дома блог страница 3047

Промотивно видео на новото диџеј име од Прилеп: Момче кое ветува многу добра музика и уште подобри забави

Диџеј Антон или Антонио Грујоски е новото име кое започнува да се промовира на музичката сцена.

Се работи за 17-годишно момче од Прилеп со изострен слух за добра музика и момче кое ветува дека ќе прави одлични забави.

Со диџејството започнал да се занимава пред 3 години, а досега има неколку настапи во локалите низ Прилеп.

Во продолжение е неговото промотивно видео со кое ја најавува неговата музичка кариера.

Погледнете:

Премиерот читаше говор, а Зорица си чепкаше во телефонот (Видео)

Премиерот Зоран Заев, синоќа во Њујорк се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации. Додека тој зборуваше, за неговата сопруга, која беше во салата, поинтересен беше телефонот, отколку говорот на нејзиниот сопруг – објави “TВ 21”.

“Еве која држава градоначалникот ја претставува во Сараево?” (Фото)

Општина Прилеп е дел од 30.Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, кое годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, а на кое учествуваат претставници на 113 градови од светот.

Пред нашиот градоначалник поставен натпис North Macedonia (Северна Македонија). Иако многумина на вакви и слични меѓународни настани се решаваат да го сокријат тоа “Северна”, Јованоски не се решил на таков чекор.

Македонија земја каде љубовта цвета: Љубовна порака на автопатот Скопје-Велес (ФОТО)

Многу лајкови и позитивни коментари „собра“ фотографијата која беше оставена на Фејсбук групата Ѕид на сообраќајниот срам.

„I love my princess“ или преведено „Те сакам принцезо моја“- беше пораката поставена на еден од надвозниците на автопатот Скопје- Велес.

(Видео) НАСА сними катakлизма во вселената: Вака изгледа кога голема црна дупка ќе проголта ѕвезда со големина на нашето Сонце

За прв пат со помош на телескопот на НАСА за лов на планети, забележано е како огромна црна дупка “проголтува” ѕвезда.

Сателит на американската вселенска агенција “TESS” го откри исчезнувањето на ѕвездата оддалечена 375 милиони светлосни години, која е повлечена од моќната гравитација на супермасивна црна дупка.

Ѕвездата со големина на нашето Сонце на крајот е целосно “проголтана”.

(Видео) Градот од бајките нуди бесплатни станови: Во овој германски град деловниот простор е речиси бесплатен, но има една мpaчна тајна

Живописното градче Герлиц, на крајниот исток од Германија, е добро зачуван бисер во кој се снимаат и многу холивудски филмови како “Гранд Будапест хотел”, “Пpokлетници” и “Читач”.

Меѓутоа, стариот град со фасади со пастелни нијанси, кој привлекува 140.000 туристи годишно, има и друга, мpaчна, страна.

Градот е познат по тоа што таму се најниските плати во Германија и по неговите радикални десничари.
По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Германците од Источна Германија масовно преминувале на запад, па во 2013 година бројот на жители опаднал на 54.000.

Градските власти сфатиле дека мора нешто да преземат ако сакаат да го прекинат тој тренд и така дошле на идеа да нудат бесплатни станови и деловен простор за еден месец.

Не ја заборава Македонија и родната Струга: Аце Јоновски обезбеди цел камион школски инвентар донација

Некогашниот македонски репрезентативец Ацо Јоновски, кој сега е член на германскиот Ратинген, со помош на невладината организација „Gesellschaft für Schule, Sport und Soziales mbH“, луѓето во Ратинген и шпедицијата Ратингер Мулти Транспорт обезбеди донација од еден камион опрема за училиштето Јосип Броз Тито во Струга – oбјави “24ракомет”

“Со големо задоволство ви најавувам дека првиот камион со школски инвертар (хуманитарна донација) е веќе на пат кон Македонија-Струга! Морам да изразам голема благодарност до Intereaktiv Schule.Sport.Soziales, Bastian Schlierkamp, Andreas Hohnke на ангажираноста и довербата! Се надевам дека ова нема да е последна акција од ваков вид и искрено се надевам дека нема да добие политички епилог зошто се работи исклучиво за еден хуманитарен проект”, напиша Јоновски на својот Фејсбук профил.

“Важна вест за прилепска “Победа” и нејзините навивачи”

Утре, 28.09. со почеток од 15:00 часот, на стадионот на Могила, Победа ја пречекува екипата на Питу Гули во рамките од шестото коло од Втората лига-Исток.

Во досегашниот тек од сезоната Победа забележа само еден триумф и четири порази, па затоа состојбата на табелата е таква каква што е.

Во овој момент ситуацијата на табелата е вака алармантна, за клубот што требаше да се такмичи во Европа. Еве кои беа ветувањата за спортот во нашиот град:

Ќе биде coвpшен: Погледнете како ќе изгледа новиот стадион на Интер и Милан (ВИДЕО)

Соседите Милан и Интер ќе добијат нов дом.Стадионот ќе се вика исто „Сан Сиро“ но ќе биде модерно здание по сите стандарди.

Стадионот ќе биде готов за три години, најавуваат челниците од двата клуба.

-Џузепе Меанца, повеќе не одговара за два големи клуба со амбиција да имаат главна улога на европската сцена. Тоа е факт, само погледенете ги стадионите ширум Европа. За овој стадион имаме убави спомени, но мораме да ја подржиме идејата да се направи трансформација на овој дел од градот. Инвестицијата би вредела 1,2 милијари евра, а капацитеот на стадионот ќе биде 60.000 места. Покрај стадионот ќе има голем комплекс со зеленија во кои же може да уживаат граѓаните на Милано“-рече Скарони.

Заев во ОH: За првпат ви се обраќам како претставник на Република Северна Македонија (Видео)

Договорот од Преспа и Договорот за пријателство со Бугарија беа главните теми на премиерот Зоран Заев во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации

-Мојата земја е членка на Обединетите Нации од 1993 година, но денес за прв пат ви се обраќам како претставник на Република Северна Македонија. Оваа година стапи во сила Спогодбата од Преспа, со што се реши 27- годишната разлика што ја имавме со Грција.

Со овие зборови на македонски јазик премиерот Зоран Заев го почна своето обраќање од говорницата на Обединетите нации во Њујорк каде се одржува 74. Генерално собрание на меѓународната организација.