дома блог страница 3055

Нефи Усеини најави пpoтecт- Повика да се бpaнат покривите на неговите браќа

Советникот Нефи Усеини преку Фејсбук статус повика на протест против акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид. Во статусот тој алудира на тоа дека не се уриваат објектите на езерскиот брег туку се уриваат куќи и џамии кои припаѓале на охриѓани.

Усеини на Фејсбук напиша:

Во овој период сите чуствуваме притисок од страна на институции кои сакаaт да ни наштетат.

Од 1400 дивоградби, вклучувајќи ги и оние покрај езерото кои го ризикуваат исклучувањето на Охрид од UNESKO, кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии, кои им припаѓаат на охриѓани.

Затоа едногласно да станиме да ги браниме покривите од нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши.

Според тоа на 25.09.2019 (Среда) во 10:00 часот пред Општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како што секогаш сме правеле за нашите граѓани.

Усеини е сосптвеник на дивоизградена пицерија до чинарот во Охрид и на бетонска база ( исто така дивоградба ) на самиот езерски брег.

Акцијата за уривање во Охрид треба да продолжи од утре.

Прилеп доби ново и модерно козметичко студио: “Denny Art” е новото место за целосна трансформација и разубавување (Фото)

Мисијата да ги промовираме вредноста, посветеноста, желбата за докажување, ја продолжуваме и понатаму. Бевме гости на отворањето на ново, супер модерно козметичко студио во Прилеп.

Козметичкото студио “Denny Art”, блесна со целиот свој сјај и веќе од денес им стои на располагање на сите кои се грижат за убавиот изглед и кои се во потрага по нешто ново, свежо и уникатно.

Сопственичката Дениза Вељаноска го оствари својот сон да отвори свој дуќан, а со вештината која ја поседуваат во своите раце, таа и нејзиниот тим ќе прават мали чуда и ќе донесат многу насмевки кај своите муштерии.

Козметичкото студио “Denny Art” се наоѓа на улица “Марксова” бр.121/1 или веднаш од спротива на студенстскиот интернат во Прилеп.

Го краси одлична и вкусно уредена внатрешност, пријатен амбиент и пред се многу љубов.

Во “Denny Art” може да добиете: професионална шминка, надградба, лифтинг и ботокс, како и фарбање на трепки. Потоа оформување, надградба и фарбање на веѓи, шеќерна, топла и ладна депилација, како и третмани за лице и професионална масажа.

Тоа што ни остави впечаток, беше блескава искрата во очите на тимот од студиото, која зборуваше дека од ова место сакаат да создадат мало царство, кое ќе значи неминовен успех и иднина.

Нека за вас се погрижи некој што ја сака својата професија, некој што ќе го вложи целото внимание во секој муштерија и што ќе сака да ве направи задоволни и среќни со вашиот изглед.

Наши беа искрените впечатоци и убави зборови кои можеме да ви ги пренесеме, ваше е да проверите, и да се уверите.

На Дениза и посакуваме многу среќа, полни раце со работа и можност за проширување во идина, а вам ви препорачуваме да закажете термин на телефонскиот број: 076/346-006.

СИ ГО ОГPAБИЛЕ ТАТКОТО: Извpшиле paзбojништво во домот на својот татко

На 22.09.2019 во 22.30 часот во СВР Куманово, Р.С.(65) од Куманово пpијaвил дека во неговиот дом на ул.„Драги Шутевски“, неговите синови И.С.(30) и Е.С.(17) извpшиле paзбojништво над него.

Според пpиjaвеното, тие со употpeба на cила влегле во домот и му одзeле пари. За време на увидот парите биле пронајдени во дворот.

По рacчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат во полицискиот билтен на МВР.

На ова мecто живeaт pycките милиjapдери: Ѕиpнeтe во нaceлбата каде пocтои само лукcyз и pacкош (Видео)

Во Русија бизнисмените, политичарите и најпознатите спортски купуваат куќи во најлуксузната населба во Москва наречечна „Рубљовка“. Овој компелкс се наоѓа 40 километри надвор од Москва и во него не може секој да влезе.

Целата населба има обезбедување а вилите се приказна за себе. Приватноста е на највиското ниво а тоа е она што високите гости најмногу го бараат. Речиси секоја куќа има базен, голф терени, патеки за трчање, подземни гаражи…

Жители на оваа населба се рускиот претседател Путин, премиерот Медведев, тенисерот Марат Сафин, манекенката Наоми Камбел, а тука живееше и вдовицата на Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ.

“Курир”: Шokaнтно cвeдoчeњe на Верушевски – Бомбите се cтpaoтно модифициpaни и компpoмитиpaни!

Таканаречената „Вистина за Македонија“ е базирана на материјали кои биле незаконски следени, а потоа изменети и компромитирани. Ова во својот исказ пред судот во предметот „Таргет-Тврдина“ го изјави денеска поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски кој важеше за креатор на целиот проект на Зоран Заев – oбјави “Курир”.

Верушевски изјави дека до неговото апсење го знаел точниот обем на документацијата, но потоа немал контрола.

„Факт е дека таа документација доживеа страотни модификации и компромитирања. Зборувам после моето лишување од слобода“, кажа Верушевски, на општо изненадување во судницата. Тоа практично значи дека материјалите кои ги предал Заев во СЈО се изменети и монтирани, што практично отвара прашања во однос на постапките и по другите предмети.

Во својот исказ Верушевски не можеше да ја потврди ниту веродостојноста на материјалите со кои располагал пред да биде приведен во случајот „Пуч“.

„Потеклото и креацијата на документацијата може да ја даде само надлежна институција со вештачење. За политичка партија таквата амбиција не е достижна, ниту е поставена како реалност. Амбицијата на одделот со кој управував беше да обезбеди валидни документи со кои партијата ќе го оспори легитимитетот на власта“, изјави Верушевски.

Верушевски денеска се обиде да се дистанцира себе си од проектот „Вистина за Македонија“, велејќи дека неговата улога била да ги анализира незаконски прибавените материјали и за тоа да ги информира лидерите на СДСМ.

„Не обезбедив јас било какви разговори на лична основа. Сето тоа што се случуваше во СДСМ беше обврска да го анализирам. Не бил мој интерес, ниту приватен, ниту на памет ми паѓаше такво нешто. Информациите не завршуваа кај името и презимето мое, туку во партијата“, рече Верушевски, според кого материјалите доаѓале преку други структури во партијата. Контрадикторно во однос на претходните сведочења дека проектот „Вистината за Македонија“ започнал уште во 2008 година, Верушевски посочи дека тој бил запознаен со материјалите дури во 2010 година, по неговото враќање од Италија. „Кон крајот на 2010 година се првите информации кои сум ги добил поврзани со овој случај. Во тој период бев одговорен за безбедносната политика на СДСМ и информациите од ваков карактер беа обврска за анализа. Се правеа тактички анализи. Ги користеше лидерството за своите стратешки одлуки и политики“, изјави пред судот Верушевски.

Според Верушевски, со материјалите и нивната содржина бил запознаен уште Црвенковски. „Црвенковски и Заев во цело време на нивното лидерство имаа увид во документацијата. Стратешка одлука беше на Црвенковски како ќе ја користи, а потоа и на Заев“, рече Верушевски.

Судењето во предметот „Таргет-Тврдина“ продолжува на 10 октомври со вкрстено испрашување на сведокот Зоран Верушевски.

Извор: “Курир”

Вечното почивалиште на легендарниот македонски војвода Јордан Пиперката: Посетете го селото во кое секој камен има своја историја (Фото галерија)

Кога ќе се спомене демирхисарското село Велмевци првата асоцијација за ова село е големиот македонски војвода Јордан Пиперката.

Иако не потекнува од ова тука негова желба била вечно почивалиште да му биде планината над Велмевци. Така на ридот викан “Черешна” се наоѓа гробот на овој легендарен борци за ослободување од османлиското ропство, заедно со тројца негови соборци. Првиот споменик за војводата Пиперката е изграден во 1943 година токму од фурнаџии од Велмевци кои биле многу активни на ова подрачје и од тука излегувале најпознатите фурнаџии во цела Македонија, но и надалеку низ светот, а селото станало познато како село на фурнаџиите.

Селото некогаш имало 2.500 жители, но со миграцијата село град се испразнило. Сега има околу 25 жители. Жителите раскажуваат дека фурнаџиите од Велмевци се раселиле низ цел свет, добро се покажале во занаетот и добро заработувале, а со парите се вратиле во стариот крај и изградиле големи куќи по европски терк. Некои до тие куќи се зачувани до ден денес.

Демирхисарскиот регион е познат по своите природни убавини, свежиот воздух, дебелите сенки и мирисот на шумата.

Велмевци е едно од 34-те живи села во Демирхисарскиот регион сместено на 25 километри од Демир Хисар. Селото се наоѓа во падините на преубавата Илинска планина, а покрај историската приказна за војводата Јордан Пиперката, за ова село е поврзана и легендата за првата фудбалска топка во Македонија.

Наводно некој иселеник кој работел како фурнаџија на запад се вратил во Велмевци и ја донесол првата дотогаш фудбалска топка, а потоа се формирале двата фудбалски клуба Горномаалци и Долномаалци. Потоа се формирал фудбалскиот клуб Славија.

Маркукуле беше во посета на Велмевци,а во продолжение ви откриваме дел од убавините на овој предел на Македонија кој за жал е пред исчезнување.

Стигнувате во селото, а тука ве пречекуваат автентичните стари македонски куќи. На ширинката средсело е сместена месната заедница и неколку мештани кои секогаш се расположени да ви раскажат за историјата на селото и да ви покажат се она што е интересно за ова село.

Токму и така беше и во нашиот случај. По разговорот со селаните се упативме кон ридот каде се наоѓа вечното почивалиште на легендарниот војвода Јордан Пиперката.

Низ дебелата и живописна дабова шума има патокази кои ќе ве упатат до вистинското место. Доаѓаме до ридот, а таму се наоѓа споменикот на војводата и уште на четири други борци кои загинале заедно со него.

Запаливме свеќа пред неговото дело и си спомнавме за неговата жртва и неговите херојски подвизи во борбата за слободна Македонија.

Водејќи се по патоказите стигнавме и до едно излетничко место каде се наоѓа и мал параклис посветен на Св. Марена. Поседивме и уживавме во чистиот воздух и се замивме од чешмата со вода.

Пред да се вратиме на средсело наидовме на уште едно интересно место. Се работи за параклис посветен на Св. Илија, каде има и така наречена “женска вода”. Според она што го пишува водата лекува и помага за тироидната жлезда и плодност.

“Жените да го остават дарот, крпата или маицата на иконата и да се помолат на Св. Илија гласно, не со шепотење, исто како на доктор да зборуваат со зборовите: “Дојдов да ми помогниш, дар ти дарувам за и ти да ме даруваш со пород дете” и да се измијат од водата на челото, под пазувите, стомакот, т.е. јајниците и матката, и да си наполнат вода за дома, и на крај да си запалат свеќа”, пишува на таблата.

Малку подолу има уште една табла, а под неа клупа. На таблата пишува:

“Kлупата е за мажите да почекаат и доколку има повеќе жени, истите да одат една по една со цел да не си сметаат. Мажот и жената да се откажат од цигарите. Жените кои доаѓаат да бидат чисти, без кармини, накит, шминка, парфем, лакирани нокти и да носат дар црвена крпа или женска маица”.

Велмевци е живописно македонско село кое вреди и мора да се посети. Тука секој камен има своја историја, секој здив е бесценет, а секој миг исполнува.

(ФОТО) НЕВЕРОЈАТЕН ЛУКСУЗ: Погледнете со што располага првата класа летови од Катар

Aвиокомпанијата “Qatar Airways” повремено на неколку луѓе кои се среќни добитници на “златни карти” од наградната игра на компанијата, им овозможува да летаат во прва класа на нивните авиони.

Што подразбира првата класа во “Qatar Airways” најдобро покажуваат фотографиите…

Qatar Arways А380 е најголемиот патнички авион во светот. Во 2015 година Qatar Airways беше одбрана за најдобра авиокомпанија во светот од страна на реномираниот веб сајт Skytrax.

Ваков луксуз и гламур нема дури и во некои луксузни хотели.

Вреди да се испроба доколку некогаш животот ви пружи шанса…

Haпpaвил cмeткa од 128 илjaди eвpa, па пoбeгнaл co пpивaтeн авиoн

Италијанец заедно со семејството побегнал со приватен авион, откако за време на летувањето на грчкиот остров Миконос направил долг од 128 илјади евра.

Италијанецот кој е сопственик на неколку компании во Лондон изнајмил вила на Миконос, а кога дошол моментот да се плати… Само исчезнал!

Резервациите за вилата ги направил некој Грк кој изјавил дека е бизнисмен, а на крајот се воспоставило дека тоа бил човек кој до неодамна работел во еден хотел во Волос.

Токму тој се обратил на менаџерот на хотелската единица во која работел, а директорот на хотелот навистина го препорачал кај една од најпознатите туристички агенции на островот.

Откако на посредникот му испратиле фотографии од вилата тој им кажал дека Италијанецот сака да резервира во луксузната вила во областа Каналиа со своето петочлено семејство. Од картичката веднаш му биле повлечени 50 илјади евра за резервација, а подоцна требало да ги исплати останатите пари односно 179.800 евра колку што вкупно чинело летувањето.

Куќата ја резервирале на 5-ти јули, а заминувањето од истата на 26-ти јули. Прво на островот пристигнале сопругата и неговите две деца, а потоа Италијанецот дошол по два дена. Започнал одморот во вилата и бил воодушевен од архитектурата, но и од ВИП услугата која му била обезбедена.

Меѓутоа како што деновите одминувале тој не бил расположен да го плати останатиот дел од сумата.

Веројатно затоа што почувствувал притисок од агенцијата, одлучил да ги смири луѓето велејќи им дека ќе им прати пари на сметка, една од швајцарска, другата од италијанска банка.

Претпоставувате, парите никогаш не стигнале до туристичката агенција.

И конечно, едно утро, поточно во петокот на 15-ти јули Италијанецот се качил на приватен авион заедно со останатите членови од семејството и одлетал за Истанбул, оставајќи ги луѓето од агенцијата бeз пари.

Извор: “Република.мк”

Мечката Мишка се поклонува пред иконата на светецот Свети Серафим Саровски

На Фејсбук се појави фотографија на која се гледа како мечката Мишка се поклонува пред иконата на Свети Серафим Саровски – објави “Денешен.мк”.

Големиот руски светец, кој живеел во 18 век, а Православната црква го слави на 15 јануари, бил познат по неговата огромна љубов кон се, па и кон дивите животни, особено мечките. Една огромна кафеава мечка му била постојан „посетител“. Ќе ја наведнела главата за Старецот да ја погали, а потоа ќе легнела покрај неговите нозе и се умилкувала како да е мачка, а не страшна ѕверка.

Кај Свети Серафим Саровски доаѓале достоинственици, но и од обичен свет. Самиот император дошол кај него. Но, тогаш се појавила огромната мечка, па царот пребледел, а Свети Серафим се свртел кон мечката и и рекол:

– Немој сега, треба да разговарам со Царот, дојди подоцна.

Мечката си заминала во шумата.

Некои злобни луѓе во селото мислеле дека кај Свети Серафим има многу богатства, затоа што луѓето му носат сè. Бидејќи алчноста ги заслепила, тие никогаш не помислиле дека Старецот не прима никакви подароци. Дошле кај него и барале злато. Кога не нашле ништо, го претепале Старецот.

По некое време, дошла мечката. Како животното знаело што да прави, само Бог знае. Мечката некако го ставила старецот на грб и го однела во манастирот оддалечен околу десетина километри. Тропала на вратата додека не ја отвориле, а потоа чекала монасите да го земат Старецот. Чудото го виделе многумина, монаси и верници, кои биле во манастирот.

Повредите биле смртоносни, но Светиот Старец преживеал. Долго се опоравувал. Властите, пак, ги проншле виновниците, но Свети Серафим им простил и одбил да ги тужи.

Старецот простил, но мечката не. Таа ги пронашла двајцата виновници и строго ги казнила на свој, мечкински начин. Третиот човек, кога видел што се случило со неговите другари, отишол кај Старецот да го моли за прошка.

Старецот му прости и наредил на мечката да не го допира. Мечката никогаш не го допрела, но ја вртела главата кога ќе го видела. Овој човек навистина се покајал и целосно го променил својот живот. Тој станал послушен на Старецот и го слушал верно до крајот на животот.

Извор: “Денешен.мк”

Регулаторна со нова одлука: Од полноќ ново поскапување на горивата

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од два до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 72 денари, а Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар. За еден денар се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 53,50 денари за литар.

Зголемување има и кај малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава по 34,034 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,97 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 5,35 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 4,39 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 10,77 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,6238 денари за долар и е за 0,39 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.