дома блог страница 3046

Инвеститорите си одат од Македонија, пример за тоа е компанијата „Рубау“

Инвеститорите си бегаат од Република Македонија, а пример за тоа е изведувачот од шпанската компанија „Рубау“, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие се спакуваа, ја напуштија и ја тужат Македонија за десетици милиони евра оштета, велат од ДПМНЕ.

Oваа шпанска компанија во 2015 година го доби бизнисот за изградба на една од трите делници од експресниот пат Прилеп – Градско (Фариш-Дреново) во вредност од триесетина милиони евра, меѓутоа сега го раскина договорот со ЈП за државни патишта бидејќи не им била исплатена последната фактура.

Од друга страна, пак, ЈПДП ја активира банкарската гаранција од 7,7 милиони евра, откако компанијата не доставила програма за работа со каква динамика ќе ги изведува активностите и го напуштила градилиштето.

Досега, шпанската компанија реализирала само 35 отсто од делницата, а по раскинување на договорот бара оштета од 10 милиони евра, за што ќе се решава на арбитража во Загреб.

Шok на Енфилд: Ливерпул ќе биде отстранет од натпреварувањето ?!

Ливерпул би можел да биде елиминиран од Лига купот на Англија. Отворена е истрага за тоа дали 22-годишниот Педро Чиривела имал право за настап против МК Донс минатата среда.

Црвените излегоа со вториот тим, но сепак победија 2-0, но најверојатно поради недостаток на одредени документи заборавениот Шпанец немал право да игра. Раководството на ова натпреварување има право да го елиминира клубот од понатамошното натпреварување.

Гран при и најдобар настап за прилепчанката на “Еврофест”: Мери Младеноска ја крена публиката на нозе (ВИДЕО)

На 21 септември во Домот на АРМ во Скопје, се одржа интернационалниот фестивал “Еврофест”. Фестивалот траеше два дена и имаше своја вечер за македонска поп музика и интернационална вечер.

На фестивалот настапи и прилепчанката Мери Младеновска кој освои Гранд при од стручното жири и беше победник на фестивалот.

Песната со која настапи Мери се вика “Лоша навика”, а музиката и текстот за песната се дело на Томислав Коцевски, додека за аранжманот се погрижи Дејан Миленковски.

Нашата сограѓанка приреди одличен настап и ја дигна целата публика на нозе.

Во продолжение слушнете ја “Лоша навика”:

“Мери моментално има 5 покани да настапува на фестивали надовр од Македонија, а следната година ќе јуришаме на победи на неколку наши фестивали. Ќе спомнеме дека ќе се појави на “Охрид гест”, “Мак Фест” и други. Ќе се снимаат неколку спотови и неколку дуети кои не ги откривам, туку само ќе кажам дека ќе бидат со познати пејаци од Македонија и надвор од нашата земја. Инаку ние и понатаму ја продолжуваме емисијата “Лица и дела” на ТВ Сонце, каде Мери е уредник и водител”, истакна сопругот и менаџер на Мери, Симе Младеноски.

“Blue Band” се вистинско освежување на музичката сцена: Слушнете ја нивната прва авторска песна “Peвoлвep” (ВИДЕО)

Blue Band постои веќе две ипол години и се вистинско освежување на музичката сцена во Македонија.

Бендот го сочинуваат: Димитар Симонов (вокал), Бојан Амповски (клавиатури), Зоки Зоц-Грбиќ (бас клавиатури), Дарко Трајкоски (тапани) и Благоја Глигуровски (гитара).

Неодамна тие ја издадоа песната и спотот насловени како “Револвер”, а тоа е нивна прва авторска песна. Се работи за одлична мелодија и уште подобар спот како што доликува за еден врвен бенд.

Бендот настапи на манифестацијата “Тиквешки Гроздобер” каде и ја промовираше песната за прв пат, а свој настап имаа и на “Офф Фест” во Неготино.

Во продолжение слушнете ја “Револвер”:

Таневски: “Зapeм и со caла “Македонија” стаcaвте да пpaвите kpиминал?” (Видео)

Изминуваат две години од фамозното ветување на градоначалникот Илија Јованоски, дека овде ќе градел здравствено-рекреативен спортски центар со затворен базен. Денеска како што можеме да забележиме од тоа ветување нема ништо, всушност како и од се останато што ветуваше и ги лажеше граѓаните пред локалните избори – истакна на денешната прес конференција Александар Таневски од Комисијата за спорт при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Наместо затворен базен, нашите сознанија велат дека спортската сала “Maкедонија”, ваква каква што е без технички прием, била издадена под концесија на лице блиско до власта.

Во оваа прилика го прашуваме градоначалникот и неговата владеачка одродена партија СДСМ:

Дали е вистина дека салата е предадена под концесија на лице блиско на актуелната власт?

Зошто ги лажевте граѓаните со ветување за изградба на ваков грандиозен проект кога и самите знаевте дека тоа не е возможно и дека не сте способни за таков зафат?

Како е возможно под концесија да се издава објект кој како што кажавте и самите вие нема технички прием и се наоѓа во лоша состојба?

Како ја давате салата под концесија кога не се регулирани односите со вработените?

Со кое лице ќе се појавите пред граѓаните и ќе ја барате нивната доверба на престојните парламентарни избори?

Ви останаа ли уште големи лаги во џебот, како онаа за 20% пониски сметки за вода?

Да не биде подоцна не ви кажавме, одново ве предупредуваме, Прилеп и не е толку голем град, па се она што вие се обидувате да скриете, лесно се дознава, а подоцна за тоа ќе следи и одговорност!

Со секој еден изминат ден на власт вие тонете во скандали, корупција и криминал, но за среќа граѓаните гледаат и лесно ве прочитаа.

Следува обнова на државата и раскрстување со вашите политики и владеење!”

Девojка од Кавадарци за кpaтко вpeме ги загyбилa poдителите и нacлeдилa дoлгoви: Oпштината ги подмиpи и за Марија дoдeли стипендиja за школување

Општина Кавадарци вчера уште еднаш ја покажа својата хуманост и грижа за своите сограѓани со кои судбината си поиграла и докажа дека хуманоста и солидарноста се најсветлите точки кои треба да бидат водилки по патот на целото општество. Станува збор за случајот со 17 – годишната Марија Трајкова од Глишиќ, чиј безгрижен живот се променил во рок од неколку месеци.

Таа за краток период ги изгубила своите мајка и татко, останала со наследени долгови на име кредит од родителите, и тоа во период кога се подготвувала за новото поглавје во животот, да замине во Скопје и да ги започне студиите по медицина, на кои долго време им се радувала и ги исчекувала. Девојчето, кое е солиден ученик, од страна на Локалната самоуправа и Советот на Општина Кавадарци доби вредносен ваучер во износ од 247.808 денари, средства со кои ќе се подмират наследените обврски, со цел таа да може безгрижно да го продолжи своето образование на Медицинскиот факултет во Скопје.

Но, освен што градот решил да ги подмири долговите, таа ќе добие и стипендија. Се работи за сума од 2.000 евра годишно, која ќе ја добива во рок четири или пет години, во зависност од тоа колку ќе трае нејзиното школување. Стипендијата на Марија ќе и ја додели градоначалникот Митко Јанчев на 19-ти декември, во време кога се доделуваат и останатите стипендии, а доаѓа од фондацијата ,,Никола Јанчев”, која градоначалникот ја формираше во чест на неговиот татко, а со цел помагање и давање на поддршка на луѓе на Општина Кавадарци, на кои им е неопходна помош.

-Нашиот град нема да ја остави младата Марија среде пат! Таа е солиден ученик, девојка пред која е иднината, а во исто време и нашата иднина е во рацете на младите амбициозни луѓе како нејзе. За тоа што и се случи на Марија, за начинот на кој животот си поигра со оваа девојче, тешко е да се зборува. Ги изгуби родителите ненадејно, за кратко време, и тоа во период кога се наоѓа пред животна раскрсница, кога треба да одлучи што понатаму во животот. Како вреден ученик, и покрај се што и се случи, таа избра храбро да оди напред, да се запише на студии по медицина, а ние имаме одговорност како заедница да и помогнеме. Затоа, покрај тоа што општината ги подмири наследените долгови, фондацијата ,,Никола Јанчев”, реши да ја стипендира во иднина со по 2.000 евра годишно, додека таа студира. Јас знам дека Марија нема да не разочара. Таа е свесна и зрела девојка, која со крената глава ќе продолжи напред и еден ден нашиот град ќе се гордее со неа. Самата ни вети дека тоа ќе го постигне со труд и учење и ние веруваме во неа – вели за „Фокус“ градоначалникот Јанчев.

Марија останала првин без својата мајка, и тоа во време додека била на екскурзија со своите соученици. Таа починала ненадејно од инфаркт. Но, несреќата во нејзиното семејство повторно затропала на вратата само по неколку месеци. Во времето кога се подготвувала за матура, и нејзиниот татко починал, исто така од инфаркт. Девојката била сама, немала ниту сестра, ниту брат. Токму поради тоа, општината без двоумење решила да и помогне.

-Девојчето е доста скромно, сите во општината не трогна. Се заблагодари на нашата помош и ова се тие моменти кога знам дека мојата мисија како градоначалник има голем смисол, дека вредат сите жртви кои ги носи мојата функција. Да ги мотивираме и останатите да го следат нашиот пример, да се прошири пораката на солидарност, да им се помага на сограѓаните кои минуваат низ некој лош период. Никој никогаш да не се почувствува дека е сам, оставен и беспомошен. Само како заедница, сплотени ние можеме цврсто да одиме напред – порача Јанчев.

Една слика, милион зборови! Пратениците Милошоски и Ѓорчев со нивните многудетни семејства на заедничка дружба (Фото)

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев утрово објавија заедничка фотографија со нивните сопруги и многудетни семејства.

И двајцата имаат по четири деца и служат за пример помеѓу политичарите застапувајќи традиционални семејни вредности.

“Сончев ден за игри и дружба на Марта, Давид, Филип, Никола, Дариа, Катерина, Михаела и Илина”, напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.

(Видео) Зимата стигна во Европа: Никогаш не паѓал снег толку рано, а еве кога доаѓа првиот снег во Македонија

Во северна Европа рано стигна зимата. Минатата недела во скандинавските земји падна снег. Граѓаните во Шведска велат дека е невообичаено толку рано да падне снег. Ваква појава не забележале две децении. Претходно, снегот паѓал во почетокот на ноември.

Падна првиот снег и во Австрија и Италија – Алпите се белеат. Обилни врнежи снег беа забележани пред неколку недели и на австриските Алпи. Австриските медиуми објавија дека првиот снег за оваа сезона паднал на глечерот Стубај во покраината Тирол.

Во текот на викендот врнежите се засилија и бројни скијачки области се најдоа под снежна покривка. Снегот е вообичаена појава на крајот на летото на највисоките предели на Алпите. Снег заврна и во северозападна Италија, во Ливињо, регионот Ломбардија.

Една недела порано 50 сантиметри снег наврнаа и во Швајцарија. Швајцарските Алпи се целосно покриени со снег. Областа Готхард Пас е најстуденото место, пренесува Експрес. Температурите се до -16 степени, а се очекува понатамошно заладување наредните денови. Температурите се до -16 степени, а се очекува понатамошно заладување наредните денови.

Во текот на октомври месец не е исклучена можноста во Македонија да дојде до продор на позначително студена маса од север. Кога таа ќе стигне над нашите краишта, односно над Јадранот и Медитеранот, ќе дојде до формирање на циклонски системи кои нормлано условуваат врнежи.

Со ваквите спуштања на значително постудени воздушни бранови, има услови во текот на октомври да се случат и првите врнежи од снег на планините во Македонија.

Она што е интересно, според моменталното следење на развојот на временската состојба за следните месеци, е тоа што ноември, а посебно декември, би можеле да имаме значително постудено време за разлика од изминатите години, но со нешто помалку врнежи и тоа особено во ноември, но снегот сепак нема да изостане.

ФОТО: Даниел Кајмакоски во прегратките на убавата српска пејачка

Започна снимањето на познатото ТВ шоу „Твоето лице звучи познато3 на кое во 2016 година победник беше и нашиот Даниел Кајмакоски.

На едно место се собраа најдобрите натпреварувачи, меѓу кои и српската пејачка Дита Арадиновиќ, која исто така беше една од најдобрите учесници на тоа шоу.

Едита и Даниел направија селфи фотографии кои веднаш ги објавија на своите профили на Инстаграм.

Убавата енергија меѓу нив е очигледна, а каква ќе биде онаа што ќе ја понудат пред камерите, останува да видиме…

Ваква мајсторија може само Дејан Манасков: Погледнете го овој неверојатен погодок (Видео)

Стандардно се бираат најдобрите голови на месецот во СЕХА лигата, па така и сега имаме таква компилација во која се неколку добро познати имиња за нас и нашата јавност.

За нас број еден е погодокот на нашиот репрезентативец Дејан Манасков на натпреварот против Загреб.

Неговата мајсторија е прва на листата: