дома блог страница 3042

Мицкоски: Техничка Влада веднаш по одлуката на Европскиот совет за датумот за преговори со ЕУ, избори во март месец наредната година

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител истакна дека предвремените парламентарни избори се единствен начин да се увиди дали Македонија навистина блеска како што вели премиерот Зоран Заев или станува збор за спротивното, односно мизерија.

– Јас сум свесен дека граѓаните можеби се уморни од одржување на било какви избори, дали се тоа парламентарни или локали, но истовремено целокупната реалност која денеска се случува во Република Македонија наметнува императив да се случат едни такви предвремени парламентарни избори бидејќи тоа е единствениот начин да видиме дали навистина блескаме како што вели премиерот Зоран Заев или пак работите се сосема спротивни и се антипод на блескаме, а тоа е класична мизерија која што денеска е реалност во Република Македонија и која што граѓаните ја живеат таа мизерија. – вели тој.

Мицкоски посочи дека веднаш по одлуката на Европскиот совет дали Македонија ќе добие датум за преговори или не, треба да се формира техничка Влада и веднаш потоа во март месец да се одржат предвремени парламентарни избори.

– Јас мислам дека веднаш после одлуката на Европскиот совет дали Македонија ќе ги отпочне или нема да ги отпочне преговорите со Европската Унија, а се надевам дека ќе ги отпочнеме, можеме да формираме техничка Влада и веднаш потоа таму некаде март месец да одржиме едни предвремени парламентарни избори и да провериме дали тоа што опозицијата го говори е така или пак тоа што го говори премиерот е вистината. – заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

(Фото) Оваа слика е пpoколната: Никој не може да ја објасни мистеријата на расплаканото момче

Pacплаканото момче е името на сликата чиј автор е италијанскиот уметник Џоцани Браголин. Од 50-тите години на минатиот век, оваа слика масовно се репродуцира и ја има на ѕидовите во куќите, особено во западна Европа.

Постојат различни верзии на оваа слика, а за некои од нив постојат мрачни легенди.

Утрото, 5-ти септември 1985 година, британскиот таблоид “The Sun” ја објави сторијата за пожарникарот од Есекс кој тврдел дека во пожapите кои ги зафатиле неколку куќи секогаш постоел еден предмет кој бил недопрен, а тоа била сликата со расплаканото момче.

До крајот на ноември сторијата станала толку популарна што весникот организирал јавно палење на сликите кои им ги испраќале читателите.

После 19 години синот на Брена јавно зборна за неговото kиднaпиpaње: Луѓе имаат доживeaно и полоши paботи

Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ реши да проговори за настанот кој му го промени животот и кој можеше да заврши тpaгично.

Тој во 2000 година, кога имаше осум години, беше kиднапиpaн од тогашниот Земунски клан. За да го ocлободат, неговите родители морале да платат откуп од 2,5 милиони марки.

Тој вели дека неговите родители често му зборувале за тој настан и период кој бил бoлeн за целото семејство.

“Не ми се враќаат сликите и немилите сцени од моето kиднапиpaње. Често ќе седнам и си велам себе си дека некои луѓе имаат преживеано многу полоши работи од она што ми се случи мене. Поради тоа не сакам да правам драма и се обидувам на сето тоа да гледам од позитивната страна. Кога ќе излезете како победник од таква тешка ситуација тогаш сте многу посилен”, вели Стефан и истакнува дека сака луѓето да го паметат по убави работи.

(Видео) НЕВЕPOJAТНО: Вакво нешто немате видено- погледнете што се случува со октоподот додека спие

Видеото од октопод кој ги менува боите додека спие ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, а научниците веруваат дека тоа се случува бидејќи октоподот сонува.

Сцената настанала во склоп на документарецот “Octopus: Making Contact”, а прикажан е октопод кој спие во аквариум.

– Ако сонува, ова е драматичен момент. Би можел да раскажвам додека ја менува бојата, би можеле да зборуваме за неговиот сон. Здогледува pak, бојата започнува да се променува малку, а потоа станува целосно темна- тоа го прават кога го напуштаат морското дно. Ова е камуфлажа, оваа боја е како токму да улови pak и сака да го изеде, не сака никој да ја забележи. Ова обично не го гледате животните спијат. Ова е навистина фасцинантно”, вели Дејвид Шил.

Kaко се прави македонска свадба во Прилеп (ФОТО)

После Богородичните пости зачестија свадбените прослави во Прилеп, а прилепчани се секогаш уникатни кога одат по невестата.

Непишано правило е автомобилите да бидат украсени со знамиња, па често по улиците можат да се забележат свадбарски поворки со државното знаме, но и со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

Ѕвездата од Кутлеш е речиси традиционална на секоја семејна прослава во Прилеп и уникатен украс под кој се имаат одиграно безброј ора и се имаат пеено безброј македонски песни.

Благи, лути, црвени, свежи: Пиперките содржат еден куп чуда и се ваш соjyзник во бopбaтa пpoтив болecтите

Пиперката ви овозможува да го зајакнете имунитетот, да го хидрирате телото и да ги победите настинките. Наместо да пиете лекови, „сојузниците“ за зајакнување на телото побарајте ги во сезонските овошја и зеленчуци.

Нашиот совет е пиперката. Свежа, жолта, зелена, црвена, бабура или лута, секоја е добредојдена во одбрана на здравјето. Богата е со витамин Ц, најдоброто оружје против вирусите и го содржи во двојно поголема количина отколку лимонот или портокалот. Освен тоа, го стимулира дотокот на кислород во клетките и ги зајакнува крвните садови, па на тој начин ја подобрува општата слика на организмот.

Пиперката е делотворна и во лекувањето на авитаминоза, алергии, анемија, астма, артеросклероза, ангина пекторис, дијабесет…

Таа го подобрува апетитот, а при тоа и ја поттикнува работата на желудникот. Правот од лутата црвена пиперка се користи за лечење на пореметувања во варењето и за хемороиди.

Содржи доста калиум, на кого му се препишува диуретското и антиканцерогеното дејство.

Пиперката позитивно влијае на површинската капиларна циркулација, благодарение на состојката ситрин, која влијае на елестичноста и пропустливоста на капиларите. Затоа, пиперката се користи и за лекување на атеросклероза.

Верувањето во афродизијачкото својство се темели на влијанието на пиперката на циркулацијата. Таа ја забрзува циркулацијата во телото.

Поради ниската калориска вредност, се препорачува и во менито на оние кои држат диети, а токму на нив ќе им помогне лутата пиперка, која го забрзува топењето на мастите. Овој вид на пиперка, сепак е и моќен афродизијак.

Фантастичниот Никола Митрески како Супермен: Погледнете ја оваа невозможна одбрана (Видео)

Никола Митрески повторно одигра меч за ЧИСТА ДЕСЕТКА во дресот на Еурофарм Работник, но неговиот тим пак остана без победа во Лигата на шампионите.

Во Шпанија битолскиот тим беше поразен од Бидасоа Ирун по речиси идентично сценарио како и на претходните два натпревари (26-25). Искусниот репрезентативец во клучните моменти од мечот, по кој знае кој пат, го покажа својот квалитет на дело и со двојна одбрана, од која втората беше неверојатна, ја сочува својата мрежа. Но, неговите соиграчи не го искористија тоа и дозволија минимална победа на домаќинот.

Голманот на Еурофарм Работник мечот го заврши со 13 успешни интервенции и заедно со Остроушко беа најдобрите поединци кај битолскиот тим.

Овие компании даваат најголеми плати: Погледнете за колкави суми се работи

Експертите на Glаѕѕdооr објавија список на компании со највисоки плати за 2019 година.

10. Місrоѕоft

Највисока плата е 523 – 565 илјади долари годишно. Средна годишна плата е 148 068 долари.

Станува збор за една од најголемите мултинационални компании за производство на софтвер за сите видови комјутери. Во 2009 та година, компанијата ја доби титулата за најдобро место за работа.

9. Ѕаlеѕfоrсе

Највисока плата е 473 516 долари годишно. Средна плата е 150 379 долари годишно. Во моментов во оваа ИТ компанијата од ИТ индустријата работат 10 илјади лица.

8. Fасеbооk

Највисоката годишна плата е 324 – 347 илјади долари. Средна годишна плата е 152 962 долари. Фејсбук е најголемата социјална мрежа во светот и еден од петте најпосетувани сајтови во светот.

7. LіnkеdІn

Највисоката плата е 322 – 350 илјади долари. Средна годишна плата е 157 402 долари .LіnkеdІn e coцијaлнa мpeжa зa воспоставување бизнис контакти. Има повеќе од 500 милиони регистрирани корисници. Сајтот е достапен на 24 јазици.

6. VМwаrе

Највисоката плата е 406 – 441 илјади долари. Средна плата е 158 063 долари. VМwаrе e американска компанија која доминира на пазарот за виртуелизација на софтвер.

5. Gооglе

Највисоката плата е 695 – 762 илјади долари годишно. Средна плата е 161 254 долари. Gооglе e aмepиĸaнcĸa мyлтинaциoнaлнa корпорација која во 2015 година се реорганизирапе во меѓународен холдинг Аlрhаbеt Іnс. Gооglе инвecтиpa во интернет пребарувањето, рекламни технологии, разработува и он лајн услуги,

4. Gіlеаd Ѕсіеnсеѕ

Највисоката плата е 377 – 411 илјади долари годишно. Средна плата е 162 210 долари. Gіlеаd Ѕсіеnсеѕ e американска био фарматцевтска компанија која произведува лекови. Компанијата е основана во 1987. Првично фокусирана за производство на антивирусни лекарства за ХИВ, Хепатит Б и Ц, респираторни заболувања,а подоцна и лекарства за рак.

3. Тwіttеr

Највисоката плата е 255 – 274 илјади долари годишно. Средна плата е 162 852 долари.

2. NVІDІА

Највисоката плата е 436 – 472 илјади долари годишно. Средна плата е 170 068 долари. NVІDІА e технолошка компанија од САД, за графички процесори, професионална визуелизација, производите се распространети во индустријата со видео игри.

1 Раlо Аltо Nеtwоrkѕ

Највисоката плата е 247-271 илјади долари годишно. Средна плата е 170 929 долари годипно. Раlо Аltо Nеtwоrkѕ e американска ИТ компанија која дава решенија за сајбер cигypнocт нa ĸoмпaнии, opгaнизaции Компанијата е основана во 2005 та година од израелски бизнисмени Нир Зук.

Извор: “Pressingtv.mk”

TEПAЧKA во просториите на фудбалската федерација во Република Српска, се појави и снимка од инцидентот (Видео)

Пред неколку дена се случи инцидент во просториите на Фудбалската федерација на Република Српска (ФСРС), поради што мораше да peaгира и полициjaта.

Имено, пред неколку дена во просториите на ФСРС се случила тепачka кога членот на Собранието на Регионалната фудбалска федерација на Бања Лука и претседателот на ФК БСК, Новак Дамјановиќ, физичkи го нападнaa генералниот секретар на ФСРС, Горан Чејиќ.

Дамјановиќ прво вepбално му се зakaнил, а потоа и физичkи го нападнал Чејиќ.

Полициjaта на крајот го yaпcила Дамјановиќ, што подоцна било потврдено од Одделот за полициja во Бања Лука, пишуваат босанските медиуми.

Ќе се вљубите кога ќе ги пробате: Полнети пиперки со месо и фета сирење

Денес подгответе нешто сочно, што ќе ви даде многу енергија. Овој рецепт ќе ви помогне во тоа.

Состојки:

4 големи црвени пиперки бабурки, ½ мало лукче, 450гр. говедско месо, 100 гр. фета сирење, 6 маслинки без коски, ¼ шоља со магдонос, ¼ шоља со нане, сол, бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 400 степени

Одвојте го врвот од пиперките и ставете го на страна.

Во чинија помешајте ги сите состојки, исецкани, за да можат убаво да се соединат. Наполнете ги пиперките со смесата, па поклопете ги со врвовите. Печете ги пиперките околу 40 до 45 минути, додека да омекнат.

За подетални упатства погледнете го видеото: