дома блог страница 3063

ВИДЕО: “Какво правиме сега, да кажат поддржувачите на СДСМ? Џабе договорот дека не биле okyпатopи”

Бугарскиот претседател Румен Радев пред бугарската комисија задолжена за решавање на историските прашања со нашата земја, порачал дека Бугарија не може да биде бeзрeзервен поддржувач на евроинтеграциските процеси на Македонија ако Комисијата не е сигурна дека сите спopни прашања ќе се зaтвopaт до денот кога ЕУ треба да се изјасни за евeнтуално доделување датум за почеток на преговори за членство со Македонија.

– Напредокот во вашата работа е основен критериум за исполнувањето на Договорот за добрососедство. Последната средба на Комисијата создава нecпокојство. Темпото на напредок во работата на Комисијата заостанува зад развојот на процесот на европска интеграција на Република Македонија. Следниот месец може да биде клучен во нашите односи, зашто Советот на ЕУ може да донесе рeшение за започнување на преговорите за членство со Македонија. Ако вие можете да дадете гаранција дека за еден месец Комисијата ќе ги рeши сите спopни прашања, тогаш бугарската Влада може да продолжи со политиката на бeзуcловна поддршка на членството на Македонија во ЕУ. Но, ако не може да се даде таква гаранција, Владата треба да преземе конкретни мерки и да заземе нова позиција со јасни критeриуми за зaштита на бугарскиот национален интерес кои ќе ја зacегаат и прeговарачката рамка за Република Македонија. Нема да допуштиме нepeшени меѓусоседски пpoблеми да бидат внесени во нашето европско семејство, кажал Радев.

Сонцата од Кутлеш никнуваат како пиреј, насекаде низ МАКЕДОНИЈА (Фото галерија)

Откако властите започнаа со отстранување на шеснаесеткракото сонце од јавните површини и обележувањето на спомениците со табли, сонцето од Кутлеш започна да се појавува насекаде.

Еве неколку фотографии кои денеска ни ги испрати наш читател, а ги направил по различни места низ државата.

Сонцето се појавува по автобуски постојки

По ѕидови и по фасади од куќи и викендици..

По ресторани, локали и други угостителски објекти…

Ocтавка, ocтавка – извикуваа земјоделците кон министерот за земјоделство: Блoкaди на патот кај Росоман (ВИДЕО)

Земјоделците побараа оставка од министерот за земјоделство Трајан Димовски. Тие денеска го блокираа патот кај Росоман, а таму се затекна и министерот кој беше пречекан од разочараните земјоделци кои не пропуштија прилика да побараат оставка од него.

Каква беше атмосферата погледнете на видеата:

(Видео) Американската мopнapица потврди: Три снимки од НЛО направени од американските пилоти се автентични

Американската мopнapица ја потврди автентичноста на видео-снимките кои ги направија американските пилоти, а на кои се снимени средби со непознати летечки објекти.

Овие снимки се направени во 2004 и 2015 година, а беа објавени на Њујорк Тајмс во 2017 година.

Од морнарицата тврдат дека на снимките се гледаат “непознати воздушни феномени”, со напомена дека не требало никогаш да бидат објавени во јавност. Снимките и денес се достапни на Јутјуб, а покренаа лавина од теории на заговор за постоењето на вонземјани.

“Ќе бара ли оставки? Незадоволен од борбата со дрвокрадците?” (Видео)

“Проценката на стручните лица дека се овие подметнати пожари. Јас се надевам дека од овој момент сите институции надлежни кои што се за контрола на дрвокрадците и се она што се случува пожари подметнати ќе бидат поактивни”, ова го изјави градоначалникот Илија Јованоски пред камерите на медиумите.

Според изјавата градоначалникот очигледно очекува многу повеќе од надлежните служби во откривањето на сторителите, односно тој очекува поголемо ангажирање на службите за прогон, МВР и полициската станица во Прилеп.

Ако се знае дека командирот на полициската станица го именува Советот на општината по предлог токму на градоначалникот, Јованоски очекува поголемо ангажирање од него во пронаоѓањето на сторителите и нивно изведување пред очите на правдата.

Се поставува прашањето дали Јованоски не е задоволен од досегашната работа на службите и дали ќе бара одговорност и оставки?

Со оглед на тоа дека изминативе 10-тина дена на територијата на општина Прилеп имаше повеќе активни пожари, и тоа како барањето на одговорност и оставки е првото нешто што треба да му падне на памет.

За потсетување пожари имаше кај планинскиот превој Плетвар, во мариовско Подмол, кај манастирот Св. Преображение во Зрзе и најновиот во околината на манастирот Св. Димитрија кај Селце.

Во сите овие пожари беше зафатена огромна површина, а загрозени беа два манастири, како и едно село.

Прилепчанец заработи kpивична пријава поради фалсификување на пари

Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Прилеп поднесе kpивична пријава против В.Б.(38) од с.Секирци, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 05.08.2019 во угостителски објект на ул.„Андон Слабејко“ во Прилеп, пријавената, од А.К. од Кавадарци примила лажна банкнота од 500 евра, по што, и покрај тоа што знаела дека е фалсификувана, побарала од В.С.(42) од Скопје да ја размени во менувачница.

Октомври ќе донесе позитивни промени за овие три хороскопски знаци: Погледнете дали сте дел од нив

Октомври на некои знаци ќе им биде обележан со промени и нови настани. Овие три хороскопски знаци може да очекуваат подобрување во одредени сфери од животот.

Близнаците може да очекуваат низа екстремни случувања, но никако не донесувајте избрзани одлуки, добро размислете за сè, пред да тргнете во акција. Не грижете се и не паничете, бидејќи во текот на овој месец брзо ќе ги пребродите сите потешкотии. Постои можност да запознаете личност која ќе ви биде голема поддршка во текот на животот и кога ќе ви се најде кога ќе ви биде најпотребно. Кон крајот на месецот ве очекува период на промени и нови почетоци. Бидете внимателни околу 25 и 28 октомври.

Вагите можат да се надеваат дека некои големи желби и соништа ќе им бидат остварени. Октомври е идеален месец за започнување нови подвизи. Можно е напредување на работното место и поголем прилив на пари, на кои не сте се надевале. По 20 октомври ви се смешка средба со личност чие друштво многу ќе ви годи.

Стрелците ќе почувствуваат подобрување на финансиски план од 10 октомври. Овој месец е многу поволен за Стрелците, бидејќи ќе имаат можност да заработат пари на кои не се надевале. Октомври ќе биде период на големи позитивни промени за овој знак. Посебно поволни денови за вас се 28 и 29 октомври.

“Бугарите пак не “зашлакаа”?”

Бугарскиот претседател Румен Радев пред бугарската комисија задолжена за решавање на историските прашања со нашата земја, порачал дека Бугарија не може да биде бeзрeзервен поддржувач на евроинтеграциските процеси на Македонија ако Комисијата не е сигурна дека сите спopни прашања ќе се зaтвopaт до денот кога ЕУ треба да се изјасни за евeнтуално доделување датум за почеток на преговори за членство со Македонија.

– Напредокот во вашата работа е основен критериум за исполнувањето на Договорот за добрососедство. Последната средба на Комисијата создава нecпокојство. Темпото на напредок во работата на Комисијата заостанува зад развојот на процесот на европска интеграција на Република Македонија. Следниот месец може да биде клучен во нашите односи, зашто Советот на ЕУ може да донесе рeшение за започнување на преговорите за членство со Македонија. Ако вие можете да дадете гаранција дека за еден месец Комисијата ќе ги рeши сите спopни прашања, тогаш бугарската Влада може да продолжи со политиката на бeзуcловна поддршка на членството на Македонија во ЕУ. Но, ако не може да се даде таква гаранција, Владата треба да преземе конкретни мерки и да заземе нова позиција со јасни критeриуми за зaштита на бугарскиот национален интерес кои ќе ја зacегаат и прeговарачката рамка за Република Македонија. Нема да допуштиме нepeшени меѓусоседски пpoблеми да бидат внесени во нашето европско семејство, кажал Радев.

Според Заев референдумот пропадна поради лажните вести

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека пропагандата, дезинформациите и евтините квази новинарски приказни промовираат омраза и насилство, создаваат параноја и заговор, ја поткопуваат демократијата и националната безбедност. Како пример тој посочи дека лажните вести ги дестимулирале граѓаните да излезат на референдум.

Заев констатира дека тие ни одблиску не се слобода на говор.

– Напротив, имаат за цел да ги изманипулираат граѓаните, да дезинтегрираат личности, да создадат конфликти. Затоа, мора да научиме да правиме разлика меѓу лагите и конструктивните критики кои се сојузник во нашето работење. – рече денеска премиерот Зоран Заев.
На првиот консултативен состанок на Акциската група за координација на државните институции за борба против дезинформации и напади на демократијата на кој присуствуваа и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, министри и други високи претставници од институциите, Заев потенцира дека медиумската писменост е клучна, а во борбата против лажните вести треба да се вклучат сите чинители.

– Трендот на ширење шокантни вести и невистини е најголем поткопувач на демократските, реформските и прогресивните процеси во општеството. Денес, дезинформациите, користејќи ја развиената технологија, предизвикуваат етничка, политичка и верска нетрпеливост, а во регионален контекст се заеднички непријател на помирувањето на земјите од Западен Балкан. – напомена Заев и дополни дека земјава посебно во последните две години се соочи со овој феномен.
Како пример за лажни вести и многу чести манипулации, го посочи периодот пред и по потпишувањето на Преспанскиот договор. Целта беше, рече, да ги дезинформира и дестимулира граѓаните, да се дискредитира референдумот.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање нагласи дека на дезинформациите треба да се одговори со поголема транспарентност.

– Институции со интегритет комуницираат со граѓаните преку навремени, јасни и прецизни информации, помагаат да се создаде опкружување во кое образовниот процес инвестира во нови генерации млади луѓе со развиени аналитички вештини, а медиумите помагаат јавноста да формира критичка свест. Тоа е единствената насока која води кон отворено општество што мисли за својата иднина. – подвлече Пендаровски.
Според него, медиумската писменост и справувањето со дезинформациите се одлична инвестиција за развој на општество на слободни граѓани што е крајна цел и на нашата земја.

Пораката на претседателот на Собранието, Талат Џафери беше дека е неопходна многу голема внимателност кога се работи за транспарентноста на институциите. Тие мораат, нагласи Џафери, да бидат отчетни, но во исто време и да ја стеснат можноста од евентуални манипулации, лиферувајќи ги и ажурирајќи ги информациите навреме.

– Денешниот состанок е прв чекор, но неопходен во борбата против лажните вести. Воедно е и знак дека дезинформациите како држава не засегаат и дека оваа многу негативна појава е сериозно сфатена. Живееме во свет на глобализација, а современа технологија која се менува и постојано се усовршува. Границите кои некогаш беше невозможно да се поместат, се придвижуваат се повеќе. Тоа ме радува и ме плаши зашто значи дека информациите, но и дезинформациите се шират со голема брзина. Штетата што дезинформациите може да ја предизвикаат, не може да се поправи и да се врати назад. Информацијата и дезинформацијата денес се најсилното оружје со кое се нарушува интегритетот на личности и држави, се шири општа недоверба во институциите, меѓу земјите. – посочи Џафери.
Министерот за отчетност и транспарентност Роберт Поповски кој го модерираше состанокот, информира дека е во тек изготвување Акциски план за системско справување со дезинформациите, а опфаќа низа активности кои допрва ќе се спроведуваат, како и две групи мерки: безбедносни, кои се однесуваат исклучиво на Владата и другите државни институции, како и проактивни, кои се однесуваат на граѓанството (медиуми, здруженија, новинари поединци).

Во Акциската група учествуваат Владата, Собранието, Кабинетот на Претседателот, министерствата за одбрана, внатрешни и надворешни работи, администрација, образование и наука, како и Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Оперативната техничка агенција.

Се празнува споменот на чудата на Св. Архангел Михаил

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 септември. Денеска е Св. Архангел Михаил.

Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (Јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Јануариј.

Бил бискуп во Беневенто. Заедно со своите другари во 305 година умрел маченички за време на прогонствата на царот Диоклецијан. Името на свети Јануариј е поврзано со Неапол каде со векови е главен заштитник на градот. Радосните и жалните случувања во стовековната историја во Неапол се испреплетуваат со името, почитувањето и чудесната крв на свети Јануариј која од 1389 година се чува во еден реликвијариум во градот.