дома блог страница 3053

Видеа: “Прилеп се поплави за 30 секунди: Градоначалникот го нема на терен?”

Силно невреме попладнево го погоди Прилеп.

Невремето беше проследено со силен дожд и страшни грмотевици, додека наместа паѓало и град. Невремето траеше 15-тина минути, но за кратко време го поплави целиот град.

Булеварите и улиците беа под вода, а најголеми проблеми имаат граѓаните од населбата Тризла, каде водата им влегла и во домовите.

Жителите од оваа населба преку допис до нашата редакција бараат градоначалникот и надлежните да излезат на терен.

(Фото+Видео) Ја чувала оваа икона во кујната целиот свој живот: Кога дознала кој ја насликал следело големо изненадување!

Сликата пронајдена во куќата на една постара жена во Париз е всушност долго изгубеното ремек-дело на ренесансниот сликар Чимбуе од Фиренца.

“Ругање со Христос”, е дел од серијата слики од крајот на 13 век, открен во францускиот град Компењ. Се смета дека сликата може да достигне и до 6 милиони евра на аукцијата која ќе се одржи наредниот месец.

Жената со години верувала дека станува збор за стара икона. Експертите рекле дека “не е спорно”потеклото на сликата. На уметничкото дело со помош на инфрацрвено светло се изведени тестови со кои била утврдена сличноста со делата на италијанскиот сликар Чимбуе, исто така познат и како Чени ди Пепо.

Maријана нема ниту интернет, ниту мобилен, а во училиштето велат дека е посебна: Погледнете што според нејзе е најважно (ВИДЕО)

Маријана има 12 години и, како што самата вели, среќно детство. Но, нема се’што денешните деца имаат. Она што многумина го земаат здраво за готово. Таа нема лаптоп, интернет, нема ниту мобилен телефон. Но, затоа пак Маријана го има она што го немаат денешните основци.

Има соништа, нешто околу што треба да се труди, нешто за што треба упорно и вредно да се работи, кон кое треба да се стреми – вака од хрватската телевизија “Нова ТВ” ја започнуваат приказната за малата Маријана Марков.

Кога ќе порасне, таа сака да оди на факултет, да биде учителка, а за да го оствари својот сон – тоа што нема Инстаграм, Фејсбук или е-дневник нема да ја запре. Маријана има книги, кога нешто не знае ги прашува постарите, логички носи заклучоци…

Маријана секогаш некако се снајдува.

Целиот прилог за ова неверојатно девојче и нејзиното семејство погледнете го ТУКА

Жената на Буфон го “мaлтpeтиpaше” Mурињо на cцeната, па овој си зaмина (Видео)

На синоќешната манифестација “Тhe Best” која ја организираше ФИФА, во еден момент водителката Иларија Д’Aмико (инаку сопруга на голманот Буфон), го повика на сцената Жозе Мурињо.

Таа имаше за цел да му постави неколку прашања на “специјалниот”, но притоа и многу се зазборува, па Мурињо се одлучи да си замине.

Погледнете во продолжение:

Видео обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски : “Готови сте”

Трета година Македонија живее во кошмар. Заевизмот го јаде ткивото на Македонија, рече во своето видео обраќање, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Секој ден тапкаме во место, а во многу области одиме назад. Неправдата е знак на оваа власт, неработата е нивна одлика, неспособноста е нивен карактер. Нема правда, нема проекти, нема пари за народот, нема систем, нема грижа, нема идеја. Тие ја рушат државата, ја рушат среќата на луѓето, ја рушат иднината. Наместо да градат – тие крадат. Ветувањата станаа лаги, системот не функционира, криминалот царува, државата е украдена, луѓето се измамени. Едно е јасно – тие паѓаат. Врхушката сочинета од арамии губи тло. Заевизмот колабира! Потонаа во своите предавства, изгубија образ затоа што излажаа, загубија сила затоа што се силеа. Секој ден се повеќе губат моќ, тоа е процес кој е неповратен и ќе заврши со нивен голем трескот, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека тие се свесни за тоа,затоа се нервозни, затоа кршат закони, затоа уште повеќе рушат, и затоа уште повеќе земаат рушвет.

-Очајни се, слабоста ја гледаме во нивните очи, немоќта во изразите на нивните лица. Сакајќи да ја срушат Македонија, се срушија себе си! Готови се! Тоа на секому му е јасно! Изгубија! Македонија го преживеа и ова зло! Таа е посилна од се! Заевизмот се руши и доаѓа време да се сведат сметките, доаѓа време за одговорност, доаѓа време за правда, и правда ќе има! Гарантирано! Но, заевизмот остави длабоки траги. Ја оставаат Македонија со лузни, во рушевини, во пепел. Ја оставаат Македонија послаба, помала, поранлива, во проблеми. Ние не бегаме од предизвиците, напротив ги поздравуваме и смело се впуштаме во битка да ги надминеме. Обновата на Македонија има знаење и мудрост. Има карактер и систем на вредности. Има чест и сила кои ги црпи од идеалите за Македонија. Правда, правдини, слобода, почит, еднаквост, соживот, благосостојба и прогрес. Заевизмот паѓа, но остава проблеми! Ние не бегаме од проблемите, ние имаме решенија и одговори за нив. Ние ги знаеме проблемите и градиме програма за нивно надминување. Ние сакаме да го дознаеме и секој твој проблем почитуван граѓанину. Да знаеме што те притиска, тишти и измачува тебе како човек, кој е твојот проблем, кој е проблемот со кој се соочува твоето семејство, твојата улица, село, град, твојата фела, твоите блиски, твојата Македонија, рече Мицкоски.

Затоа разговараме со вас почитувани граѓани, имаме образ да ве погледнеме во очи, да ни кажете што ве мачи и како тоа да го решиме, да ви ветиме дека заедно ќе се бориме за проблемите да исчезнат или да се намалат, и тоа ветување да го исполниме, додава Мицкоски.

-Време е! Да разговараме, да си подадеме рака, и потоа рамо до рамо, срце до срце, да се зафатиме со работа која толку многу отсуствува во овој период. Да забрчат машините, да згрмат работниците, да се чујат интелектуалците, да се вратат луѓето и да се вратат насмевките на луѓето, осетно и реално да се зголеми стандардот на граѓаните, и стандардите во сите области. Почнуваме РАЗГОВОРИ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА! Ние стартуваме со финишот на нашиот маратон кој ќе заврши со успех! СТАНИ МАКЕДОНИЈА! Секој еден од нас да стане Македонија, и на тој начин да помогне Македонија да стане, и Македонија да расте и да се развива, да добие во нов квалитет! Приклучи се на РАЗГОВОРИТЕ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, бидејќи ОБНОВАТА ДОАЃА! потенцираше Мицкоски.

Најмудрите жени се раѓаат во овие три хороскопски знаци

Некои жени едноставно зрачат со самодоверба, интелигенција, мудрост и позитивна енергија, не се подложни на манипулација и точно знаат што сакаат од животот. Според астрологијата токму таквите, мудри жени, се раѓаат во овие три хороскопски знаци.

Бик

Жените Бикови важат за многу мудри и многумина им се обраќаат за совет. Кога се мажите во прашање, покрај себе сакаат човек кој ќе може да биде покрај нив во сè, да биде интелигентен и стабилен. Овие жени се многу внимателни и ако забележат дека некој сака да ги манипулира реагираат навистина брзо.

Овен

На рана возраст стануваат самостојни и независни. Тие знаат што сакаат од животот и ќе пронајдат начин да дојдат до тоа, не дозволуваат никој да им застане на патот. Покрај себе сакаат амбициозен маж со кој ќе делат ставови и ќе биде подготвен да им угодува за сè.

Девица

Тие се најголеми љубители на мирот и не дозволуваат никој да им го наруши рајот во кој уживаат. Многу се амбициозни, а во работата го даваат нивниот максимум и имаат отворен однос со сите. Ако некој им работи зад грб го сечат во корен. Покрај себе сакаат слична личност која е подготвена да ги разбира и во сè да ги поддржи.

Maлиот херој од Прилеп успешно помина два третмани, потребни се уште два: Ајде Македонијо, да направиме одново чудо и да му помогнеме на Дејан заедно!

Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.

Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки.

“Со Божја помош и помошта од сите хумани луѓе, Дејан Најдоски позитивно ги прими матичните клетки од двата третмани. Според мислењето на докторите во Турција за да се постигнат најдобри резултати, веднаш во рок од 1 месец потребно е да се изврши и третиот третман, а по него во ноември и четвртиот. За третиот третман ни недостигаат 4.000 долари, а додека за четвртиот 10.000 долари. Ги замислуваат сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат да придонесат состојбата на Дејан да се подобри”, вели таткото на Дејан.

Родителите на Дејан од срце им се заблагодаруваат на сите кои досега им помогнаа и веруваат дека одново со Божја помош, нивниот мал ангел ќе добие нормално и безгрижно детство.

Ајде Прилеп, ајде Македонијо! Успеавме еднаш, можеме одново да направиме чудо!

Телефонските броеви за донации и жиро сметката се во продолжение:

Фото: И Демир Хисар доби двојазична табла

После Неготино, Кавадарци и Прилеп, двојазична табла доби и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Демир Хисар, општина во која како и во претходниве албанската заедница е застапена во незначителен процент.

Своевремено, лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев, се чyдеше кој тоа ќе спроведе двојазичност на територија на цела Македонија.

Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп во Кавадарци двојазичност. Глyпости невидени до каде забегаа, зборуваше Заев.

Јанева со лиcици на paцете кај Рускоска (ФОТО)

Фото/pressingtv.mk

Поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева на распит кај обвинителката Вилма Рускоска беше донесена со лисици на рацете држејќи некаква кеса.

Таа беше донесена со полициска придружба и веднаш од комбето беше однесена во зградата на Обвинителството каде даваше исказ.

ВИДЕО: МИА

Соседите да учат од Австралија: Од сега учениците Македонци ќе можат да учат на Македонски од забавиште до 12 години

Во радио интервју за информативната програма на Македонски јазик за австралиската телевизиска и информативна мрежа SBS, претседателката на Македонскиот просветно-училишен одбор во Нов Јужен Велс ја соопшти убавата вест.

Владата на Нов Јужен Велс, деновиве, за првпат објави наставен план и програма за македонскиот јазик.

Со тоа македонскиот ќе биде застапен од забавиште до 12 година, во училиштата на оваа австралиска држава.

За значењето на овие, одлични вести за македонската заедница во Австралија, разговаравме со Жаклина Михајлова, претседателка на македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс.

Гостувањето на Жаклина Михајлова во SBS радио слушнете го ТУКА