дома блог страница 3040

(Видео) ОГЛЕДАЛО НА ВАШЕТО ЗДPAВЈЕ: Бојата на уcните укажува на пpoблеми со здpaвјетo

Усните природно би требало да бидат розови, а сите други нијанси укaжуваат на одредени пpoблeми.

1. Бледо розови – ако усните се поблeди од вообичаено, тоа е знак на слaбokpвност. На вашиот оpганизам му нeдостасува xeмoглобин и црвeни kpвни зpнца, па пpeпopaачливо е да јадете храна богата со железо и витамин Ц.

2. Силно цpвени – ако уcните имаат многу посилна црвена нијанса отколку што би требало, тоа значи дека организмот ви „пpeгорува” и цpниот дроб работи прeкувремено.

3. Виолетово-зелени – нe е нeобично на ниски температури усните да ви ја променат бојата до виолетова или зелена боја, но ако константно изгледаат така, ве пpeдупредуваат на пpoблеми со cpцето и бeлите дpoбови, па најдобро е да направите koнтрола.

4. Темно виолетови – кога yсните имаат темна боја значи дека нешто нe е во ред со opганите за вaрење, па ве советуваме да прecтанете да јадете брза и нездрава храна и да го наполните организмот со свежи намирници богати со хранливи влакна.

5. Темно виолетови рабови – ако само рабовите на усните се виолетови, тоа значи дека ви нeдостасува бaланс во организмот. Во овој случај честопати ќе чувствувате промена на температурата на телото. Единствен лek е да одморите, добро да се храните и да нe јадете храна со специфичен и силен вкус.

Ноле си ги одмери силите со сумо борач: Погледнете како помина (Видео)

Во исчекување на стартот од АТП турнирот во синг конкуренција во Токио, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ги одмери силите со сумо борач.

“Неверојатно искуство. Никогаш порано не сум пробал нешто слично. Ова е еден од најпопуларните спортови во Јапонија. Вчера зборував со татко ми по телефон. Се потсетивме како некогаш навивавме за Акебоно. Почувствував дека покрај сумо борачот не сум во форма. Ќе морам да кренам неколку килограми. Веројано три пати повеќе отколку што имам сега”, се пошегувал Ноле.

Стан во Скопје за најдобриот типувач на Sport Life! Започна Типстер купот 2019/2020

Во новата сезона на Типстер купот на Sport Life, членовите на SL клубот ќе можат да се натпреваруваат со своите типувања регистрирани на SL клуб картичката и да освојуваат  бројни добивки. Играчите ќе се натпреваруваат во 9 месечни етапи, почнувајќи од септември, па сè до крајот на мај следната година, а по финалето од 12 јуни до 12 јули 2020 година, ќе биде прогласен најдобриот типувач на кој ќе му биде доделен стан во Скопје.

Во финалето се натпреваруваат финалистите од сите месечни етапи, и тоа по двајца од секој објект на Sport Life, што е новитет за оваа сезона. Новина е и формулата по која се пресметуваат поените и по која се рангираат играчите. Нашите играчи ги очекува нова возбудлива сезона на Типстер купот“ – истакнуваат од Sport Life.

Сè што е потребно е да се зачлените вo SL клубот, да извадите членска картичка и да земете активно учество во новата сезона на Типстер купот. Со своите уплатени тикети, сеедно дали се погодени или не, ќе се рангирате според успешноста во типувањето. Притоа, можете да добиете подароци од SL маркетот, да добиете вредносни ваучери за нови тикети, како и да влезете во финалната трка за нов стан во Скопје.

За деталите за правилата и наградите на Типстер купот можете да се информирате на веб страницата на Sport Life.

Kaко не се пojaви кај нас нешто вакво? Кинезите пpoнашле џинoвcко нaфтeнo поле за кое дoceга не знаеле дека пocтои

Најголемиот кинески производител на нафта и гас CNPC објави дека е откриено огромно нафтено поле на северозападот од земјата, кое би можело да има повеќе од милијарда тони резерви на нафта.

Според CNPC, резервите на нафта на полето Кингченг во заливот Одрос изнесуваат 358 милиони тони, како и тоа дека резервите би можеле да достигнат до 693 милиони тони.

Оваа години на нафтеното поле ќе се произведат вкупно 640.000 тони нафта, а се очекува дека годишното производство во блиска иднина ќе достигне 3 милиони тони, изјавил Ли Луганг, потпретседател на “Петро Кина”, подружница на CNPC.

Koмпанијата исто така објави дека пронајдени се околу 740,97 милијарди кубни метри резерви со гас, кои се истражени во југозападниот кинески слив Сичуан. Оваа година Кина планира да прозиведе 7,7 милијарди кубни метри гас да го прошири производството на над 10 милијарди кубни метри гас до крајот на 2020 година.

Пpoтecт на нeзавиcните cиндикати на полициjaта, шумcката, затвopcката и cудcката полициja на патот Прилеп – Градско

На излезот од Прилеп кон Скопје, на регионалниот пат Прилеп – Градско утринава мирен протест одржаа членовите на независните синдикати на полицијата, шумската, затворската и судската полиција од Прилеп, Битола, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево.

Нивните главни и основни барања за овој протест се покачување на платите за 25%, признавање на репрезентаивноста на независниот синдикат на полиција, нов колективен договор за МВР, колективниот договор за шумската полиција да биде потпишан во најкраток можен рок и изготвување на посебни колективни договори за судската и затворската полиција, први од ваков вид во тие институции, пренесува порталот “Инфокомпас”

Полициските службеници побараа и демократизација на МВР и останатите институции, хиерархиско одделување во институциите, законско почитување на системот за унапредување и системот за кариера, како и подигнување на меѓучовечките односи во тие инститиуции.

Целосниот прилог погледнете го ТУКА

Ќе ocтанат ли пpocветарите бeли во oчите? Пpoдолжуваат пpeговopите меѓу МОН и СОНК

Министерот за образование и наука Арбер Адеми изјави дека денеска ќе ги продолжат преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

– Со СОНК денеска ќе имаме заедничка средба, преговорите продолжуваат на најдобар, на најконструктивен начин, задоволен сум од досегашната соработка. Видно покачување на платите сме кажале дека ќе има, но од кога и колкав ќе биде процентот тоа зависи од можностите и од разгледување на сите податоци и параметри што ги имаме, рече Адеми при денешната посета на Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади.

Тој посочи дека се на иста страна со СОНК со цел да се подобри општествениот и материјалниот статус на сите врботени во образованието.

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА СПИЕТЕ: Еве колку часови спиење се доволни според возраста

Со обемот на работните часови и недостигот на време за себе, луѓето почнаа да забораваат на важноста на добриот сон, често заменувајќи ги тие 6-8 часа со нешто друго што е поврзано со кариерата.

Многумина пак, сакаат да го минат времето често во спиење, со што си го олеснуваат неделниот стрес со тоа што ќе останат во креветот. Сите знаеме дека спиењето е важно, но може ли некогаш да биде премногу?

Колку спиење е премногу спиење?

Многу варијации на препорачани часови за спиење од многу интернет страни би можеле да ве натераат да се запрашате кому да верувате. Од поновите студии направена е нова листа на препораки за должината на спиењето за сите возрасти. Без разлика на која возрасна група припаѓате, ако спиете повеќе часови од горната граница во колоната „Не се препорачува“ во табелата подолу, тогаш спиете премногу.

Што ќе се случи ако спиете премногу?

Прекумерното спиење може да предизвика многу здравствени проблеми.

Дијабетес: можеби е апсурдно да се мисли на дирекна врска меѓу спиењето и дијабетесот, но според студија спроведена на речиси 9000 луѓе од САД се дошло до заклучок дека луѓето што спијат повеќе од 9 часа дневно имаат 50 % ризик да станат жртви на дијабетес во споредба со оние што спијат по 7 часа. Врската останува непроменета за оние што спијат помалку (од 6 часа). Психолошка врска не може да се пронајде, но тоа индицира дека некои основни здравствени проблеми може да го зголемат ризикот од дијабетес.

Прекумерна телесна тежина: ова важи и без мислењето дека да се биде во иста позиција неколку часа доведува до зголемување на телесната тежина. Едно истражување покажало дека луѓето што спијат повеќе од 9 до 10 часа дневно имаат за 21 % поголем ризик да ја зголемат телесната тежина во период од 6 години од оние што имаат нормален сон.

Главоболки: ако спиете повеќе од вообичаено може да добиете главоболки. Многу истражувачи откриле дека прекумерното спиење има неповолен ефект на одредени неуротрансмитери во мозокот што го вклучува серотонинот кој, како резултат на тоа, може да доведе до акутна главоболка.

Депресија: депресијата исто така се поврзува со прекумерното спиење, при што во спроведените истражувања се покажало дека 15 % од луѓето со депресија спијат премногу, со што ја влошуваат состојбата на депресија.

Болки во грбот: спротивно на популарните верувања, прекумерниот одмор може да предизвика болест. Затоа, обидете се да избегнувате да одите во вашиот кревет секогаш кога чувствувате умор со што би си ја влошиле и онака влошената здравствена состојба. Ако патите од болки во грбот, обидете се со вежбање.

Болести на срцето: прекумерното спиење може да ве фрли во стапица на коронарна срцева болест. Според заклучоците од една студија која вклучила 72000 жени, оние што спиеле од девет до единаесет часа навечер имале за 38 % поголем ризик за срцева болест од жените што следеле нормална рутина.

Како да се изборите со прекумерното спиење?

Следете распоред: следењето на дефинитивен распоред секогаш помага да се држите под контрола. Направете распоред кога да одите во кревет и да станете, и одбегнувајте да бидете несовесни за рутините. Полека и чекор по чекор и телото ќе ви се навикне.

Исполнете ги вишокот на часови мудро: можеби мислите дека да се биде изморен поради напорно вежбање помага да се заспие подобро. Обратно е, вежбањето помага да се стимулира крвта во телото што може да води до несоница. Одбегнете да вежбате три часа пред да одите во кревет.

Освежете се со туширање: туширањето веднаш после будење го подобрува расположението. Ќе се чувствувате помалку уморни само по добро топло туширање.

Мотивирајте се: наместо да прашувате колку спиење е премногу и да бидете загрижени, може да најдете начини да се мотивирате за да станете рано и да го скратите спиењето. Обидете се да мислете на работи кои со нетрпение ќе сакате да ги правите наутро – ТВ програма, доручек или било што сакате. Себе-мотивацијата помага да се разбудите без да размислувате иако не сте утринска личност.

Џампаоло се подбива со сите навивачи на Милан: Тимот е 16-ти на табела, а тој вели одиме напред

Тренерот на Милан, Марко Џампаоло ја презема одговорноста за синоќашниот пораз (1:3) од Фиорентина, но упати и критики до своите избраници.

-Навивачите се навикнати на нешто сосема различно и имаат право да негодуваат. Секако, јас ја преземам одговорноста, но треба да одиме напред затоа што верувам во моите идеи. Она што ме изнервира е дека тимот изгледаше како играчите да не тренирале заедно. Може да изгубите, но не така. Пред само три дена, тимот покажа карактер, видов сегменти што ми се допаднаа. Денес играта се сведуваше на индивидуално ниво. Немаше организација, изјави Џампаоло.

Милан по шест кола во Серија А веќе има четири порази и со шест од можни 18 бода се наоѓа на 16. место.

Во италијанските медиуми наголемо се шпекулира за смена на тренерската позиција во поранешниот италијански и европски фудбалски шампион.

Спортски риболовци од Струмица yловиja сом капиталец: Ова е нивниот најголем yлов (ФОТО)

Спортските риболовци Никола Полизовски и Александар Христоманов од Струмица вчера околу 17 часот уловија сом тежок точно 50 килограми.

– Сомот го уловивме со техника „бучка“, со мамец жива риба. Се подготвуваме да излегуваме и во тој момент рибата силно повлече. Капиталецот го влечеше Александар околу дваесетина минути, а јас го прифатив во чамецот, односно зеднички го извадивме на безбедно, раскажува Никола Полизовски.

Додава дека сомот им е најголема уловена риба досега и е меѓу поголемите од овој вид фатени во државата.

Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија- ова направете го на овој голем празник

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 септември.

Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.

На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на пpoгоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жpTви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отceчени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гpoб, го предаде својот дух на Бога.

Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки. Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.