Женскиот фудбалски клуб “Деспина” од Прилеп супepиopни на стартот од сезоната

Женскиот фудбалски клуб Деспина Прилеп влезе во одлична серија на почетокот на новата сезона во Првата женска фудбалска лига и веќе има 4 победи од исто толку натпревари. На последниот натпревар против ЖФК Атлетико прилепчанки победија со резултат 6:0(1:0)!

Стрелци на головите беа Катерина Милеска која постигна хет-трик, потоа Јана Чубриноска со 2 гола и Јована Ѓорѓијоска со 1 погодок.

Стануваше збор за натпревар со две различни полувремина во рамките на 4 коло во кое е остварена четврта победа по ред. Прв дел во кој што се имаше целосна доминација, но без изгледни шанси и еден гол од далечина, со напомена дека одлично се бранеа и гостинските фудбалерки. Во вториот дел квалитетот на Деспина дојде до израз и беа создадени многу повеќе шанси и постигнати 5 голови.

Извор: “Infokompas.com.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.