дома блог страница 3041

Дурловски: 30 септември е мојот датум за препорака

Во очи на годишнината од пропаднатиот референдум за Преспански договор поради масовниот бојкот, еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, оперскиот пејач Игор Дурловски, на Фејсбук напиша порака со која алудира на очекувањето на одлуката на Европски совет за датумот за преговори.

„Беше гласен молк и единствениот светол ден во поновата македонска историја.

#30тиСептемвриЕМојотДатумЗаПрепорака“, напиша Дурловски на Фејсбук.

Градоначалникот на Кавадарци во улога на рели возач: Погледнете како Митко Јанчев “леташе” по стазата (Фото/Видео)

По речиси повеќе од десетгодишна пауза автомобилистичкиот спорт и високите октани повторно се вратија во Кавадарци, преку ридско–брзинскиот натпревар на патеката Кавадарци – Витачево кој се одржа викендов.

Вчера беше тест возењето, а денеска се одржа и трката.

На натпреварувањето учествуваше и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев кој забележа одличен резултат.

Во продолжение погледнете го неговото возење:

Ракометот е спорт во кој на крајот секогаш победува Вардар: Три од три за Европскиот шампион

Вардар ја запиша и третата последователна победа во ЕХФ Лигата на шампиони.

Тимот на Давид Писонеро во третиот натпревар од групната фаза запиша победа над украинскиот Мотор Запорожје со 30:31 (18:16 на полувремето), а сето тоа преку вистинска драма која траеше до последната секунда од натпреварот.

Украинците на одличен начин се спротиствија на Европскиот шампион. Водеа до 8:4, 10:6, 17:14…, а во второто полувреме се играше гол за гол и во постојан егал, или со водство од 1 гол.

Мотор водеше во 56-та минута со 30:29, но Чупиќ и Криштопанс успеаа да го свртат натпреварот, па во последните 95 секунди мрежите мируваа.

Интересни беа последните 30-тина секунди и акцијата која можеше да го чини Вардар нерешен резултат.

Вардарци ја имаа топкaта во посед после последниот тајм-аут и требаше да ја задржат, но шутот на Скубе беше задржан од голманот на Мотор. Тогаш на Украинците им останаа уште 5 секунди за израмнување, па упатија шут од 18-19 метри. Топката го совлада голманот на Вардар, Гебдане, но за среќа веќе се слушна звукот на сирената пред топката да ја премине гол линијата.

Нови цени на горивата од утре

Утре напаладне Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата.

Малопродажната цена на бензините минатата недела се зголеми за два до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар за литар.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 е 72 денари, а Еуродизелот се продава по 64 денари за литар. За еден денар се зголеми цената на Екстра лесното масло за домаќинство и изнесува 53,50 денари за литар.

Зголемување имаше и кај малопродажната цена на мазутот кој се продава по 34,034 денари за килограм.

Останува утре да видиме дали не очекува намалување на цените или пак уште едно поскапување.

Сеќавање со солзи во очите: Како на Победа и било наредено да не победи и да не влези во Прва лига

Фудбалски сеќавања на Милан Тодороски

-Како пропадна големата шанса за Прва југословенска лига

Често се прават избори за најдобри во историјата и притоа се бараат критериуми. Кој е најважниот, најобјективниот критериум? Времето. По многу време да се памети некоја екипа или поединци, тоа значи вредност. Еден од тимовите што се паметат, како да настапувал вчера, е фудбалскиот на Победа од сезоната 1987/88. Во него меѓу најистакнатите е Милан Тодороски, летово дојден од Австралија. И по 32 години сограѓаните го препознаваат, се ракуваат, сакаат да поразговараат за убавите времиња. Еве зошто:

Роден во Дреновци, во Прилеп фудбалски зачекорува со соученикот Слободан Трајчески го зема во подмладокот на 11 Октомври кај тренерот Благоја Башески. Го поставуваат за капитен на подмладокот. Останува таму до 1979 година. Кога го префрлаат во сениорскиот тим, заминува на факултет во Скопје. Паузира до 1980 година, кога пак се регистрира, но за два клуба: Блаце кај Катланово и Мукос. Во сабота попладне игра за едните, во недела претпладне за другите. Така до 1982 година, кога доаѓа пак во 11 Октомври. Малку подоцна клубот се фузира со Металец и се формира клубот Прилеп.

– Во новиот клуб беа двата стручни штаба, од 11 Октомври и од Металец, и сите играчи, околу 40. Имаше повеќе селекции, но сите ги издржав. Ме ставија во прва постава на сите пријателски – се сеќава Тодороски.

Пролетта играат одлично. Спас од отпаѓање. Останува во Прилеп до крајот на 1984 година. Во јануари следната година заминува во скопски Балкан. Првите две кола немал право, потоа стартува од клупа. По 4-5 меча го седнуваат на клупа како резервен голман. Играч за врска да биде резервен голман. Невидено понижување: резервниот голман е играч, а играчот – резервен голман. Пораката јасна – заминување. Ама во најтешкото се познаваат јунаците. Останува да покаже дека вреди.

-Не се сомневав во своите способности. Во сабота попладне играв за Блаце, во недела претпладне добив пак шанса за Балкан, со Локомотива. Спремен бев да ,,изгинам,,. Губиме 0-1, враќам на 1-1. Победивме 6-1 – раскажува за пресвртот во кариерата..

Забележан е од стручњаците и се очекува да заигра за поголем клуб. Уште летото 1986 требало да премине во Победа, која тогаш влегува во Втора југословенска лига. Но, преминот не се случува и останува во Балкан и следната сезона. Дали воопшто ќе дојде во Победа, животна желба на секој прилепски фудбалер, прашање е што си го поставувал, бидејќи веќе има 27 години, а мора да отслужи воен рок. Во војска мора да замине или летото или најдоцна зимата 1987 година. Нема можност за одложување.

-Во градов случајно ме среќава Мицко Николоски, помошникот-тренер на Победа. Те бараме, а не можеме да те најдеме, ми вели. Само што почнаа подготовките. Тренерот Магдески се повлече, го наследи Кирил Анески – Тумано. Прво бев стартер, кога дојде тој ме смени, се до ,,генералката,, со Динамо Врање, кога со Најдоски направивме пресврт и се изборивме за прва постава на второлигашката премиера со Слобода ТУ, добиена со 1-0 – вели тој.

На подготовките летотозаминаа мног стандардните играчи. Се правеше нов тим, во кој градот не веруваше. Владееше песимизам и страв дека Победа е најслаба во Втората лига. Сосема логично, затоа што новите што дојдоа: Гунев, Досев, Тркалинов, Тодороски, сите од Републичка лига, покрај младите како Наумоски, Стојкоски, Најдоски и неколкумина домашни, кон кои секогаш има скептицизам, како Димоски, Конески… Игрите и резултатите на тест-натпреварите не даваат никому надеж. И играчите не се свесни за можностите, бидејќи мнозинството не играле во второлигашка конкуренција. И првенствениот почеток не ветува многу. Во 6 кола, освоени се само 3 бода. Но, екипата е упорна.

-Трениравме силно. Секој тренинг беше како последен. Не беше лесно да се излезе пред 15 илјади публика, а да не се ,,остави срцето на терен,,. Да не се отепаш во трчање. Од седум илјади со Мајданпек, кога победивме со гол од пенал, по победата со 0-1 во Титоград, веќе со ОФК Београд дома победивме со 2-1 пред 18 илјади гледачи. Тргна серија, преку Металург во Скопје, совладан со 0-1, Влазними дома со 2-0, Борац во Чачак со 0-1, Црвена звезда дома со 3-0. Од ,,б езвредната,, екипа, станавме најсериозни кандидати за Прва лига. Градот живееше за Победа. Одиш на бербер, за потстригување не ти земаат пари. Каде и да одиш, луѓето те тапкаат по рамења, ти прават чест. Не можеше да седиш во кафеана, а да платиш. Отсекаде стигнуваат пијалоци. Моравме да се криеме во сепаре – ја истакнува популарноста на фудбалерите во тоа време.

Тоа беше последниот најдобар тим на Победа во југословенскиот фудбалски систем. За разлика од други претходни и наредни состави, (исклучок е некоја генерација од педесеттите или шееесеттите) кои мошне добро и убедливо играле дома, а тешко надвор, тимот од 1987 го надмина тој комплекс. Факт се резултатите. Се редеа победи дома и на гости. Во силен залет, нема тим што ќе ја спречи Победа на патот кон Првата лига. За жал, дојде мечот со Нови Пазар дома.

-Цела недела низ градот навивачите прашуваа: Дали ќе им пуштите на гостиве? Немавме поим. На тренинзите, никој ништо не кажува. Така до неделата. Беше студен есенски ден, 15 ноември 1987. Трибините полни, навивање, тапани од сите страни. Со мерак да играш. Но… Пред загревање, го нема тренерот Кирил Анески – Тумано в соблекувална. Одам во сопчето кај Аспарух да менувам крампони. Се вртам зад вратата, го гледам Тумано се фатил за глава, го покрил лицето и плаче. Маж од педесетина години. Ми стана јасно. Ни се скрши сонот, неговиот, нашиот, од целата публика. Потоа во соблекувалната човек од Управата се обрати: ,,Момчиња, гостиве пролетоска не спасија, со 2-2, ни дадоа бод, Сега направете еден убав, лежерен натпревар. Нека биде 2-2 или 3-3 за публикава да ужива,,. Од Тумано ни збор, ни пред, ни за време, ни по мечот. По големо мачење на теренот и негодување со фрлање камчиња од публиката, заврши 0-0. Не излеговме до мрак, дури не си замине последниот навивач. Цела недела не излеговме в чаршија, од срам – кажува, а не може да ги задржи солзите, Тодороски.

Таа есен е печатот на неговата кариерата. Целата полусезона игра и заслужено се наоѓа во идеалниот тим на Втората лига – Исток. Исклучок е мечот дома со Тетекс, 0-0, кога поради напаѓачка тактика е сменет. По ремито со Нови Пазар и покрај падот во резултатите, стои уште шансата за врвот. Но, атмосферата не е истата. Екипата се менува. По крајот на есенскиот дел, Тодорски заминува во војска и Победа продолжува без него. Пролетта, наместо за врвот, паѓа на 10 место, што е големо разочарување за сите.

-Во декември 1988, екипата не беше иста, веќе во Трета лига. Се вратив во петок, а во саботата дојдов во клубот. Ме прегледаа да ме задржат. Пак во првата постава со Трепча во последното коло. Без ниеден тренинг одиграв 90 минути. Беше нерешено, а победивме во пенал-серијата. И пролетта играв за Победа, за летото 1989 да заминам, заедно со Наумоски, во второлигашот Пелистер, каде веќе беше Кулески. Одигравме 4 меча и нé суспендираа, поради неправилна регистрирација. Пак назад во Победа. Одиграв до крајот на полусезоната и пак промена – заминав во прволигашот Вардар. За една година сменив три ранга: Трета, Втора и Прва лига, три клуба, а за сите бев стрелец – се навраќа на бурниот период Тодороски.

Еден е од ретките прилепчани што играл во Првата југословенска лига, за Вардар. Иако само 5-6 меча, но, и тие се богато искуство, особено со Партизан во Скопје. Летото 1991 се враќа Победа, третолигаш, кога дава 16-17 гола во првенството што не заврши, поради распадот на Југославија. До заминувањето во Австралија, зимата 1993, игра за Победа во Првата лига на Македонија, каде настапува целата есенска полусезона, без минута пауза, со 9 гола. Од овој период незаборавно е дербито Победа – Вардар (1-1) пред 15 илјади гледачи.

Мукос – матичен клуб

-Почнав во 1976 година во Мукос Дреновци, на 15 години. Се формира клубот. Беше тежок фудбалот, не како сега. Се играше грубо, се дозволуваа и ѓонови и лизгачки стартови. Паралелно учев во Прилеп, каде се обидував да влезам во пионерскиот тим на Победа. За таму бев стар, пробав во младинскиот – за таму бев мал. Тогашните тренери не забележаа квалитет кај мене. Со топка не бев особен талент, но имав тркачки особини, кои ме издвојуваа од другите.

Успеси во Австралија

Зимата 1993 заминува во Австралија. Игра 7 години за Сиднеј Македонија во Премиер лигата на Нов Јужен Велс, Освојува 1 место и Куп, кој е значаен затоа што таму се вклучени 6 тима од Националната лига. Во ¼ финалето ,,прегазуваат,, премиерлигаш со неверојатни 1-6, полуфинале со Волонгог, а финале со грчкиот Олимпик 3-1 пред преполн стадион. Има снимка на интернет од 1994. Играл до 40 години, а потоа бил тренер во Рокдаил Илинден, Сиднеј, бошњачкиот Ливерпул. Двапати е тренер на годината на Нов Јужен Велс.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Четири години по ред на врвот: Прилепчанец по четврт пат победник на најдолгата трка од “Кrali Marko Trails”

Прилепчанецот Александар Стојкоски 4-та година по ред се искачи на пиедесталот на најдолгата планинска трка во Македониија „Kozjak trail“, долга 67 км. која што пак е дел од планинскиот маратон „Krali Marko Trails“. Оваа делница тој ја истрча за 8 часа и 18 минути. Освен „Kozjak trail“ маратонот имаше и две други помали трки „Treskavec trail“ долга 16 км. и „Kamena Baba Trail“ долга 34 км. Инаку само пред 7 дена Стојкоски го освои второто место на планинската трка „Пирин ултра“ во Бугарија на стазата која што беше долга 40 км – oбјави “Инфо Компас”.

„На само 7 дена по „Пирин ултра“ и 4-та трка во еден месец неможеше подобро во овој момент. Иако кога решив да ја трчам 67-ката пред еден месец таргетот ми беше дека истата ќе ја завршам за околу 7 часа и 30 минути, но во меѓувреме излезе да одам на „Пирин ултра“, па уште тогаш знаев дека тој таргет нема да се достигне бидејќи КМТ е доста захтевна трка. Уште од стартот знаев дека ќе трчам сам и се бешпе добро до прилепското езеро каде почнав да ги чувствувам листовите. Продолжив со исто темпо до Пелтвар, на 25 км, и тука веќе решив да намалм со темпото. До езеро веќе бев 5h и веќе имав еден час предност. Па така последните 20 км. до финиш решив да ги поминам рутииснки без форсирање“, истакна Стојкоски за порталот “Инфо Компас”.

Извор: “Infokompas.com.mk”

17 медали за Џудо Клуб “Сеишин” од Прилеп на Државното првенство за млади сениори во Битола

На ден 29.09.2019 во Битола, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот Пелистер Битола, се одржа Државно Првенство за деца и млади сениори до 23 години. Џудо Клубот Сеишин Прилеп на овие првенства зеде учество со вкупно 20 натпреварувачи, а освоени се 17 медали (4 златни, 5 сребрени и 8 бронзени).

Резултати поединечно:

Одлични борби прикажаа и Антонио Талески, Бојан Мојсоски кај младите сениори до 23 г. во категорија -73 кг. и Англе Мошков кај децата во кат. -27 кг. но не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Стручниот штаб на ЏК СЕИШИН-Прилеп е задоволен со остварениот учинок.

Наредните активности на клубот се oрганизација на 11-от Меѓународен турнир во џудо „Прилеп Град Херој-2011“ – “ЦЕВИТАНА КУП”, кој ќе се одржи на 06.10.2019 (недела), со почеток во 10 часот во спортската сала на СОУ “Р.Р.Ричко” Прилеп.

Вака се пpaви одлична пpepaботка за песна: Алекса Петрески од Прилеп има мало peмек дело (Видео)

Aлекса Петрески од Прилеп е еден од многуте талентирани млади луѓе од нашиот град кој располага со одлични вокални способности.

Неодамна тој направи преработка на песната “Преварена” од Саша Ковачевиќ, како и одличен видео спот.

Петрески со музика започнал да се занимава пред 2 години и моментално настапува низ голем број локали ширум државата.

Спотот за преработката на “Преварена” е сниман во Центарот за култура “Марко Цепенков” и во околината на манастирот Пресвета Богородица – Трескавец.

Ова е негова прва преработка, а Алекса најавува уште две нови и прва авторска песна за скоро.

Во продолжение уживајте во ова мало ремек дело:

(Фото) Фотографија која ги збуни корисниците на социјалните мрежи: Го гледате ли леопардот?

На социјалните мрежи се појави фотографија која им создаде главоболки на корисниците.

“Некој ми ја испрати оваа фотографија и ми рече да пронајдам леопард на неа. Бев уверена дека се работи за шега… Додека конечно не го здогледав. Можете ли и вие да го пронајдете?”, стои во описот на фотографијата која се шири по социјалните мрежи. Десетици илјади луѓе ја споделуваат на Твитер, Фејсбук и Инстаграм.

Успеавте ли? Не грижете се. Само пет проценти од луѓето можат да го пронајдат леопардот на фотографијата. Еве го и решението:

Анкета: Кај определените гласачи ВМРО-ДПМНЕ води со 6% пред СДСМ

Анкетата која денеска ја објави Детектор покажува водство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред владејачката СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,1% додека за СДСМ својот глас би го дале 18,1%. Следува ДУИ со 4,5% и Алијанса на Албанците со 2,8%.

Кај определените гласачи односно тие што би излегле да гласаат разликата изнесува 6% во предност на ВМРО-ДПМНЕ.