дома блог страница 3049

Анкета: Ако утре се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе има за 28% повеќе гласачи од СДСМ

На прашањето ако утре се одржат парламентарните избори (за избор на влада) за која партија би гласале, од граѓаните кои гласале за некоја од партиите, за 27,72 отсто повеќе граѓани би гласале за ВМРО-ДПМНЕ отколку за СДСМ. Анкетата на агенцијата Маркет вижн спроведена за потребите на МКД.мк покажа огромен процент на граѓани кои одбиваат да одговорат на телефонска анкета, што експертите го толкуваат како страв.

Целата анкета погледнете ја ТУКА.

Извор: МКД.МК

Сопственик на ресторан вoзнeмиpeн од пyшaч, го испpcка во лице со пpoтивпожapeн апapaт (ВИДЕО)

Сопственик на ресторан во Солт Лејк Сити во американската сојузна држава Јута употреби апарат за гасење пожар и испрска маж кој одби да ја изгаси цигарата пред неговиот угостителски објект.

Џон Бирд вели дека пред неговиот трговски центар бил во петокот на пауза да пуши и дека претходно тој ден имал средба со сопственикот на ресторанот, кој му рекол да не пуши на тоа место бидејќи е преблиску до неговиот објект и муштериите.

Бирд за тамошниот медиум изјавил дека се обратил на обезбедувањето, кои му рекле дека таму не смее да се пуши, а потоа налетал одново на истиот сопственик на ресторанот.

Кафанџијата во тој момент излегол надвор со апарат за гаснење пожар.

-Излезе со енергија на непријателство и рече: „Ви реков, не смеете да бидете тука, раскажува Бирд.

После краткиот разговор девојката на Бирд го прашала сопственикот дали ќе го испрска, а тој одговорил дека ќе го направи тоа.

Кога Бирд повторно ставил цигара во устата, сопственикот го испрскал по лицето.

-Јас сум во шок, не верувам дека вакво нешто можеше да се случи, изјавил Бирд по инцидентот.

Сопственикот на ресторанот во соопштение за телевизија се извинил, велејќи дека претерал.

Полицијата го истражува инцидентот, а во продолжение можете да го погледнете и видеото од инцидентот.

Утре стартува новата сезона во прилепскиот театар со премиера на претставата “Глембаеви”

Денеска во театарот „Војдан Чернодрински“ беше одржана прес конференција за премиерата на претставата „Глембаеви“ според драмата од Мирослав Крлежа, во режија на Бранко Брезовец.

На прес конференцијата зборуваа в.д. Директорот на Центарот Марија Спиркоска Илијеска, режисерот Бранко Брезовец и дел од актерите.

Беше посочено дека „Глембаеви“ едноставно не се реалност, туку фикција, евентуално равенство со компоненти на стварност, но со резултанти на фикција.

Во претставата играат Андон Јовамоски, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Ангела Наумоска, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Трајче Иваноски, Игор Трпчески и Ана Митоска Стојаноска.

Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, костимите на Сузана Брезовец.

Секоја чест! Нивниот другар бил бoлeн и не можел да оди на натпревар, па тие дошле пред неговиот дом (Видео)

Навивач од навивачката група на клубот Раја Казабланка од Мароко, не можел да присуствува на натпревар поради тоа што бил болен од тешка болecт, па неговите другари од трибините дошле пред неговиот дом.

Погледнете:

Прилепска мизериja! Во една вечер иcкpшени сите канделабри на Могила (ФОТО)

Искршени канделабри, распрснати стакла на сите страни, оголени жици кои висат од разводните кутии и кои се опасност по животот и на оние кои ја направиле штетата. Ова е денешната слика на Паркот на Револуциијата во Прилеп.

„Откорнати и истуркани камења од оградите на споменичните места, кои опстанале на местото од самата градба на Паркот на револуцијата. Жалосна, а пред се, опасна е сликата денеска која ја затекнавме на Могилата, зашто се работи за активна струја во сите откорнати разводни кутии од светилките. На Могилата има постојани оштетувања, но да се уништат сите светилки во една вечер, е повеќе од вандализам“, велат од ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

Прилепчанец ја пoвpeдил раката додека го чистел пиштолот

На 25.09.2019 во 14.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Лажани, прилепско, М.А., додека го чистел пишToлот кој го поседувал со дозола, испуkaл еден kypшум и се повpeдил на левата рака.

Тој бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Вечерва cпpoти Kpcтовден замиcлете желба, според веpyвањата Гocпод слегува на земjaта и ја иcполнува

По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството

Во народните верувања денот се нарекува Крстовден и се смета дека сите молитви ќе се остварат. Овој празник секогаш паѓа на 14 септември, односно 27 септември по стариот календар.

На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Според народните верувања од Крстовден започнува есента. Се верува дека од овој ден денот и ноќта се крстосуваат, а температурите почнуваат да се намалуваат.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината.

Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа. На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ротквици, црвени јаболка и друго.

На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се верува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во месноста крстови Гора, каде легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.

Арсен Венгер се враќа во Англија: И тоа во најлутиот ривал на неговиот Арсенал

Верувале или не, но во Англија се појави нова теорија околу идниот тренер на Манчестер Јунајтед. А тоа е, иако звучи неверојатно, Арсен Венгер.

– Клупата на Манчестер Јунајтед е сон за секој тренер. Барем за оној кој има храброст и самодоверба. Им требаат, по мое мислење, четири нови играчи во првиот тим. И мислам дека така би изградиле нов и силен тим. Луѓето претеруваат во оценките, Манчестер Јунајтед не е така лош како на многу им изгледа- изјави Венгер за “beIn Sports”.

Искусниот тренер кој моментално работи како коментатор на споменатата телевизија, ги лоцираше главните проблеми на тимот на Солскјер.

– Овој Манчестер Јунајтед нема изграден стил на игра, нема шема, ни добар пресинг. Тимот постои, но потребно е да биде воден и да се развие. Како што реков, четири играчи и може да размислуваат за титула. За сите трофеи, вели Французинот.

“Конечно реализирани два проекти во Прилеп?” (Фото)

Нова институција во Прилеп доби двојазична табла на влезната врата. После Фондот за здравство, пред неколку дена и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување доби нова табла на Македонски и Албански јазик.

Ова се двата “капитални” проекти реализирани во општина Прилеп:

“Заев пак распали на неразбирлив англиски?” (Видео)

Најновото видео од обидот на премиерот Заев да одржи говор на англиски јазик им даде одлична можност на таканаречените тролови кои што сакаат да се подбиваат со нечија слабост и непознавање.

Во исто време ги вознемири професорите по англиски јазик, кои вообичаено не можат да разберат зошто некој што зборува лош англиски би се мачел со англискиот и не би зборувал на македонски јазик, особено ако има обезбеден превод.