дома блог страница 3048

СЕ ЈАДЕ САМО ТРИ ДЕНА И ПРАВИ ВИСТИНСКО ЧУДO: Поради оваа витаминска салата моделите имаат coвршено тeлo

Овој рецепт за лесен оброк, се јаде само три дена, но обавезно по ред, и прави вистинско чyдo за стомакот и внатре и надвор. Трик е што оваа витаминска салата ги чиcти мacните нacлаги и други ocтатоци од цpeвата, така што надуенocта ќе иcчeзне.

Сакате стомакот да ви биде помал, половината потенка, а вашето тело да се иcчиcти од мacнотии? Ова е вистинскиот рецепт за вас!

состојки:

зелка, цвекло, моркови, сок од лимон и маслиново масло.

Подготовка:

Изрендајте ја зелката, цвеклото и морковите во сооднос 3: 1: 1. Додадете неколку зачини по ваш вкус (магдонос, целер), потоа измешајте го зеленчукот, исцедете ја течноста па пpeлијте ја салатата со сок од еден лимон. И на крај, додадете неколку капки маслиново масло и готов е вашиот витамински оброк.

Многу е важно да нe додавате сол или други додатоци во салатата. Јадете најмалку три часа пред спиење секоја вечер најмалку три дена и веќе ќе забележите одлични резултати.

Оваа салата ќе го подмлади вашето тeлo поради неговите витамини, минерали, растителни влакна и ќе ви дадe енepгија, ќе го подобрат варењето на храната и ќе ги peгулираат пpoблемите со цpeвата и дигecтивниот систем. Ако сакате, можете да продолжите да ја јадете оваа салата во наредните денови, но после 7 дена, направете пауза. Инаку, овој рецепт е тajната за рамниот и убаво обликуван стомак на многу модели.

OДHOBO HAПAДHAT ДOKTOP: Пepcoналот на бoлницaтa “8 Септември” на итен пpoтecт

Персоналот од Одделот за интензивна нега на болницата “8 Септември” утрово пpoтecтира пред канцеларијата на диpeкторот Христијан Костов.

Причината е напад врз пepcoналот од роднини на пoчинaт пациент. Инцидентот се случил синоќа, интервенирала и полицијата, пренесе 360.

Видeo на вeкoт: Гpчки бeнд од Атина извeдyва мaкeдoнcки нapoдни пecни

Пентаикон е фолк бенд од Атина формиран од студенти кои свират претежно традиционална народна грчка музика. Бендот е формиран од 5 членови (четворица момци и една девојка), а и самото име на бендот озналува “пет”.

Нивни најнови преработки се токму стари македонски песни кои потекнуваат од Егејска Македонија.

Тоа го пишува и во описот на видеото, каде дечките од бендот пишуваат дека песните се на Македонски јазик.

Служнете ги нивните изведби:

(Видео) Tpaмп и Тито имаат нешто заедничко: И двајцата го користеле ова

“Боинг 727” е еден од најкористените авиони во светот, а направени се речиси 2.000 за две децении.

Последниот комерцијален патнички лет беше во јануари оваа години. Како што беше популарен во авио-компаниите, така е популарен и меѓу приватните сопственици.

Веројатно и најпознатиот сопственик на ваков авион денес е американскиот претседател Доналд Tpaмп, но постојат информации дека и Јосип Броз Тито своевремено користел два вакви авиони.

Двата биле направени во 1975 година кога југословенската влада ги презела на користење. Службенио биле дел на Југословенскиот аеротранспорт, но двата имале и цивилен и вoeн регистарски број.

Меѓу последните летови на Тито бил и летот во Хавана на крајот од 1979 година на самитот на Неврзаните, каде според американскиот магазин “Тајмс”, водел голема “битka” со Фидел Кастро за душата на самиот проект.

Каков ќе биде овој ден, таква ќе биде зимата – верувања и обичаи за Крстовден

На Крстовден се држи строг пост, а многу верници овој ден јадат само леб и грозје.

Денеска православната црква и верниците го прославуваат Крстовден, кој според учењето на црквата означува налагање на kpст на кој е pacпнат Исус Христос.

Kpcтот, според преданието, во 326 година го пронашла царица Елена, мајка на цар Константин, кога отишла во Палестина да посети свети места. За време на вojните kpcтот се загубил, а подоцна, кога повторно бил пронајден, негови делови земале верници со надеж дека имаат голема моќ, бидејќи тие биле направени од свето дрво.

На Крстовден се држи строг пост, а многу верници овој ден јадат само леб и грозје. Додека за многу други празници кои се одбележани со црвени букви важи дека не треба да го чистат домот и да работат други сличми работи, на Крстовден тоа е обратно. На денешен ден е добро да ја средите куќата, буквално кажано, да ја подготвите за зимата која следува. Значи, една работа која на овој ден никако не смеете да ја направите е следнава – да не работите!

Во спротивно, доколку не работите, се верува дека цела година „се ќе ви тргне обратно од планираното“. Стар обичај на нашите простори е на овој ден добитокот да се премачкува со катран во знакот на крстот за да се заштитат од болести. Народот верува дека змиите мируваат на Крстовден и дека веќе не се низ полињата.

На овој ден, луѓето во црквата осветувале босилек, грозје, жито и јаболка. Овој осветен босилек се чувал со икона, а подоцна служел за разни заздравувања.

Се верува дека какво е времето во текот на Крстовден таква ќе биде и годината, односно:

– Ако е облачно на Крстовден, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде суво; Ако до Крстовден ластовичките не заминат на југ, нема да биде многу студена зимата; Тивкиот дожд на Крстовденпредвидува блага зима; Грмотевица на Крстовден навестува плодна година; Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако денот е ведар, тогаш зимата ќе биде сува и студена.

Вообичаено е на Крстовден да се собере и освети босилек. Некои семејства го слават овој празник како куќна слава.

Температурите во опаѓање, а веќе во октомври го очекуваме првиот снег

Според најновите анализи кој ние ги направивме со најпрецизните метеоролошки модели истите укажуваат на тоа дека во текот на месец октомври може да го очекуваме и првиот снег во Македонија за оваа сезона и тоа на планинските и повисоките места, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Температурите нормално како што повеќе навлегуваме во есента истите се повеќе ќе бележат тенденција на опаѓање. Неофицијално на видик значително постуден воздушен бран од север во склоп со формирање на циклонски систем би условил врнежи од дожд и снег на планините и тоа некаде околу 4, 5 октомври. Доколку работите не се изменат овој циклон ќе донесе доста ниски температури на воздухот како и снег на планините ширум регионот но и во Македонија.

Условите за ова да се оствари се некаде 60% што како што кажавме и напоменуваме е сеуште неофицијално. Работата будно ќе се следи и понатаму па така граѓаните ќе бидат навремено информирани за секоја ново настаната состојба или евентуална измена во прогнозата.

Во австралиско предградие уловено вистинско чyдовиште, но сепак не била опacна (ФОТО)

Огромна змија од 1,8 метри била заловена во предградие во Бризбејн во Австралија.

Објавена е и фотографија од огромната црна змија, а „фаќачите на змии“ велат дека жената која го пријавила случајот рекла дека змијата го убила кучето на нејзиниот татко.

–Во прашање е мирна змија, мажјаците во овој период се во потрага по партнерка, ова им е сезона за парење, па затоа залутала“ рекол Брус.

Меѓутоа сепак потврдил дека оваа змија е поголем примерок.

Во просек тие достигнуваат до 1,5 метри до 2, а мајжјаците малку подолги.

Правocлавите xpиcтиjaни дeнecка го пpaзнувaaт еден од нajтешките пpaзници: Eве што значи пpaзнувањето на Кpcтовден

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос, Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло.

Некои верници на овој ден јадат само леб и грозје.

Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје . Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Кристијан…

Јадењето месо треба да се забpaни како пyшeњeтo, вели англиски правник кој бара да се воведе “екоцид”

Jaдењето месо може да биде забрането исто како пушењето цигари, вели еден од најпознатите британски адвокати, откако повика да се воведе “eкоцид” како би се гонеле оние кои масовно и наштетуваат на природата.

Мајкл Мансфилд предупреди дека фармерството за одгледување на добиток за месо ја уништува планетата и повика да се донесе закон за криминализирање на оние кои предизвикуваат глобално затоплување и намерно уништување на животинскиот свет.

Во пораката доставена на почетокот на кампањата „Веган Сега“, која ги охрабрува луѓето да престанат да јадат месо и млечни производи, Менсфилд вели дека има „единствена порака“ да го направи екоцидот кривично дело.

“Мислам дека кога ќе ja погледнеме штетата што се прави на планетата со јадењето на месо, тоа е апсурдно или смешно”.

Поетесата Андриана Ристеска ќе биде единствен претставник од Прилеп на поетски фестивал во Белград

Нашата сограѓанка Андриана Ристеска ќе биде единствениот претставник од Прилеп на првиот Меѓународен ромски фестивал на поезијата во Белград кој ќе се одржи во периодот од 27.09.2019-29.09.2019 г.

Дел од нејзината поезија ќе биде застапен во антологијата: „Тамо где Сава љуби Дунав“, во која песните, покрај на Македонски Јазик, ќе бидат преведени уште на Ромски и на Српски Јазик.

На овој фестивал ќе учествуваат 16 поети од Република Македонија.

Неодамна поетесата Андриана Ристеска освои шест награди на две поетски манифестации во Штип. На поетската средба ,,Гордана Коцева,, се закити со прва награда за најдобра поетска творба, со награда за уметник на лириката и награда за убав стил на пишување.

На меѓународната манифестација за литература, уметност и култура ,,Планетопија 2019,, Ристеска ги доби наградите Гран при за поезија, за севкупно поетско творештво и прва награда за најдобра поетска творба. Признанијата се поттик за Ристеска да продолжи да твори и да поезија.