часот во Полициcka станица Прилеп, Г.Ц.(56) од Прилеп, приjaвил дека на 07.09.2019 околу 19.50 часот во продавница на улица,,Слобода“, по кратка pacпpaвиja бил физичkи нaпaднaт од Д.Н..

Се преземаат мерки за pacчиcтување на случаjoт – информираат во полициckиот билтен на МВР.

Eве како преубавата Марјана го честита Денот на независноста на Македонија (ВИДЕО)

Еве како преубавата Марјана Станојковска го честиташе Денот на независноста 8-ми Септември пред 3 години.

Таа денеска одново го сподели видеото на нејзиниот Фејсбук профил и напиша:

“ДРАГИ МОИ МАКЕДОНЦИ НЕКА НИ Е СРЕЌЕН ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ???????? МАКЕДОНИЈА во ♥️”

Прилепчанец растоварал вагони само да собере пари за плочи: Денеска во неговата осма деценија од животот располага со неколку илјади

Методија Пејовски – Мајк – дискофил шест децении

-Колекцијата содржи неколку илјади плочи и дискови

Страст кон грамофонските плочи речиси 60 години негува нашиот сограѓанин Методија Пејовски – Мајк. Шармот на различни музички тонски носачи уште го освојува и не го напушта возрасниот пензионер и мераклија на добра музика, иако е на прагот на 71-та година од животот. Со медиумите во мал формат наречен сингл плочи, со 45 вртежи во минута, СП, и уште многу многу големи плочи со 33 вртежи во минута, ЛП, лонгплејки, касети, па современите дискови и соодветни апрати за репродукција како грамофон, ЦД читач и квалитено засилување на звукот ужива во својата колекција. Уште му гори пламенот за добра плоча, можеби не толку како некогаш кога за добра лонгплејка правел вистинки потрага или авантура не штедејќи пари, труд и напори. Дури како млад растоварал вагони на железничката станица само да собере пари за да купува плочи. Желбата да се дојде до ново издание била посилна од црната прашина во носот од јагленот од вагонот.

Збирката му е уредно наредена на полиците според сопствен редослед, години, жанрови, азбучен ред, групи, солисти. Му лежи блузот, макар што при крајот на педесетите години првин се ,,запознал,, со забавната музика на Адамо, Литл Тони, Боби Соло, Елвис Присли… па Клиф Ричард со Шедоуси. Се слушало Радио Луксембург со новата европска поп сцена во пелени и офанзивната американска естрада, полна со рокенрол, блуз, џез, кантри и други стилови на популарна музика блиска до сетилата за слух на офанзивните либерални погледи на младите во светот.

Љубовта кон плочите му се распалила од мали нозе. Одел во Белград да ги купува во комисиони кога никој во градов немал плочи. Ги купувал постојните изданија. Го привлекувале Феиц Домино, Сем Кук. Убаво му звучел Чак Бери. Потоа ја имал ,,Летс твистиген,,. Добра мелодија од средината на шеесетите на Чарил Чекрт, која и денес е жива. После собирал ленти, а последниве години дискови.

-Музиката ми е прва љубов од десетина години. Првин со слушање, а потоа почнав да ја создавам збирката со набавка на носачи на звук од винил, мали плочи, синглки, какви што имаше во почетокот на шеесетите години. По плочите, денес се слушаат разно-разни компјутерски формати МП3 или којзнае какви, а јас останав доследен на грамофонските плочи, но и на ЦД. Бев сведок на трасформацијата на медиумите и исчезнувањето на винилот. Ретките примероци на грамофонски плочи станаа многу скапи во споредба со ЦД носачите – вели Мајк.

Во времето кога странската музика не била достапна толку, порачал плочи од Англија.

-Првата беше Џон Меил со Ерик Клептон од 1965 г., таткото на белиот блуз. Од тогаш во душата ми влезе блузот. Тоа беше среќа. Се ежев. Морници доаѓаа на телото кога ќе се ставеше плочата на дискот на грамофонот, кога ќе се ставеше иглата и кога ќе замилува мелодијата. После доаѓаа други бендови, Флитвуд мек, Фри… Па порачував американски блуз од Америка. Од колевката на блузот во мозокот ми влегоа Б.Б. Кинг, Фреди Кинг, Алберт Кинг. Тоа беа познати имиња. Ги имам Волтер Волф, Џими Ридс, Мајкл Бонфилд и многу групи. Колекцијата содржи рок во почетокот, па блузот, па смут џез… Ги сакам Луис Армстронг, Херби Хенкок… Давав големи пари. Собрав над 4000 плочи и околу 5000 дискови. Растоварав вагони со сé и сешто само да соберам пари да купувам плочи, кои, можеби, прв ги донесов во Прилеп. Се радувавме на новиот светски музички бран. Дури од дома ме прекоруваа дека сум ги срамел што сум работел, додека носот и грлото по неколку дена би беа црни – вели Методија, кој многумина го препознаваат по Мајк.

Во младоста се собирале да слушаат музика во друштво. Оганизирале журови со актуелна музика од шеесетите години,

-Од 1969 г., четири години правев емисии од забавен карактер на програмата на Радио Прилеп. Се откажав, оти се амортизираа плочите за популарност, за да слушнат граѓаните. Бев дискџокеј во првиот клуб Сантана во подрумот на синдикатот кај киното. Пуштав музика, а после заминавме на студии во Скопје. Тоа беа пионерски денови на пробивот на тој вид на музика. Слушавме Лед цепелин, Дип парпл и многу други групи. Паметам дури и по некој член во групите. Се сеќавам на групата Ретка земја. Направи неколку исклучителни албуми. Инаку, не се експонирав многу со плочите, не одев лево-десно, не бев познат. Со годините експлоатираните плочи ги купував уште еднаш. Направив двојници и денес се нови, а првите, користените, се оттуѓени. Така отидоа околу 2000 плочи. Поретко пуштам грамофон. Имам дискови и нив ги слушам. Ги чувам во најлончиња да не зафаќаат многу место. Поголем дел се во витрини во визбата. Озвучувањето ми е Панасоник и Маранц – објаснува Пејовски како се грижел за плочите и со каква страст ја одржувал колекцијата.

Од време навреме и денес се среќава со сродни души, дискофили, да разменат муабет, да поделат нешто што им оставило впечаток.

-Се гледаме со Миле Боболески, со Тони Чатлески, со Владимир Стамболџиоски, со Бранко Нешкоски за да поделиме заедничко задоволство од некои песни и групи. Жалам за Сале, членот на Крос роуд блус бенд, кој почина. Го упатував каде да набави добра усна хармоника. Нé поврзуваше блузот, иако тој беше многу помал. Голема загуба е прераната смрт на овој талентиран музичар. Слушавме, а групата нешто вметнуваше во своите настапи – вели дискофилот.

Уште ја збогатува збирката, но со помал интензитет. Не со плочи, туку со дискови. И ужива како кадифените акорди, ритми и тонови му влегуваат во ушите. Додуша не толку од плочи, оти му се малку погараметни за ставање и пуштање во споредба со дисковите.

-Голема е разликата меѓу репродукцијата на плочи и интернет МП3, радио или дигиталните медиуми. Со својот слух правам диференцијација меѓу плоча и диск – вели Пејовски.

Смета дека колекцијата не е само да стои спакувана. Збирката не треба да молчи во целофан, да е нема и да е знак за некакво богатство, туку добрата мелодија, без ралика од кој стил, треба да ја гали душата,

Пејовски постепено, со тешко срце, се ослободува од колекцијата. Намалена му е на околу 2000 лонгплејки. Кога ги дава, како да му се корне некој дел од телото. Емотивно е врзан за плочите, па ги поделува со други луѓе чија пасија се плочите како него, која никогаш нема да згасне. Смета дека нема да исчезнат винил плочите. Можеби дисковите или поновите форми на медиуми се минлив тренд. Плочите се кеф и да крцкаат додека грамофонската игла од минијатурната бразда го претвора аудио записот во мелодија. Тие се уметничко дело кое со години се слушаат, се превртуваат, се гледаат, се вадат, се пуштаат, се бришат отпечатоците од прстите и се враќаат во пакувањето, станувајќи дел од сопственикот.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”