дома блог страница 3060

УХМР: Септември почна со високи температури, можна суша во наредните месеци

Топол бран и повисоки температури на воздухот во земјава го карактеризираа почетокот на овој месец, достигнувајќи до 37 степени.

– Според досега измерените вредности на првата декада од септември, 2019 година се категоризира како многу топла декада, освен мерното место Скопје, кое се карактеризира како топло, информираат од УХМР.

Според мерењата, максималната температура во Гевгелија изнесувала 37,1 степени, Демир Капија 35,5 степени, Струмица 35,2, Штип и Скопје со 34 степени, Битола 32,7 степени, Прилеп 32,2 степени, Крива Паланка 31,6 степен, Берово 30,2, Охрид 29,5, Лазарополе 26,6 степени и Маврово 26,5 степени.

Од УХМР посочуваат дека на повеќето метеоролошки станици не се надминати многугодишните апсолутни температури, но се надминуваат многугодишните просечни вредности.

Според податоците, апсолутната температура измерена во септември во периодот од 1951 до 2018 година изнесува 39,7 степени во Демир Капија и Гевгелија со 39,2 степени. Топло време со високи температури во септември е регистрирано и во 2011, 2012 и во 2015 година.

Од Управата посочуваат дека во изминатите месеци недостигаат врнежи и дека голема е веројатноста за појава на суша во наредниот период.

Денеска се празнува Мала Богородица

Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите празници на православната црква.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја.

Oва чyдо нajдoбpиот тениcep во cветот го кopиcти пpeд нajважните натпpeвapи: Еве за што служи (Фото)

Светскиот рекет број има посебен начин за опуштање пред важните мечеви. Тој за опуштање и регенерирање на телото користи хипербарична комора. Таква комора последен пат Ноле „паркирал“ пред УС опен во Њујорк и му донела успех.

Што е хипербарична комора?

Се користи како основна терапија кога кај човекот има дефицит во транспорт на кислород во организмот.Посебно кога станува збор за повреди тогаш на телото му е потребен повеќе кислород.

Чистиот кислород во услови на зголемен притисок во хипербарична комора им овозможуваат на белите дробови три пати повеќе воздух од нормалното.

На тој начин се стимулира супстанцата под име „фактор на растот“ и матични ќелии кои придонесуваат за подобро функционирање на сите процеси во организмот.

УЕФА го kaзни Пapтизан, но на стадионот се пojaвија 20.000 дeцa кои навивaa на цел глac: Пpeкpacна глетка (ВИДЕО)

Во четвртокот Партизан ги стартуваше натпреварите од групната фаза во Лигата на Европа, а во Белград гостуваше холандскиот Аз Алкамар.

За натпреварот против Холаѓаните, УЕФА го казни Партизан , па клубот мораше да игра без поддршка од најверните навивачи “гробари”.

Според барањето на УЕФА на стадионот не смееше да присуствуваат лица кои се постари од 14 години, но никој не очекуваше дека на стадионот “ЈНА” ќе се појават над 20.000 деца.

Натпреварот заврши без победник 2:2, но глетката на стадионот беше неверојатна.

Погледнете:

Железна воља и храбpo cpце: Македонка со инвалидитет се искачи на планинскиот џин Триглав (ФОТО)

17 часа кaчување, спуштање, болка, страв, замор, но со железна воља Љуљета успеа.

На највисокиот словенечки врв Триглав, за прв пат се искачи жена со инвалидитет. И токму таа жена, која успеа да се искачи на 2864 метри, е од Македонија. Станува збор за Љуљета Адеми, која преку статус на социјалните мрежи го потврди овој успех.

Женскиот фудбалски клуб “Деспина” од Прилеп супepиopни на стартот од сезоната

Женскиот фудбалски клуб Деспина Прилеп влезе во одлична серија на почетокот на новата сезона во Првата женска фудбалска лига и веќе има 4 победи од исто толку натпревари. На последниот натпревар против ЖФК Атлетико прилепчанки победија со резултат 6:0(1:0)!

Стрелци на головите беа Катерина Милеска која постигна хет-трик, потоа Јана Чубриноска со 2 гола и Јована Ѓорѓијоска со 1 погодок.

Стануваше збор за натпревар со две различни полувремина во рамките на 4 коло во кое е остварена четврта победа по ред. Прв дел во кој што се имаше целосна доминација, но без изгледни шанси и еден гол од далечина, со напомена дека одлично се бранеа и гостинските фудбалерки. Во вториот дел квалитетот на Деспина дојде до израз и беа создадени многу повеќе шанси и постигнати 5 голови.

Извор: “Infokompas.com.mk”

Моника Тaлecка нoв диpeктop на гpaдcкaтa библиoтeкa

Фото/civilmedia.mk

Бардот на прилепското новинарство е нов директор на прилепската градска библиотека “Борка Талески”. Претходно беше дел од тимот што се грижеше за транспарентноста во работата на Градоначалникот на Општина Прилеп.

Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа таа беше и постојан дописник на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија – Прилеп.

Соработувала во многу македонски печатени и електронски медиуми во одредени периоди од кариерата – Македонско Радио, Канал 77, Дневник, Вест…, а беше и редовен дописник на Утрински Весник. Дописник беше и на неделникот АМН, што се печати на македонски јазик во Австралија.

“Роналдо доаѓаше кај мене секоја вечер за да му дадам бесплатен хамбургер. Син ми не ми верува кога му кажувам”

Приказната за сиpoмашното детство која Роналдо ја раскажа во интервју на “UK TV” за Пирс Морган, се прошири на целата планета.

Португалецот тогаш говореше за сиpoмашното детство кое го имал. Тој ги повика луѓето да ги пронајдат жените кои му помогнале да не биде гладен во моментите кога немал пари да купи храна додека живеел во Мадеира.

– Имав само 12 години и немав пари. Живеев со другите играчи, мои врсници, од другите делови на Португалија. Ми беше тешко без семејството. Бевме гладни. Се сеќавам дека покрај стадионот имаше ресторан на “Мекдоналдс”, ни даваа хамбургери кои не биле продадени во текот на денот. Во ресторанот работеше жена, се викаше Една и уште две други девојки. Никогаш повеќе не ги видов, вели Роналдо.

Португалецот се надева дека гледачите ќе му помогнат да ја пронајде жената која му помогнала.

– Се надевам дека луѓето ќе ми помогнат да ги пронајдам. Сакам да ги повикам во Лисабон или Торино на вечера и да им се оддолжам за се она што го направија за мене. Никогаш нема да ги заборавам”.

Оваа приказна и интервју станаа вирални во светската јавност, па по неколку дена се појави и жената која му помагала на Роналдо. Станува збор за Паула Леки која ја прифатила вечерата со Роналдо. Како што пренесува радио Ренасценца, Паула секоја вечер ги хранела гладните момчиња кои во Лисабон тренирале фудбал.

Прилеп пoкaжa дека e жeлeн за кyлтypни нacтaни: Пpeпoлнa caла пeeше и уживаше во стapoгpaдска македонска пecна (Фото/Видео)

Синоќа во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, пред преполна сала, свој годишен концерт одржа Октетот Прилеп.

Со концертот се одбележа 25-годишнината од постоењето на овој музички состав кој низ годините стана вистински амбасадор на градот.

Исполнетата до последно место сала уживаше во прекрасните звуци на староградската македонска песна, а концертот го збогатија естрадните пејачи Ленче и Горан Куќиќ, Сафедин Бајрамоски и вокалистиките Викторија Стојческа и Ана Митоска Стојаноска.

Една преубава атмосфера која траеше повеќе од два часа, а ниту еден од присутните не посака да ја напушти големата сала во “Марко Цепенков”.

Концертот која ја одбележа 25-годишнината на Октет Прилеп е само доказ дека градот е желен за културни настани, дека на Прилеп и прилепчани им се потребни вакви музички претстави и дека треба што почесто да се случуваат.

На Октет Прилеп им посакуваме да стигнат и до 100-годишнината од нивното постоење и уште многу, многу вакви успешни настапи дома и надвор од Прилеп.

А за сите останати кои го пропуштија синоќешниот концерт еве неколку видеа за да почувствувате дел од прекрасната атмосфера: