дома блог страница 3051

Подобро да се зачува достоинството, отколку работата: Келнер и ја бапна тортата в лице на ѕвезда од Инстаграм која се дереше по него (Видео)

Две познати блогерки на Инстаграм не биле задоволни од услугата и изгледот на двајцата келнери во еден ресторан, па барале да ги послужи друг и се дереле по нив.

Но, некогаш е подобро да се зачува достоинството, отколку работата, па келнерот и ја шлапна тортата во лице на едната од нив.

Погледнете:

(Видео) “Лажи, лажи Вере” пуштена на најсилно на пресот од СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ

Лaжи вере ечeше за време на изјавата која Стефан Васе од СДСМ ја оддржуваше пред централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Нepвозата кај него беше повеќе од очигледна.

Лашкоска: “Директорката е свесна дека ќе одговара за набавените автобуси во 4 очи?” (Видео)

На денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, стана збор и за новонабавените автобуси во општина Прилеп.

Како што веќе е општо познато, ЈП за ПУП при Општина Прилеп набави 4 нови автобуси на метан за 1 милион евра, а набавката веќе подолго време е центар на внимание и според опозицијата ја следат низа нерегуларности и сомнежи.

Пратеничката Ане Лашкоска коментирајќи ја оваа набавка од говорницата потенцираше дека исти вакви автобуси во Данска и Белгија чинат по 125.000 евра, а во набавката на ЈП за ПУП од Прилеп чинат по околу 250.000 евра.

Покрај тоа пратеничката потенцира дека претпријатието не распиша меѓународен тендер за набавката.

“За набавка од 1 милион евра да не е распишана меѓународна објава, некој треба да одговара. Сето ова не носи до заклучок дека автобусите се набавени во четири очи и за жал пред неколку недели споменав дека не “Рекет”, туку “Рекет” од 1 до 80 има сигурно во секоја општина и некој треба ова да го испита, и најверојатно некој ќе одговара”, потенцираше Лашкоска.

Жена од прилепско со запалива течност ги полила вратата и делови од покуќнината па ги запалила

Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Кичево поднесе kpивична пријава против О.Т.(32) од село Мало Коњари, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „предизвикување општа опacнocт“.

„Таа, на 11.09.2019 со запаллива течност предизвикала опожapување на влезната врата и делови од покуќнината, сопственост на А.Ф“ стои во соопштение од полициjaта.

Димитар и „Тајфата“ со десет згодни девојки во новиот видео спот „Не си моја” (ВИДЕО)

Летните одмори веќе завршија и време е да се засукаат ракавите, па Тајфата и Димитар Андоновски се фрлија на работа и снимија нова песна. Станува збор за нумера која ќе се најде на нивниот деби албум кој треба да биде промовирам многу наскоро.

Новото музичко парче на ортаците од „Тајфата“ се вика „Не си моја“, а како автори се потпишуваат по кој знае кој пат македонските хитмејкери, братско-сестринскиот креативен тандем Лазар и Магдалена ена Цветковски.

Интересна љубовна приказна преточена во уште поинтересен видеоспот во кој освен Диме, Аце, Влатко и Чирта, се појавуваат уште 10 преубави девојки.

„Публиката доволно чекаше да извадиме нова песна. Лазар и Ена направија уште една одлична тема за која убедени сме дека ќе им се допадне на сите што слушаат добра музика. Инаку спотот се снимаше на неколку различни локации во Скопје, а Дарио Јанковиќ си ја заврши маестрално својата задача“ – велат од бендот.

Што се однесува до настапите, Тајфата и Димитар буквално глава не можат да кренат од госттвања ширум државата, но сепак ветуваат дека во иднина ќе бидат многу поактивникога станува збор за нивната авторска музика.

Во меѓувреме, уживајте во убавината на симбиозата на звукот, стиховите и кадрите од видеото на нивната „Не си моја“:

Видео: “Еве зошто децата сеуште немаат учебници”

(Интегрален текст од прес конференција на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ)

“Министерството за образование и наука и Педагошката служба и оваа година не направија напредок за навремена достава на учебниците

Учениците се снаоѓаат како умеат и знаат да дојдат до учебник а веќе е 25-ти септември од оваа учебна година.

Министерството изјавува „Постапката за избор на компанија која ќе ги испечати количините согласно барањата на училиштата „е во тек“ и заради „троми тендерски постапки“ задоцниле со целокупната постапка. Во превод тоа значи дека техничкото наддавање е завршено и се чека на избор на понудувач.

Почитувани,

Дали можеби тромоста на тендерската постапка како што велат во превод може да се најде во тежината на тендерот кој што тежи некаде околу 5 милиони евра односно 330 милиони денари од кои што 55 милиони денари за превод, а 270 милиони денари за техничкото изготвување на учебниците.

Дополнително, тоа “Мало задоцнување“, значи дека учебниците би ги добиле учебниците некаде на 20-ти јануари 2020 година, односно на почеток на второто полугодие на учебната 2019/2020 година.

Ова е секако доколку тендерот овој пат биде успешен поради тоа што истиот е неколку пати поништуван поради незадоволување на некои непишани критериуми.

Почитувани,

Министерот и МОН се должни да понесат одговорност за девастирањето на образованието.

Учениците и нашите деца не се предмет на тендерски игранки. Дополнително, девастацијата во образованието,како и негрижата за наставниот кадар и конечно негрижата за учениците, нашите деца се очигледно карактеристика на оваа власта која што цени дека треба да се уништи фундаментот и иднината на Република Македонија, тоа се нашите ученици, нашите деца”.

“Градоначалникот замина Сараево, да ги афирмира успесите и можностите на градот”

Делегација на општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, од 25 до 29 септември ќе учествува на 30.Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, кое годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

На годинешното собрание ќе се разговара за теми поврзани со одржливите развојни цели на Обединетите нации, промоција на културата за мир во 21 век, со ставање акцент на Декларацијата на ОН за човекови права и создавање на инклузивни, безбедни и одржливи градови.

Оваа година Прилеп станува дел од Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, која е основана во 1988 година и на чие 30.Генерално собрание учество ќе земат претставници на 113 градови од светот.

Согласно предвидената агенда, градоначалникот Јованоски во сабота ќе има кратко излагање, после кое ќе следува видео презентација на „личната карта“ на градот, односно промоција на природните богатства, културно-историското наследство, како и на можностите за инвестирање кои ги нуди Општина Прилеп.

Мицотакис го уcpaми Заев со оваа изjaвa?

На својата прва средба со колегата Зоран Заев откога е избран на функцијата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рекол дека тој немало да го потпише Преспански договор ако беше на власт во 2018 година, кога беше ставен потпис на спогодбата, објави агенцијата МПА, повикувајќи се на извори во Владата во Атина.

Сепак, со оглед на тоа дека тој е ратификуван од грчкиот парламент во јануари годинава, договорот сега е дел од меѓународното право и поради тоа Владата ќе го почитува, додал тој за време на разговорот воден на маргините на Самитот на Обединети нации за климатските промени во Њујорк, како дел од контактите на Мицотакис со балканските лидери.
Тој исто така побарал од Заев целосна имплементација на сите аспекти од договорот за името, посебно тие поврзани со заштитата на трговските марки.

Заев изјавил дека неговата Влада има намера да избегне одложувања и да ги исполни условите за пристапување во Европска унија, изразувајќи надеж дека успешното спроведување на Преспански договор ќе привлече грчки инвестиции во земјата.

Мицотакис одговорил дека немањето договор во минатото никогаш не ги попречувало инвестициите од Грција.

Како лидер на опозицијата пред да дојде на власт, Мицотакис се спротивставуваше на договорот, тврдејќи дека тој создава повеќе проблеми за Грција отколку што решава.

Жителите на Тополчани гневни: Локалната спие 24 месеци? (ФОТО)

Стадионот во населеното место Тополчани во прилепско кој во 2010 година беше изграден со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, денеска е претворен во стрниште.

Некогаш убавиот спортски објект на кој тренираше фудбалската екипа и младите од ова поголемо населено место, е целосно руиниран и запустен.

Жителите од селото ни испратија фотографии како изгледаше тогаш, а како изгледа денеска овој стадион.

(Видео) Црногорец го насмеа целиот регион: Одби да се смири после “kaвгата”, а реакцијата на мачката е урнебесна

Малката и нејзиниот сопственик од Црна Гора имале жестока “pacправиja”. Мачката се одлучи прва да подаде рака, но нејзиниот сопственик не можеше да го прифати тоа.

Видеото објаено на страницата Подгорички Времеплов го насмеа целиот регион.