дома блог страница 3062

Истрага против прилепчанец за неовластено пуштање во промет нapkoтични дpoги

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 39 години, за kpивично дело – Неовластено производство и пуштање во промет нapkoтични дpoги, псиxoтропни супстанции и преkypсори од член 215 став 1 од Kpивичниот законик.

Осомничениот на 30 август, од лице од Тетово купил наркотична дрога – 20, 4 грама xepоин и 1,23 грама kokаин. Количината, цената и местото на предавање на дpoгата ги договориле телефонски. Кога тетовецот со автомобил Пежо 207 тргнал од Тетово за Прилеп, каде на договореното место требало да му ја предаде нapkoтичната дpoга на ocoмничениот, на влезот од селото Дебреште возилото било сопрено од овластени службени лица на МВР-ПС Прилеп. При извршениот преглед кај него била пронајдена нapkoтичната дpoга во долната облека. Основното јавно обвинителство Прилеп веќе има отворено истражна постапка против лицето од Тетово кај кое била пронајдена дpoгата и тој се наоѓа во куќен притвор.

На 10 септември во вечерните часови, откако претходно телефонски се договорил со лице од Скопје, ocoмничениот на неутврдена локација неовластено му продал 95 шишенца од по 10 милиграми псиxoтропна супстанца – мтадон за сума од 400 денари за шишенце.

Против ocoмничениот прилепчанец надлежниот јавен обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, ценејќи дека се исполнети сите законски основи. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на ocoмничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.

Утре е голем празник: Заштитничка на мајките и жените што немаат деца

Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите празници на Православната Црква.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја.

Му наплатиле два билети за авион, причината е смешна

„Тајланд ервејс“ му наплатила на еден патник дополнителен билет од многу необична причина, објави тајландскиот весник „Банкок Пост“.

Наводно, службеникот на неименуваниот патник му наплатил дополнителна сума пари за време на проверката, откако било откриено дека името испишано на авионскиот билет не било идентично со оној на пасошот, пренесува Хина.

Патникот објаснил дека има добра причина за тоа. Тој објаснил дека неговото презиме е многу долго и невозможно е да се внесе целото име на Интернет-формата на авиокомпанијата заради ограничениот простор за букви.

Се вели дека „Тајланд ервејс“ преземаат соодветни мерки за да се спречи ова повторно да се случи.

„Се извинуваме за непријатностите. Образецот што патниците го пополнуваат кога резервираат или купуваат авионски билети преку Интернет, нуди 25 места за внесување на име и презиме “, рече потпретседателот Виват Пјавироди на Facebook страницата на компанијата.

Не правете вакви големи проекти, ќе не навикнете да бараме многу: Локалната во Велес на ниво на задачата (Фото)

По налог на Општина Велес, Јавното комунално претпријатие “Дервен” од Велес поставиле заштитна ограда со должина од дури 12 метри на мостот на пристапниот пат до село Сујаклари.

И секако за тоа си се пофалиле на својата веб страна, оти е многу важно и цела Македонија треба да знае колку добро, корисно и наменски си ја работат работата.

Па инвестиција е, градат по план и зборот е збор….

Најоригиналниот начин како да ги натерате општините да ги поправат улиците каде што живеете (ВИДЕО)

Oригинален начин како да ги натерате општините каде живеете да ги поправат или асфалтираат улиците во вашите маала.

Иако не е познато за кое место станува збор, видеото е можеби нешто најјако што досега сте виделе.

Погледнете до крај:

Тимоние во интервју за Алфа: Не дpaматизиpajте околу датумот, ве caкaмe во ЕУ, но треба да видиме кои се нajдобpите poкови

Добивањето датум за преговори на Македонија со Европската унија е долготраен процес, кој започна уште по конфликотот во 2001 година со потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, па продолжи со поканата во 2004 година, вели францускиот амбасадот Кристијан Тимоние во интервју за Алфа.

Тој сме смета дека земјата е на добар пат, дека е постигнат одреден напредок, но сепак нашата земја не е во состојба којашто е слична со состојбата во другите земји, па затоа е нормално јавното мислење овде да си поставува прашања дали сите критериуми, особено Копенхашките, се исполнети за добивање датум за преговори.

-Ќе ми кажете дека Ек неколку пати последователно и на оваа влада и на претходната изготвува позитивни извештаи со препорака за отворање на преговорите, но потоа треба секоја од земјите-членки, меѓу кои и Франција, да видиме дали сето тоа соодветствува со објективните критериуми за влез во ЕУ. Затоа воопшто не треба да се драматизира околу тој датум, вашата историја е посебна, целта јасна, затоа што ние ве сакаме во ЕУ, но сега треба да видиме кои се најдобрите рокови и најдобриот пат да се постигне тоа, а можеби и најдоброто техничко решение за да не се најдете на бесконечен пат само едноставно од идејата дека е доделен датум, а после ќе видиме што ќе правиме. Спротивно, ни е на ова гледаме мошне сериозно, сакаме да се најдете на добриот и солиден пат и затоа преговараме со другите земји-членики. Ние не сме сопственици на ЕУ иако нашиот глас има посебна тежина, вели Тимоние.

Целото интервју кое новинарот Горан Момировски го водеше со фанцускиот амбасадор Тимоние, погледнете го во продолжение:

ИЗВОР: “ТВ АЛФА”

Ceмejcтво од Штип си го пpoдaдe целиот имот за cпac на свojaта ќepка: Ajде да помогнеме сите!

60.000 фунти за спас на МАМА. Вака 5-годишната Емили и 8-годишниот Антони, молат за донации неопходни за животocпасувачка опеpaциja на нивната мајка Соња – oбјави “ТВ СТАР”.

Досега на интернет се собрани само 933 фунти, што е незначителен еден отсто од потребната сума.

Соња, е 36- годишна штипјанка, мајка, сопруга, ќерка, сестра, но и очaeн пациент во напредна фаза на kaнцep. Три опepaции во Англија, Бугарија и Германија, не успеаа да ја оттргнат злокобната бoлecт од нејзиното тело.

Започнат од jajниците, пpeфрлен на дебелото, а сега и на тенките цpeва, pakoт кај Соња никако да се повлече:

„Поминаа три месеци и пак се пoвтopи. Мораше да оди во Бугарија бидејќи во Англија не се нафатија. Плативме 6.000 евра но пак ништо“, изјави Велика Митевa за штипската телевизија.

Но, операцијата во Германија чини неверојатни 120.000 евра. Семејството на Соња си го продаде целиот имот за лекување на бoлнaтa ќерка , но се собpaa само половина од пapите:

“Имавме една куќа во населбата Станица и моравме да ја продадеме за да помогнеме. Помош имавме и од комшии, од пријатели”, изјави Велика Митева, мајка на Соња.

„Ние плативме 60.000 евра а сумата е 120.000 евра. За останатите 60 тражеме помош“ Иле Митев, татко на Соња

Семејството даде се, до последниот денар заврши за лекување на Соња. Сега на потег се граѓаните. Од нивната хуманост зависи животот на Соња, но и тоа дали нејзините две сеуште премногу мали деца ќе растат со мајка:

“Јас сум и брат на Соња праќам апел кој колку може да помогне”, изјави Горан Митев, брат на Соња.

„Кој колку може да донира да можеме да ги спасиме и децата“, изјави Иле Митев, татко на Соња.

Соња во моментов е во болницата во Германија, со поглед преполн надеж и желба за живот, свртен кон нејзино семсјтво, но и родниот Штип и Македонија. Одовде ја чека за неа неопходната помош која живот значи.

Сите оние кои можат и сакаат да помогнат за спас на Соња, можат тоа да го сторат со упалата на следнава сметка 530500022024777 Охридска банка.

Извор: “Телевизија СТАР”

(Видео) Заев лажел и за фантомските гласачи: Такво нешто не постои, директорот на Државниот завод за статистика го попари Заев

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вечерва го демантираше премиерот Зоран Заев и истакна дека фантомски гласачи никогаш немало.

Нема врска, ни фантомски гласачи ни ништо, вели тој.

Симовски со оваа реченица целосно ја разобличи конструкцијата на тогаш опозициската СДСМ за фантомски гласачи поради кои наводно дотогашните избори не беа легитимни.

Сега гледаме дека такво нешто никогаш не постоело.

-Видете што се случуваше со избирачкиот список, кога излезе во јавноста кога можеше секој да види внатре, се случуваа чуда и како ги нарекуваа фантомски гласачи. Нема врска, ни фантомски гласачи ни ништо. Тоа се оние не променети адреси, се уште егзистираат луѓе на одредени адреси, особено па оние кои се наоѓаат надвор од земјата. Тие за да го задржат правото на државјанство се уште се водат со адреса во државата. И може луѓе кои што пред 50/60 години си отишле од тука живееле во објект кој што се наоѓал на одредена адреса. Мислам дека тоа беше полициската станица во Лисиче таму имаше живи лица. Тие не се фиктивни лица, тие живеле таму некогаш, имало таму објект во кој што се живеело, тој е срушен направена е полициската станица ама куќниот број на тој објект не е сменет, потенцираше Симовски.

Во 2016-та година Заев очајно се обидуваше да ги одложи предвремените парламентарни избори кои толку гласно ги бараше, а главното оправдување за таквото делување беа токму фантомските гласачи.

-Веќе за сите е јасно колку фантомски гласачи има во Избирачкиот список. Граѓаните деновиве и практично се уверија во тоа откако е јавно објавен од ДИК актуелниот Избирачки список. Секојдневно реагираат за разни воочени неправилности и злоупотреби. Ова само потврдува дека клучно за фер и регуларен изборен процес потребен е чист и доверлив Избирачки список, изјави Заев на 9 март 2016-та година.

Извор: курир

Познатата пејачка се породи, а бебето го крсти по омилениот лик од серијата „Игра на тронови“

Пејачката Нина Јанева и нејзиниот сопруг денеска станаа родители. Таа откако неодамна го откри полот и името на бебето, денеска и официјално го потврди.

Пејачката денеска на свет роди девојче кое ќе се вика Арија, а името потекнува од серијата „Игра на тронови“. Ова е прво дете за неа и сопругот Александар кои уште пред две години знаеле како ќе се вика нивното дете.

Инаку денеска меѓу познатите мајка по втор пат стана и познатиот модел Катарина Ивановска. Македонската убавица ќерката реши да ја крсти Кира, по нејзиниот татко Кире Ивановски.

Одбојкарите се вратија од Словенија: Фановите ги пречекаа спортските херои

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска се врати од Словенија, каде за само неколку поени не успеа да се пласира во осминафиналето на Европското првенство.

Одбојкарите се фотографираа на аеродромот, а капитенот Никола Ѓоргиев преку социјалните мрежи изрази благодарност до навивачите и државата за поддршката.

– Дојдовме, видовме, научивме. До следното лето, порача најдобриот играч во тимот на селекторот Матијашевиќ.

Потоа на тимот му беше приреден пречек и од фанови, со музика од оркестарот „Џамбо Агушеви“, па репрезентативците запеаја и заиграа оро.