дома блог страница 3045

Aко не сте направиле ајвар, сега немојте ни да го правите, еве зошто!

Aко не сте направиле ајвар, сега немојте ни да го правите – барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар, 15 септември е вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар. Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Фото: АРТКУЈНА

Градоначалникот на Кавадарци учесник на рели трка: Погледнете како фуриозно ја поминува патеката (Фото/Видео)

По речиси повеќе од десетгодишна пауза автомобилистичкиот спорт и високите октани повторно се враќаат во Кавадарци, преку претстојниот ридско – брзински натпревар на патеката Кавадарци – Витачево.

Овие натпревари најпрво се одржувале во рамки на Југословенскиот, а подоцна и во рамки на Македонскиот шампионат и истите важеле за едни од најдобро организираните мото натпревари за своето време.

Оваа година натпреварот се одржа денеска, а ќе продолжи и утре, на патеката која се протега на патниот правец брана Моклиште – Витачево и е во должина од 5,3 км.

Свое учество во трката зеде и Градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев.

Денеска се одржаа техничките прегледи и верификациите, а потоа и тренинг возење на стазата.

Трката е закажана за утре со почеток од 09:30 часот, кога ќе има свечено отварање на градскиот плоштад во Кавадарци, а потоа поаѓање кон стазата на брана Моклиште.

Погледнете го во продолжение тест возењето на Јанчев:

Нов голем успех на ЏК”Бушидо”: 3 медали од Балканското првенство во самбо

Тројца натпреварувачи од ЏК”Бушидо” зедоа учество на Балканското првенство во самбо кое се одржа во денес во Скопје, и истите се закитија со три бронзени медали.

На првенството учество зедоа натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Турција, Албанија, Грција и Бугарија.

Ова се освојувачите на медали: Филип Попоски- 3 место; Стефанија Петреска- 3 место; Сара Атанасоска- 3 место

Децата со Дayнов cиндpoм од „Доза среќа“ се супер xepoи! Освоија 7 медали во Белград

Атлетите од здружението за деца и младинци со Даунов синдром, „Доза среќа“, одлично се претставија на меѓународниот натпревар за лица со посебни потреби „Београд опен 2019“.

Тие се натпреваруваа во две категории – атлетика и пливање, а лицата со Даунов синдром од македонскиот фудбалски клуб „Карпошово“ одиграа пријателски натпревар со „Мунгоси“ од Србија.

Македонските херои успеаа да стигнат до дури 7 медали.

На манифестацијата што се одржа шести пат учествуваа 20 држави со повеќе од 700 натпреварувачи на возраст од 15 до 26 години. Тренери од Македонија на децата се Борче Боев и Радован Велјановски, кои работат волонтерски.

За „Карпошово“ играат: Илија Георгиева, Филип Ангеловски, Дарко Ефтимовски, Матеј Аларов, Осман Исмаили, Коста Аризанов, Кристијан Стојанов и Никола Стојановски.

Децата во главниот град на Србија заминаа и со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија.

Девојките и момците од здружението, испратија силна порака дека овие активности даваат потврда како децата со Даунов синдром можат да даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали дејствуваат во училиште, на работа, во општеството, јавниот живот, културата или спортот.

Лашкоска: “Коста “сонценце”-пепел сторивте се од kpaдење”

Поминаа 9 дена од расправата за ребаланс на буџет и веќе помислив оти пpoвокацијата пропадна. ? Ама, тука е Коста – ,,сонценцето”. ?
Замислете да беше скршен друг дел од телото на бикот, за што ќе се фатеа Костадинче и СДС?!
Kosta Kostadinov, денес се потврди тоа што со денови на назад веќе од изјавите кои ги даваш се читаше…те одбрале тебе твоите да те пуштат по вода. Те носи веќе водата момче… Зборуваш за непостоечки амандман! Те прелажале твоите дете! Пепел сторивте се од kpaдење! Но, има и нешто добро во овој ребаланс…последен ви е!
П.С. погоре мислев на пр. на poговите од бикот! Напиша на Фејсбук, Лашкоска.

Елмас не заборава на својот поранешен клуб: Го учи Мертенс на македонски и да навива за Фенер (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз во друштво со неговиот соиграч од Напили, Дрис Мертенс, на кое двајцата го типуваат вечерашниот дерби дуел во Турција помеѓу Галатасарај и Фенербахче.

Елмаз не заборава на својот доскорешен клуб и типува сигурна победа за Фенер од 0:2.

“Каракачанов ја помножи со нула МАКЕДОНИЈА?”

„Бугарија не треба да каже ‘ да’ за започнување на преговори на Македонија со ЕУ во оваа фаза. ЕУ не може да биде легитимација за неправди, а Бугарија да се користи на суров начин како отскочна даска на раководните тела на Скопје“, вели бугарскиот министер за одбрана и лидер на ВМРО – БНД, Красимир Каракачанов – пренесува “Експрес.мк”

Неговата реакција доаѓа по интервјуто на македонскиот претседател Стево Пендаровски „во кое тој си дозволува да ја злоупотреби историската вистина за потеклото на Гоце Делчев и да даде нејасни сигнали до Комисијата за историски и образовни прашања”, пишуваат бугарски медиуми.

Каракачанов, кој е и вицепремиер, вели дека на 17 октомври Бугарија „не треба да брза да даде зелено светло за започнување преговори со Македонија за членство сè додека не бидат расчистени сите фалсификати на историјата на бугарскиот народ во Македонија“.

Според него, постапките на македонскиот претседател се спротивни на духот на добрососедството, како и на бугарската цврста позиција дека мора да се забрза напредокот во разговорите за заедничката историја и нејзиното претставување во образовниот систем на соседна Македонија.

Бугарија треба да одлучи дали да ја поддржи Македонија за да постави датум за почеток на разговорите за членство во ЕУ. Оваа одлука зависи и од секоја земја-членка и од секоја од нив поединечно. Одлуката ќе биде донесена само со апсолутно мнозинство.

Дури и ако само една земја е против тоа, не може да се донесе одлука, јавува News.bg.

Прилепчанец нaпaднaт пред угостителски објект

На 28.09.2019 во 04,00 часот во Полициска станица Прилеп, С.Д.(43) од Прилеп, пријавил дека истиот ден околу 03.30 часот пред угостителски објект бил физички нападнат од неколку лица, пишува на полицискиот билтен на МВР.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Видео: “И Гpaдоначалникот “цепи” англиски и ја пpoмовиpa СЕВEPНА?”

Општина Прилеп е дел од 30.Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, кое годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, а на кое учествуваат претставници на 113 градови од светот.

Темите на кои се разговара на годинешното 30.генерално собрание, се поврзани со одржливите развојни цели на Обединетите нации, промоција на културата за мир во 21 век со ставање акцент на Декларацијата на ОН за човекови права и создавање на инклузивни, безбедни и одржливи градови.

Согласно предвидената агенда, денеска свое излагање имаше градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски кое беше проследено со видео презентација за природните богатства, културно-историското наследство и можностите за инвестирање кои ги нуди општина Прилеп.

Овие пет хороскопски знаци имаат најголем потенцијал да бидат добри татковци

Погледнете кои се тие мажи – има ли вистина?

Јарец

Мажите родени во овој знак се сметаат за фамилијарни луѓе. Тие се најголема поддршка во секое време и имаат моќ да бидат глава и лидер на семејството. Подготвени се да бидат строги, но добри татковци.

Девица

Мажите Девици ги третираат пријателите и семејството со посебна грижа и ги вреднуваат како нивни најважни луѓе. Сакаат да се грижат за другите, но и да добиваат љубов во изобилство за возврат. Со маж Девица во семејството, можете да бидете сигурно дека животот ќе биде совршен.

Бик

Мажите родени во овој знак најчесто не можат да преживеат без нивното семејство и најблиски. Тие се едни од најлојалните партнери, а можете да бидете сигурни и дека се посветени татковци кои се грижат за доброто на цело семејство.

Рак

Мажите родени во знакот на Рак се способни да направат сè што е потребно за да ги направат нивните блиски среќни, бидејќи без семејство, се чувствуваат празно. Тие се решени да го дадат најдоброто од себе за да бидат совршени сопрузи и татковци.

Вага

Мажите Ваги без сомневање се нарекуваат совршени мажи за семејство. Тие знаат да живеат без да го комплицираат животот и да го направат животот на партнерката совршен. Тие обрнуваат посебно внимание на саканите, позитивни се и важат како одличен пример за децата.