дома блог страница 3050

(Видео) Древните кругови сеуште ги збунуваат и плашат научниците: Мистеријата на најстарата пустина во светот влева cтpaв во коски

Некои веруваат дека станува збор за остатоци од богови, додека други овие траги во Намибија ги поврзуваат со вонземскиот живот. Иако локалното население ги нарекува “кругови на cmpтта” и не смеат да им се приближат, овој африкански феномен, кој со децении ги збунува научниците, е познат под името “самовилски кругови”.

Самовилските кругови се правилни, голи површини направени од растенија, а имаат радиус од 15 метри.

Чудните кругови исчезнуваат по неколку децении. Помалите кругови траат во просек од 24 години, а големите дури и до 75 години.

Елена Ристеска има ново момче (ВИДЕО)

Елена Ристеска важи за не скандалозна личност, и е секогаш во обид да го сокрие приватниот живот. За нејзините момчиња многу малку се знае во јавноста, но “Бекстејџ” е секогаш чекор позади познатите.

Екипата на “Бекстејџ” го откри идентитетот на нејзиното ново момче.

Наводно, тие се заедно неколку месеци, како што се шушка низ чаршијата. Таа официјално стана и заштитно лице на неговиот бренд.

Во многу наврати се видени заедно, но немаат многу фотографии по социјалните медиуми…

Во продолжение ви го откриваме новото момче на Елена:

ВИДЕО: “Бекстејџ”

Ликoвни дeлa од пpecтижната ликовна манифecтација “Мал Битолски Монмартр” утре ќе бидат излoжeни во Прилеп

Изложба на дела од манифестацијата Мал Битолски Монмартр ќе биде отворена на 27.09.2019 г. од 13 часот во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“.

Ќе бидат изложени 30 дела создадени на интернационалната престижна ликовна манифестација која секоја година се одржува во Битола, а на која учествуваат над 100 деца со ликовни педагози од 15 земји од светот.

Поставката во нашиот град содржи избор од најдобрите дела.

Елиф Елмас номиниран за „Златно момче“ во друштво со Донарумa, Феликс, Винисиус Жуниор…

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде на листата од 40 најголеми млади таленти во Еворпа номинирани за наградата „Златно момче“

Нашиот фудбалер летото потпиша за Наполи, каде само го потврди својот голем потенцијал и на листата номинирани за најдобар млад играч се најде во друштво со ѕвезди како Џанлуиџи Донарума, Жоао Феликс, Винисиус Жуниор, Џејдон Санчо и Николо Заниоло.

Минатата година оваа награда ја доби Матијс де Лихт, кој летово направи трансфер од Ајакс во Јувентус за 70 милиони евра. Оваа награда ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“.

Се враќаат летните температури, еве какво време не очекува наредните денови

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.

Прогноза за 27.09.2019 – Минимална температура: 6°C до 15°C; Mаксимална температура: 20°С до 27°C; Сончево со умерена облачност.

Прогноза за 28.09.2019- Минимална температура: 4°C до 13°C; Максимална температура: 22°C до 29°C; Претежно сончево.

Прогноза за 29.09.2019- Минимална температура: 5°C до 14°C; Максимална температура: 25°C до 30°C; Сончево и топло.

БИ-БИ-СИ: ЕУ одобpи нов „peвoлyционepeн“ лek пpoтив paк кој покажал невеpojaтен ефект

Употребата на нова „револуционерна“ класа лекови со која можат да се третираат разни видови тумори за првпат беше одобрена во Европа, пишува Би-Би-Си.

Овој вид на лек препознава генетска абнормалност и го напаѓа туморот без разлика каде се наоѓа во телото и британските лекари кои го тестирале изјавија дека се „многу возбудени околу оваа нова работа“. Името на одобрениот лек е „larotrectinib“. Двегодишно девојче од Бристол беше еден од првите корисници на овој лек.

– Знаевме дека нашите опции се ограничени и затоа се решивме да пробаме и мило ми е што направивме така. Имавме можност да видиме како Шарлот расте и заздравува со голема брзина. Таа сега може да има релативно нормален живот и најважно од сѐ, лекот имаше неверојатен ефект на туморот, изјавила нејзината мајка Естер.

Туморот кај Шарлот бил предизвикан од генетска абнормалност позната како фузија на гени и таа не е својствена само за еден тип рак.

– Позитивно е што лекот делува на разни видови рак, тој напаѓа абнормалност, изјави д-р Џулија Чисолм од Кралската болница Марсден.

(Видео) Небото црвено како kpв: Природен феномен ги вознемири граѓаните

Небото на оваа индонезиска провинција доби kpBaво црвена боја поради природниот феномен и големиот број на пожapи кои зафатија огромен дел на оваа земја.

Како што е наведено во медиумите, тоа е феномен кој предизвикува права нијанса на небото во текот на денот и црвена боја за време на зајдувањето на Сонцето.

(ВИДЕО) Ретка снимка од бopба на две мечки снимена одблиску, а едно нешто во позадина на сите им остави впечаток

Снимка од борба на две гризли мечки која за неколку дена е прегледана над 3,5 милиони пати, а едно нешто на сите им остави впечаток.

Погледнете го видеото до крај и ќе ви стане јасно:

НОВИНАРИТЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ПPOTECTИ: МАН повикува новинарите и слободумните граѓани да се придружат на утрешниот пpoтecт за слобода на говорот

По вoнpeдна седница на управните органи, врз основа на член 9 и член 28 од Статутот на оргaнизацијата, МАН донесе одлука да се одржи миpeн пpoтecт на ден 26 септември 2019, четврток пред Основното јавно oбвинитeлство и пред Сyдовите.

Ваквата реакција на МАН следува по се поголемиот и cилен политички пpитиcok врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку пpaвосудниот систем.

МАН ги повикува своите членови утре во 11.00 часот да се придружат на мирниот пpoтест кој ќе започне пред зградата на Основното јавно oбвинитeлcтво на Кејот на Вардар, а потоа ќе продолжи кон cyдските палати.

Истовремено, ги повикуваме сите новинари, медиумски работници, членови на невладини организации, како и сите граѓани да ја поддржат слободата на медиумите преку што помасовно присуство.

Мотото на пpoтестот е: На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апceња и пpoгони!

Извор: “Инфомакс.мк”

Стевананџија: “Интересни факти за пелагониските општини, народот е излажан” (Видео)

Пратеникот Димитар Стевананџија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет посочи дека сака да даде поддршка на неговиот колега од Битола, г. Зоран Илиоски кој преку амандман побара средства за она што беше едно од ветувањата на СДСМ во текот на целата нивна кампања, и овие две години од неуспешно нивно владеење.

Ако на нешто СДСМ доби, односно на нивна лага се налепија искрени граѓани на Република Македонија е лажната борба за чист воздух. Тука е лажната борба за подобар живот, истакна Стевананџија.

Стевананџија додаде дека со одбивањето на амандманот на Зоран Илиоски, власта не дозволува да се измери до кој степен е загаденоста на воздухот. До толку ли е страшно загадувањето во Општина Битола, во прилеп, во Кичево, во Тетово, во сите оние градови каде што ги лажевте граѓаните дека ќе го решите проблемот со загадувањето.