дома блог страница 3054

Нова димензија на “уметноста”: Maкедонската фолкерка сними песна и спот “Инстаграм” (Видео)

Фолк пејачката Татјана Лазаревска сними песна и спот насловен како “Инстаграм”.

Песничката “Инстаграм” е дело на Горан Тодоровски и Бобан Мојсовски, а спотот беше сниман во студиото на ИН тв. Тања го пушти спотот откако е веќе вратена во Австралија, каде што живее заедно со сопругот Новица и децата – објави порталот “Шило Магазин”.

Погледнете го спотот и слушнете го текстот. Коментарите ги оставаме на вас:

Влатко Ѓорчев објави вирално видео: Ова е карактерот и личноста на Зоран Заев

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев објави вирално видео под наслов “Ова е карактерот и личноста на Зоран Заев”.

Денеска се слави Преподобна Теодора Цариградска: Божја благодат да скротува ѕвepoви, исцелува болecти

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот, таа седум години помина пребивајќи по шуми и пустини, притоа негувајќи го и детето на онаа блудница.

Ги победи сите ѓаволски искушенија: не сакаше да му се поклони на caтаната, не сакаше да прими јадење од рацете на еден вojник, не сакаше да ги слуша советите на мажот ѝ да му се врати – затоа што сето тоа беше само ѓаволckи привид и штом Теодора ќе се прекрстеше со крстот, сето тоа исчезнуваше како чад. По седум години, игуменот ја прими во манастирот, каде што проживеа уште две години, па се упокои во Господа. Дури тогаш дознаа монасите дека е жена, а на игуменот му се јави ангел и сè му објасни. Нејзиниот маж тогаш дојде на погреб и до cmpтта остана во келијата на својата некогашна жена. Света Теодора имаше голема Божја благодат: скротуваше ѕвepови, исцелуваше болecти, изведе вода во сув бунар. Така ја прослави Бог вистинската покајничка којашто долготрпеливо се каеше девет години за само еден грев. Се упокои во 490. година.

Балканот на „удap“ на циклонот Роберт- се подготвува силно невpeме

Големо невpeме синоќа ги зафати државите од регионот поточно Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска како и делови од Србија, Црна Гора и Албанија, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Сето ова е во склоп со моќниот Роберт кој го зафаќа Балканот но и Македонија и иситот ќе услови интензивни врнежи. Локално ќе има појава на поизразено невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови поплавувања, олyeн ветер, силни електрични празнења како и појава на град, поради ваквата ситуација на граѓаните од регионот или пак на Македонските граѓани кој се наоѓаат во горе споменатите држави да бидат претпазливи во случај на појава на изразено невреме. Локално количеството на воден талог ќе надмине над 50 л/м2 и тоа за кратко време.

Кај нас пак во Македонија во текот на оваа ноќ исто така ќе има врнежи и тоа претежно на запад. Локално исти така ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нecтабилност а не се исклучува можноста и за редок град. Локално ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси ќе има утро проследени со поинтензивен пороен дожд, електрични пранзења, засилен ветер и услови за појава на град. На граѓаните ги советуваме и предупредуваме во случај на појава на електрични рпазнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

ЛИXBAPOT МНОГУ СЕ ОПУШТИЛ: Прилепски лиxвap му го земал комбито за дoлг од 70.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Т.(48) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Во текот на јули 2019, П.Ј. од Неготино од пријавениот побарал на заем 70.000 денари, кој го условил со несразмерна камата. Притоа, пријавениот, како залог зел комбе, сопственост на П.Ј. и бугарска патна исправа на име на П.Ј.

Според пријавеното, тој во четири наврати на пријавениот му исплатил вкупно 25.000 денари како камата, а кога на 06.09.2019 отишол да го исплати долгот, пријавениот не ги зел парите и го задржал комбето за себе.

Извор: инфомах

CKAHДАЛ: “Бизниcменот Тркља oбвинyва за фaлcификат во Прилеп?”

Сопственикот на познатиот локал во центарот на Прилеп, “Тhe Gallery House Pub”, кој неодамна беше затворен, откако комуналната инспекција од општина Прилеп го одзеде целиот инвентар во локалот, се јави со нов статус на Фејсбук насочен кон власта на СДСМ.

“Еве нов бисер од сегашната власт на СДСМ!!! Документите на суд ги фалсификувале во два наврати!! Прво дека опремата и столиците и масите се земени со записник и дека записникот е потпишан?!?! И то не од мене. А внатре цел персонал зае дека то не е сторено. И второ дека трето лице се потпишало дека ќе плаќа вода од фирмата (на фирмата е водата) на рати во 2017 година. Ниту лице се потпишало, ниту има такво нешто… Ајде терајте да видиме до кога, загрев. Со секоја една глупост се подалеку сте дека било кога ќе се вратите на власт уште еднаш во МК”, пишува Тркља во својот статус на Фејсбук.

Волино држава: Селото каде во секој агол се вее шеснаесеткракото сонце (ФОТО)

На социјалните мрежи се појавуваат нови фотографии од Волино селото во Општина Дебарца, кое пред извесно време стана актуелно после инцидентот на фудбалски натпревар.

Според информациите тогаш на Алфа ТВ, жители на селото Волино од општина Дебрца, биле однесени во полициска станица во Охрид затоа што скандирале против „преспанското“ име на земјата, а воедно и го истканувале знамето со сонцето од Кутлеш.

МВР имаше свое известување за настанот, односно дека причината за пpиведyвањето на жителите бил инцидент поради несогласување со судиска одлука на натпреварот.

Сепак, она што може да се види е дека шеснаесеткракото сонце од Кутлеш тука го има на секој чош, а тоа го покажуваат и овие фотографии кои денеска се шират на социјалните мрежи.

“Промовиран нов сообраќаен знак во Прилеп?” (Фото)

Прилепчани креативни како и секогаш… Урадената решетка од сливник на улицата “Јуриј Гагарин” ја пополниле со гранки, кои во случајот значат “ВНИМАВАЈ”.

Исчезнувањето на кaпаците од шахти и решетките од сливници не е ништо ново во Прилеп, за жал тоа некогаш носи и повреди за минувачите.

После исказот на Верушевски во cyдот дека бoмбите биле модифицирани, на Фејсбук се јави Груевски

Факт е дека таа документација доживеа страотни модификации и компромитирања. Зборувам после моето лишување од слобода“, кажа Верушевски, на општо изненадување во судницата на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“.

Попладнево со реакција се јави и екс премиерот Никола Груевски.

Неговиот Фејсук статус го пренесуваме во целост во продолжение:

“ДЕНЕС ОДЕКНА НАЈСИЛНАТА БОМБА!!! ВЛАСТА ЈА РУШЕЛЕ СО МОНТИРАНИ СНИМКИ!!!

Полека, но сигурно вистината испловува…
Кога се појавија “бомбите” во 2015 година објавивме дека не се автентични и целовити односно дека отпосле во нив се вршеле интервенции. Медиумите, новинарите, аналитичарите и хејтерите кои го подржуваа СДСМ се мајтапеа со фразата “сечени, лепени, прелепувани и монтирани”. Можеби од маркетиншки аспект тие изрази не беа најдобро избрани, но беа вистината.

Мислам, дека и голем дел од неутралните, а дел и од нашите подржувачи, или кратко кажано дел од јавноста, со сомнеж гледаа на тие наши соопштенија и изјави.

Денес тие кои ги подготвуваа и лансираа истите, јавно, во медиуми, дел од нив и во суд го потврдуваат тоа.
Знам дека на дел од таа јавност не и беше доволно кога ние го тврдевме истото.

“Не и се вклучи сијалицата” ни кога судиите, како никаде во светот го одбија нашето барање, самиот суд да ангажира вештаци и да се изврши вештачење на автентичноста, веродостојноста и особено целовитоста на нелегално прибавените аудио снимки. Нели е малку чудно, да имаш нелегално прибавени докази, кои си ги добил како копии, а не како оргинал и да не сакаш, ниту да побараш да се споредат со оргиналот за да се увериш дека нема манипулација, ниту на тој начин да се вештачи нивната целовитост, автентичност и веродостојност.

Самиот сведок на СЈО, Ѕвонко Костовски во судот кажа дека ги “копирал” на ЦДа и ги испорачувал понатаму.
Кој нормален судија во светот особено за вакви случаи би си дозволил таков пропуст, освен уценет, заплашен или притиснат судија од режимот на власта?

Кога ние самите како неправедно обвинети ангажиравме лиценциран вештак за ваков вид проблематика и го доставивме до судијаката Кацарска, таа одби да го прифати како доказ, како што одби таа самата по нејзин избор да ангажира таков вештак, кого сака.

Нели тоа беше чудно?

Потоа, веројатно по некоја грешка или момент на слаба концетрација од секојдневно преслушување аудио матерјали, на оној Ел Чека кој не крие дека неизмерно ме мрази, му излета една снимка од разговор кој траеше околу 12 минути, а поврзана со случајот Мартин Нешковски и од кој за разлика од кратениот и монтиран разговор кој го пушташе Заев, јасно се разбира дека воопшто не сме сакале да прикриваме убиство. Напротив, обратно е. Но и тоа, за многу луѓе не беше доволно.

Следуваше изјавата на Заев, кој правдајќи го претходното од Ел Чека, јавно си призна дека разговорите кои ги добил биле долги, па тој морал да ги крати. И така, при кратењето, на пример во онаа за Мартин Нешковски, наместо народот да разбере дека сме правеле се што било во наша моќ и не сме се согласувале со прикривање, тој народ слушајќи ја “вешто скратената”верзија на Заев се собра пред владата со желба да не линчува, па притоа 40 полицајци завршија во болница, а ниту еден од оние кои ги нападнаа.

И сега конечно, помалку неочекувано, за многумина “неверници и оние кои свесно одбиваат да веруваат” дојде сведочењето на Зоран Верушевски, во кое тој самиот кажува дека аудио снимките биле сериозно сменети, или како што кажа “модифицирани и компромитирани” од оние кои тој му ги предал на Заев.
Е ова е “бомба”. Поголема од сите досега.
Ова е најсилната “бомба”!!!

Извршителите на целата операција јавно и во суд потврдуваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ беше компромитирана, а потоа и покрај победата од страната на власта, а стотици поединци судени, осудени, притворани, претресувани, жигосани, оцрнети, компромитирани со не само нелегално прибавени аудио снимки односно копии од такви снимки, туку и сериозно едитирани, модифицирани и компромитирани, или… пак ќе се вратиме на поранешната фраза која исплива на површина како и секоја вистина: сечени, лепени, прелепувани и монтирани.

Секако, дел од таа јавност повторно нема да се согласи со ова и ќе продолжи да не напаѓа и обвинува, особено мене. И тоа е во ред. Нека тераат како што сакаат. Демократија е нели, па секој може што сака да коментира.
Но, вистинското прашање е, како после ова ќе се однесуваат судиите, како оние во Кривичниот суд, така и во Апелациониот и во Врховниот суд. Независно “кој чив е” и за кого е. Кој кого сака или мрзи, политички или било како (алудирам на судии блиски до СДСМ). Независно кој ги притиска, им се заканува, ги уценува или ги поткупува со ветени унапредувања, вработувања на луѓе од нивното семејство или верувања дека ќе ја поделат со нив паричната штета која би ја добиле, а која нетреба да ја добијат.

На Заев воопшто нема да му е гајле за нив кога ќе биде сменет од премиер. Тој ќе гледа како себе да се спаси од злоделата кои и ги направи на Македонија и на многу луѓе кои ги гледаше како пречка на патот во реализација на неговите валкани цели.

Нему во моментот единствено важно му е да остане на власт на изборите по една година. Затоа и го направи ова со незаконското префрлање предмети од СЈО во ОЈО. Веќе предметите го води неовластен тужител. СЈО правно формално сеуште постои и се е незаконски направено. Мислите дека тој не знае дека ова е незаконски и дека еден ден ќе падне?
Знае! Но сега му е важно во следните 10 месеци, СЈО односно ОЈО, како и судиите и оние нивни совети, да ги искористи за да остане на власт преку нови прогони, затворски казни, нови обвиненија, притвори, претреси, спектакли, диктирање теми во медиумите и јавноста кои ќе оцрнуваат поширок круг од неговите политички противници, а се во правец на задржување на својата политичка моќ по следните парламентарни избори.

Тој е свесен дека откако ќе падне и со тоа откако ќе исчезне неговиот притисок, уцена, закана а некаде и поткуп кон обвинителствата и судството, има десетици законски и уставни причини се ова да падне. Тој го знае тоа и воопшто не го интересира денот откога ќе падне. Ниту судбината на судиите и обвинителите кои под негова принуда носат незаконски, нестручни и несовесни одлуки кои никој непристрасен во светот не може да ги разбере.
Мислите напразно институциите и судовите на засега три земји членки на ЕУ, Грција, Унгарија и Шведска потврдија дека преку нашето судство се врши класичен немилосрден политички прогон? Мислите глупави се тие или би ризикувале ако не е така?

И не само овие три земји. Секоја независна институција и непристрасен суд на земја во ЕУ би го сторила истото. Затоа што има очигледни и несоборливи докази и признанија за политички прогон, не фер судење, лажни обвиненија и нивни квалификации со цел некој да дојде на власт, да смени име, идентитет и историја на една земја и народ, а потоа и со цел да остане на власт подолго.

И уште нешто… денешното сведочење на Верушевски целосно ги компромитира и анулира претходните два сведока во тој случај на СЈО, сега ОЈО. Тој на судот му кажа дека тие го лажеле судот во своето сведочење повикувајќи се на координирана соработка со него. Непостои суд на светот кој исказите на тие два сведока после ова ќе ги земе за релевантни. Како што одат работите, ќе излезе дека Заев бил искрен кога ми кажуваше, што јавноста имаше можност да го види, дека снимките му ги дале некои странски служби со чии преставници лично се среќавал.

На потег е сега судството да се дистанцира од сите манипулации на разузнавачки служби и политичките манипуланти и да ги врати предметите таму каде им е местото- на буништето на историјата каде веќе се најде Катица Јанева и нејзината екипа која тајно се честела секој месец со илјадници евра народни пари додека се изживуваше со нас и додека аздисани, вознесени и забегани се препукуваа и натпреваруваа кој од нив ќе се кандидирал за претседател на Република Македонија во иднина.

Сите ние некогаш, можеби наивно верувавме дека СЈО нема да може да ги победи фактите, доказите и законот, а дека судот нема да си дозволи до таква мерка да работи незаконски и по партиска нарачка.
Знам дека и дел од судиите никогаш, ниту помислиле дека некој ден ќе мора да носат така очигледни незаконски одлуки какви што не можеле ми да сонуваат, од страв да не им се случи нешто лошо од власта.

Оваа денешна изјава во судот на Верушевски околу “квалитетот” на доказите и сведоците е отрезнувачка за сите кои заборавиле дека вистината не може да се скрие.
П.С.

И да не се изненадите кога еден ден оние луѓе кои даваа изјави под закана и уцена, а дел од нив и лажни сведоштва под закана од СЈО, ќе си ја кажат вистината.
Оние кои на првиот распит во СЈО кажуваа дека нивни е потписот на некоја партиска донација од на пример 500 евра, па на испраќање пред вратата обвинителот тивко, небаре многу пријателски тапкајќи ги по грбот им викаше: “ајде размислете уште малку. Имате деца…”.

Па откако ќе ги посетеа и доуплашеа некои други уценети ликови од истото СЈО, кои прифатиле да бидат “помагачи” (барем така службено ги водат во СЈО) со цел да ги изземат од обвиненијата, а кои подоцна или барем дел од нив се ребрендираа од “помагачи” во “реформатори”, ќе ги доуплашеа и следниот пат во страв и пребледени ќе дојдеа со спремна изјава различна од првата, нарачана од обвинителот, издиктирана од “помагачите” кои својот неморален однос и пресврт во нивното однесување, лажно им го оправдуваа со наводната длабока убеденост за реформи во партијата каде до “вчера” до пред “овие ренегати да ги фати СЈО на едно чувствително место,, го зборуваа спротивното.

Оние истите што сега веќе прифатиле нова “мисија” па ни презентираат некаков нов македонски концепт, дека на следните генерации требало да им оставиме само држава, слобода и пари, а името, идентитетот и историјата да им ги оставиме на соседите, кои бездруго на своите граѓани ќе им остават и држава, слобода и пари. Но, и многу повеќе од тоа.

“Комити”: Сите сме дел од мозаикот, Македонија е се’ што имаме

(Фејсбук статус на навивачката група “Koмити”)

“Македонијо, раѓај синови кои ќе ги казнат оние кои ни го нанесоа овој срам со кој живееме. Нека не казнат и нас кои не сторивме доволно за да ја спасиме нашата мајка. Можевме повеќе, но и до онаму до каде што стигнавме, кога се завртевме наоколу, малку не имаше. Сите други беа замолкнати… А сега ги повикуваме оние кои не дадоа доволно но и оние кои беа замолкнати, заедно да го возвратиме ударот. Сите сме дел од мозаикот, Македонија е се што имаме !!!
#ИдеалитеВашиСеЗаклетвиНаши #НикогашСевернаСамоМакедонија”.