дома блог страница 3052

Мицкоски: Стани Македонијо, обновата доаѓа

Тој додаде дека тие се свесни за тоа, затоа се нepвозни, затоа kpшат закони, затоа уште повеќе pyшат, и затоа уште повеќе земаат pyшвет.

-Време е! Да разговараме, да си подадеме рака, и потоа рамо до рамо, срце до срце, да се зафатиме со работа која толку многу отсуствува во овој период. Да забрчат машините, да згрмат работниците, да се чујат интелектуалците, да се вратат луѓето и да се вратат насмевките на луѓето, осетно и реално да се зголеми стандардот на граѓаните, и стандардите во сите области. Почнуваме РАЗГОВОРИ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА! Ние стартуваме со финишот на нашиот маратон кој ќе заврши со успех! СТАНИ МАКЕДОНИЈА! Секој еден од нас да стане Македонија, и на тој начин да помогне Македонија да стане, и Македонија да расте и да се развива, да добие во нов квалитет! Приклучи се на РАЗГОВОРИТЕ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, бидејќи ОБНОВАТА ДОАЃА! потенцираше Мицкоски.

Денеска е Св. свештеномаченик Автоном

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 септември.

Денеска е Св. свештеномаченик Автоном.

За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија, се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во некое место Сореос. Во црквата тој беше епископ. Во Сореос ја подигна црквата Свети Архангел Михаил. Близу Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабожци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера. А незнабожците се озлобија поради тоа. Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а ybиja и многу други христијани во храмот. Во времето на Константин на гробот на свети Автоном беше подигната црква, а 150 години потоа беа пронајдени и нетлените мошти на овој светител, преку кои многумина добија исцеление.

Се симнаа од тронот: Швајцарците повеќе не се најбогати на светот

Американците ги надминаа Швајцарците по богатство, додека во остатокот од светот, богатството се „топи“.

Резултатите од едно истражување покажуваат дека ова се случува поради Брегзит и американско – кинеската трговска вojна.

Според германската финансиска куќа Алијанс, просечното богатство на Американците е 184.411 евра по глава на жител.

173.838 евра е просечното богатство на еден Швајцарец.

Овие податоци се за 2018 година. Американците се на врвот поради силниот долар. Но, и американските домаќинства го движат глобалниот проток на пари. Две третини од сите заштеди во индустријализираните земји се од САД.

Среде Измир загрме македонско малешевско оро (ВИДЕО)

Македонско оро се заигра среде Турција. Македонците во оваа пријателска држава имаа излбик на патриотизам и носталгичност за своето родно место па ако ништо друго заиграа на „македонски“. Среде Измир имаше македонска свадба се свиреше македонска музика, а Македонците заиграа Малешевско, македонско оро.

Иселениците од Македонија во Турција кои што во 20-тиот век се населиле во градовите Истанбул, Измир, Ајдин, Маниса и други, сеуште ја негуваат македонската музика и култура. Организирани во здруженија и групи, иселениците од Македонија традиционално секоја година организираат забави и собири на кои што се пее македонска песна и се игра македонско оро.

Во градот Измир од 2007 година функционира македонскиот “Сакобенд“ чиј што членови се по потекло од Македонија.

Koга си бил класа еднаш, остануваш цел живот: Вакво голчиште Барса нема примено којзнае од кога (Видео)

Барселона синоќа успеа да стигне до три бода во дуелот против Виљареал на домашен терен со 2:1. После шокот кој каталонците го доживеаа викендот од Гранада, само победа на овој натпревар беше императив за нив.

Стрелци на головите за Барса беа Гризман и Артур, а на спротивната страна прекрасен погодок постигна Санти Казорла.

Искусниот играч за врска, како да беше налутен по прекрасниот погодок на Артур на спротивната страна и од голема далечина упати удар со ефе, кој го изненади дури и еден Тер Штеген, кој оваа сезона брани во одлична форма.

Погледнете го ова ремек дело:

Трамп од говорницата на Обединетите нации: Иднината им припаѓа на патриотите кои си ја сакаат државата (Видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп од говорницата на Обединети нации во Њујорк порача дека иднината им припаѓа на тие што си ја сакаат татковината и работат во нејзин интерес.

„Иднината не им припаѓа на глобалистите. Иднината им припаѓа на патриотите. Иднината им припаѓа на суверените и независни нации, кои ги штитат своите граѓани, кои ги почитуваат своите соседи и разликите што ја прават секоја земја посебна и единствена“, рече Трамп во својот трет говор пред Генералното собрание откога е претседател на САД.

„Патриотите гледаат на нацијата и на нејзината судбина на начин на кој никој друг не може. Слободата е зачувана, суверенитетот е обезбеден, демократијата е одржлива, а величието остварено само преку волјата и предаденоста на патриотите“, додаде тој.

„Гледајќи наоколу и низ целата оваа голема, прекрасна планета, вистината јасно се гледа. Ако сакате слобода, бидете горди на вашата земја. Ако сакате демократија, зачувајте си го суверенитетот. А ако сакате мир, сакајте ја својата нација. Мудрите водачи секогаш го ставаат на прво место доброто на сопствениот народ и земја“, порача Трамп.

Празникот донесе во еден ден 18 бебиња во Битола: Фотографија која зрачи со љубов и убавина

На големиот празник Пресвета Богородица – заштитничка на мајките и на леунките, на Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола 18 здрави прекрасни бебиња, во одлична состојба – oбјавија на веб страната од болницата.

Митовски за Курир: Македонија е на дното на граѓанските cлoбoди, cлoбодата на говop е cведена на илeгaлa

Во Македонија одамна е извршен атентат врз демократијата. Уште во 2015-та кога започна објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори, за кои деновиве слушаме дека биле монтирани, преку процесот за промената на името, двојазичноста, референдумот и начинот на кој се водеа претседателските избори во Сталинистичкиот стил – не е важно кој гласа туку кој брои, изјави за Курир уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски против кого Јавното обвинителство покрена обвинение заради објавување изводи или дел од сведочења и пријава за кривичното дело „Рекет“.

Македонија е на дното на граѓанските слободи, слободата на говор е сведена на илегала. Потегот на ОЈО , иако очекуван, е уште еден доказ дека ја доживуваме епохата на Берија. Оваа социопатска диктатура мора да заврши, што побргу тоа подобро. Јас и “Инфомакс” не се плашиме и нема да се повлечеме од борбата, по ниту една цена. Во оваа насока ги повикувам и колегите да не молчат, туку да застанат во одбрана на слободата на говорот, затоа што мораат да имаат во предвид дека мечката еден ден може да заигра и во нивниот двор, додава Митовски за Курир.

(Видео) Како Холаѓанка мајка на три деца излегува и шета со нив

Обичен ден за една Холѓанка која излегла заедно со своите три деца…

За македонскиот бисер велат дека е најголемо засилување за Наполи: Погледнете каква мајсторија приреди на тренинг (Видео)

Македонскиот бисер Елиф Елмас одлично ја почна сезоната во Сериа А, а за него пофалби стигнуваат од сите страни.

Дури и најголемите тренерски имиња и фудбалски стручњаци во Италија имаат само пофалби за неговата игра и неговото брзо вклопување во редовите на калчолигашот Наполи.

На Фејсбук фан страната на Наполи денеска објавија видео од тренинг, каде Елмас покажа што може со топката: